Половина година жителите на скопското село Бразда во подножјето на Скопска Црна Гора се жалат дека во период од осум часот наутро до петнаесет часот попладне, не смеат ниту да излезат во двор ниту пак да отворат прозорец оти облаци камена прашина се креваат од каменоломот на Градежното друштво „Гранит“. И седењето внатре, се жалат дека не е спокојно оти бучавата што ја прават дробилките на каменот се слуша и преку затворени врати и прозорци. ...

На вчерашната седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, беа донесени повеќе кадровски решенија за претседатели на општинските комитети на партијата. Дел се нови лица кои ќе внесат свежина во местата од каде доаѓаат, а останатиот дел се актуелни и докажани претседатели кои донесоа големи победи на изминатите изборни циклуси, но и големи позитивни промени во локалните самоуправи, велат од ВМРО-ДПМНЕ. На вчерашната седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, за нов ...

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата Александар Урдаревски лоцирани кон приклучокот на обиколницата во Шуто Оризари, општина Шуто Оризари, како и корисниците од улицата Козле од бр. 114 до бр. 124, општина Карпош; – во периодот од 09.15 до 15.15 часот, корисниците од улицата Самоилова, улицата Јоаким Крчовски, Музеј на современа Уметност ...

Вистината мора да се каже јасно и гласно: студентите протестираа против неправда која потекнува токму од времето на владеењето на ДУИ. Сите Албанци знаат дека правосудниот испит никогаш не се одржувал на албански јазик. Протестот е демократско право и никој тоа не го оспорува. Но, ние реагираме против оние кои се обидуваат да го манипулираат истиот за политички цели, велат од „Вреди“. „Денес на протестот, без ни малку срам, се појавија и ...

ЗНАМ се распаѓа. Последната улога што ја има е да ја напаѓа СДСМ со учество во Латасовата кампања за обвинувања на СДСМ, истакнуваат од СДСМ. „Не помина со ЗНАМ, па сега е активиран уште еден „спијач“ на ВМРО и проект на Христијан Мицкоски – Левица. Партија креирана токму за вакви потреби. Анти-ЕУ партија во земја во која 77% од граѓаните се за ЕУ. Анти-НАТО партија во земја која е горда членка на НАТО и во која 72% од граѓаните се за НАТО. ...

Управните служби при Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните навремено да ги подигнат своите готови лични документи. „Благодарение на реорганизацијата и зголемениот капацитет, управните служби моментално работат со максимална ажурност и ефикасност. Процесот е целосно оптимизиран и овозможува брзо и едноставно закажување на термините за фотографирање, минимално време за чекање пред шалтерите и експресно изготвување на ...

Темелно се чисти коритото на Вардар, бисерот на Скопје, објави на социјалните мрежи скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. „Изминатиов период, во тек е голема, координирана акција за расчистување на коритото на реката Вардар на територијата на град Скопје, заедно со пешачките и велосипедските патеки долж кејот. Она што со години беше занемарувано и ја нарушуваше сликата за нашиот град, заминува во минатото. Вардар е симбол на Скопје, негов ...

Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, пообилен во западните и југозападните делови (над 20 l/m²), грмежи и засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени. Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денес оствари конструктивна средба со постојаниот координатор на Обединетите Нации, Рита Колумбиа, на која беа разгледани тековните и идните можности за соработка меѓу Град Скопје и Обединетите Нации. На средбата се разговараше за проектите што Град Скопје ги реализира со цел обезбедување рамномерен и одржлив развој на сите градски населби, со посебен акцент на подобрување на квалитетот на живот ...

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари протоколарна средба со амбасадорот на Австрија во Македонија, Мартин Памер. Средбата се одржа во духот на традиционално добрите и пријателски односи меѓу двете држави, со фокус на унапредување на институционалната соработка и поддршка на реформските процеси. Во центарот на разговорите беа реформите во јавната администрација, со посебен акцент на управувањето со квалитет во јавниот ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска имаше средба со потпретседателот на Собранието на Црна Гора, Никола Цамај, на којa беше нагласено традиционалното пријателство и долгогодишна конструктивна соработка и поддршка меѓу двете земји. Тој ѝ посака на Црна Гора успешно завршување на процесот за полноправно членство во ЕУ и истакна дека за жал, нашиот пат кон ЕУ е попречен од билатерален спор со соседна Република Бугарија, но нагласи ...

На три нивоа и 200 метри квадратни површина, официјално отворен новиот простор на центар за убавина „Маја Балова Интернационал“ на улицата Ванчо Прќе во Штип. Со модерен и современо уреден простор, како и професионален тим, центарот нуди голем број услуги од областа на козметиката и убавината, следејќи ги најновите светски трендови. Во рамки на центарот функционира и академија поддржана од МОН, каде средношколците од насоката козметика при ...

Премиерот Христијан Мицкоски најави почеток на реализацијата на експресниот пат Кочани – Виница – Делчево, проект кој со години бил ветуван. Следната недела ќе биде распишан јавен повик за изработка на физибилити студија и предпроектно решение. Потоа со средства од буџетот и во соработка со меѓународни финансиски институции ќе биде објавен тендер по принцип на жолт ФИДИК. „Ја користам оваа прилика за да најавам уште еден значаен проект кој ...

Стартуваа активностите за изградба на нов кружен тек кај некогашната дистрибуција на булеварот Партизанска во Штип, со кој во иднина се очекува да се подобри безбедноста во сообраќајот. Покрај оваа крстосница, градоначалникот Иван Јорданов најави дека во наредниот период ќе се работи и на останатите ризични точки во градот, меѓу кои се крстосницата во населбата Сењак и крстосницата кај спортската сала „Јордан Мијалков“. На овие локации ќе ...

„Немам појма и не ме интересира ништо да ти кажам право.“ Отсуството на Македонија од овогодинешната Евровизија кај некои граѓани предизвика разочараност, револт, но и чувство дека државата полека исчезнува од големата европска музичка сцена. Дел од анкетираните велат дека им е жал што оваа година нема македонски претставник, посочувајќи дека причините лежат во недостатокот на буџет и недовербата во начинот на избор на песните. Додека пак ...

Затвор и повисоки парични казни за насилниците во училиштата бараат граѓаните на Штип, со цел да се стави крај на проблемот со насилството меѓу учениците. По неколкуте случаи на булинг и насилство во училиштата низ државата, со случај дури и во Штип, граѓаните велат дека ситуацијата излегува од контрола и силно ја поддржуваат одлуката на МОН за парично казнување на родителите чии деца се насилни во училиштата. Сепак, сметаат дека казната од ...

Бензинот и дизелот поскапуваат за 2 ипол денари, нови цени на горивата од полноќ. Според регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија, зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати е во просек за 1,84% во однос на одлуката од 11.5.2026 година. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензинот ...

Целосно се завршени работите на граничниот премин Клепало од македонска страна, вели министерот за транспорт и врски Александар Николоски, по координација со МВР, Царинската управа и останатите надлежни служби поврзани со функционирањето на преминот. Николоски посочи дека застојот во реализацијата досега бил на бугарска страна. Тој оцени дека поранешниот бугарски министер и вицепремиер Гроздан Караџов успеал да го придвижи проектот. Сега ...

Ќе се регулираат брзите кредити, агенциите за наплата, казината и обложувалниците, кои што никнаа на секој чекор во државата, потврди Христијан Мицкоски во својата изјава. Според премиерот, цели населби биле преплавени со светлечки реклами и објекти за игри на среќа, што, како што рече, носат сериозни семејни проблеми и долгови. Новиот закон треба да стави ред во оваа област и да стави крај на агресивното рекламирање кое со години ги ...

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија денеска на прес-конференција изнесе документи од Трговскиот регистар на Република Бугарија, обвинувајќи го претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за наводна поврзаност на неговите бизнис интереси во соседството со неговите политички ставови за уставните измени. Според документите што ги презентираше ЗНАМ, Филипче е наведен како единствен сопственик на капиталот и управител на компанијата „ПАУЪР АЙ8“ ЕООД, чие ...

Процесот на проширување на Европската Унија не треба да се билатерализира, особено кога тоа е врзано за идентитетски прашања за кои не се преговара, порача денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на заедничката прес-конференција со словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар во Љубљана. Во рамките на својата официјална посета на Република Словенија, Сиљановска-Давкова истакна дека државата останува целосно посветена на европскиот ...

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во градежните активности што се одвиваат на терен на овој значаен сообраќаен потег во Аеродром, кој за првпат добива целосна и темелна реконструкција. „Со проектот обновуваме делница во должина од 777 метри, со поставување на околу 6.000 м² нов асфалт, како и нови тротоари на површина од 1.500 м². Особено е важно што за првпат овде поставуваме и улично осветлување, со што ...

Уште еден доказ дека „промакедонската“ партија на Мицкоски, во која половина имаат бугарски пасоши, всушност не сака да биде македонска, вели лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Реакцијата на лидерот на СДСМ доаѓа откако денеска во Собрание не поина предлог – законот министрите да имаат само македонско државјанство. „Може целата Влада да биде составена од бугарски државјани, ама не може малцинствата да влезат во Уставот. Доста е со вашите лаги. ...

ТИТАН Усје денес го одбележа двегодишниот јубилеј на едукативниот центар „Иноваториум – Клуб на напредни знаења и вештини“, преку кој учениците од основните училишта стекнуваат практични знаења и вештини од областа на 3Д моделирањето, 3Д печатењето, роботиката и инженерството. На завршниот настан од втората година од програмата за 3Д печатење присуствуваа повеќе од 500 ученици од осум основни училишта од Општина Аеродром, директорите на ...

На конференцијата за медиуми, тимот на АлоБушавко – телефонот за деца и млади при Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ извести за резултатите од работењето во 2025 година, наодите од годишниот извештај на СОС телефонот за деца и млади АлоБушавко 070 390 632, како и напредокот во рамките на релевантните (вон)проектни активности. Во 2025 година, телефонската линија за деца и млади Ало Бушавко продолжи да биде клучен ресурс за поддршка, ...

Потретседателката и пратеничката од СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната собраниска седница во образложението на Предлог-законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани за справување со ценовната криза, поднесен од пратеничката група на СДСМ, нагласи дека во ова време на криза најпотребни се таргетирани мерки за ранливите категории на граѓани. Тренчевска истакна дека целта на законското решение е директна помош за ...

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за 2 односно за 2,5 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Од 19.5.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 87,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 89,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 92,00 (денари/литар) Масло за ...

Пратеничката група на СДСМ поднесе Предлог на закон за дополнување на Законот за локалната самоуправа, со кој се предвидува општините преку одлуки на своите совети да можат да ги ослободат родителите и старателите на деца со попреченост и аутизам од плаќање надоместок за користење на јавен простор за паркирање. Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, рече дека целта на законското решение е да се создаде „унифицирана законска можност за сите општини ...

Пратеникот Амар Мециновиќ на денешната прес-конференција најави дека политичката партија Левица ќе поднесе предлог-закон за речиси целосна забрана на коцкањето и ограничување на рекламирањето на игрите на среќа. Со предложените измени на Левица, како што најави пратеникот, се воведуваат суштински ограничувања на дејноста за коцкање и приредување на игри на среќа, односно казината и автомат клубовите ќе можат да работат само во граничен појас ...

Тандемот Коларевиќ и Абази се коалиција во обвинителството, како што се СДС и ДУИ во политиката, обвини Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Катерина Коларевиќ, моминско Маркова, ќерка на Павле Марков, државен правобранител избран од владата на СДС во 1998 година, и на Вера Маркова, уставен судија во 2004 година, избрана од коалицијата СДС и ДУИ. Фамилијарни кариери во обвинителството на услуга на СДС. За Абази и да не говориме, човек кој ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
0.85
43%
1011
weather icon

Белград

17ᴼ / 17ᴼ
13.02
95%
1011
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
3.88
89%
1012
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
1.22
57%
1012
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
4.31
53%
1009
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 23ᴼ
1.34
55%
1009
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
2.24
67%
1014
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.07
61%
1014
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
1.8
59%
1014
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
3.13
46%
1009
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
3.58
46%
1010
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
1.31
60%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Родиум

257205.97

Платина

55170.68

Цинк

0.00

Алуминиум

3.54

Калај

53.60

Кобалт

45.39

Бакар

13.01

Сребро

2186.28

Злато

135639.33

Рутениум

48965.59

Паладиум

40767.15

Иридиум

253540.09