Со исклучително свечена академија во Нови Сад, срцето на Војводина, беше одбележан големиот јубилеј – 80 години од доселувањето и организираниот живот на Македонците во Војводина, Република Србија. На централната прослава се обрати претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, кој пред присутните упати историски пораки за македонскиот идентитет, јазик и континуитет. Мицкоски истакна дека постојат јубилеи кои не се мерат само во години, туку ...

Екипата на Кожуф и следната сезона ќе игра во Втора лига откако избори опстанок славејќи убедливи 4:0 над Борец со погодоците на Лембовски, Тодоровски, Гугуљанов и Стојанов. Борец кој беше шампион на Трета лига – Југ и следната сезона ќе биде во истиот ранг на натпреварување. Каменица Саса испадна од Втора лига, откако во Кратово загуби со 1:2 од Еуромилк ГЛ, со што тимот од Горно Лисиче се врати во Втора лига. Стојановски донесе водство за ...

Премиерот Христијан Мицкоски очекува стабилизирање на цените на нафтените деривати во земјава и најави сериозно поевтинување на дизел горивото за 6 до 6,5 денари по литар. Тој најави дека утре ќе се одржи онлајн седница на Владата на која ќе се разгледуваат мерките за формирање на новите цени, нагласувајќи дека Македонија и понатаму ќе остане држава со убедливо најниски цени на горивата во регионот. Како ќе се формираат новите цени? ...

Добрососедските односи се двонасочна улица и не можете да танцувате сами – или танцувате со партнер или немате партнер. Со оваа порака премиерот Христијан Мицкоски реагираше на изјавата на бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова, која порача дека Македонија треба да бара решенија, а не проблеми и дека Софија нема да отстапи од договорената рамка од 2022 година. Одговарајќи на новинарски прашања, Мицкоски изрази ...

Во рамки на студиската посета во Париз, делегацијата составена од претставници на Министерството за јавна администрација, Центарот за управување со промени, Агенцијата за администрација и Министерството за дигитална трансформација, изминатите денови оствари работни средби со претставници на Директоратот за јавна администрација на Франција (DGAFP), Институтот за јавен менаџмент и економски развој (IGPDE) и Директоратот за дигитални работи ...

Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи во вторник ќе се најде на владина седница, откако денеска во Владата беше заокружен институционалниот и консултативен процес со сите засегнати страни. Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Азир Алиу порачаа дека новото законско решение е резултат на заеднички компромис, чија единствена цел е заштита на јавното здравје и намалување на бројот на ...

Премиерот Христијан Мицкоски очекува стабилизирање на цените на нафтените деривати во земјава и најави сериозно поевтинување на дизел горивото за 6 до 6,5 денари по литар. Тој најави дека утре ќе се одржи онлајн седница на Владата на која ќе се разгледуваат мерките за формирање на новите цени, нагласувајќи дека Македонија и понатаму ќе остане држава со убедливо најниски цени на горивата во регионот. Како ќе се формираат новите цени? ...

Промени на уставот за внесување на Бугарите, без гаранции од ЕУ во форма на заклучоци – нема да има, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. „Сите се сеќаваме дека последните измени на уставот за промена на уставното име, ги направија Филипче и Заев, откако претходно беа убедувани дека тоа е последниот чекор на Македонија и утре дента ние влегуваме во ЕУ. Да ја потсетиме јавноста дека СДС и ДУИ тогаш ...

Трпе Деаноски, претседател на УПОЗ и член на претседателството на ССМ преводено од Слободан Трендафилов, организираше спортски игри кои траеле 4 дена во Чањ, Црна Гора и за кои биле потрошени 60.000 евра, кажа денеска на прес-конференција, Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Раководството на ССМ целосно го има изгубено компасот и не живее во реалноста, затоа што Деаноски наместо борба за работниците и заштита на работничките права, ...

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, обвини дека премиерот Мицкоски знаел за унгарското државјанство на Груевски. Таа истакна дека со месеци СДСМ укажувала оти Груевски има државјанства и патни документи од други држави, но според неа, Мицкоски свесно ги игнорирал тие информации и изнесувал неточни тврдења пред јавноста. „Мицкоски го знаел тоа цело време и свесно ги лажел граѓаните. Како и за се друго, како што лажеше за враќање на името, ...

Денеска , на Денот на Задушница, 30 мај 2026 година, со почеток во 19:05 часот, за прв пат на спортското игралиште во с. Ратавица ќе се одржи „44-ти Марш на Ангелите“. Со тишина, молитва и запалени свеќи ќе им се оддаде почит на 63-те ангели, на повредените и на сите семејства кои веќе повеќе од година дена ја носат болката во себе. Организаторите се децидни, на Задушница не се заборава, се палат свеќи, се изговараат имиња и се чува љубовта ...

Марихуаната е легализирана во повеќе држави низ светот, додека во други е дозволена само за медицински цели или е декриминализирана. Во некои земји декриминализацијата на употребата на марихуаната привлекува голем број туристи. Сепак, останува прашањето дали треба да се легализира и во Македонија. Дел од граѓаните сметаат дека легализацијата е потребна бидејќи марихуаната е веќе достапна и широко користена, па според нив треба да постојат ...

Утре е Духовден, познат и како Педесетница или Света Троица, тој е еден од најголемите христијански празници. Се слави педесет дена по Велигден и трае три дена, а првиот ден секогаш е во недела. На овој празник му претходи Задушница, кога верниците се сеќаваат на своите починати предци. Според Светото писмо, на денот на Педесетницата апостолите биле собрани во Ерусалим кога Светиот Дух слегол врз нив во вид на огнени јазици. Тие добиле сила и ...

За три години Плачковица ќе остане без стока, предупредуваат сточарите од Кучица. Ниските цени, слабиот откуп и празните трла го гасат сточарството во регионот. Велат дека последните години се повеќе сточари се откажуваат од чување добиток, бидејќи трудот не им се исплаќа, а помош речиси и да нема. Цената на јагнето постојано паѓа, трошоците растат, а откупот од кланиците го оценуваат како никаков. ,,На јагнето цената од 300 денари, сега ...

Скриена на рид над светиниколското село Богословец, црквата „Св. Јован Богослов“ со векови ја чува приказната за верата, истрајноста и жртвата на народот од овој крај. Камен по камен, носен дури од кумановско Кокошиње, мештаните ја граделе светината која денес важи за една од ретките и највредни цркви од ваков тип во Македонија. Над влезот стои врежана 1866 година, но според преданијата, нејзината историја е многу подлабока и постара. Велат, ...

Само уште еден ден останува, уште утре, и доаѓа 1 јуни до кога Мицкоски вети дека целосно ќе ги исполни сите точки од Реформската агенда и обврските за продолжување на европскиот пат на државата, велат од СДСМ. „Уште еден ден до уште едно неисполнето ветување на Мицкоски, до уште една потврдена лага. Реформи нема, нема ниту документи за екстрадиција на Никола Груевски и негово враќање во затвор. Го има само Стоилковиќ и Кина, кој стратешки ...

Министерството за здравство продолжува со интензивна реализација на стратешките капитални проекти кои ќе ја трансформираат здравствената инфраструктура во целата земја. Овие активности беа детално презентирани на 10-тиот состанок на секторската работна група за здравство. „Нашата визија е многу јасна, а тоа е достапно и квалитетно здравство за сите граѓани, дигитално поврзан систем и силна примарна здравствена заштита. Инвестицијата во ...

Селекторот на македонската репрезентација Гоце Седлоски, по натпреварот против Босна и Херцеговина кој заврши без голови, истакна задоволство од настапот на тимот, напоменувајќи дека нерешениот резултат е најреален, и дека жали за неискористените шанси. „ Прво полувреме имавме и ние шанси, и Босна имаше иницијатива и шанси. Ако постигневме гол од тие две шанси, ќе беше мечот сосема поинаков. Ова е некоја нова репрезентација, со доста трка, со ...

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра без голови против селекцијата на Босна и Херцеговина на пријателскиот натпревар во Сараево, во дуел во кој двете репрезентации имаа свои шанси, но не успеаја да ја затресат противничката мрежа. За Македонија ова беше второ реми по ред со резултат 0-0, откако избраниците на Гоце Седлоски претходно останаа непоразени и на гостувањето кај Република Ирска во Даблин. Натпреварот во Сараево ќе остане ...

Во организација на Боречкиот клуб „Киро Ристов“ и Боречкиот клуб „Карбинци“, вчера во општина Карбинци успешно се одржа традиционалниот турнир во борење за деца по повод верскиот празник „Света Троица“. Настанот годинава беше организиран по петти пат и повторно ги собра најталентираните млади борачи од повеќе градови низ Македонија. На турнирот настапија седум боречки клубови: БК „Киро Ристов“, БК „Карбинци“, БК „Балканец“ од Штип, БК ...

Денеска нѐ очекува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Според Управата за хидрометеоролошки работи, ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, а во источните делови од земјата повремено и засилен. Утринските температури ќе се движат од 4 до 14 степени, додека дневните ќе достигнат од 24 до 31 степен. Во главниот град ќе преовладува сончево време со мала облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ...

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено засилен северозападен ветер, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 30 степени. Во ...

Утре, сабота, 30 мај, Општина Кисела Вода и Здружението за унапредување на културно-забавниот живот, екологија и чиста околина „ПОСВЕТЕН ВИКЕНД“ го организираат првиот „Family Day – Football Edition“. Подгответе се за 12 часа забава, спорт и музика во паркот „Шопен“. Програмата започнува точно напладне, во 12:00 часот, со музичка програма и DJ сетови. Додека трае дневното дружење, најмладите ќе можат да се забавуваат во специјално ...

Градоначалникот Дејан Митески им посака добредојде во Општина Аеродром на учесниците на 12. Меѓународен фолклорен фестивал „Св. Троица“, кој од вечерва до 1 јуни ќе се одржува во Долно Лисиче. На фестивалот, покрај македонските, ќе настапат и млади фолклористи од Чиле, Босна и Херцеговина, Србија и Бугарија. „Фестивалот е одлична можност гостите да ја почувствуваат нашата гостопримливост и со себе да понесат прекрасни спомени од нашиот ...

Единствена Македонија соопшти дека прифаќа референдум за ЕУ, но под услов да има две прашања. „Единствена Македонија внимателно ја следи дебатата со најновиот предлог на СДСМ за референдум за членство во ЕУ. А што може да се очекува од една партија која во основа се бори за одбрана на македонските национални и државни интереси? Единствена Македонија прифаќа нов референдум, но, само и единствено под услов со следните прашања: 1. Дали сте за ...

Постои едно едноставно прашање на кое Блерим Беџети им должи одговор на секој студент, правник и Албанец: што направи во текот на 1058-те дена додека беше министер за правда за правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик? Одговорот е болен, но јасен – ништо, велат од ВЛЕН. „Цели 1058 дена беше на чело на Министерството за правда, со целосни надлежности, целосна моќ и целосна можност да го реши ова прашање. Не го направи тоа. ...

В недела се играат бараж натпреварите за влез во Првата македонска фудбалска лига, второлигашите Скопје и Шкендија Арачиново подготвен за промоција во елитата по потешкиот пат. Скопје на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола ќе игра против Брера Струмица, во бараж меч каде „пиратите“ по неколку сезони ќе се обидат да се вратат во елитното друштво, а струмичани за првпат во својата историја ќе играат бараж за опстанок. Двете екипи се ...

Ракометарките на Ѓорче Петров 2 го освоија второто место во Првата ракометна лига, место кое води кон баражот за влез во Супер лигата во женска конкунреција. „Лавиците“ се подготвуваат за најважниот меч и по потешкиот пат да стигнат до место во елитата, откако во Првата ракометна лига шампион стана тимот на Атлетик со фантастичен учинок од 23 победи и само еден пораз и убедлиово најдобар напад со 804 постигнати погодоци и примени 433 ...

Двојните аршини на Трпе Деаноски и синдикалната организација на виделина, од една страна велат живееме во сиромаштија од друга страна 60.000 евра луксуз во Црна Гора, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Наместо ваков настан да биде организиран во домашен туристички центар, со што средствата би останале во македонската економија, Деаноски одлучил синдикалните пари да завршат во странство, во луксузен туристички комплекс на ...

Венко Филипче уште еднаш покажува до каде е подготвен да оди за власт, амнестија и моќ, кога се во прашање македонските национални интереси. Прво уставни измени, а потоа редефинирање на историјата и идентитетот, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче не го интересира македонскиот идентитет и интегритет. Тој само сака прифаќање на бугарските позиции и ставање на Македонија во подредена положба, мислејќи дека само така ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.18
43%
1016
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
3.13
54%
1013
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.87
66%
1012
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
2.93
44%
1016
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
3.66
43%
1014
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
0.89
56%
1012
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
3.13
43%
1015
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.05
40%
1016
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.78
45%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 25ᴼ
1.34
51%
1012
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
55%
1012
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
1.45
63%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Платина

55170.68

Бакар

13.01

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.54

Сребро

2186.28

Рутениум

48965.59

Паладиум

40767.15

Злато

135639.33

Калај

53.60

Родиум

257205.97