Марко Ѓорѓиевски, Петар Миланов, Адам Велков и неговиот татко, оперскиот баритон Ристе Велков, се четирите жртви во стравичната сообраќајна несреќа што ноќеска се случи на скопската обиколница кај клучката Мирковци. Животите на Марко, Петар и Адам згаснаа на само 20 години, додека Ристе Велков загина на 51-годишна возраст. Од младите момчиња се простија и од гимназијата „Никола Карев“, каде тие пред две години матурирале завршувајќи го ...

Обвинителството предложи притвор за косовски државјанин за тешката сообраќајна несреќа што се случи на скопската обиколница во која загинаа четири лица, познатиот баритон Ристе Велков, неговиот 20 годишен син и уште две 20-годишни момчиња. – Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против косовски државјанин осомничен за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер (над 50 километри на час). На повеќе места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 60 километри на час) и услови за појава на град, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од ...

Случајот со оставката на Рубин Земон од Извршниот одбор на СДСМ, е доказ дека дури и Филипче сфати дека претера, па Земон мораше да даде оставка за да не го уништел угледот на партијата, реагира ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачката партија тврдат дека погубните политики го довеле Филипче до рејтинг од едвај 3%, поради што партијата му се распаѓа, а членството масовно си заминува. „Дали Венко Филипче се оградува од ставовите на членот на ИО Рубин ...

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Рубин Земон, поднесе оставка од својата партиска функција. Оваа одлука доаѓа по низата жестоки реакции во јавноста поврзани со неговите неодамнешни активности. Преку статус на социјалната мрежа Фејсбук, Земон појасни дека се повлекува за да ја заштити партијата од политички напади кои, според него, го вклучиле и неговото семејство. „Сакајќи да го заштитам угледот на СДСМ од непринципелните напади кон мене, а ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини продолжува со процесот на собирање податоци за изработка на Националниот инвентар на јавни згради. Досега се собрани податоци за 2000 јавни објекти, кои беа обработени низ призма на енергетска ефикасност. Владата и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во соработка со Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) и Француската развојна агенција, во рамки ...

Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер (над 50 km/h). На повеќе места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени. Во Скопје, променливо облачно и нестабилно, во делови од ...

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, по средбите со претставници на Европската комисија и COELA, изјави дека останува силната посветеност за унапредување на процесот на европска интеграција на Северна Македонија и спроведување на клучните реформи согласно европските стандарди. Тој истакна дека во фокусот на разговорите биле спроведувањето на Реформската агенда и Планот за раст за Западен Балкан, ...

На маргините на министерскиот состанок на НАТО во Хелсингборг, Кралството Шведска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Велислава Петрова. На средбата беа разменети мислења за билатералните односи, регионалната соработка и европската интеграција на државата. Во таа насока министерот Муцунски ја нагласи потребата од изнаоѓање решение за ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска потпиша Меморандум за соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и Фондацијата „Фросина Кулакова“, формирана во чест на Фросина Кулакова, која трагично го загуби животот на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“, поминувајќи на зелено светло. Со меморандумот се утврдува рамка за заедничка соработка во насока на унапредување на безбедноста во сообраќајот, подигнување на ...

Просечната плата во март изнесувала над 48 илјади денари, соопшти Државниот завод за статистика. Според податоците на ДЗС, во периодот од март 2025 до март 2026 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е зголемена за 8,2 проценти. Од Заводот информираат дека растот најмногу се должи на зголемувањето на платите во секторите Транспорт и складирање за 15,6 проценти, Дејности во врска со недвижен имот за 12,2 проценти и ...

Матурантите од средното медицинско училиште во Штип ја одбележаа матурската вечер како крај на едно значајно поглавје од нивниот живот. Дел од нив велат дека за подготовка им биле потребни само неколку минути, додека други се подготвувале со часови за оваа вечер. На прашањето што ќе им недостасува најмногу, пред камерите на М-Нет ТВ мнозинството изјавија дека ќе им недостасуваат дружењето, заедничките моменти и годините поминати со ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, им врачи награди на 12 вработени, воспитувачки, негувателки, стручни соработници и помошно-технички персонал од центарските градинки во Општина Центар, за нивната исклучителна посветеност, грижа и ангажман во воспитувањето и развојот на најмладите. „Вие сте темелот врз кој се гради секое детство. Во градинките се стекнуваат првите навики, првите другарства и првите вредности. Вашата улога ...

Управата за јавни приходи ги известува компаниите кои во моментов тестираат и оние кои се вклучуваат во тестирање на системот „е-Фактура“, да се информираат и раководат исклучиво од она што е објавено на веб страната на проектот е-фактура https://efakturawiki.ujp.gov.mk/mk-mk/eFaktura-WebAPP, своите прашања и сугестии да ги поставуваат на адресата [email protected] или до даночните агенти со кои воспоставиле контакт. Дополнително, Управата за ...

Населбата Баби во Штип утревечер ја отвора вратата на еден од најсветлите денови во годината, посветен на светите сесловенски учители и просветители Кирил и Методиј. Со утринска божествена литургија, кршење славски колач, ручек, но и музика, штипјани ќе се соберат за да го одбележат празникот, кој носи сила, заштита и духовна обновеност. Со голем број донации, помош од Општина Штип и јавните претпријатија, речиси прикрај е фасадата на ...

Нетрпението и недовербата помеѓу вмровските функционери очигледно продолжува и кулминира со смената на директорот на детската градинка Астибо, велат од ОО СДСМ Штип. На денешната прес-конференција, секретарот на организацијата, Галаба Вереса, истакна дека никој досега не понесе одговорност. „Нетрпението и недовербата помеѓу вмровските функционери очигледно продолжува и кулуминира со смената на директорот на детската градинка Астибо. Очигледно ...

Македонска Каменица денеска се простува од Бошко Стаменковски – Боле, човекот кој со години беше симбол на спортскиот дух, бодибилдингот и посветеноста кон својот роден град. Тажната вест за неговата смрт предизвика голема болка кај семејството, пријателите и сограѓаните, кои се збогуваат со човек што остави длабока трага во спортскиот и урбаниот живот на градот. Стаменковски беше препознатлив по својата ведрина, истрајност и огромна љубов ...

Намалени цени на дел производи на денешиот пазар во Штип, граѓаните најмногу бараа модар домат. Иако намалување имаше речиси на секоја тезга, сепак пазарџиите велат дека цената е сепак висока, бидејќи слаби се месечните примања. Не е лесно да се работи, уште повеќе не и да се купи, додаваат тие, со надеж дека во предстојниот период производите ке бидат достапни за сечиј џеб. Продавачите од штипско, велат дека побарувачката е овој петок е ...

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши предводи државно–црковна делегација во посетата на Ватикан по повод традиционалната манифестација „Во чест на Свети Кирил“. Делегацијата предводена од Гаши која присуствуваше на Аудиенција кај папата е во состав: координатори на пратеничките Никола Мицевски, Оливер Спасовски, Беким Ќоку; Зоран Љутков, министер за култура; Марина Димовска, генерална секретарка на ...

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на биолошката разновидност под мотото „Делување локално за глобално влијание“, беше потпишан трипартитен Меморандум за соработка помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и зоолошките градини во Скопје и Битола. Овој стратешки документ е клучниот чекор од денешниот настан, со кој се дефинира петгодишната рамка за воведување на европските стандарди, истакнуваат од Министерството ...

Министерството за транспорт информира дека Државната комисија по жалби за јавни набавки по службена должност донела решение за поништување на јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи. Од mинистерството известуваат дека согласно своите надлежности, предметната јавна набавка повторно ќе ја објават согласно законските прописи во најбрз можен рок. Текстот Министерство за транспорт: Поништена јавната набавка на електрични ...

Брегалница ја оствари главната цел – се врати во Првата македонска фудбалска лига, а утре после мечот со Победа ќе биде подигнат шампионскиот пехар, со што ќе започне и прославата за овој голем успех на „сините“ предводени од стратегот Влатко Костов. Токму стратегот Костов вели дека патот бил тежок од шампионскиот пехар, но дополнува дека никогаш не се откажувале од таа цел – влез во Прва лига, која и се исполни. Капитенот Стефан Коцев вели ...

Во три дена ќе биде одиграно последното 33. коло на Првата македонска фудбалска лига со што ќе остане да се одиграат баражите и да се затвори сезоната. Утре на програмата се два натпревари. Од 16 часот во Гостивар се игра мечот меѓу Арсими и Струга Трим Лум, а од 18 часот Вардар ќе игра против Шкендија, кога „вардарци“ ќе го добијат шампионскиот пехар и ќе бидат нови шампиони. В недела се играат два натпреваир од 16:30 часот. Пелистер на ...

Фудбалската федерација на Македонија ги потврди термините и стадионите каде ќе се играат второлигашките баражите. Три натпревари ќе се одиграат в сабота, а еден меч ќе се игра в недела, сите од 16:30 часот. Во сабота (30 мај) на Градскиот стадион во Кочани ќе се одигра натпреварот меѓу второлигашот Кожуф и третолигашот Борец. На стадионот „Силекс“ во Кратово ќе се игра мечот меѓу второлигашот Каменица Саса и третолигашот Еуромилк ГЛ. На ...

Штип денес е домаќин на Плазма спортските игри за млади, многу дечиња денес во градот под Исарот, многу натпревари, спорт, забава и дружба. Плазма спортските игри за млади e најголемата спортско-аматерска манифестација во Европа, која веќе три децении ги вклучува децата и младите во бесплатни спортски активности. Во рамки на овие игри, во Македонија ќе се одржат натпревари во 10 спортски дисциплини, меѓу кои мал фудбал, одбојка, ракомет, ...

Во услови кога Центар секојдневно се соочува со огромен број возила, ограничен паркинг простор и зголемен сообраќаен метеж, одржувањето на редот во паркирањето станува едно од клучните прашања за нормално функционирање на градското јадро. Со илјадници возила кои секојдневно поминуваат низ неговите улици, прашањето „каде ќе се паркирам?“ често е првата мисла на секој граѓанин, посочуваат од ЈП Паркинзи на Општина Центар. „Токму затоа, ЈП ...

Брегалница се врати во Првата македонска фудбалска лига, а утре после мечот со Победа ќе биде подигнат шампионскиот пехар и ќе започне славјето за враќањето на „сините“ во фудбалската елита на Македонија. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, на денешната прес-конференција на фудбалскиот клуб Брегалница, истакна дека Штип заслужува да има модерен Градски стадион, а очекува со новиот инвеститор Брегалница да биде вистински македонски ...

Со Мицкоски на власт се случува економска катстрофа и финансиски крах. Буџетот е во криза, снемува пари – власта неконтролирано се задолжува и трупа нови долгови за своите криминални тендери, кажа на прес-конференција Наташа Поповиќ, членка на Извршниот одбор на СДСМ. Според неа, последното барање на Владата за ново задолжување од 260 милиони евра, е уште еден доказ за дилетантскиот однос на Мицкоски. „Побараа 300 милиони евра од банки, но ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска учествува на министерскиот состанок на НАТО што се одржува во Хелсингборг, Кралството Шведска. Пред почетокот на состанокот, Муцунски истакна дека средбата претставува важна можност, речиси една година по Самитот во Хаг, „да се види тоа што е постигнато од Хаг, но и во светло на претстојниот многу важен самит во Анкара“. Тој нагласи дека во фокусот на разговорите ...

Наместо укинување на онлајн коцкањето, како што ветуваше „Вреди“ пред изборите, владиниот предлог-Закон за игри на среќа е уште една политичка измама и обид за прераспределба на милионскиот коцкарски бизнис кон нови центри блиски до власта, истакнуваат од Левица. „Иако Изет Меџити претходно изјавуваше дека „стопирале можност нашите деца да имаат коцкарници на своите телефони“, реалноста е сосема спротивна – онлајн коцкањето не само што не се ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
2.21
30%
1013
weather icon

Белград

30ᴼ / 30ᴼ
3.85
44%
1010
weather icon

Загреб

31ᴼ / 31ᴼ
0.45
42%
1009
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
2.51
35%
1013
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
3.41
33%
1012
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
2.24
56%
1009
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
4.47
47%
1014
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
3.74
44%
1015
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
3.22
38%
1015
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
2.68
38%
1011
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
2.68
78%
1011
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 22ᴼ
1.21
57%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Бакар

13.01

Иридиум

253540.09

Паладиум

40767.15

Калај

53.60

Сребро

2186.28

Платина

55170.68

Цинк

0.00

Злато

135639.33

Алуминиум

3.54

Рутениум

48965.59

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97