Општина Карпош воспоставува нова форма на соработка со Националната установа „Природонаучен музеј на Република Северна Македонија – Скопје“, со цел унапредување на образовниот процес и овозможување повеќе практична и интерактивна настава за учениците од основните училишта на територијата на Општината. Во таа насока, градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и директорот на установата, Ивица Заркадов, потпишаа договор за соработка со ...

На Инфективната клиника во Скопје почина 72-годишен скопјанец кај кого лабораториски била потврдена инфекција со вирусот West Nile. Како што информираше денеска директорот на Инфективната клиника, Фадил Цана, пациентот уште при прием бил во тешка општа состојба, со изразена невролошка симптоматологија. Директорот додаде дека во моментов на Клиниката се хоспитализирани вкупно 24 пациенти, од кои кај 19 е лабораториски потврдена инфекција со ...

Фондот за здравствено осигурување презема конкретни чекори со кои на пациентите со трансплантирани органи ќе им се овозможи лекот Myfortic (mycophenolic acid), во јачини од 180 mg и 360 mg, како оригинаторен лек повторно да биде достапен без доплата, а истовремено ќе се задржат придобивките од претходно постигнатото намалување на цената на оваа терапија. Како што информираат од Фондот, станува збор за лек од особено значење за пациентите со ...

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека за утре се планирани исклучувања на елекетричната енергија поради технички интервенции. Во периодот од 06.00 до 13.00 часот, корисниците од село Мралино, Бензинска пумпа Дади компани во Мралино и делови од населба Дрма во општината Илинден ќе бидат без струја. Текстот Утре без струја дел од општината Илинден е превземен од МАКФАКС. Од ЕВН Македонија АД известуваат дека за утре се планирани исклучувања на ...

Владата треба веднаш јавно да го објави целосниот извештај и анализите за водата во Гостивар. Несериозно и неодговорно е, по сè што се случуваше во Гостивар, од граѓаните повторно да се бара да веруваат само на изјави, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија откако претходно денес беше соопштено дека водата е безбедна за пиење. „Власта постојано даваше различни информации а изјавите на владините функционери во изминатите пет недели ...

„Дали штипјани сè уште возат точак, или велосипедот полека се заборава?“ – ги прашавме граѓаните на терен. Одговорите покажаа дека многумина имаат велосипед и сè уште го користат, додека други велат дека порано возеле многу повеќе. Сепак, го издвојуваат велосипедот како здраво превозно средство, кое е вистински лек за организмот, придонесува за подобро здравје Кога станува збор за тоа каде најчесто возат велосипед, граѓаните ги издвојуваат ...

Претстојниот викенд, Битола на своите сограѓани и сите посетители кои ќе одлучат да го посетат градот под Пелистер им дава можност да уживаат во уникатна културно – уметничка програма, карактеристична за градот кој го има фестивалот Бит фест. Вечерва, Симон Трпчески, светски познатиот македонски класичен пијанист, ќе настапи на Антички Театар Хераклеа во Битола. Трпчески е еден од најголемите културни амбасадори на Македонија во светот. ...

Според неофицијални информации на М-Нет телевизија, денес е пронајдено е безживотно тело на жена на возраст од околу 50 години кај Балталискиот мост, на регионалниот пат Штип–Лакавица. Според информациите до кои дојде М-Нет, на терен се полициски екипи и јавен обвинител, кои вршат увид. Според првичните информации, засега нема индикации за видливи траги на насилство. Причините и околностите за смртта ќе бидат утврдени по завршувањето на ...

Од денес водата од градскиот водовод во Гостивар е безбедна за пиење, соопшти попладнево раководителот на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Директор на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Оливер Миланов соопшти дека во примероците вода за пиење земени од седум мерни места во Гостивар и околината, како и во изворот Вруток не се најдени бактерии и од денес водата може да се користи за пиење. Тој кажа дека водата ...

Изјава Насер Џемаили Ново жариште на овча сипаница регистрирано во штипско. Досега има вкупно 50 жаришта и уништени 38 стада во државата, според најновите информации на Сојузот на одгледувачи на овци. Претседателот на Сојузот, Насер Џемаили, вели дека со уништувањето на стадата 38 семејства остануваат без егзистенција. Од Сојузот реагираат на мерките на институциите и бараат итно воведување вакцинација за да се спречи натамошното ширење на ...

Млади кокошки несилки, домашен мед и прополис продава штипјанецот Костадин Петков на пазарот во Штип. Тој и неговото семејство чуваат пчели и кокошки во нивното село, а домашните производи ги носат на пазарот. Медот го продава за 600 денари, а по истата цена ги нуди и младите јарки за чување. Вели дека медот е домашен и произведен по течението на реката Брегалница. ,,Шесто денари е медот, домашен, произведен по течението на реката Брегалница. ...

По повод 18 август – Денот на Армијата, на 17.08.2026 (понеделник), со почеток од 10:00 часот, вториот пешадиски баталјон и единици во касарната ,,Јане Сандански“ – Штип, ќе го одбележат својот 34 роденден, повеќе од 3 децении посветеност, пожртвуваност, знаење, стремеж, храброст и одлуки во служба на Татковината. На настанот ќе бидат присутни претставници од повисоката команда во Армијата, Градоначалници од зоната на одговорност на вториот ...

Со строг пост, молитва и силна вера во Бога, православните верници го започнаа 14-дневниот пост посветен на Пресвета Богородица. Овие денови се време на духовно очистување, смирение и молитва, но и можност верниците уште повеќе да се приближат до Бога. Во постот, молитвата има посебно место, а верниците со надеж се обраќаат кон Мајката Божја за помош, утеха и застапништво. Богородичниот пост е време кога верниците ја бараат нејзината закрила ...

Пад на цените на производите среде август на штипскиот пазар, домати и пиперки во избоилие. Граѓаните и овој петок купуваа за да имаа домашни производи за до следната седмица. Вела цените се реални, а квалитетот е добар, бидејќи како што велат годинава има доста домашни производи, а увозни се помалку. Најбарани беа доматите и пиперки, како и класјата кои се продаваа по пристапни цени. Дека побарувачката овој петок е голема на доматот, ...

По вчерашното големо невреме со силен ветер над 100 километри на час и пороен дожд што го зафати Штип околу 16 часот на повеќе места има големи штети, но најпогоден беше центарот на градот каде летнаа кровни конструкција. Од паднатите дрвја се оштетени автомобили, а ветерот ја откорна и заштитната фасада на стоковната куќа т.н. На-Ма. За среќа, нема повредени. Од комуналните претпријатија веднаш излегоа на терен и го расчистија градот. ...

Во Скопје денеска беше отворен Центарот за дневен престој за лица со попреченост над 14 години, со цел да обезбеди сигурна, инклузивна и поддржувачка средина за корисниците и нивните семејства. Центарот, кој е отворен во просториите на Младинскиот културен центар (МКЦ), беше посетен и отворен во присуство на министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски . Во Центарот ...

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, реагира на кривичната пријава што СДСМ денеска ја поднесе против него и против полициски службеници од СВР Струмица, поврзана со објавувањето податоци за лицата вклучени во инцидентот во Ново Село. Манасиевски вели дека во реакцијата на СДСМ има една многу важна работа, а тоа е што партијата не ги демантира информациите што тој ги објавил. „СДС не ги негира информациите што ги објавив. Што ...

Познати судиите за третата рунда на Првата македонска фудбалска лига, која се отвара веќе денес во Гостивар со мечот за прва победа меѓу Арсими и Башкими. Правдата ќе ја дели Александар Василевски, а ќе има поддршка од Гоце Петрески и Мартин Дејасноки како негови помошници, додека пак Фуркан Идризи ќе биде четврти судија. Во ВАР собата ќе бидат Фатмир Бафто и Мишо Ѓорѓиески. Правдата во Кратово на мечот меѓу Силекс и Скопје кој стартува утре ...

Радовишкиот второлигаш Детонит Плачковица ги промовираше новите засилувања за сезоната која стартува утре, а беа претставени вкупно осум засилувања, две од нив доаѓаат од Штип. Радовишани се посилни со Филип Димоски кој доаѓа од Осогово, Леонид Кофилоски кој пристигна од Охрид, Махир Ајрули од Шкендија Арачиново, Асан Рифадов од Шкупи, Давид Голубов од Тиквеш, Зоран Андонов од Силекс, како и штипјаните Бранимир Иванов од Брегалница и Марио ...

Општина Бутел спроведува голема акција за чистење и одржување на атмосферската и фекалната канализациона мрежа на својата територија. Градоначалникот Дарко Костовски и директорот на ЈП „Водовод и канализација – Скопје“, Иван Митровски, извршија увид во заедничките активности на општината и претпријатието за чистење и одржување на канализационата мрежа. Од Општина Бутел информираат дека редовното и темелно чистење ќе продолжи во наредните ...

Третолгиашот Брегалница од Делчево продолжува активно да работи на градењето на тимот за новата сезона во Трета лига регион 3, откако поранешниот прволигаш ги промовираше искусниот Владимир Дујоски и голгетерот Марио Атанасовски. Дујоски низ неговата кариера настапуваше за Малеш, Беласица, Пбоеда, Каменица Саса, Брегалница, Кит Го од Пехчево и Хоризонт Турново и во тимот од Делчево носи прволигашко искуство. Атанасовски во изминатите неколку ...

Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Битола, со целокупниот расположлив капацитет, повеќе од 33 часа интервенираше на пожарите што на 12 август 2026 година, околу 15:30 часот, избувнаа прво во селото Маково, потоа нови пожари се појавија и во селата: Граешница, Кукуречани, м.в Ергела, Гнеотино, а најтешка беше борбата со огнот во селата Ивањевци, Новоселани и Лознани. Интервенцијата на противпожарните екипи траеше до 14 август, до ...

Утре стартува новата сезона во Втората македонска фудбалска лига со мечевите од првото воведно коло, а кое коло ќе се игра во два дена. Пелистер и Охрид се екипи кои се издвојуваат како главни фаворити во трката за Прва лига, но ќе има и неколку екипи кои ќе се вмешат во трката за местата кои водат кон елитата, како Детонит Плачковица, Новаци, Беласица, ланските прволигаши Работнички и Брера, но ќе има и екипи кои ќе се обидат да изненадат ...

Центарот за јавно здравје, во соработка со Општина Кисела Вода, вечерва спроведува трета вонредна акција за дезинсекција. Третманот ќе го опфати подрачјето на населбата и селото Драчево, со цел заштита на граѓаните и спречување на масовно размножување на комарците. Прскањето ќе се реализира во периодот од 22:00 до 24:00 часот, при што со специјализирано возило ќе се дејствува против возрасните комарци. Оваа трета вонредна интервенција се ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Венко Филипче е заедно на Егејот со својот другар Зоран Заев, но влијае на оние кои ги остави тука, односно им дава насоки за ширење на дезинформации. Овој пат дезинформациите и лагите се од огромни размери, односно создадоа паника кај граѓаните на Скопје. Со последната лага дека водата во Скопје е небезбедна, Филипче и актуелното раководство на партијата си поиграа дури и со здравјето на ...

Граѓаните на Гостивар пет недели немаат безбедна вода за пиење, а според СДСМ, власта предводена од премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Азир Алиу покажала целосна неспособност во справувањето со состојбата. На прес-конференција, Маја Борозан обвини дека околу 5.000 граѓани завршиле во болница со здравствени проблеми, а има и нови случаи и реинфекции. „Среде лето, на пеколни температури, жителите на Гостивар сè уште, пет ...

Беласица новата сезона во Втората македонска фудбалска лига ја отвара на домашен терен против Осогово од Кочани, меч кој ќе можете да го следите во живо на М Нет телевизија. Струмичани ќе ја имаат фаворитската улога за трите бодови, а Осогово доаѓа во обид за позитивен резултат и успешен почеток на сезоната. Беласица која прослави 104 години од своето постоење сезоната ја отвара со цел да биде во горниот дел од табелата и сериозно да се вмеша ...

Поставувањето на новиот АТМ систем во М-НАВ е од исклучително значење за повисоко ниво на безбедност, сигурност и ефикасност во управувањето со воздушниот сообраќај, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски при посетата на М-НАВ и контролната кула Скопје. Тој додаде дека значењето е уште поголемо ако се земат бројките дека има преку 12 % зголемување во првите шест месеци од 2026 година во однос на ...

Корисниците сега можат директно во апликацијата да платат за своите артикли кога заедно нарачуваат од ресторани со пријателите, семејството или колегите. Wolt ја воведува функцијата Split Payments (Поделено плаќање) за групни нарачки, со што се олеснува заедничкото нарачување од ресторани без едно лице да мора однапред да плати за сè. Функцијата е достапна и на македонскиот пазар, во сите градови каде што е присутна мрежата на Wolt. Групните ...

СДСМ поднесе кривична против полициски службеници и Манасиевски, соопшти Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ. „Поминаа 9 дена од нападот на младите активисти во Ново Село а досега никој не е повикан на распит, нема истрага, нема ништо. Власта ги штити насилниците, молчи Јавното обвинителство, молчи МВР. Прво ги нападнаа физички младите активисти после и јавно, со лаги и конструкции. Мислеа дека ќе ги замолчат. ВМРО-ОКГ на ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1028
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
0.51
68%
1029
weather icon

Софија

6ᴼ / -1ᴼ
1.54
54%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.69
93%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
84%
1029
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
66%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
74%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
76%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.13
64%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 1ᴼ
0.45
74%
1030
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
3.6
66%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Сребро

1670.34