Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Со два натпревари денес ќе биде отворено четвртото коло на Првата македонска фудбалска лига. Денес Скопје игра против Тиквеш каде Фуркан Идризи дели правда, а пак во Штип каде ќе се соочат Брегалница и Башкими главен арбитар ќе биде Доне Ристовски во меч под рефлектори. Утре, Шкендија Арачиново ќе го пречека Арсими во дуел каде за правдата ќе биде задолжен штипјанецот Димитар Пилешков, а негови асистенти ќе бидат Даниел Василевски и Бранко ...
Вчеравечер, комуналните екипи до доцна во ноќта работеа на расчистување на дивите депонии и уредување на јавните површини на повеќе локации, извести Општина Аеродром. „Засилените активности продолжуваат, со цел почисти, поуредни и поубави јавни простори за сите граѓани. Рано утрово екипите повторно се на терен и продолжија со редовните активности за одржување на чистотата“, соопшти Општина Аеродром. Текстот (Фото) Општина Аеродром: ...
„Поминаа 24 часа од барањето за предвремени парламентарни избори. Од Влен сè уште ниту збор. Оние што го погазија легитимитетот, сега се кријат штом ќе се побара да го измерат пред граѓаните“, велат од ДУИ. „Влен знае дека ја немал и ја нема поддршката на Албанците. Знае дека неговата власт се потпира врз милоста на политичките падрони и врз газењето на слободниот глас. Ако добиле дозвола, нека ги прифатат предвремените избори. Нивниот молк ...
„ВМРО-ДПМНЕ го повикува Јавното обвинителство по допрен глас да отвори предмет и да го истражи непостапувањето на Венко Филипче додека бил министер за здравство, во врска со анализите за квалитетот на водата, како во Гостивар, така и низ државата. Документите и информациите доставени од свиркачи укажуваат дека биле направени околу 400 анализи за квалитетот на водата, кои ја покажале неисправна за пиење“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Токму затоа, се ...
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов, заедно со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски, со стручни тимови од двете институции, остварија официјална посета на Република Србија, во чии рамки се сретнаа со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Србија, проф. д-р Драган Гламочиќ, како и со потпретседателката на Владата на Република Србија и министерка за ...
„Пет години по оформувањето на предметот, ОЈО ГОКК предводено од Ислам Абази, аргат на Зоран Заев, Венко Филипче и Али Ахмети, донесе одлука да го затвори предметот за 19-те модуларни болници, велејќи дека не постои основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Потсетуваме дека предметот беше оформен на 10 септември 2021 година, непосредно по трагичниот пожар во модуларната болница во Тетово, во ...
Денеска до 07:30 часот, регистрирани се вкупно 35 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, два се под контрола, а 28 се изгаснати, извести Центарот за управување со кризи. Активни се пет пожари: Општина Прилеп: село Чаниште – крак кон село Крушевица, кон село Лопатица, кон село Дуње и крак кон Црна Река (ниска вегетација); Општина Студеничани: село Моране – село Вртекица – село Рамни Габер (мешана шума); Општина Македонски Брод: ...
„Третата економија во Европа нема за плата, има за авион. Директорот на СОЗР, Ивица Томовски, кажа што е приоритет на оваа власт: мора да имаме владин авион ако сакаме да бидеме сериозна држава. Идејата не е повлечена. Не е пропадната. Само е одложена. Парите се оставени. Купувањето чека“, велат од СДСМ. „Сериозна држава, според нив, не се мери со чешма, со болница и со плата. Се мери со нов авион. Мицкоски сега сака нов авион. Затоа што шест ...
„Христијан Мицкоски повторно ги стави изборите во оптек. Прво рече дека граѓаните не сакаат предвремени избори. Потоа рече дека ако опозицијата побара, нема да седи како кукавица, ќе прифати и ќе победи. Тоа не е став. Тоа е монтажа. Самиот си ја пишува понудата. Самиот си ја чека нарачката“, велат од СДСМ. „Вучиќ најави избори. Веднаш и Мицкоски. Тоа не е случајност. Веќе работи по налог. Затоа веќе знае кога се изборите. Само уште нас не нѐ ...
Утрово селата Бонче, Подмол и Лопатица се безбедни. Тешка ноќ имаа пожарникарите од Прилеп и доброволните пожарникари од Битола ангажирани преку ДЗС, тешка ноќ имавме сите ние коишто се наоѓавме во самото село Лопатица коешто синоќа беше загрозено од пламените јазици, кажа директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. „Пожарната линија којашто беше видлива од регионалниот пат Прилеп – Битола е целосно изгасната, активен е само еден крак, високо над ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени. Времето во ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Скопје се обрати на Амбасадорскиот совет. Според неа, во новата мултиполарна реалност мора да ја зајакнеме проактивната дипломатија, водени од јасен национален, натпартиски надворешнополитички компас. Таа потсети дека во време на слаб мултилатерализам и растечка мултиполарност, нужни се институционални реформи на меѓународните, но и европските структури заради превенција, или брз одговор ...
„25 години по Охридскиот рамковен договор, Министерството за внатрешни работи дистрибуира официјален материјал за граѓаните и посетителите само на македонски јазик. Во држава во која Албанците се државотворен народ, ова не е случајност и не може да се оправда како „технички пропуст“. Ова е одраз на начинот на кој оваа Влада го третира албанскиот јазик и Албанците. А ВЛЕН молчи“, велат од Алијанса за Албанците. „Молчи Изет Меџити, кој 25 ...
„Мала Преспа е доказ дека границите можат да ги поделат териториите, но не можат да го избришат јазикот, културата и чувството на припадност“, напиша на социјалните мрежи, премиерот Христијан Мицкоски. „Со особена чест денес сум меѓу Македонците од Мала Преспа и како покровител на фестивалот ја испраќам пораката дека Македонија е со вас. Ќе продолжиме да ја јакнеме соработката и поддршката за македонскиот јазик, култура и традиција, затоа ...
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека е ставена во функција веб апликацијата со мобилен интерфејс „Безбеден град“, која во оваа фаза е наменета за странските државјани, односно за сопствениците и возачите на возила со странски регистарски таблички. Преку апликацијата странските државјани ќе можат едноставно и директно да добијат информации за сообраќајните прекршоци евидентирани со системот „Безбеден град“, да имаат ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска и преставници на ИТ секторот од министерството денеска присуствуваа на семинарот „Дигитализација на јавната администрација – размена на искуства, добри практики и можности за соработка со Чешката Република“, што се одржа во Свечената сала на Владата во организација на Министерство за дигитална трансформација. На семинарот, на кој беа разменети искуства меѓу ...
Синоќа на полноќ, истече кризната состојба на територијата на општина Гостивар. Според последните анализи, водата е чиста и безбедна за пиење, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. „Со истекувањето на кризната состојба, институциите од централната власт, вклучително и Јавното претпријатие Водовод од Скопје се повлекуваат од контрола на квалитетот на водата и од грижа за квалитетот на водата. На ред е локалната власт, локалната ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски во Белград се сретна со својот српски колега, Драган Гламочиќ. Во фокусот на разговорот беа можностите за продлабочување на соработката во земјоделството, преработката, безбедноста на храната и ветеринарната заштита, како и создавањето нови развојни можности меѓу двете земји. Министрите Серафимовски и Гламочиќ посочија дека географската близина, поврзаноста на пазарите ...
Размената на искуства и добри практики, како и отворањето нови можности за соработка со Чешката Република во дигиталната трансформација и сајбер-безбедноста, беа во фокусот на семинарот „Дигитализација на јавната администрација – размена на искуства и добри практики со Чешката Република“, кој се одржа денеска во организација на Министерството за дигитална трансформација. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски го пречека Н.Е. ...
„Ислам Абази го спаси Филипче, откако Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска од СЈО со години го чуваа предметот во фиока. Аргатот на Заев, Филипче и Ахмети, Ислам Абази шефот на ОЈО ГОКК, го затвори предметот за градењето на 19 модуларни болници во време на КОВИД кризата, од кои во една се запалија 14 наши сограѓани“, кажа Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. „Од 10 септември 2021 година, од кога е оформен предметот, до ден ...
На првиот ден од „Штипска Пастрмалијада 2026“, покрај веќе најавената српска ѕвезда Сара Јо, ќе настапат и познатите македонски артисти Таско и Лара. Тие ќе бидат дел од музичката програма на 18 септември 2026 година, на шеталиштето „Ванчо Прке“ во Штип, каде што публиката ја очекува вечер исполнета со музика, забава и одлична атмосфера. На 19 септември, на Градскиот стадион во Штип, ќе настапи и големата регионална ѕвезда Жељко Јоксимовиќ, ...
Реформи и континуитет на оваа Влада се она што го сакаат граѓаните, а не предвремени избори, посочи премиерот Христијан Мицкоски. Тој истакна дека владејачката коалиција има добиено мандат од граѓаните за четири години и дека Владата има обврска да продолжи со реализација на започнатите процеси. Мицкоски, сепак, вели дека доколку опозицијата смета дека се потребни предвремени избори и го побара тоа, власта е подготвена да го прифати барањето. ...
Факултетот за медицински науки и оваа година е прв избор кај идните студенти на УГД, кои својот живот сакаат да го посветат на медицината, а својата иднина ја гледаат во здравствениот сектор. Проректорот Коцевски дециден дека интересот на студентите кон медицинските наука е секогаш најголем. ,,Најголем интерес има за факултетот за медицински науки. Тоа е некако стандардно со години наназад“, соопшти Коцевски Кандидатите велат дека пред сѐ, ...
Жешкото време продолжува и во наредните денови, со сончево време и температури кои ќе се движат до 39 степени. На места, дневната температура ќе надмине и 40 степени. Синоптичарот Вилен Поповски изјави дека голема промена ќе се случи во недела, кога се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на места ќе има и појава на град. Од понеделник температурите постепено ќе опаѓаат, а во среда се очекува поизразено ...
По вчерашниот прилог на М-Нет ТВ , АХВ излегоа со реакција дека категорично ја отфрлаат изјавата на претседателот на Сојузот на одгледувачи на овци ,,Модерен овчар“ Насер Џемаили, дадена во с. Соколарци во општина Чешиново-Облешево, во која истакнува дека од отворената јама за нештетно отстранување на трупови од еутаназирани овци и кози, кучиња разнесувале трупови од угинати и еутаназирани животни. Во писмено соопштение од Агенцијата истакнаа ...
200 овци уништени во Криви Дол, штипско е последниот случај за кој членот на управниот одбор на Сојузот на одгледувачи на овци, Илми Зекир ја информираше јавноста. Единствено нешто што им е најважно во моментов е вакцината штом веќе е одобрена, да биде што е можно побргу достапна за нив, за да си ги заштитат стасата. Како и на кој начин ќе се спроведе тоа, Зекир не знае, но останува на тоа дека вакцина во моментот им е најпотребна. ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба со заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка, кој престојува во официјална посета на Македонија. Енергетиката, инвестициите и примената на современи технологии беа во фокусот на средбата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со заменик-премиерот и министер за ...
Дрските лаги и манипулации на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат. Како и многупати досега, кога немаат што суштински да им понудат на граѓаните, се обидуваат да создадат афера со измислени бројки и целосно неточни информации, реагираат од Општина Центар. „Последната во низата невистини е тврдењето на Лазар Банов дека Општина Центар платила 6,6 милиони денари за новата мобилна апликација. Тоа е целосна лага. Мобилната апликација на Општина Центар е ...
Утврден е распоредот и натпреварувачките парови од 1/16-финалето на Купот на Македонија за сезоната 2026/27, согласно пласманот на екипите во натпреварувачката сезона 2025/26. Во оваа фаза ќе се одиграат 15 натпревари, додека Силекс, како освојувач на Купот на Македонија за сезоната 2025/26, е слободен во 1/16-финалето и директно ќе настапи во 1/8-финалето. ПАРОВИ – 1/16-ФИНАЛЕ: Овче Поле Свети Николе – Вардар Победа Валандово – Струга Трим ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, нагласи дека ексалирањето на кризата со вирусот западно-нилска треска во Скопје е директна последица на импровизаторското и неспособно менаџирање на кризата од страна на власта на ВМРО. Филипче посочи дека има низа недоследности и некоординираност со кризата, како и ненавремено преземање на соодветни мерки за заштита на граѓаните. „Кој ја менаџира кризата со проблемот тука во Скопје? Излегува ...