Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
После високите температури кои се очекуваат викендов, од недела ќе има локален пороен дожд и пад на температурите. Утре и во сабота ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени. Во недела и следните неколку денови во поладневните часови ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање каква е споредбата на растот на јавниот долг и БДП во двата периоди — на владеењето на Владата на СДСМ и ДУИ и Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ истакна дека за трипати пократок период има 120 милиони евра поголем раст на БДП. „Кога водите еден процес, и во политиката мора да правите компаративна анализа. Ако не правите компаративна анализа, тогаш ...
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информираше дека 950 деца на возраст од 7 до 12 години ова лето се пријавија во Бесплатната школа за пливање, која за првпат се организира во Чаир. Големиот интерес ја потврдува потребата од организирани, квалитетни и достапни спортски активности за секое дете, без оглед на финансиските можности на семејството. До 1 септември, децата ќе продолжат со бесплатните часови по пливање со професионални ...
Демократската унија за интеграција ја поздравува подготвеноста што ја изрази премиерот Христијан Мицкоски за одржување предвремени парламентарни избори, доколку тоа го побара опозицијата, соопштија од партијата. „Го бараме тоа. Конечно и премиерот разбра дека оваа состојба е неодржлива и дека на државата ѝ е потребен нов политички мандат. Владата го загуби легитимитетот да продолжи со европската изолација, влошувањето на меѓуетничките односи, ...
Преминувањето на границата со Македонија може да ве чини 300 евра, колапс на влезот на Србија, возачите чекаат со часови сето тоа поради ригорозниот систем во Северна Македонија. Вака пишуваат спрските медиуми откако вчера на преминот Табановце почна наплатата на казни за возачите со странски таблички за регистрирани прекршоци со камерите на „Безбеден град“. „Возачите не можат да ја напуштат територијата на Северна Македонија додека не платат ...
Герасимовски од џебот на центарци платил 6,6 милиони денари за мобилна апликација за која добиле само една понуда на тендерот, изјави Лазар Банов, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Центар. „Мобилната апликација која Герасимовски ја нарачал, очигледно веќе претходно договорена со добитниците на јавната набавка, центарци ќе ги чини годишно 6,6 милиони денари. Оттука, логично е дека во следните 3 години, наместо нови паркови, чисти улици, ...
Во понеделник, 24 август, во Собранието, со почеток од 10:45 часот, во Сала „Борис Трајковски“, ќе се одржи Сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа по повод одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Украина. Настанот ќе го отвори потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, а предвидено е обраќање на членови на Интерпартиската парламентарна група, како и на амбасадорката на Украина, ...
Министерот за здравство, Сашо Клековски, конечно признава дека ПЕТ/КТ не работи повеќе од еден месец, но сега се обидува проблемот да го претстави како техничка игра на зборови: „скенот не е расипан, проблемот е во циклотронот“. За пациентот со рак, оваа разлика е бесмислена. Ако поради нефункционалниот циклотрон не може да се изврши ПЕТ/КТ снимање, тогаш ПЕТ/КТ услугата не функционира. И тоа повеќе од еден месец. Уште полошо, самиот министер ...
Христијан Мицкоски синоќа повторно излезе со „сопствена анализа“. Платите растеле 70% побрзо, пензиите 325% побрзо, инфлацијата била седум и пол пати помала, долгот два и пол пати помал. Самиот си ги споредил 23 месеци со 84 месеци и заклучил дека победил. Тоа не е економија. Тоа е трик со калкулатор, велат од СДСМ. „Го споредува врвот на светската инфлација од јули 2022 – војна, енергетски удар, скок на храна насекаде, со Јули 2026 година. ...
Весна Јаневска повторно се обиде да се извлече од скандалот со студентскиот оброк така што наместо одговор понуди нова измислица. Министерката тврди дека оброкот бил покачуван, дека Владата на ДПМНЕ дури и однапред дала повеќе и дека критиките на Левица и студентите биле неоправдани, велат од Левица. Од партијата велат дека „реалноста е сурово едноставна – официјалните повици на МОН за 2024/2025 и 2025/2026 и понатаму стојат на 140 денари“. ...
Венко Филипче уште не е вратен од годишниот одмор, а сè уште од јахтата на Зоран Заев повикува на хистерија, најпрво за водата во Гостивар, потоа за водата во Скопје, а сега и за нилската треска, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Нели е сосема чудно што ова лето нема пожари како што имаше минатото лето во Вардариште и Дрисла? Единствената крупна разлика е што оваа година нема локални избори, па СДС пироманска се претвори во СДС хистерична. Така, ...
Во ДУИ веќе не се знае кој ја води партијата. Али Ахмети пушта пробни балони за повлекување, Бујар Османи се загрева за лидерската фотелја, а луѓето на Артан Груби испраќаат пораки и ги потсетуваат сите кој до вчера бил главен во партијата. Три приказни и една голема паника, велат од ВЛЕН. „Ахмети глуми дека ја држи ситуацијата под контрола, но есапот никако не му излегува. Ако го брани Артан, го зема на свој грб целиот негов политички багаж. ...
Три авиони се вклучени во гаснењето на пожарот во Студеничани, информира Центарот за управување со кризи. „Директорот на ЦУК, моментално се наоѓа на терен, заедно со екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, во селата во Општина Студеничани, каде што се одвива интервенција за гаснење на пожарот кој го зафати овој предел. Во интервенцијата се ангажирани и три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), додека екипите на терен ...
Од денес започна наплатата на казни за возила со странски регистарски таблички кај кои системот „Безбеден град“ евидентирал сторен сообраќаен прекршок на територијата на Македонија, соопшти Министерството за внатрешни работи. „На Граничниот премин Табановце, при излез од државата, се појавуваат возила кај кои системот има претходно евидентирано сообраќајни прекршоци. На возачите им се соопштува дека е евидентиран прекршок и им се издава ...
„Амазон“ планира да ја прошири својата мрежа за достава со дрон во САД повеќе од шест пати до крајот на годината. Компанијата сака да овозможи достава на полесни пакети во приградските области на речиси 500 американски градови и им ветува на клиентите дека нарачките би можеле да пристигнат за само 30 минути, пишува „Асошиејтед Прес“. Дроновите можат да транспортираат пакети со тежина до околу 2,3 килограми. „Амазон“ најавува проширување во ...
На граничниот премин Табановце помеѓу Македонија и Србија, денес имало редици од странски возачи кои чекале да платат казни за сообраќајни прекршоци снимени со камерите на „Безбеден град“. View this post on Instagram A post shared by Grčka Info | Smeštaj u Grčkoj (@grckainfo.official) На возачите што патуваат низ Македонија до Грција или се враќаат од Грција им се препорачува да обрнат посебно внимание на ограничувањата на брзината, бидејќи ...
Орце Ѓорѓиевски нема одговор за епидемијата, па ја напаѓа СДСМ. Не ја прогласивме ние епидемијата во скопските општини. Не ги однесовме граѓаните ние на Инфективна. Тоа се случи во градот што тој го води, велат од СДСМ. „Заклучно со 18 август има 38 заболени и четири починати. Триесет и седум случаи се од Скопскиот регион. Починатите се мажи од 62 до 83 години од Скопје. Ако прскањето од 7 мај било толку успешно, зошто токму Скопје е ...
Пожарникари од Скопје ќе помагаат во гаснење на пожарот во Мариово, објави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „Во овие тешки мигови, кога огнената стихија се заканува на Мариово и на цели населени места, нашите херои повторно се таму каде што се најпотребни. Конвој на Противпожарната бригада на Град Скопје тргнува кон Мариово, во помош при гаснењето на еден од најголемите и најризични пожари со кои во моментов се соочува ...
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи. Лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“ и во истите е наведен лажен линк преку кој се пренасочуваат граѓаните да извршат уплата за ...
Прволигашот ФК Башкими од Куманово продолжува со засилувањето на тимот пред новата сезона, а најновото име во составот е искусниот централен дефанзивец Фати Исмаили. Кумановскиот клуб официјално го претстави Исмаили, кој зад себе има богато искуство во македонскиот фудбал. Во досегашната кариера тој ги носел дресовите на познати македонски клубови како Шкупи, Работнички и Гостивар, а настапувал и во Косово, каде што бил дел од Вуштрија и ...
Во рамки на активностите за поголема даночна информираност и усогласеност во туристичкиот сектор, денеска Управата за јавни приходи во Охрид одржа информативно-работна средба со издавачи на вили, апартмани и соби, хотелиери, угостители и претставници на други дејности поврзани со туризмот. Информативно-работната средба беше реализирана од страна на стручен тим на Управата за јавни приходи, во соработка со Општина Охрид, со цел зајакнување на ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска во Скопје оствари средба со државниот секретар за Европа и меѓународни прашања и портпарол на покраинската влада на Северна Рајна-Вестфалија, Кристијан Вирмер. На средбата беа разменети мислења и искуства за актуелните процеси во енергетскиот сектор, со посебен акцент на енергетската безбедност, диверзификацијата на енергетските извори и развојот на модерна и ...
Кучиња, диви животни и птици разнеле дел од угинатите овци, кои биле заразени од овча сипаница над селото Соколарци, во општината Чешиново-Облешево. Од Асоцијацијата на одгледувачи на овци велат дека животните биле фрлени во јами кои требало да бидат затрупани, но четири од нив останале отворени околу 20 дена. Оттаму велат дека нема вакцини за болеста, па одгледувачите се принудени сами да бараат начин да ги заштитат стадата. Ја оценуваат ...
„Назначувањето на Орхан Муртезани за амбасадор и постојан претставник на Република Северна Македонија во НАТО претставува значаен момент. За првпат Албанец ја презема оваа висока дипломатска функција“, велат од Влен. „Станува збор за мисија со голема одговорност, особено во време кога евроатлантската безбедност се соочува со сериозни предизвици, а од секоја земја членка се очекува целосна посветеност. Орхан Муртезани располага со потребното ...
Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со Димал Баша министер за инфраструктура и транспорт на Република Косово. Во делегацијата присутни беа и заменик министерката за транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири, како и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски. На средбата беа разгледани можностите за натамошно унапредување на билатералната соработка, со посебен акцент на ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во вилата „Билјана“ во Охрид го прими заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка, којшто престојува во официјална посета на земјава. Во пријатен разговор констатираа дека македонско-чешките односи, се одликуваат со традиционално пријателство, засновано врз меѓусебна почит и разбирање. Во делото на просветителите „Св. Кирил и Методиј“ ...
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе останат: · Исклучување од подземна мрежа -промена на довод до РО (150-240мм2) од Автокоманда 10 да се одредува НН ивод, без напојување со електрична енергија ќе останат дел од 16-та Македонска бригада зграда ВА влез 2,3 и 4, општина Гази Баба. Текстот Дел од општината Гази Баба утре без струја е превземен од МАКФАКС. Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без ...
Министерот за правда, Јетон Шасивари, денеска оствари работна средба со претставничката на УНИЦЕФ, Лесли Милер, на која беа разгледани клучни прашања поврзани со унапредувањето на системот за правда за децата. На средбата беше истакнато дека најдобриот интерес на детето останува главен приоритет, во согласност со Конвенцијата за правата на детето. Особено внимание беше посветено на имплементацијата на Законот за правда за децата и на ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски реагираше по прес-конференцијата на опозицијата, во однос на прскањето против комарците. „Само пред неколку дена видовме што значи неодговорно пласирање информации кога се создаде непотребен страв околу безбедноста на водата во Скопје. Денес повторно гледаме обид една сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка. Да бидеме јасни, западно-нилската треска не е нов вирус и не е ...
Со оро, песна и посна трпеза, Штип го слави големиот христијански празник Преображение Господово. Манастирот посветен на синот божји Исус Христос, кој се наога на само неколку километри над Штип, денеска собра голем број верници ширум државата, кои од рано утринава дојдоа да се поклонат и да запалат свеќа за здравје и спасиение. Некој чуле од свои блиски, други од болни луѓе, трети од луѓе од странство, дека овде на ова место луѓето си ...