Новиот прволигаш Шкендија Арачиново ја продолжи соработката со тренерот Берат Имери и за следната сезона во која тимот од Арачиново ќе биде дебитат на Првата македонска фудбалска лига. Шефот на стручниот штаб Берат Имери успеа да ја внесе Шкендија Арачиново во Прва лига преку бараж, откако во Втората лига тимот заврши на третото место, а во бараж мечот се соочи со Пелистер, по регуларните 1:1 во пенал рулетот голманот Антонио Столевски го ...

Македонската атлетика доби нов национален рекорд во скок во далечина во младинска конкуренција, откако на Националното првенство за младинци до 20 години, кое се одржа на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, Брајан Авиа од атлеткиот клуб 7ми Мај постави нов младински национален рекорд во скок во далечина со резултат од 7.11 метри. Овој резултат го сруши рекордот по 16 години, бидејќи досегашниот младински национален рекорд беше 7.05 ...

Министрите за надворешни работи од Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) денеска во Софија го одобрија Годишниот извештај на Советот за регионална соработка (RCC), поздравувајќи ја работата на RCC во унапредувањето на регионалната соработка и поддршката што ја дава на регионот во постигнувањето практични резултати за граѓаните, бизнисите и институциите низ Југоисточна Европа. Состанокот на министрите за надворешни работи, одржан ...

Првата македонска фудбалска лига по сезона 2019/2020 од десет екипи беше проширена на 12 екипи, се од минатата сезона 2025/2026 кога беше донесена одлука фудбалската елита на Македонија да се скрати на десет екипи. Поради кратењето на лига повеќе екипи испаднаа, а тоа што два прволигаши испаднаа во баражите од второлигаши, минатата година од Прва во Втора лига се преселија дури пет екипи. Последен пат Прва лига со десет екипи беше во сезона ...

Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига ќе започне порано од вообичаено кога стартуваше во месец август, така новата сезона 2026/2027 ќе стартува официјално на 25 јули. На денешната прес-конференција претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ истакна дека шампионотот ќе започне порано, а ќе се игра во нов систем односно четирикружен систем и со тоа ќе има повеќе натпревари, односно новата сезона ќе се игра во 36 кола со десет екипи. ...

По успешните проекти во Охрид, Велес и Свети Николе, иницијативата на Mozzart „Фудбалот е повеќе од игра“ пристигнува во Битола – град со богата спортска традиција и срце кое чука за фудбалот. Новиот терен ќе го носи името на легендарниот Петар Упалевски – Упале, човек кој со својата страст и посветеност остави трага што инспирира генерации. Свеченото отворање ќе се одржи во петок, 12 јуни 2026 со почеток во 18:00 часот. Локација: Улица ...

Секогаш кога ВМРО-ОКГ е на власт, продажбата на државно земјиште на атрактивни локации по багателни цени стапува на сцена. Дали овој пат, каконшро говорат информациите доставени до нас, режисери на една ваква зделка се токму Александар Николовски и Борко Ристовски а изведбата е на Дејан Митевски, прашува Марко Даниловски, советник од редовите на СДСМ. Општина Аеродром, додава тој, продава градежно земјиште по багателни 2.000 денари по метар ...

Денес завршува учебната 2025/2026 година. Година што беше подобра од претходната и во која воведовме бројни новини во воспитно-образовниот процес, во интерес на учениците, наставниците, стручните соработници, како и на родителите и старателите. Благодарност до сите за поддршката и прифаќањето на промените. Уверена сум дека веќе ги гледаме првите позитивни резултати, што претставува дополнителен мотив да продолжиме со унапредувањето на ...

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески учествуваше на панел-дискусијата на гувернерите под наслов „Трасирање на идниот развоj” во рамките на меѓународниот симпозиум „Навигација низ светската финансиска неизвесност – развој на финансиските пазари, инвестициските стратегии и меѓународниот монетарен систем“, организиран од Банката за меѓународни порамнувања и Народната банка на Кина во Шангај. Во своето обраќање, Славески истакна дека ...

Македонија го започна процесот за приклучување кон европската иницијатива ,,Роаминг како дома“, истакна Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник. Со ова, како што рече, ќе им се овозможи на граѓаните да користат мобилни услуги, повици, интернет и СМС-пораки во земјите од ЕУ, по цени како домашните. Ова, оценува таа, претставува директна придобивка за граѓаните, која ќе донесе пониски трошоци, олеснета комуникација и подобри ...

Специјалниот бугарски пратеник Филипче спремен да истурка уставни измени сметајќи дека така ќе дојде на власт, изјави Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Според Лефков, програмата на Филипче не ги дава очекуваните резултати кај граѓаните, што, како што рече, може да се забележи и од последните анкети, поради што лидерот на СДСМ се обидува да ја добие поддршката преку приближување кон бугарските позиции.  Тој посочи дека, според него, повеќе ...

Реформата на јавната администрација не може да биде успешна доколку се спроведува исклучиво во институциите. Таа мора да се гради заедно со граѓаните, преку партнерство, транспарентност и активно учество во процесите на донесување политики. Токму ова беше централната порака што ја упати министерот за јавна администрација, Горан Минчев, на четвртата регионална конференција „Граѓаните на прво место: Деценија на унапредување на јавна ...

• MG ја најави својата прва производствена фабрика во Европа • Историски чекор во развојот на брендот, кој дополнително ја забрзува стратегијата „Во Европа, за Европа“ • Лоцирана во Галисија, Шпанија, фабриката ќе отвори 2.000 работни места низ Европа и претставува инвестиција од приближно 200 милиони евра • Производството е планирано да започне во 2028 година, со годишен капацитет до 120.000 возила • MG носи светски водечки технологии во ...

Потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Јованка Тренчевска, на денешната прес-конференција ги претстави мерките од програмата „Твоја држава – твоја шанса“, насочени кон повисок животен стандард, повисоки плати и пензии и поголема заштита на работниците. Тренчевска рече дека граѓаните живеат тешко поради постојаниот раст на цените и посочи дека за едно четиричлено семејство денес се потребни речиси 69.000 денари месечно ...

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска ја отвори втората седница на Мониторинг комитетот за Инструментот за реформи и раст (Reform and Growth Facility – RGF), на која учествуваа претставници на Европската комисија, Делегацијата на Европската Унија, државните институции, граѓанскиот сектор и меѓународните партнери. Во своето обраќање министерот Сали истакна дека Северна Македонија останува ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, оствари средба со осумте практиканти кои ја поминаа селекцијата и започнаа практична работа во локалната самоуправа. Во наредните шест месеци тие ќе бидат ангажирани во различни сектори, 20 часа неделно, согласно своите студиски програми, со месечен надоместок од 15.000 денари. „Ме радува што оваа година сите практиканти се од различни струки и се распоредени во соодветните сектори. Тие ...

· Извршниот директор на Audi, Gernot Döllner: „Повеќе од 20 години Audi Q7 претставува совршен премиум SUV. Со неговата нова генерација, ја продолжуваме оваа мисија.“ · Варијабилна конфигурација со до седум седишта нуди пространа внатрешност и максимална практичност во секојдневието. · Големиот панорамски покрив со нови функции создава чувство на просторност дење и ноќе. · Моќниот V6 дизел мотор со MHEV plus технологија и EPC обезбедува ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, денеска во Софија учествува на Состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), кој се одржа во рамки на бугарското претседавање со оваа најстара и најзначајна политичка иницијатива за регионална соработка во Југоисточна Европа. Состанокот е посветен на одбележувањето на три децении од ...

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ докажува дека европскиот пат е можен и без национални понижувања, истакнуваат од оваа партија. Македонија, како што додаваат, е лидер во реформите и Планот за раст меѓу земјите од Западен Балкан, без да се продава идентитетот, без да се редефинира историјата и без да се релативизира македонскиот идентитет. Тоа, оценуваат во ВМРО-ДПМНЕ, им пречи на СДС и на Филипче и затоа упорно тврдат дека без отстапки нема ...

Вистина е дека за две години Влада на Мицкоски и ВМРО, македонското земјоделство е доведено во катастрофална состојба. Субвенциите се намалени за 40 милиони евра. Наместо зголемени субвенции како што лажеа кога беа опозицијата, земјоделците од ВМРО добија намалување, оценуваат од СДСМ. Од оваа партија посочуваат дека субвенциите за говеда се намалени од 12.000 на 8.000 денари по грло. Намалена е, како што велат, и поддршката за тутунот, од ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска (10 јуни 2026 година, среда) во Софија, Република Бугарија ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади на земјите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ). Таа ќе се обрати на пленарната сесија на тема „Компас кон стабилност, безбедност и одржливост“. Домаќин на самитот е претседателката на Република Бугарија, Илијана Јотова. Покрај македонската претседателка, на ...

Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, преку објава на социјалните мрежи соопшти дека, преку писмено пратеничко прашање, побарал увид во Меморандумот за соработка во енергетиката што министерката за енергетика, Сања Божиновска, го потпишала во Вашингтон, во април годинава. Но, како што вели наместо копија од документот, од Министерството за енергетика добил одговор со „нејасни формулации за можни ограничувања, меѓународни обврски и заштита на ...

Уште една сообраќајна несреќа се случи денеска во близина на бензинските станици кај населбата Три Чешми во Штип. Според првичните информации, во несреќата е причинета материјална штета на возилата, а засега нема официјални податоци за евентуално повредени лица. На местото на настанот увид врши екипа на СВР Штип, која ги утврдува околностите и причините за сообраќајката. Повеќе информации се очекуваат по завршувањето на увидот. Уште една ...

Од Советот на амбасадори сопштија дека со особено внимание ги проследија неодамнешните иницијативи поврзани со иднината на политиката на проширување на Европската Унија, вклучително и заедничкиот германско-француски нон-пејпер претставен на Самитот во Тиват минатата недела. Овој документ, како што велат, претставува прво формализирање на идеи кои во изминатиот период беа артикулирани низ повеќе иницијативи и политички настапи во рамки на ЕУ, ...

Времето во текот на денот, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. Во Скопје, ќе биде сончево и топло со мала ...

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески на денешната средба со директорот на Управата за финансиска полиција Слободан Ивановски разговараше за зајакнувањето на меѓуинституционалната соработка во борбата против финансискиот криминал и корупцијата. На средбата ги разгледаа можностите за унапредување на координацијата и размената на информации помеѓу Управата за финансиска полиција и Јавното обвинителство, со цел ...

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје ја уважи жалбата на осомничениот С.Б. и ја прифати понудената гаранција, со што му е укината мерката притвор што претходно му беше определена, се истакнува во официјалното соопштение. „Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба со предлог гаранција на осомничениот С.Б., изјавена против решение на судија на претходна постапка од 04.06.2026 година со кое, по ...

Лицемерието во оваа држава има име и презиме. Тоа се вика ДУИ, велат од „Вреди“. „Оние што најгласно зборуваат за албанството се токму тие што, кога ја имаа целата власт во свои раце, ги оставија Албанците во најлоша состојба, додека себеси се вдомија со функции, тендери и полни џебови. Затоа, пред повторно да ни продаваат лажен патриотизам, добро е да го отвориме нивниот архив. А кога ќе се отвори нивниот архив, излегуваат работи што ...

Од ЕВН Македонија известуваат дека утре, 10.06.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат одредени делови од Скопје. „Во период од 08,30ч до 15,30ч дел од ул Наум Наумовски Борче и дел од ул Ленинова (АминтаIII) општина Центар во кругот на кафич Кала, Ателје, Адмирал и останати објекти; – Во период од 09,00ч до 13,00ч дел од корисниците од с Д. Соње 9 ул 6, ул 8 и ул 12); – Во период од 09,00 до 15,00ч дел од Рибилимус кон Г ...

На вонредна прес-конференција поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, изјави дека изречената пресуда за една година затворска казна ја смета за политички мотивирана. Тој рече дека е осуден не затоа што сторил кривично дело или ја злоупотребил службената положба, туку поради, како што рече, политички причини. „Осуден сум политички не затоа што сум направил криивчно дело или сум ја злоупотребил својата положба и ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.44
65%
1019
weather icon

Белград

19ᴼ / 19ᴼ
3.13
68%
1018
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
0.22
75%
1017
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.05
73%
1019
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
3.3
70%
1018
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.51
77%
1018
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
4.02
57%
1017
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.06
77%
1018
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
3.04
63%
1019
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
0.45
68%
1016
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 18ᴼ
0.45
65%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
3.35
93%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Злато

135639.33

Платина

55170.68

Сребро

2186.28

Калај

53.60

Паладиум

40767.15

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97

Бакар

13.01

Алуминиум

3.54