Ракометарите на Струга втора година по пред преку бараж ќе бараат опстанок во Супер лигата, откако минатата сезона го добија Мулти Есенс на неутрален терен во Прилеп, сега стружани ќе играат против Младост од Богданци. Тимот од Богданци заврши на второто место на табелата и ќе мора преку бараж односно по потешкиот пат да обезбеди враќање во елитното ракометно друштво, откако Мулти Есенс стана шампион во Првата ракометна лига и обезбеди ...

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната прес-конференција во Собранието, предупреди дека новото задолжување на Владата од 260 милиони евра, ќе чини многу поскапо земјаќи ја предвид високата камата, при што само за камати државата ќе плати 58 и 64 милиони евра. Битиќи посочи дека цената за ваквото скапо задолжување ќе ја платат граѓаните уште пред да се почувствува каков било економски ефект. „Според актуелниот шест-месечен ЕУРИБОР од ...

Армијата на Република Северна Македонија, на 28.05.2026 година (четврток) во период од 10:00 до 14:00 часот, на градскиот стадион во Штип организира презентација на воена опрема, возила и способности на единиците на Армијата. На настанот кој се реализира по повод успешно реализираната вежба „Блесок 26“, во чии рамки се изврши оценување на борбената готовност (CREVAL) на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ), граѓаните, според ...

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска во Охрид оствари работна средба со заменик претседателот на Владата на Хрватска и министер за поморски работи, транспорт и инфраструктура, Олег Бутковиќ. На билатералната средба се зборуваше за развој на транспротниот сообраќај во регионот, можностите за продлабочување на соработката во делот на железничкиот сообраќај, како и продлабочување на економската соработка помеѓу ...

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска во земјата го пречека неговиот колега од Хрватска, Андреј Пленковиќ. Според Мицкоски, посетата на хрватскиот премиер е потврда за добрите односи и пријателството помеѓу Македонија и Хрватска. „Денес имав чест и задоволство да го пречекам претседателот на Владата на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ. Оваа средба претставува потврда за добрите односи и пријателството помеѓу Македонија и Хрватска, како ...

Во скопските општини каде што масовно се празнува верскиот празник Курбан Бајрам, ЈП Комунална хигиена-Скопје и годинава ќе постави специјални контејнери во коишто граѓаните ќе можат да го одложат органскиот отпад (остатоците од курбанот). Садовите ќе бидат поставени во текот на денешниот ден, по 14 часот. ЈП Комунална хигиена-Скопје апелира до верниците органскиот отпад да го одлагаат исклучиво во поставените садови, затоа што неговото ...

Остануваат уште само пет дена до 1 јуни, до кога Христијан Мицкоски вети дека ќе ја исполни Реформската агенда и обврските за продолжување на европскиот пат, велат од СДСМ. „Пет дена до уште едно неисполнето ветување и уште една голема лага. Не може „промакедонска“ партија, како што вели Мицкоски, со бугарски пасоши да биде македонска. Како што лажеа за враќање на името, за поништување на Преспанскиот договор, така и денес лаже за Реформската ...

Венко Филипче и СДС се директно фатени на дело во отворена соработка со бугарски активисти кои отворено го негираат македонскиот идентитет, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ. „Специјалниот пратеник на Румен Радев во Македонија, Венко Филипче, преку Рубин Земон е во директна соработка со Виктор Стојанов, кој е персона нон грата во Македонија поради неговите антимакедонски ставови. Виктор Стојанов е лице познато по своите ставови со кои отворено го негира ...

За осум часа во Скопје се казнети 116 мотоциклисти и одземени се три мотоцикли. Вчера, во периодот од 10:00 до 18:00 часот од страна на полициски службеници беше спроведена засилена акциска контрола на територија на Скопје за санкционирање на прекршоци сторени од возачи на мотоцикли. Од МВР известија дека се казнети 116 возачи, од кои 64 за некористење кацига, 13 за управување мотоцикл без положен возачки испит, три нерегистрирани мотоцикли и ...

Делови од скопските општини Бутел и Центар денеска ќе останат без електрична енергија. ЕВН Македонија АД известува дека денеска, 26 мај, без електрична енергија ќе останат: · во периодот од 08.30 до 11.30 часот, дел од потрошувачи на ул.Мара Маждуречка и дел од потрошувачите на ул.Ферид Бајрами.(општина Бутел) · во периодот од 09.00 до 15.00 часот, Музеј на современа уметност дел од потрошувачи на ул. Самоилова(општина Центар) ...

Денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе ...

Во чест на празникот Курбан Бајрам, на 31 мај во спортската сала на ООУ „Тошо Арсов“ во Штип ќе се одржи турнир во мал фудбал, кој за првпат се организира во ваков формат. Настанот е во организација на клубот за мал фудбал „Кардшлк“, предводен од претседателот Ведат Адемов – Веко, а почетокот е закажан за 12:00 часот. На турнирот ќе настапат шест екипи составени од играчи од ромската заедница, кои преку спортот ќе испратат порака за ...

Инспекциските служби на Општина Центар, заедно со МВР, веднаш излегоа на терен во врска со инцидентот на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, каде е евидентирано оштетување на јавна површина и инфраструктура во непосредна близина на градежен зафат, соопшти градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. „По извршениот увид, констатирани се оштетувања на коловозот, тротоарската површина, канализационата мрежа ...

Само неколку дена по освојувањето на шампионската титула, ФК Вардар започнува ново поглавје. На клупата на најтрофејниот македонски клуб пристигнува аргентинскиот стратег Кристијан Фабијани, кој ќе го наследи досегашниот тренер Гоце Седлоски, актуелен селектор на македонската фудбалска репрезентација. Од таборот на „црвено-црните“ го претставија новиот шеф на стручниот штаб како тренер со богато фудбалско и тренерско искуство, човек кој ...

Иницијативата „Во одбрана на Буњаковец“ на социјалните мрежи објави фотографии и видео и предупреди за свлечиште на спојот меѓу улицата „Христо Смирненски“ и булеварот „Теодосиј Гологанов“, кај поранешен „Иво Лола Рибар“ во Скопје. Како што наведуваат во објавата, дошло до колапс на земјиштето под асфалтот во близина на ново градилиште, за кое тврдат дека работело и за време на државниот празник. „Оштетена е целата инфраструктура – кабли за ...

Во штипскиот затвор денеска се случил инцидент во кој физички бил нападнат командир на смена од страна на осудено лице, дознава М Нет-ТВ. Според првичните информации, инцидентот се случил во момент кога командирот се обидувал да воспостави ред и да обезбеди почитување на куќниот ред во установата. При извршувањето на службените обврски, тој бил физички нападнат од осуденик. По нападот, повредениот командир бил пренесен во Клиничката болница ...

Редот и законот вратени во Тетово со владеењето на Билал Касами станаа трн во око за ДУИ, оценуваат во „Вреди“ Тие што сакаа да го претворат Тетово во пашалак на Дака Давидовиќ, човек на американската црна листа, и ја оставија општината со долг од 24.000.000 евра, не можат да сфатат како Билал Касами го трансформираше Тетово за само еден мандат, истовремено намалувајќи го долгот. Во времето на ДУИ, не можеше да се изгради Стадионот на Тетово ...

Во изминатите 24 часа полицијата евидентирала три одделни случаи на семејно насилство во кои жртви се жени од источниот дел на државата. Настаните се пријавени во Берово, Пробиштип и Штип, а во два случаи осомничените се лишени од слобода. Во првиот случај, на 24 мај во 02:10 часот, полициски службеници од ОВР Берово го привеле 42-годишниот С.С. од беровскиот регион, откако неговата 35-годишна сопруга пријавила дека претходната вечер околу ...

На 24.05.2026 во 18:35 часот во ОВР Берово од Итната медицинска помош Пехчево било пријавено дека во викенд куќа во туристичката населба „Равна река“, атар на Пехчево, во сопственост на З.В. од Пехчево, при експлозија на електричен бојлер со тешки телесни повреди се здобила 42-годишната В.М. од Штип, констатирани во Клиничка болница Штип. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Берово. На 24.05.2026 во 18:35 ...

Политичката партија Левица изразува како што велат од таму, сериозна загриженост поради отсуството на официјален и јасно образложен став од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во однос на нон-пејперот на германскиот канцелар Фридрих Мерц околу исходот на пристапувањето на Република Македонија во ЕУ. Во услови, кога, како што посочуваат од Левица, се отвораат суштински прашања за идниот европски статус на Македонија, ...

Италијанец кој живее во Македонија вели дека уште од првиот ден ја почувствувал топлината и гостопримството на народот. Морено Зела е заменик шеф на мисијата во Амбасадата на Италија во Македонија. Зела вели дека Македонија е топла земја, земја со искрени луѓе и неверојатна природа што остава силен впечаток кај секој странец. Особено му се допаѓаат Охрид, Матка, Маврово и Берово, места кои секогаш ги покажува на своите пријатели кога доаѓаат ...

Една студена ноќ беше доволна целосно да ги уништи овоштарниците во селото Лакавица. Земјоделците велат, штетите се стопроцентни, а од родот што им носел дополнителна заработка, годинава нема да остане ништо. Мразот ги „изгорел“ јаболката, сливите, крушите, праските, кајсиите и црешите, а начин за да се спасат насадите, немало истакнаа земјоделците оттаму. Пред задушница тврдат, оти цреша нема ниту зрно да има, годинава ја оценуваат како ...

Празни улици и тивки маала, се поретко се слуша детска смеа како некогаш. Денешните деца и млади поминуваат премногу време на телефоните, истакнуваат анкетираните граѓани. Според нив, наместо децата времето да го поминуваат во игра и дружење, се почесто се гледаат како седат со часови пред екрани. Дел од нив сметаат дека телефонот е корисен само во одредени ситуации, но прекумерната употреба штети. Постарите генерации велат дека порано имало ...

Граѓаните добро знаат дека Мицкоски кога клечеше и молеше за власт ветуваше враќање на името, промена на преговарачката и укинување на Преспанскиот договор, истакна на прес-конференција Симона Цветановски, членка на Извршниот одбор на СДСМ. „Ги излажа граѓаните. Му пропадна лажниот патриотизам, пола влада му е со бугарски пасоши. А што ветуваше Христијан Мицкоски за економијата? Ветуваше дека „ќе биде многу подобро“, ветуваше подобар ...

Едногласно против изградбата на регионалната депонија во селото Мечкуевци се револтираните жители од светиниколско. Загрижени велат дека нема да дозволат Овчеполието да стане депонија за отпад. Стравуваат дека ветерот ќе ги носи чадот, смрдеата и опасните материи директно кон Свети Николе и Штип. Бараат депонијата да се дислоцира кај Аџибегово, каде што, велат, нема народ и нема да се загрозува ничие здравје. ,,Сум против депонијата. Не само ...

Пожарот кој вчера избувна во магацин во просториите на поранешната фабрика „Декортекс“ во Радовиш е целосно изгаснат. Огнот бил во разгорена фаза поради присуството на брзо запаливи материјали во објектот. По пријавата, веднаш интервенирале екипи на ТППЕ Радовиш, а на помош пристигнале и пожарникари од Струмица, како и членови на Доброволното противпожарно друштво Мантово. Пламените јазици и густиот чад брзо се ширеле низ целиот објект, ...

Ми-шо е новата песна на хип-хоп групацијата Емигранти, која работи со иселенците од Македонија, кои што живеат и работат низ целиот свет. Оваа групација е единствена, која што во моментот ја обединува миграцијата. Истата обединува артисти, уметници, музичари. Новата песна ми шо е направена по инспирација од балканските фори и изреки на децата кои што некогаш растеа во Македонија. Песната имала промоција на 15 мај годинава во Англија. ...

Заврши асфалтирањето на главниот крак од улицата „Питу Гули“ во Штип, каде претходно се работеше на промена на водоводната мрежа и уредување на тротоарските површини со павер елементи. Градоначалникот Иван Јорданов посочи дека станува збор за прва фаза од реконструкцијата на улицата, а во наредните денови ќе продолжат активностите на еден од споредните краци. Таму најпрво ќе се врши замена на водоводната мрежа, а веднаш потоа ќе следи и ...

На штипскиот пазар, под сивото небо и дождот, Трајче Стојанов од село Баница стои упорно зад својата тезга со домати. И покрај лошото време, тој не се откажува од продажбата, бидејќи како што вели, само со празно комбе се враќа дома. Доматот што го одгледувал со месеци под фолија сега мора да се продаде, без разлика на дождот и ветрот. За него, земјоделството е тешка, но чесна борба за опстанок и секој килограм има своја вредност. „Треба да ...

Специјалниот пратеник на Румен Радев, Венко Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија поради неговите антимакедонски ставови, кажа на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Филипче, вели тој, е соработник со Виктор Стојанов кој се залага за промоција на бугарскиот идентитет, историја и култура во Македонија. „Неговите јавни настапи се насочени ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
33%
1014
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
0.89
46%
1012
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.78
46%
1011
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.52
40%
1015
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.21
35%
1013
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
0.45
49%
1011
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
1.79
44%
1015
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.54
40%
1016
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.4
38%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
3.13
44%
1012
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
4.02
48%
1011
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.17
65%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Бакар

13.01

Злато

135639.33

Калај

53.60

Родиум

257205.97

Иридиум

253540.09

Сребро

2186.28

Алуминиум

3.54

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Паладиум

40767.15

Платина

55170.68

Кобалт

45.39