Со учество на над 130 претставници на компании, институции и организации од Северна Македонија и Грција, денеска во Скопје започна првиот „North Macedonia – Greece Digital Bridge & Business ICT Forum“, настан посветен на продлабочување на економската и технолошката соработка меѓу двете земји. Форумот, организиран од МАСИТ во соработка со грчката асоцијација SETPE, ги обедини претставниците на ИКТ индустријата, државните институции и ...

Преспанскиот Регион претставува вистинска лабораторија на отворено, што јасно го потврдуваат и тековните теренски истражувања на биолошката разновидност кои Македонското еколошко друштво ги спроведува во соработка со локалните заштитени подрачја како дел од проектот „Иницијатива за зелена и сина Преспа“, финансиран од Европската Унија во рамки на програмата „ЕУ за Преспа“. Долж крајбрежјето на Преспанското Езеро е веќе отпочнат мониторингот ...

Стартува третата фаза од проектот е-Фактура, во рамки на која Управата за јавни приходи овозможува тестирање на системот е-Фактура преку веб апликација, со цел компаниите да добијат пристап до практична тест околина за електронска размена на фактури. Во првата фаза се тестираше интеграцијата на ЕРП системите на компаниите со системот е-Фактура. Во втората фаза се додадени API сервиси за преземање, прифаќање, одбивање и сторнирање на е-Фактура ...

„ЗНАМ денеска излезе со соопштение во кое вели дека ЕУ интеграцијата мора да се темели на реформи, а не на „нови условувања“. Ова е класична манипулација. Нема нови условувања. Уставните измени се дел од европската преговарачка рамка уште од самиот почеток. Тоа не е „уцена“, туку основен услов за отворање на преговорите – што вчера јасно го потврди и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта“, велат од СДСМ. „Реформи оваа власт не ...

Пораките на Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и најновиот извештај на Вајц усвоен од Европскиот парламент се две силни потврди за она што СДСМ го говори со месеци, велат од опозициската партија. Мицкоски, додаваат од таму, ги лаже граѓаните за европската иднина на Македонија, неговата криминална Влада не испорачува никакви реформи. „Кошта јасно и недвосмислено порача дека уставните измени се единствениот услов за формално ...

Гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески учествуваше на Регионалниот семинар „Kриптосредства и дигитални пари“, којшто се одржа во Приштина, во организација на Централната банка на Косово, каде што гувернери, претставници на централни банки, регулатори и финансиски експерти од регионот разменија мислења за современите предизвици и можности поврзани со дигитализацијата на финансискиот систем. Во рамките на панел-дискусијата посветена ...

„Градежништвото останува еден од најсилните двигатели на домашната економија, што јасно го потврдуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика за првиот квартал од 2026 година. Според државната статистика, градежниот сектор во првото тромесечје од оваа година бележи раст од 7,2 проценти во споредба со истиот период минатата година“, соопшти министерот за транспорт Александар Николоски. „Овие бројки претставуваат силен показател ...

„Посетата на Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, претставува значајна потврда дека Република Македонија успешно ја спроведува реформската агенда и испорачува конкретни резултати во процесот на европска интеграција“, велат од ЗНАМ. Движењето ЗНАМ за Наша Македонија ја поздравува пораката што произлегува од оваа посета, „дека реформите се препознаени, а напредокот на државата е видлив и признаен од европските институции“. „Тоа е ...

Филипче да престане да работи против македонските национални интереси. Венко Филипче не ги брани македонските позиции и македонските интереси, туку упорно ја застапува агендата која целосно им одговара на официјална Софија и на бугарските интереси, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „И покрај тоа што Македонија се соочува со постојани негирања на својот национален идентитет, јазик и историја, Филипче секојдневно настапува како портпарол на политиките на ...

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 08.00 до 12.00 часот, корисниците од улицата Костурска ,ул. Тале Христов Слога, Клиника ВФВ и Санте плус 3, општина Бутел; – во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улица Франце Прешер околу објект 141, општина Карпош; – во периодот од 12.00 до 14.00 часот, корисниците од Бул. Босна и Херцеговина и ул.Боро Менков, општина Бутел. ...

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи – Отсек за управни работи Штип, од утре (04.06.2026) во областа на регистрација на возила, ќе работи секој работен ден од 08:00 до 18:00 часот, како и дополнително во сабота од 08:00 до 12:00 часот. Продолженото работно време се воведува со цел да се излезе во пресрет на потребите на граѓаните и да се овозможи поефикасна и навремена услуга во постапките ...

Дисциплинската комисија на Фудбалска федерација на Македонија донесе серија строги санкции за клубовите по инцидентите и недоличното однесување на натпреварите од завршницата на сезоната, а најголем удар претрпе ФК Шкендија, која се соочи со високи парични казни и дополнителни дисциплински мерки. Поради употреба на пиротехнички средства во финалето на Купот на Македонија, ФК Силекс е казнет со 5.000 евра, додека ФК Шкендија доби казна од ...

Околу 20 до 30 вработени во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во период од 6-7 години редовно земале плата без да се појават на работното место. Ова денеска го соопшти директорката на Институтот, д-р Марија Андоновска, појаснувајќи дека овие лица биле уредно регистрирани во системот за евиденција на работа, за што на одредени колеги им плаќале по 200 евра за да им ги отчукуваат картичките. Дел од вработените кои ги откуцувале картичките ...

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, учествува на седницата на Заедничкиот консултативен комитет (JCC), која се одржува во Брисел при Европскиот комитет на регионите, каде присуствуваат претставници на локалните и регионалните власти од земјите членки на Европската Унија и земјите кандидати за членство. За време на седницата се дискутира за процесот на европска интеграција, размената на искуства и зајакнувањето на соработката меѓу ...

Во петок ќе се спроведе дезинсекција против комарци во Општина Штип. Терестичката дезинсекција ќе се спроведе во периодот од 1 до 7 часот, а ќе бидат опфатени зелените површини, подрачјето на течението на реките Брегалница и Отиња, застојните води, каналскиот систем, урбаните насеби и други локации каде што постојат услови за развој на комарци . Како што соопштуваат од општината, доколку временските услови се неповолни, како дожд или ветер, ...

Во Општина Штип денес беше одржана промоција на резултатите од активностите во рамки на проектот за формирање на Ресурсен Центар за повратници и маргинализирани категории лица. Градоначалникот Иван Јорданов истакна дека новиот центар ќе обезбедува административна и социјална поддршка за граѓаните, со цел унапредување на квалитетот на јавните услуги. Тој нагласи дека проектот претставува значаен чекор во насока на подобра поддршка и поголема ...

Од денеска родителите и децата од Кавадарци и Вардарскиот регион ќе може да се обратат за бесплатна поддршка и советување во канцеларијата на СОС Детско село во Кавадарци. Свеченото отворање на просториите е дел од проектот „Право на семејство II -Подобрување на пристапноста, достапноста и квалитетот на згрижувањето и услугите во заедницата во Албанија, Ерменија, Белорусија, Северна Македонија и Украина“, кој има за цел да придонесе кон ...

Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денес присуствуваше на генералната проба на децата од општина Кисела Вода кои ќе бидат дел од „Киселко“, првиот детски фестивал во организација на општината. Настанот ќе се одржи на 6 јуни со почеток во 13 часот, во Домот на култура „Билјана Беличанец“, каде што премиерно ќе прозвучат 13 нови детски песнички. Со овој настан, Општина Кисела Вода отвора ново поглавје во културниот живот, сакајќи да ...

Во рамки на конференцијата „ReSPA Open Days“, која се одржа во Кишинев, Република Молдавија, делегација од Министерството за јавна администрација зема активно учество на панел дискусиите посветени на улогата на ReSPA во поддршката на реформите во јавната администрација во земјите од Западен Балкан, при што ги претставија и клучните приоритети и достигнувања на македонската реформска агенда. Во своите излагања, претставниците на Министерството ...

На две лица им се пресадени органи од донор, соопшти Министерството за здравство. „Во градите на 52-годишен пациент, кој од 2021 година со нетрпение и верба чекаше на националната листа за трансплантација – од денес чука ново срце. Симбол на нов живот, нов почеток и неизмерна благодарност. Истовремено, 23-годишно момче доби бубрег и со него, шанса за поквалитетен живот. Донирани се и коскени ткива, уште еден исклучителен дар, кој ќе помогне ...

Чудотворната икона на Пресвета Богородица Троеручица од Света Гора в сабота пристигнува во Штип. Со векови почитуваната Владичица, Пресвета Богородица, за првпат ќе биде донесена во градот од монасите од манастирот Хиландар. Се очекува масовно присуство на верници кои ќе ја пречекаат иконата и ќе бидат дел од свечената литија низ штипските улици. По литијата, иконата ќе биде сместена во црквата „Свети Димитриј“ во штипско Ново Село, каде ќе ...

Баже Милев е новиот началник на Секторот за внатрешни работи (СВР) Штип. Тој доаѓа на местото на досегашниот началник Игор Јаковлевски, кој ја извршуваше функцијата во изминатиот период. Со оваа кадровска промена, Милев ја презема раководната позиција во СВР Штип и ќе биде одговорен за координација на работата на секторот и спроведувањето на надлежностите во областа на безбедноста. Од него се очекува да придонесе ефикасно функционирање на ...

Насилството повеќе не се случува само во училишните ходници, туку се почесто и зад екраните на мобилните телефони. Специјалистите велат дека сајбер насилството е проблем кој бара навремено препознавање и реакција од наставниците и родителите. ,,Она што е специфично во последно време што на нас ни се случува а тоа е сајбер насилството или насилство преку дигиталнтие медиуми. Секое дете уште од предучилишна возраст знае да работи со паметните ...

Оваа сабота во Кочани ќе се одржи 45-тиот Марш на ангелите. Почетокот на маршот е закажан за 18:05 часот во Паркот на Револуцијата, од каде учесниците ќе се движат кон Трговскиот центар, УЈП, МВР, Основниот суд и ќе завршат кај Спортската сала „Кочански ангели“. Организаторите информираат дека маршот ќе се одвива мирно и достоинствено, во чест на 63-те ангели, за повредените и за семејствата кои секојдневно се соочуваат со болката и загубата. ...

Д-Фестивал и оваа година ќе се одржи во Штип, од 26 до 28 јуни. Како што истакнаа организаторите, станува збор за 16-то издание на фестивалот и втора година по ред како негов домаќин е Штип. Тие нагласија дека влезот ќе биде бесплатен за сите посетители, а фестивалот ќе се реализира во својот полн капацитет, со богатата музичка програма и сите дополнителни активности и содржини по кои е препознатлив. Градоначалникот на Општина Штип, Иван ...

Претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта, јасно и недвосмислено кажа дека уставните измени се единствениот пат да се продолжи со европскиот пат на земјава и како што кажа ништо повеќе. Вистината излезе на виделина, нема дополнителни гаранции, нема дополнителни услови, постојат само уставни измени, се друго е само измислица и само една кампања. Христијан Мицкоски и ВМРО дојдоа на власт со лаги. Ветуваа подобрување на нашата ...

Постапувајќи по кривична пријава поднесена од Управата за финансиска полиција, предметен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица – поранешни директор и помошник директор на Царинската управа, управител на правен субјект и вработен во истиот субјект. На осомничените им се ставаат на товар кривичните дела Злоупотреба на ...

Катерина Костадинова, советник во Општина Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, на денешната прес-конференција рече дека СДС и Герасимовски спроведуваат легален рекет на центарци. Преку новите поскапувања на паркингот за жителите на Центар, според неa, тие направија граѓаните да бидат тугинци во своите маала, во сопствените домови. „Имено, според новиот правилник на ПОЦ, веќе не е важно колку автомобили поседува една личност, туку ...

Осврнувајќи се на најновите резултати објавени од Државниот завод за статистика, кои се однесуваат на растот на Бруто-домашниот производ, премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција истакна дека бројките покажуваат дека растот на БДП повторно е меѓу првите пет во Европа, како процент од бруто домашниот производ, што, според него, претставува исклучителен резултат. „Сакам да нагласам дека сум целосно свесен за сложеноста на ...

Во новата сезона второлигашкиот фудбал се враќа во неколку нови среди, а најмногу екипи доаѓаат од главниот град Скопје. Границите на тоа како ќе изгледа Втора лига за сезона 2026/2027 е поинаков во однос на претходната сезона кога најмногу екипи доаѓаат од Истокот, сега тоа ќе изгледа поинаку. Од Скопје доаѓаат екипите на Македонија ЃП, Работнички, Шкупи и Еуромилк ГЛ, Струмица ќе има два второлигаши – Беласица и Брера Струмица, Кочани ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.89
59%
1019
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
4.02
70%
1015
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
0.9
72%
1014
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.02
51%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
4.3
64%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.76
76%
1015
weather icon

Атина

24ᴼ / 23ᴼ
1.79
53%
1016
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.05
52%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.7
52%
1018
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
1.34
72%
1014
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
1.79
68%
1013
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.66
62%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Рутениум

48965.59

Калај

53.60

Платина

55170.68

Злато

135639.33

Бакар

13.01

Сребро

2186.28

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.54

Паладиум

40767.15