Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Една студена ноќ беше доволна целосно да ги уништи овоштарниците во селото Лакавица. Земјоделците велат, штетите се стопроцентни, а од родот што им носел дополнителна заработка, годинава нема да остане ништо. Мразот ги „изгорел“ јаболката, сливите, крушите, праските, кајсиите и црешите, а начин за да се спасат насадите, немало истакнаа земјоделците оттаму. Пред задушница тврдат, оти цреша нема ниту зрно да има, годинава ја оценуваат како ...
Празни улици и тивки маала, се поретко се слуша детска смеа како некогаш. Денешните деца и млади поминуваат премногу време на телефоните, истакнуваат анкетираните граѓани. Според нив, наместо децата времето да го поминуваат во игра и дружење, се почесто се гледаат како седат со часови пред екрани. Дел од нив сметаат дека телефонот е корисен само во одредени ситуации, но прекумерната употреба штети. Постарите генерации велат дека порано имало ...
Граѓаните добро знаат дека Мицкоски кога клечеше и молеше за власт ветуваше враќање на името, промена на преговарачката и укинување на Преспанскиот договор, истакна на прес-конференција Симона Цветановски, членка на Извршниот одбор на СДСМ. „Ги излажа граѓаните. Му пропадна лажниот патриотизам, пола влада му е со бугарски пасоши. А што ветуваше Христијан Мицкоски за економијата? Ветуваше дека „ќе биде многу подобро“, ветуваше подобар ...
Едногласно против изградбата на регионалната депонија во селото Мечкуевци се револтираните жители од светиниколско. Загрижени велат дека нема да дозволат Овчеполието да стане депонија за отпад. Стравуваат дека ветерот ќе ги носи чадот, смрдеата и опасните материи директно кон Свети Николе и Штип. Бараат депонијата да се дислоцира кај Аџибегово, каде што, велат, нема народ и нема да се загрозува ничие здравје. ,,Сум против депонијата. Не само ...
Пожарот кој вчера избувна во магацин во просториите на поранешната фабрика „Декортекс“ во Радовиш е целосно изгаснат. Огнот бил во разгорена фаза поради присуството на брзо запаливи материјали во објектот. По пријавата, веднаш интервенирале екипи на ТППЕ Радовиш, а на помош пристигнале и пожарникари од Струмица, како и членови на Доброволното противпожарно друштво Мантово. Пламените јазици и густиот чад брзо се ширеле низ целиот објект, ...
Ми-шо е новата песна на хип-хоп групацијата Емигранти, која работи со иселенците од Македонија, кои што живеат и работат низ целиот свет. Оваа групација е единствена, која што во моментот ја обединува миграцијата. Истата обединува артисти, уметници, музичари. Новата песна ми шо е направена по инспирација од балканските фори и изреки на децата кои што некогаш растеа во Македонија. Песната имала промоција на 15 мај годинава во Англија. ...
Заврши асфалтирањето на главниот крак од улицата „Питу Гули“ во Штип, каде претходно се работеше на промена на водоводната мрежа и уредување на тротоарските површини со павер елементи. Градоначалникот Иван Јорданов посочи дека станува збор за прва фаза од реконструкцијата на улицата, а во наредните денови ќе продолжат активностите на еден од споредните краци. Таму најпрво ќе се врши замена на водоводната мрежа, а веднаш потоа ќе следи и ...
На штипскиот пазар, под сивото небо и дождот, Трајче Стојанов од село Баница стои упорно зад својата тезга со домати. И покрај лошото време, тој не се откажува од продажбата, бидејќи како што вели, само со празно комбе се враќа дома. Доматот што го одгледувал со месеци под фолија сега мора да се продаде, без разлика на дождот и ветрот. За него, земјоделството е тешка, но чесна борба за опстанок и секој килограм има своја вредност. „Треба да ...
Специјалниот пратеник на Румен Радев, Венко Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија поради неговите антимакедонски ставови, кажа на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Филипче, вели тој, е соработник со Виктор Стојанов кој се залага за промоција на бугарскиот идентитет, историја и култура во Македонија. „Неговите јавни настапи се насочени ...
Додека граѓаните на Куманово живеат во хаос од урбанизација и масовно се иселуваат– блиските луѓе на Максим Димитриевски очигледно доживуваат вистински бизнис-бум, реагираат од Левица. Левица открива нов скандал. „Од вкупно 48 прифатени иницијативи за поставување фотоволтаични централи, дури 16 се поврзани со фирмата „Солар Енерџи Груп“, во сопственост на Добрин Петрушевски и Драган Митевски – кум на Максим Димитриевски. Тоа значи дека една ...
Со концерт на камерниот ансамбл „Консонанс“, кој вчеравечер се одржа во престижниот амбиент на „Хорти Салустијани“, свечено беше заокружено годинашното чествување на сесловенските просветители во Рим, во рамки на традиционалната манифестација „Македонија во чест на Св. Кирил“. Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој е дел од државно-црковната делегација, во своето обраќање истакна дека делото на светите браќа Кирил и Методиј ...
Случајот со Артан Груби се одолговлекува, додека граѓаните чекаат одговор. Човекот кој со години беше живата архива на ДУИ, човекот што знае каде се потписите, договорите, пазарите и аферите на старата власт, сè уште не се соочува со институционален епилог, истакнуваат од „Вреди.“ „Артан Груби, заедно со бегалецот Перпарим Бајрами, се сомничи за злоупотреби во вредност од 8 милиони евра во случајот „Државна лотарија“. Ова, како што додаваат ...
„Ние секоjдневно прашуваме, повеќе од месец дена зошто се уште не се испратени документите за екстрадиција на Груевски? Месец дена нема одговор. Поминаа две недели откако Петер Маѓар е веќе нов премиер на Унгарија. Што се случува со документите? Кога ќе бидат испратени“, прашуваат од СДСМ. Како што додаваат, повеќе од еден месец молк и избегнување одговори, јавноста конечно заслужува конечно да дознае: „Дали Христијан Мицкоски и Игор Филков ...
Уште само 6 дена остануваат до 1 јуни, рокот што самиот Христијан Мицкоски си го постави за целосно исполнување на Реформската агенда и клучните обврски за продолжување на европскиот пат, велат од СДСМ. „6 дена до уште една голема лага и неисполнето ветување на Мицкоски. 6 дена до уште една потврда дека ВМРО-ОКГ намерно ја држи државата заглавена, изолирана и далеку од Европа заради сопствени бизниси и криминални тендери. Од 10 клучни точки ...
Пинг-понгарите на Шампион ФА од Штип направија значаен исчекор кон големото финале во македонската Супер лига, откако денеска на гостински терен во Прилеп славеа над Младост 96 со резултат 4:2, во првиот полуфинален натпревар за шампионската титула. Во исклучително неизвесни и борбени мечеви, во кои се водеше жестока битка за секој поен, штипскиот состав покажа карактер, квалитет и тимска сплотеност за да стигне до важна победа пред реваншот. ...
ГРК Охрид приреди вистинска ракометна сензација на европска сцена, откако славеше на жешкото гостување кај МОЛ Татабања со 28:29 во драматичен натпревар полн со пресврти и огромна борба. Охриѓани покажаа шампионски карактер и одиграа меч во кој срцето, пожртвуваноста и тимскиот дух беа пресудни за големиот триумф. Во текот на сите 60 минути се водеше жестока битка, а македонскиот претставник не се предаде ниту во најтешките моменти. ...
Последното коло во Третата фудбалска лига Исток донесе шампионско славје за ФК Победа Валандово, но и уште едно разочарување за македонскиот третолигашки фудбал. Наместо комплетно коло и фер завршница на сезоната, денеска се одигра само еден натпревар – дуелот меѓу ФК Ударник и ОФК Карбинци, кој заврши 1:1. Екипите на Брегалница Делчево и Малеш претходно најавија дека нема да отпатуваат на гостувањата кај Победа Валандово и Овче Поле, па така ...
Драматичната завршница во домашниот фудбал донесе конечна разврска околу баражите за опстанок и пласман во Првата македонска фудбалска лига. Екипите на ФК Пелистер и ФК Брера ќе играат бараж-натпревари против ФК Шкендија Арачиново и ФК Скопје за место во елитата следната сезона. Битолчани успеаја да ја завршат сезоната на осмата позиција откако пред своја публика славеа минимално против ФК Башкими со 1:0. Херој на Пелистер беше Србијанац, кој ...
Основното јавно обвинителство во Битола покрена постапка против 40-годишен маж од градот, кој се сомничи дека насилно држел затворена и ја повредил 18-годишна девојка со која бил во блиска врска. Според деталите од случајот, инцидентот се случил на 23 мај во раните утрински часови, откако девојката се враќала од матурантска прослава. Осомничениот ја пресретнал со автомобил, по што таа влегла во возилото. Наместо да ја однесе дома, почнал да ...
Од СДСМ обвинуваат дека премиерот Христијан Мицкоски врши директно влијание врз работата на јавниот обвинител Ненад Савески и дека судството и обвинителството се ставени под целосна контрола на власта. „Ништо друго не прави, ама затоа врти-сучи Мицкоски постојано му диктира задачи на јавниот обвинител Ненад Ало Савески. Како што му диктираше насоки по телефон, како што му делеше задачи од собраниската говорница и од телевизија, сега следува ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на свечената академија „Од слово до вечност“ на одбележувањето на Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј во „Света Софија“ во Охрид во својот говор се осврна и на борбата против корупцијата, порачувајќи дека ги разбира граѓаните кои губат трпение во однос на испораката на правдата. -Сакам да се осврнам и на уште една важна тема. Тоа е борбата против корупцијата и постигнувањето правда. ...
Освојувачот на Купот на Македонија, ФК Силекс, ќе продолжи со истиот кормилар и во новата сезона. Клубот официјално потврди дека соработката со шефот на стручниот штаб Александар Васоски е продолжена, па тетовскиот стратег и понатаму ќе го предводи кратовскиот тим. По историската сезона во која Силекс го освои Куп-пехарот и обезбеди настап на европската сцена, во Кратово владее голем оптимизам дека успешната приказна ќе продолжи и во периодот ...
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во последното деноноќие има вкупно осум пријави за семејно насилство, а пет лица се лишени од слобода. Во Пробиштип, вчера во 19:45 часот полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишиле од слобода И.А.(46 од Пробиштип, постапувајќи по претходна пријава дека околу 18:00 часот физички го нападнал неговиот брат С.А., при што употребил и дрвен предмет. Синоќа во 23:35 часот ул.„11 Септември“ ...
Две тешки сообраќајни несреќи во текот на вчерашниот ден беа регистрирани во Радовиш и Пробиштип, при што сериозно се повредени двајца млади возачи, информираат од полицијата. На 23.05.2026 во 22:23 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Виничка“ во Пробиштип, патничко возило „фолксваген голф“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј.(18) од Пробиштип, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил ...
Вистинска драма се случила вчера вечер во Пробиштип, откако 46-годишен жител на градот физички го нападнал својот брат, при што употребил и дрвен предмет. Според информациите од полицијата, на 23 мај 2026 година околу 19:45 часот, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишиле од слобода И.А. (46) од Пробиштип. Претходно било пријавено дека околу 18:00 часот тој физички го нападнал неговиот брат С.А., нанесувајќи му повреди со дрвен предмет. ...
Железничката станица во Скопје, која со години беше оставена на работ на функционалноста и хигиената, конечно се чисти и уредува. Директорот на Јавното претпријатие „Македонски железници – инфраструктура“, Синиша Ивановски, информираше дека е започната акција за враќање на репрезентативниот изглед на овој објект. Според Ивановски, децениската институционална и општествена негрижа ја претвориле станицата во нерепрезентативен објект „накитен“ ...
Пратеничката група на Левица ќе поднесе иницијатива до Уставниот суд за поништување на последните измени на Законот за минерални суровини, со образложение дека тие содржат сериозни законски и уставни прекршувања и дека се носат во корист на рударското лоби. Пратеникот Сашко Јанчев истакна дека граѓаните во изминатата деценија континуирано се спротивставуваат на отворањето рудници преку протести, трибини, блокади и локални референдуми, од кои ...
Ноќеска (24.05.2026) во 02:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Н.Џ. од село Двориште, беровско. Во близина на угостителски објект во Струмица, полициски службеници извршиле преглед над лицето и патничко возило „фолксваген голф“ со беровски регистарски ознаки, во кое бил затекнат. Притоа, кај него била пронајдена бела прашкаста материја, за која тој во службен разговор изјавил дека е кокаин. Додека, ...
Младиот македонски борач Лука Ананиев оствари голем успех на Европското првенство за борачи до 15 години во Самоков, Бугарија, освојувајќи бронзен медал во категоријата до 48 килограми. Штипскиот талент имаше одличен настап на шампионатот, каде што со две убедливи победи против репрезентативците на Косово и Латвија обезбеди место меѓу четирите најдобри во Европа. Ананиев покажа голема борбеност, квалитет и зрелост на душекот, достојно ...
Наследството на Светите Кирил и Методиј останува трајна инспирација за зачувување на универзалните вредности на знаењето, дијалогот и почитувањето меѓу народите, пишува во денешната честитка на собранискиот претседател Африм Гаши. – По повод 24 мај – Денот на Светите Кирил и Методиј, изразувам почит и благодарност кон двајцата просветители, кои со својата мисија ги поставија темелите на писменоста, образованието и духовниот и културниот ...