Жешкото време продолжува и во наредните денови, со сончево време и температури кои ќе се движат до 39 степени. На места, дневната температура ќе надмине и 40 степени. Синоптичарот Вилен Поповски изјави дека голема промена ќе се случи во недела, кога се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на места ќе има и појава на град. Од понеделник температурите постепено ќе опаѓаат, а во среда се очекува поизразено ...

УХМР ги измери температурите ова претпладне низ Македонија. Според мерните станици на УХМР, денеска во 11 часот највисока температура има во Кавадарци, Демир Капија и Гевгелија со измерени 33 степени. Следат Велес и Штип со 32 степени, па Скопје со 31 степени Целзиусови. Попова Шапка со 21 степени е местото каде е измерена најниска температура во 11 часот, по што следи Крушево со 25 степени. Денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до ...

После високите температури кои се очекуваат викендов, од недела ќе има локален пороен дожд и пад на температурите. Утре и во сабота ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени. Во недела и следните неколку денови во поладневните часови ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и ...