Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Во пресрет на празникот Курбан Бајрам, Општина Чаир во соработка со ЈП „Комунална Хигиена“ реализира проширена акција за чистење и одржување на јавните површини во различни населби на општината. „Населба по населба и улица по улица, сезонските работници на општината заедно со теренските екипи се ангажирани во чистење на улиците, тротоарите и јавните простори, со цел создавање почиста и поуредена средина за граѓаните за време на празникот. Во ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими учесниците вклучени во програмата „Конекција Оксфорд“, Џеј Јакуб, извршен директор на Фондацијата за економија на заемноста, Мајкл Рамзден, предавач, како и креаторите на програмата, Костаке Милков, претседател на Балканскиот институт за вера и култура и г-а Нада Милкова, директорка на издавачката куќа „Метаноја“. Заблагодарувајќи им се за посетата, претседателката истакна дека ...
Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 29 до 34 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за ...
По потпишувањето на Договорот за стратешка соработка меѓу Македонија и Хрватска, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски порача дека двете земји влегуваат во нова фаза на економско, транспортно и инфраструктурно поврзување, со посебен акцент на изградбата на брзата пруга на Коридорот 10, зголемувањето на трговската размена и отворањето на нови туристички и инвестициски можности. Вицепремиерот и министер за транспорт ...
Јавното претпријатие за државни патишта известува дека согласно со оперативните измени во функционирањето на системот за наплата, почнувајќи од 15.06.2026 година, на наплатните станици (патарините) лентите означени за MTAG ќе бидат наменети исклучиво за користење од страна на корисници со електронски тагови. „Со наведената измена, вршењето на наплата со MCard на овие ленти се укинува. Корисниците кои користат MCard ќе ја реализираат наплатата ...
Пратеничка група на Собранието за соработка со Парламентот на Италија оствари средба со италијанскиот амбасадор, Н.Е. Паоло Палминтери во земјава. На сребата покрај претседателот на Пратеничката група, Елми Азири, беа присутни и членовите: Благица Ласовска, Димитар Ковачевски и Мевмед Џафери. Претседателот Азири изрази благодарност за иницијативата за оваа средба, истакнувајќи дека билатералните односи меѓу двете земји се традиционално добри ...
Утре е Курбан Бајрам, еден од најзначајните празници во Исламската религија. Како што истакна Ердован Шабановски, Алах на муслиманите им го дал овој празник за жртвување на одредени животни. Шабановски нагласи дека утре после Бајрамската молитва сите ќе се вратат во своите семејства каде што ќе бидат пречекани од својте ближни со љубов, потоа вели тој дека со истата таа љубов од своите домови ќе почнат самите верници да пренесат и до својте ...
Заврши асфалтирањето на улицата „Ленинова“ во близина на штипското медицинско училиште „Јане Сандански“. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов попладнево изврши увид во градежните активности и најави дека оваа населба наскоро ќе добие и парк, а активностите околу неговото уредување се во тек. -Морам да потенцирам дека паралелно со денешното асфалтирање на улицата во непосредна близина, во периодот кој што следи ќе финализираат ...
Презентација на воена опрема, вооружување, возила и способности на армиските единици, во четврток организира Армијата на Градскиот стадион во Штип со почеток од 10 часот. Настанот се реализира по повод успешно спроведената вежба „Блесок 26“, во чии рамки беше извршено оценување на борбената готовност на Лесната пешадиска баталјонска група, а граѓаните ќе имаат можност одблиску да се запознаат со дел од вооружувањето, опремата и возилата на ...
Бензините од ноќеска на полноќ ќе поскапат, додека цената на дизелот ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпа. Бензинот еуросупер бс 95, ќе се продава за 87,50 денари за литар, додека бензинот еуросупер бс 98, ќе чини 98,50 денари за литар. Дизел горивото останува на цена 92 денари за литар, додека маслотот за горење Екстра лесно за 94 денари за литар. „Од 27.5.2026 ...
Автомобил излета од улицата „Панче Караѓозов“ во Штип и заврши превртен во двор од една од куќите на улицата. Според неофицијални информации од очевидци, возачот се обидел да избегне жена која сакала да ја премине улицата, по што нагло свртел и изгубил контрола над возилото. Автомобилот излетал од коловозот и завршил превртен на кров во дворот од куќата. Очевидци велат дека возачот и совозачот по несреќата биле пренесени во Клиничката болница ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска и нејзиниот хрватски колега, министерот за економија на Република Хрватска, Анте Шушњар, денеска, во Охрид го потпишаа Меморандумот за разбирање и соработка во енергетскиот сектор меѓу двете земји. Меморандумот беше потпишан во рамките на работниот дел од посетата на висока хрватска делегација на земјава, предводена од премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ. Во ...
„Откако вчера се скрши стомната во срцето на Општина Центар, откако пропадна тротоар и падна бандера врз автомобил, видовме како градоначалникот Горан Герасимовски истрча на терен, глуми загриженост и експресно изрекува казни. Како народна изрека вели: откако ќе се скрши стомната, ќе стоиме покрај неа и ќе пишуваме казни. Е па, тогаш ќе поднесете сметка за штетата, но ќе биде доцна“, реагираат од ЗНАМ по вчерашниот инцидент во центарот на ...
Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, на денешната собраниска седница, нагласи дека Владата премиерот Мицкоски и министерката за финансии Кочоска ја туркаат државата во опасна должничка спирала, со постојани нови кредити со високи камати кои ќе ги плаќаат граѓаните и без реален економски ефект. Талески посочи дека наместо економски развој, Владата создава политика на постојани задолжувања и финансиска зависност. „Денес не зборуваме само за ...
Денешната посета има особено значење за нашите две држави, затоа што таа не претставува само дипломатска средба меѓу две влади, туку претставува потврда на едно пријателство кое се градело со години, на односи засновани врз заемна почит, разбирање, соработка и искрена поддршка, истакна премиерот Христијан Мицкоски за средбата со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. „Република Хрватска е наш близок партнер, пријателска земја и сојузник во ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Македонија Михалис Рокас, на која беше потврдена одличната соработка и континуираната поддршка што Европската Унија ја обезбедува за Министерството за внатрешни работи во процесот на спроведување на реформите и унапредување на институционалните капацитети. Тошковски изрази благодарност за досегашната поддршка од Европската Унија, ...
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши и заменик-министерот Марјан Ристески денеска остварија работна средба со претставници на трите најголеми бизнис-комори во државата и Организацијата на работодавачи на Македонија, на која се разговараше за актуелната економска состојба, предизвиците со кои се соочува бизнис секторот и мерките за поддршка на домашните компании. На средбата присуствуваа Горан Ѓорѓиевски – претседател на Сојузот на ...
Денес на дневен ред, по скратена постапка, имаме закон за задолжување на државата во износ од 260 милиони евра кај комерцијални банки. И уште на самиот почеток би сакал да истакнам дека најодговорниот човек во државата, кој треба денеска да биде тука во Собранието и да објасни не само пред народните избраници, туку и пред македонските граѓани по однос на овој заем – денеска го нема тука во Собранието, рече Митко Трајчулевски од СДСМ. „Тоа е ...
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, ја обвини Владата за предложената фискална стратегија 2027 – 2031 година, оценувајќи дека таа е заснована на нереални очекувања и недоволно јасни економски политики. Лукаревска посочи дека стратегијата се потпира на надеж, а не на структурни реформи, додавајќи дека се очекува БДП да расте побрзо од задолжувањето, без јасен одговор како ќе се справи идните ценовни шокови. Лукаревска потенцираше дека ...
Денеска беше официјално отворен спортскиот базен во близина на ООУ „Исмаил Ќемали“ во Топанско Поле, инвестиција во вредност од околу 1 милион евра, која веќе им е ставена на располагање на граѓаните на Општина Чаир. Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, истакна дека овој проект долги години бил едно од најголемите барања на граѓаните и дека денес добива конкретна форма како значајна инвестиција за спортот, младите и заедницата. ...
Отворен ден на сите пет средни училишта од Штип денеска се одржа во Домот на млади, каде идните средношколци имаа можност одблиску да се запознаат со образовните профили, условите и програмите што ги нудат училиштата. Преку штандови, презентации и практична опрема, училиштата ги претставија струките и можностите за образование. Учениците разговараа со професори и средношколци за насоките кои ги интересираат и условите за упис. Градоначалникот ...
Без субвенции остануваат тутунопроизводителите од отплачковичките села на крајот од месец мај. Револтирани велат дека иако се очекувало исплатата да стигне навреме, сепак парите на крајот од мај се уште ги нема, а работата на нивите одамна е завршена. Се жалат дека со скапа нафта, поскап материјал и ниски откупни цени, тешко се покриваат основните трошоци. Годинава се намалува и бројот на тутунопроизводители, а оние што се уште се одлучуваат ...
Во Општина Куманово сите граѓани имаат еднакви права и можности согласно Закон и никогаш не се работело ниту ќе се работи селективно, реагираат од општината по прес-конференцијата на Левица. Има, како што додаваат, голем број на барања и интерес од страна на потенцијални инвеститори за имплементација на енергетски проекти – изградба на фотоволтаици, складови за енергија со батерии и друго. „Од 2023 година до денес до Општината има доставено ...
Бнезините од ноќеска на полноќ ќе поскапат, додека цената на дизелот ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Од 27.5.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 87,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 89,50 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 92,00 (денари/литар) ...
Три поранешни шампиони на Македонија се одјавија од Првата лига и од следната сезона ќе бидат дел од Втората македонска фудбалска лига. Шкупи зад себе ја има најлошата сезона во историјата, а тимот од Чаир урна еден неславен рекорд. Шкупи освои само еден бод и со тоа стана најслабиот тим во историјата на Првата македонска фудбалска лига, уривајќи го неславниот рекорд на Тиквеш од сезона 2000/2001 кога тимот од Кавадарци имаше освоено само три ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во изминатите шест квартали овозможи раст на економијата од над 3%, а паралелно платите растат со динамика близу 10%, расте бројот на нововработени лица, невработеноста е на историски најниско ниво, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го решава предизвикот со кој се соочивме, а тоа е истовремено да го финансира развојот на економијата и да ги сервисира старите долгови создадени токму ...
Општина Центар информира дека во текот на вчерашниот и денешниот ден, инспекциските служби на Општината, во координација со Министерството за внатрешни работи, Државниот градежен инспекторат и стручните служби од Секторот за урбанизам, постапуваа на терен по инцидентот на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, каде е евидентирано свлечиште и оштетување на јавна површина и инфраструктура во непосредна близина на ...
Одредени се стадионите на кои ќе се одиграат бараж натпреварите за Првата македонска фудбалска лига. На стадионот „Петар Милошевски“ во Битола ќе се одигра натпреварот меѓу Брера Струмица и Скопје, во меч каде струмичани ќе бараат опстанок во Првата лига, а пак „пиратите“ од Автокоманда ќе атакуваат на влез во елитата. Вториот бараж меч ќе се одигра на Градскиот стадион во Кавадарци каде Пелистер ќе бара опстанок против Шкендија Арачиново, ...
Фудбалскиот клуб Вардар ја продолжи соработката со штипјанецот Бобан Николов, двете страни ставија потпис на договор во времетраење од три години, односно 31-годишниот фудбалер ќе го носи дресот на најтројфениот македонски фудбалски клуб до 30 јуни 2029 година. Клубот исто така информираше дека е продолжена соработката со Дарко Велковски, а двете страни ставија потпис на договор кој ќе има важност до 30 јуни 2027 година. Новиот шампион на ...
Македонската фудбалска репрезентација продолжува со подготовките за двата пријателски натпревари против Босна и Херцеговина на 29 мај во Сараево и против Турција во Истанбул на 1 јуни, двете репрезентации се учесници на Светското првенство. Репрезентативецот на Македонија, Јани Атанасов, вели дека за нив нема пријателски натпревари, секогаш кога го носат дресот на Македонија одат на победа. ИЗЈАВА ЦЕЛА Јани Атанасов репрезентативец на ...