Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Во светот каде среќата и знаењето се спојуваат, еден бренд со години ја држи лидерската позиција и тоа не е измислица туку податоците тоа го потврдуваат. „Mozzart дава најмногу“ не е само маркетиншки трик и повик – туку статистички податок поткрепен со рекорди кои се нижат еден по друг во спортското обложување. АПСОЛУТНА ДОМИНАЦИЈА ВО СПОРТСКО ОБЛОЖУВАЊЕ Кога говориме за најголемите добивки во спортското обложување од 2025 година па до денес, ...
Со пресна погача, запалена свеќа и тивка молитва во уста, верниот народ денеска во манастирот во светиниколското село Богословец ги одбележа двата големи христијански празници – Спасовден и Свети Јован Богослов, кој годинава се сретнаа во ист ден. Повозрасните жени, со потекло од ова место, со песна сплетоа венец од шарени китки и болисек, симболи на здравје и нов живот. Во манастирскиот двор свештеникот освети вода, од која верниците со ...
Стотици средношколци од ДСУ РЦСОО „Коле Нехтенин“ денеска кренаа глас против насилството и зависностите кај младите, организирајќи протестен марш низ улиците на Штип. Со транспаренти и пораки тие повикаа на поголема свест за штетните последици од дрогата, алкохолот, пушењето и коцкањето. Учениците порачаа дека младите треба да изберат здрави животни вредности и безбедна иднина. Според нив, потребна е заедничка борба против пороците кои се ...
Правдата за загинатите во дискотетката Пулс Кочани се уште доцни, потенцираат повторно родителите од здружението 16 март 2025 година. Токму на Спасовден, денот кога Христос се вознесе на небесата, нивните мисли повторно се таму, кон небото, кон 63 те ангели, кои зад себе оставија тишина погласна од секој крик. Велат на овој ден, починатите нема да се споменат само со болка, туку и со љубов, достоинство и ветување дека никогаш нема да бидат ...
Големи промени во раководствата на двете штипски детски градинки – „Вера Циривири Трена“ и „Астибо“. Досегашната директорка на „Вера Циривири Трена“, Ивана Ангеличкова, е назначена за нов директор на ДГ „Астибо“, додека за в.д. директор е поставена Ана Јакимова. Градоначалникот Иван Јорданов вели дека причината за смената е незадоволството од досегашното работење на раководството на „Астибо“, но и сомнежи за финансиски неправилности. До ...
На денешниот брифинг со претставниците на медиумите, генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Клековски, се осврна на актуелните состојби, реформските процеси и идните приоритети на Фондот, при што ја информираше јавноста и за одлуката на Владата со која е именуван за директор на ФЗО со полн четиригодишен мандат. Во своето обраќање, директорот Клековски истакна дека укажаната доверба претставува голема ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска присуствуваше на отворањето на Центарот за дневен престој за лица со попреченост и индивидуален третман „Во мојот свет“, во општината Ѓорче Петров, Скопје. Во рамките на посетата, директорката на Центрите за индивидуален третман, Ангела Чингоска, ја претстави мисијата и долгогодишната работа на Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет“, ...
Во Собранието денеска се одржа панел-дискусија на тема „Геополитичката димензија на проширувањето на ЕУ и импликации за Западен Балкан“.Целта на еднодневната панел-дискусија беше да се разгледаат геополитичките фактори кои ја обликуваат траекторијата на проширувањето на Европската Унија во Западен Балкан, преку оценка на можностите и ризиците за регионот и за Европската Унија. Во рамки на дискусијата беа анализирани и улогата на надворешните ...
Во декември 2002 година, Генералното собрание на ОН го прогласи 21 мај за Светски ден на културната различност. Овој ден ја нагласува клучната улога на меѓукултурниот дијалог за постигнување мир и одржлив развој и е посветен на вреднување на културните разлики меѓу луѓето и земјите ширум светот. Општина Битола денеска организираше настан на кој се обрати градоначалникот Тони Коњановски, а беше присутен и претседателот на Советот Бојан ...
Компаниите што ќе победуваат во иднина нема да бидат оние што само продаваат производи и услуги, туку оние што создаваат доверба, чувство на припадност и искуства што луѓето ги паметат. Ова беше една од клучните пораки на четвртото издание на Firestarter 2026, конференцијата која отвори важен разговор за иднината на бизнисот, корисничкото искуство, искуството на вработените и новата организациска култура. Во фокусот на Firestarter 2026 беше ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека ЕСМ веќе поднела жалба на одлуката на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во врска со случајот поврзан со мазутот во РЕК и Васко Ковачевски. На новинарско прашање за следните чекори, Мицкоски рече дека очекува Вишото јавно обвинителство да ги разгледа сите факти. „Да, ЕСМ поранешно ЕЛЕМ, веќе вложи жалба на скандалозната одлука на Основното јавно ...
Премиерот Христијан Мицкоски во Охрид се обрати на настан по повод 10-годишниот јубилеј на германската компанија „Костал“ во земјата, оценувајќи дека станува збор за една од најзначајните странски инвестиции во Македонија. Мицкоски истакна дека „Костал“ е „приказна за успех“ која значајно придонесува за македонската економија и БДП, посочувајќи дека компанијата во изминатата деценија изградила силно присуство во Охрид и вработува повеќе од ...
Во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини се одржа ресорски состанок на којшто беа разгледани тековните активности во енергетскиот сектор. На состанокот, на којшто присуствуваа претставници од релевантните институции на полето на енергетиката, се разговараше на повеќе теми, во насока на навремена реализација на енергетските проекти, како и преземање мерки за справување со предизвиците во секторот. Претставниците на ЕСМ, ...
Претсемиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на фактот што Македонија доби највеќе средства од ЕУ за реформската агенда и ставот на опозицијата, изјави: „Па видете, мислам дека тоа што го говори опозицијата и не заслужува коментар. Така што тој дел ќе го прескокнам. Но, сакам само да ги предупредам македонските граѓани дека, претпоставувам атмосферата во опозицијата е една специфична. И како резултат на ...
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, го обојави списокот со повикани фудбалери за настап на пријателските натпревари против Босна и Херцеговина закажан за 29 мај во Сараево и против Турција закажан за 1 јуни во Истанбул. На голманската позиција ќе бидат Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски и Давор Талески. Во одбраната на располагање ќе биде Ѓоко Зајков, Висар Муслиу, Никола Серафимов, Дин Аломеровиќ, Јован ...
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром стигнаа до нов триумф против Маџари од 81:76 за зголемување на предноста во финалната серија на 2-0. „Металците“ имаа контрола над играта и резултатот во најголем дел од средбата и стигнаа до триумф со што тимот на МЗТ е на чекор до одбрана на шампионската титула. Самиот финиш беше неизвесен кога тимот на Маџари се доближи на негатива од седум поени, а потоа стигна и на негатива од 79:74, а на крајот ...
В сабота се играат натпреварите од последното 30 коло на Втората македонска фудбалска лига, а на М Нет телевизија ќе можете да го следите во живо натпреварот во Штип меѓу Брегалница и Победа, кога штипските „сини“ по мечот ќе го добијат и шампионскиот пехар и ќе го прослават влезот во Првата лига. Фудбалскиот клуб Брегалница за овој натпревар ќе организира и свеченост и ја повикува штипската спортска јавност, верните навивачи да дојдат и да ...
Денес беа извлечени двојките за бараж натпреварите за влез и опстанок во Втората македонска фудбалска лига. Второлигашот Каменица Саса опстанок ќе бара против шампионот на Трета лига – Север, Еуромилк ГЛ, второлигашот Кожуф за опстанок во Втора лига ќе игра против шампионот на Трета лига – Југ, Борец, а пак Тетекс опстанок во второлигашкото друштво ќе бара против шампионот на Трета лига – Југозапад, Влазними. Еден третолигашки дуел ќе има ...
Утре Штип ќе биде домаќин на Меѓународната платформа „Плазма спортски игри за млади“, најголемата спортско-аматерска манифестација во Европа, која веќе три децении ги вклучува децата и младите во спортски активности. Официјалниот дел започнува со свечена церемонија пред новата пошта кај Градскиот стадион. Ќе бидат опфатени неколку спортски дисциплини – футсал, одбојка, баскет 3 на 3. Претседателот на Сојузот на училишен спорт на Штип, ...
Екипата на Силекс го доби финалето во Купот на Македонија откако славеше со минимални 1:0 над Шкендија со голот на Ади Алиќ, со што кратовчани стигнаа до четвртата Куп титула во клупската историја. Сега екипата на Александар Васоски покрај тоа што го освои Купот на Македонија, обезбеди и излез во Европа, Силекс како и минатата сезона, така и оваа сезона ќе игра во квалификациите на Конференциската лига на УЕФА. Низ својата историја Силекс ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на панел-дискусија на тема „Геополитичката димензија на проширувањето на ЕУ и импликации за Западен Балкан“ упати повик до власта за заедничко носење на уставните измени. Филипче истакна дека во наредниот период во посета на земјата ќе дојде претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и дека Европската Унија повторно го става проширувањето високо на својата приоритетна агенда. Тој посочи дека веќе ...
СДСМ се повлекува од Комисијата за финансирање и буџет, соопшти лидерот на партијата Венко Филипче, кој најави кривична пријава и интерпелација за претседателот на Собранието, Африм Гаши, бидејќи задолжил друг пратеник да ја води Комисијата со која претседава Сања Лукаревска од СДСМ. „Ние нема да учествуваме во комисиската расправа на оваа тема и целосно се повлекуваме од неа. Дополнително, сакам да укажам на уште еден скандал. Скандал кој не ...
Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 9,3%, поради повисоките депозити на двата сектора, со поголем придонес на депозитите на секторот „домаќинства“, извести Народната банка. На годишна основа, вкупните кредити забележаа раст од 13,3%, како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, со поголем придонес на кредитите на корпоративниот сектор, велат од Народната банка. Најновото соопштение за монетарните ...
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека „Македонија не смее да потклекне поради криминалното минато на Филипче и Заев, кои поради власт и амнестија би ја однеле државата во амбис“. Манасиевски рече дека Венко Филипче и Зоран Заев веќе еднаш го променија Уставот и го продадоа името за таканаречен влез во ЕУ, додавајќи дека сега повторно доколку имаат можност би направиле нова отстапка, ...
Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Антонио Милошоски, на денешната прес-конференција изјави дека приговорот на ЕСМ е доказ дека обвинителите Коларевиќ и Абази постапиле „непрофесионално и паушално“ во случајот „Мазут“. Милошоски рече дека јавноста е сведок дека постои „официјален приговор од ЕСМ којшто се однесува на неправилно ценење на доказите кои што ги наведе обвинителката Коларевиќ за прекинување на истрагата“. Тој изјави дека ...
Толку е голем очајот во СДС да навистина веќе ништо не не изненадува, реагира ВМРО-ДПМНЕ. „Во соопштението на СДС се вели дека Србија не добила средства од ЕУ за Планот за раст, затоа што како што велат – не спровеле реформи. Од друга страна пак, велат дека Македонија исто така не ги спроведува реформите, но се ослободија најмногу средства од цел Западен Балкан во висина од над 66 милиони евра. Сега, СДС нека се договори – дали парите кои се ...
„ЕК ослободи само 65,7 милиони евра за спроведените реформи во Македонија. Вкупната сума која требаше да се повлече само за периодот јуни 2025 – декември 2025 изнесува 134,87 милиони евра. Плус уште 65 милиони евра неповлечени средства поради нереализирани реформи за претходниот период“, напиша претседателот на СДСМ, Венко Филипче на социјалните мрежи. ЕК ослободи само 65,7 милиони евра за спроведените реформи во Македонија. Вкупната сума ...
Халкбанк АД Скопје ја зацврстува својата позиција на еден од клучните столбови на македонскиот финансиски систем со нова докапитализација во износ од 40 милиони евра, обезбедени директно од матичната банка, гигантот Халкбанкаси АШ Туркије. Со оваа стратешка инвестиција, вкупната актива на Халкбанк АД Скопје достигнува 2,15 милијарди евра. Она што дополнително влева сигурност кај депонентите и инвеститорите е нивото на вкупен капитал на ...
„Со години ВМРО-ОКГ ширеше страв, хистерија и лажен патриотизам, убедувајќи ги граѓаните дека ние во СДСМ сме предавници кои го го загрозуваат македонскиот идентитетот, јазик и култура. Вистината излезе на виделина. Ниту СДСМ се предавници ниту е загрозен македонскиот идентитет“, велат од СДСМ. „Тоа го призна и ВМРО-ОКГ. Мицкоски призна дека Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата, Силјановска призна дека македонскиот јазик, ...
„Додека ВМРО-ДПМНЕ одбива да го повика државниот јавен обвинител да постапи по скандалозното затворање на случајот „Мазут”, иако претходно Мицкоски од говорница повикуваше по кои предмети да постапи новиот државен јавен обвинител – за овој случај Савески одбира да молчи“, велат од партијата Левица. „Иако ОЈО ГОКК ја запре истрагата, Законот за јавно обвинителство јасно му дава механизми на државниот јавен обвинител да постапи во оваа фаза од ...