Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Обвнинението за Артан Груби ги зовре страстите во ДУИ. Стравот од неговата меморија си го прави своето. Ахмети најавува повлекување од активната политика. Демек, тој сакал да се повлече, ама сопартијците не му давале. „Приказни за мали деца“, вели народот, велат од Влен. „Одамна тврдиме дека Артан Груби е „црната кутија“ и дека од неговото присуство или отсуство зависат многу разврски. Не случајно Бујар Османи, кој чека во низок старт, ...
Општина Центар, во соработка со „Прв до врв“, на 12 септември го организира „CENTAR NIGHT RUN“ – првиот општински полумаратон во државата и нов спортско-забавен настан во срцето на Скопје. Ноќната урбана трка ќе започне во 18:00 часот, а учесниците ќе трчаат низ центарските улици, во поинаква вечерна атмосфера. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повикува граѓаните, љубителите на трчањето и спортот да бидат дел од првото ...
Филипче призна дека е на одмор на јахтата на Заев, ама успат поминал да се слика со насилниците од Ново Село, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Вчера, на новинарско прашање, лидерот на талогот во СДС, Венко Филипче, призна дека е на одмор на јахтата кај Зоран Заев во Грција, но кажа дека патем се однесувал одговорно и успат кон Грција бил и во Ново Село, каде се сликаше со насилниците и наркодилерите преку кои хушкаше инцидент на народен собир. Работниот ...
Од 9 до 16 август, во Ташкент, Узбекистан, се одржува 38-мата по ред Интернационалната олимпијада по информатика (ИОИ 2026), најпрестижниот светски натпревар за средношколци во областа на алгоритамското програмирање. Овогодишното издание е прво одржување на ИОИ во Узбекистан, а Македонија повторно се претстави со извонредни резултати на највисокото светско ниво. Македонскиот тим го сочинуваат натпреварувачите Дамјан Давков од Штип, Владимир ...
Најмалку двапати ја прогласиле загадената вода во Гостивар за безбедна – еден месец подоцна никој од здравствениот синџир не е ни разрешен, велат од Левица. „На 29 јуни од Центарот за јавно здравје Тетово, со потпис на потпис на Берун Мустафа, излегува стручно мислење дека водата „одговара на законските и стручните прописи“. Во тој момент, и според подоцнежната обвинителска истрага, спорните пумпи веќе биле поставени и загадена вода веќе ...
Водата во Скопје е безбедна за пиење, кога СДС нема што да понуди на граѓаните сее паника, Филипче да се соочи со сопствената политичка испразнетост, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Талогот од СДС на чело со Филипче кога нема што да понуди создава хаос и сее паника помеѓу граѓаните. Најновиот обид на СДС да се претстави водата во Скопје како небезбедна за пиење е крајно неодговорен политички потег кој ја преминува секоја граница на политички пресметки. ...
По речиси еден месец, Гостивар сè уште чека чиста вода за пиење. Денеска или утре можеби ќе има одговор. Можеби и не. Мицкоски денеска треба да се врати од екскурзијата во Брисел. Ќе видиме каква боја добил – дали поцрвенел, велат од СДСМ. „Клековски е на екскурзија. Нема време за резултати од водата, ќе ги објави дури на 20-ти. Цел месец работи како министер, се уморил. Панче Тошковски се уморил од испитување вода и хиперхлорирање, па и тој ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека со внимание ја следи актуелната состојба со пожарите во Грција, преку своето дипломатско-конзуларно претставништво во Солун и во комуникација со надлежните грчки институции. „Апелираме до нашите државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефонски број на Министерството +389 75 268 736, на електронската адреса ...
Без струја денеска ќе останат делови од општините Илинден, Сопиште, Кисела Вода и Гази Баба. „Од ЕВН Македонија АД известени сме дека планирани исклучувања на ел. енергија поради технички интервенции за ден 14.08.2026 година ( петок ) ќе имаат корисниците: · Во периодот од 06.00 до 13.00 часот, корисниците од с.Мралино, Бензинска пумпа Дади компани во Мралино и делови од Населба Дрма.( општина Илинден ); · Во периодот од 09.00 до 14.00 часот, ...
Ситуацијата со пожарот над село Габер е под контрола, објави Центарот за управување со кризи. Од таму најавија дека во текот на денешниот ден повторно ќе интервенираат авионите на Дирекцијата за заштита и спасување, со цел дополнително да се стабилизира ситуацијата и пожарот целосно да биде изгаснат. „Службите беа на терен и во текот на ноќта, а Центарот за управување со кризи продолжува со максимална координација со сите надлежни ...
Борбата со пожарот во битолското село Лозани траеше цела ноќ, а куќите повеќе не се загрозени, информираа рано утрово директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, со командирот на битолските пожарникари Христијан Тодоровски. Ангелов кажа дека вчера во Пелагонискиот реагион имало повеќе сериозни пожари со долга линија на фронтот. Тој се сомнева дека пожарите се подметнати. „Се сомневаме дека пожарите биле подметнати ...
На централниот настан по повод 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, истакна дека 13 август 2001 година не е само значаен датум во современата историја на Северна Македонија, туку момент кој го промени текот на државата и им даде можност на илјадници семејства повторно да размислуваат за иднината. Во својот говор, Ферати истакна дека некои денови остануваат запишани ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, објави видео од големиот пожар кај селото Лозани, битолско. Кажа дека огнот стигнал до куќите, но благодарение на пожарникарите и локалното население е спречена голема катастрофа. Сепак, рече Ангелов, опасноста продолжува. „Пред малку селото беше во опасност, куќите се веднаш зад нас. Благодарение на пожарникарите од Битола и локални селани спречена е катастрофа, но опасноста ...
ВЛЕН изрази сочуство за смртта на директорот на телевизија Алсат, Лирим Хајредини. „Со длабока тага ја примивме веста за смртта на Лирим Хајредини, директорот на националната телевизија Алсат. Во овие болни моменти, упатуваме најискрено сочувство до семејството Хајредини, неговите блиски, пријатели и колеги, како и до целиот колектив на Алсат. Лирим беше значајна фигура во медиумскиот простор во земјата и остави свој белег во развојот на ...
Поради зголемениот број на регистрирани случаи на западнонилска треска, Општина Гази Баба во координација со Центарот за јавно здравје презема навремени и засилени превентивни мерки за заштита на здравјето на граѓаните, објави градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. „Одделението за заштита и спасување, во соработка со Центарот за јавно здравје, спроведе итна дополнителна терестичка адултицидна дезинсекција на повеќе локации ...
СДСМ ја повикува Владата веднаш да направи целосни анализи на водата во целата држава и јавно да ги објави резултатите, откако секојдневно излегуваат нови информации за небезбедна и загадена вода во различни населени места, изјави Маја Борозан од СДСМ, на денешната прес-конференција. Таа посочи дека случајот со Гостивар е показател за нефункционалноста на системот и за задоцнетото постапување на институциите во секој чекор од кризата. ...
ДУИ две години молчеше, а денес, кога Обвинителството поднесе обвинение за злоупотреби во Државната лотарија, бара меѓународен надзор. Зошто молчеа досега, прашуваат од ВЛЕН. „Симптоматично е што на ДУИ ѝ е срам да го спомене по име Артан Груби, иако нивната реакција директно се однесува на случајот за кој тој е обвинет. Ова го покажува лицемерието на ДУИ и кон „своите луѓе“, ги користат како топовско месо за своите политики, но им е срам ...
Во шумата над селото Габер пожарот е проширен, но ситуацијата кон населените места во селото Габер е под контрола и во моментов не претставува опасност за жителите, велат од Центарот за управување со кризи. „Поради тоа што пожарот се наоѓа во планински и непристапен терен, каде што интервенцијата од земја е отежната, во овој момент ќе интервенираат три авиони „Ер Трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување, како и еден авион на ...
Полицијата ја пронајде Кристина од Охрид која беше пријавена за исчезната. Денеска во 12:20 часот на крстосница од ул. „АСНОМ“ со ул. „Никола Карев“, по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Охрид ја пронајдоа малолетничката К.Ј.(15) од Охрид, за која претходно беше пријавено дека се оддалечила од домот. Семејството денеска објави јавен апел за пронаоѓање на 15-годишната Кристина која последен пат била видена вчера околу ...
По повод 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека договорот е темел на мирот, соживотот и демократската иднина на државата. Филипче нагласи дека Македонија е заеднички дом на сите граѓани и дека различностите треба да бидат наша сила, а не алатка за политички поделби и ширење омраза, но денес, наместо да се негуваат вредностите на мирот, дијалогот и меѓусебното почитување, ...
На денешен ден, 13 август, се сеќаваме на Струмичката петорка Мирко Пецев, Ѓорги Јармов, Ѓорги Костуранов, Борис Белев и Стево Топчев. Пет млади животи, пет струмички студенти, кои останаа запишани во македонската историја како симбол на една генерација што сонувала за слобода, достоинство и иднина за својот народ, напиша премиерот, Христијан Мицкоски на „Фејсбук“. Нивната трагична судбина, додава тој, е дел од болните страници на нашата ...
Демократската унија за интеграција (ДУИ) соопшти дека е сериозно загрижена поради поднесувањето „политичко обвинение за индивидуална одговорност која произлегува од колективна одлука“. Реакцијата следи откако претдхоно денес Обвинителството покрена обвинение против 8 лица за случајот со злоупотреби во Државна лотарија, меѓу кои и за екс-вицепремиерот од редовите на Интегративците, Артан Груби. „По две години истрага, јавноста заслужува да ...
Скопското обвинителство поднесе обвинение против поранешниот вицепремиер Артан Груби, со барање за продолжување на куќниот притвор како второобвинет за злоупотреби во „Државна лотарија“. Обвинението е поднесено против вкупно 8 лица како соизвршители во кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластување. „Обвинетите, во текот на 2023 и 2024 заеднички презеле дејствија со кои ги пречекориле границите на своите посебни овластувања и ...
Документацијата за ширењето на лажната порака дека водата во скопскиот водовод е загадена со бактеријата ешерихија коли, која Јавното претпријатие „Водовод и канализација- Скопје“ ја предаде во полиција, е за две лица. Од Град Скопје за „Макфакс“ велат дека тоа се податоците, заедно со докази, до кои успеало да дојде јавното претпријатие, но очекуваат полицијата да пронајде повеќе лица. „Пријавата е за две лица. ’Водовод и канализација’ ...
Вчера бил најтежок ден од почетокот на сезоната на пожари, со регистрирани најмалку 52 пожари на отворен простор, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Тој посочи дека во текот на денот биле изгаснати 46 пожари, додека шест останале активни и денеска. Во меѓувреме, денеска се појавиле и нови пожари. Еден од најтешките пожари е во близина на Прилеп, покрај патот кон Битола. Иако пожарот се шири во ...
Силен пожар вчера изби во населбата Света Недела, каде што гореле сува трева и грмушки. Пожарот бил пријавен околу 19 часот, по што на терен веднаш интервенирала Противпожарната единица. Во гаснењето учествувале 10 пожарникари од Територијалната противпожарна единица – Штип со три противпожарни возила. Интервенцијата била отежната поради непроодниот терен, но пожарникарите успеале да го локализираат огнот и да спречат негово ширење кон ...
Туширање со млака вода пред спиење, постелнина од природни материјали и избегнување обилни оброци пред спиење се само дел од препораките од Институтот за јавно здравје за полесно заспивање и поквалитетен сон во текот на ноќта. Надлежните советуваат преголемата топлина може да го отежне заспивањето, но и природниот континуитет на сонот, па затоа се препорачува собата да се проветрува во вечерните, ноќните и раните утрински часови, кога ...
Револтирани граѓани на Општина Свети Николе се жалат деновиве дека немаат чиста вода за пиење. По голем дефект на главната цевководна линија во Општина Свети Николе во понеделник и вторник, се утврдени микробиолошки отстапувања во водата за пиење. Градоначалникот на Општината, Дејан Владев изјави дека по санирање на дефектот биле земени брисови од водата за пиење од местото на самиот дефект, по што во текот на утрешниот ден ќе бидат објавени ...
Дали повисоките температури значат и повисоки сметки за струја за граѓаните во текот на летните месеци? Имајќи предвид дека климите речиси и не се исклучуваат од почетокот на летото, граѓаните велат дека сметките засега се пристапни и во рамките на очекуваното. Дел од нив дури готват на плин на терасите, за дополнително да не ги загреваат домовите и да не ја оптоваруваат климата. Велат дека и покрај високите температури, внимаваат на ...
Две седмици посветени на Пресвета Богородица, пост во кој човекот е повикан на смирение и доближување до Бога. Во овие заклчуно 14 дни пред нас, од понеделник до петок се пости без масло, сабота и недела со масло, а риба е дозволена само на Преображение. Но постот не е само воздржување од храна, туку и време за молитва, прошка и очистување на срцето од гнев и од се што го оддалечува човекот од Бога. Со молитва верниците и свештениците ќе ...