Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Боксерскиот клуб Пинк Пантер стигна до втора шампионска титула на Опен Балкан лигата во конкуренција на Олимписки надежи што е голем успех за штипскиот клуб. Ова меѓународно натпреварување е сочинет од 67 клубови од поранешна Југославија вклучително и Романија, а организирано од страна на боксерската федерација на Србија. Во силна конкуренција првата титула Пинк Пантер ја освои со млади и не толку искусни боксери, но со добра подготовка, ...
По две сезони поминати во Втора лига екипата на Брегалница успеа да се врати во Прва лига откако стана шампион во второлигашката конкуренција и имаше директен влез во елитата. Распоредот за есенската полусезона од сезона 2026/2027 за Првата лига е познат, а со тоа е познат и патот на Брегалница од првото до последното 18-то есенско коло. Брегалница сезоната која започнува на 25 јули ја отвара против актуелниот шампион Вардар во Скопје, а ...
Третата македонска фудбалска лига во новата сезона ќе брои шест региони, односно еден повеќе во однос на претходните сезони, а дополнително фокус ќе биде ставен на младите фудбалери со цел да имаат повеќе минутажа. Шампионите во Трета лига од шесте региони меѓусебно ќе се соочат, а трите победниците од овие бараж натпревари ќе обезбедат учество во Втора лига. „Остануваат третите лиги оваа сезона, само на регионите поради финансиска ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во Истанбул ќе учествува на Бизнис форумот Северна Македонија – Турција, значаен економски настан посветен на продлабочување на билатералната соработка, привлекување инвестиции и отворање нови можности за партнерства меѓу компаниите и институциите од двете држави. На форумот ќе учествува и висока македонска владина делегација, предводена од претседателот на Владата, ...
„Во интерес на точно и објективно информирање на јавноста, Општина Чаир појаснува дека Постапките за јавна набавка за проектите „Реконструкција на водоводен систем и фекална канализација во населба Саат Кула – Општина Чаир“, „Реконструкција на водоводен систем и фекална канализација во населба Дижонска – Општина Чаир“ и „Изградба на училишен затворен спортски базен за ООУ „7 Март“ се спроведени согласно одредбите од Законот за јавни набавки, ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ќе престојува во работна посета на Истанбул, Република Турција, каде ќе учествува на Бизнис форум посветен на бизнис соработката меѓу двете држави. Во состав на владината делегација ќе бидат и заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, заменик-претседателот на Владата и министер за ...
„Вчерашните објави отворија сериозни сомнежи околу начинот на кој компанија основана дури во јули 2024 година успеала да обезбеди јавни договори во вредност од над 3,4 милиони евра од Општина Чаир. Според објавените документи, станува збор за четири крупни тендери добиени од компанијата НУМ КОНСТРАКШН ЛТД, од кои два за време на мандатот на Висар Ганиу и два во периодот кога со општината раководел Изет Меџити“, велат од ДУИ. „Она што ...
„Додека Мицкоски и ВМРО го штитат Трипуновски и сточарството во Македонија тоне во криза. Откупната цена на млекото е намалена, откупот на млеко е несигурен, а субвенциите не се исплатени. Се намалува откупната цена на млекото во време кога се зголемуваат цените на млекото во маркетите. Тоа значи дека некој дебело профитира на грбот на сточарите во Македонија“, велат од СДСМ. „Кризата со откупот се зголемува. Две млекарници во делчевскиот ...
„СДС се познати по тоа што секогаш кога биле на власт, носеле одлуки спротивни на волјата на народот. На чело со Венко Филипче, повторно бараат некој да ги поддржи за нова национална отстапка која би ги донела на власт. Затоа со месеци се додворуваа на Бугарија и на Радев, преку изјави во јавноста дека би ги прифатиле уставни измени за внесување на Бугари во Уставот, без гаранции“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Со ова, Филипче и СДС покажаа уште еднаш ...
Поради промена на ППХ Ф-80 мм на улицата Киро Крстевски Платник бр.2 во Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улица Коле Неделковски потегот од улицата Никола Тримпаре до улицата Киро Крстевски Платник, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот; · Поради уличен дефект Ф-350мм на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов (кај ф-ка Карпош) во населба Карпош, прекинато водоснабдување ќе ...
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат корисниците во период: · Од 08:00-12:00 часот на улицата Партизански Пат, општина Кисела Вода; · Од 08:00-14:00 часот село Рашче, Хлорна станица Рашче, село Бојане, село Копаница, дел од село Кондово, општина Сарај; · Од 09:00-09:30ч дел од потрошувачите од улицата Иван Цанкар, општина Карпош; · Од 09:00-12:30ч на ул.1 и ул.2 Нова населба Хиподром, општина Гази ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со својот тим и дел од советниците, вечерва ги ислуша барањата на жителите кои излегоа на собир во Капиштец за да го изразат своето незадоволство од прегласната музика од угостителските објекти и нарушениот јавен ред и мир во населбата. „Континуирано се справуваме со проблемот со прегласната музика во Капиштец. Покренавме и иницијатива со жителите кои се потпишаа на истата и ...
На денешниот мирен протест, жителите на Капиштец со порака до надлежните институции, бараме почитување на законите, еднаков третман за сите и итни мерки против, како што велат, долгогодишното дивеење на дел од угостителските објекти во населбата, како и решавање на сè поголемиот колапс со паркирањето на резиденцијалните паркинзи. „Со децении жителите на Капиштец се соочуваат со сериозен проблем на прекумерна бучава од угостителски објекти во ...
Граѓаните од утре ќе можат да го остварат правото за управување со мотоцикли до 125 cm³ преку задолжителна обука во автошколите кои поседуваат лиценца за категоријата „А1“, информираат од Министерството за внатрешни работи. Од МВР соопштија дека се завршени сите неопходни формално-правни и технички подготовки за примена на законските измени кои овозможуваат управување на мотоцикли од категоријата „А1“ со автоматски менувач и моќност до 11 kW. ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, утре во Истанбул ќе учествува и ќе се обрати на Бизнис форумот Северна Македонија – Турција. Форумот, организиран од владите на двете земји, ќе ги обедини претставниците на институциите на највисоко ниво и бизнис-заедниците од двете држави, со цел унапредување на економската и трговската соработка, привлекување инвестиции и отворање нови ...
Времето утре, променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град. Ќе дува засилен, долж Повардарието повремено силен ветер од северeн правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната значително ќе опадне во однос на денешната и ќе дбиде во интервал од 20 до 27 ...
Денеска во попладневните часови на бројот 112 е пријавена повторна појава на пожар на отворено во близина на локацијата Кадидере, каде што ноќеска беше изгаснат претходниот пожар, информираат од ЦУК. ТППЕ Штип, според ЦУК, првично интервенирала со екипа од 3 пожарникари и едно противпожарно возило, а поради влошување на состојбата, во 15:20 часот на терен биле ангажирани вкупно 20 пожарникари и 4 противпожарни возила. Во гаснењето се вклучи и ...
Собранието денес ја избра Катерина Зајковска за нов член на Државната комисија за спречување на корупцијата, со што продолжува практиката на скандалозни кадровски екипирања на оваа институција, реагираат од Левица. Токму Катерина Зајковска, како вработена во одделот задолжен за контрола на финансирањето на политичките партии, според Левица, учествуваше во прикривањето на фирмата „Буст ДООЕЛ“, поврзана со синовите на поранешната членка на ...
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа и заменик министерката Ане Лашкоска денеска беа во посета на Националниот парк Пелистер, заедно со амбасадорот на Шведска, Ола Солстром. За време на посетата, директорот на НП Пелистер, Иванчо Тошевски, информираше за активностите што се спроведуваат за заштита на природните вредности на најстариот национален парк во државата. Посебен акцент се стави на зачувувањето и ...
Министерството за внатрешни работи ги финализираше сите неопходни формално правни и технички предуслови за да се започне со имплементација на законските измени кои се однесуваат на управување на мотоцикл до 125cm³, соопштија од оваа иснтитуција. Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во врска со задолжителната обука за управување на мотоцикл до 125cm³ (категорија „А1“ со автоматски менувач, до 11 kW), обука и потврди ...
Денес матурантите полагаа матура по мајчин јазик, а впечатоците по завршувањето беа различни, но во глобала позитивни. Дел од нив споделија дека си поминале супер и дека тестот им бил лесен затоа што навреме учеле и се подготвувале доволно. Тие истакнаа дека и тестаторите биле коректни и дека целата атмосфера била пријатна и мирна. Сепак, имаше и такви кои рекоа дека испитот бил тежок и обемен, со задачи распослани на дваесетина до триесет ...
Собранието на Република Северна Македонија, под раководство на претседателот Африм Гаши, во изминатите две години постигна значајни резултати во унапредувањето на законодавството и зајакнувањето на институционалното функционирање, велат од „Вреди“. Во двегодишниот извештај што Гаши го презентираше пред сопретседателите на „Вреди“, Изет Меџити и Билал Касами, беа истакнати дел од најзначајните закони и реформи, меѓу кои Законот за Медресата, ...
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска ги повика сите компании кои реализирале инвестиции и ги исполнуваат условите предвидени со Законот за финансиска поддршка на инвестиции да ја искористат можноста за државна поддршка и навремено да поднесат барање до Министерството за економија и труд. Министерот потсети дека рокот за поднесување на барањата е продолжен до 15 јуни и ги охрабри компаниите да ја искористат оваа можност за ...
Од ЕВН Македонија известуваат дека утре 12.06.2026 година ( Петок ) без електрична енергија ќе останат корисниците во период: · Од 08:00-12:00 часот на ул Партизански Пат (општина Кисела Вода) ; · Од 08:00-14:00 часот с. Рашче, Хлорна станица Рашче, с Бојане, с Копаница, дел од с.Кондово, о Сарај; · Од 09:00-09:30ч дел од потрошувачите од ул.Иван Цанкар(општина Карпош); · Од 09:00-12:30ч на ул.1 и ул.2 Нова населба Хиподром(општина Гази ...
Успешно заврши тридневната интензивна обука за пребарување и спасување во урбана средина, која ја спроведе Специјалната единица за справување со катастрофи (ΕΜΑΚ) на Противпожарната служба на Република Грција. Обуката беше организирана од Амбасадата на Република Грција во Северна Македонија, со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP) и со спонзорство од авиокомпанијата AEGEAN која обезбеди воздушен превоз. Програмата беше ...
Министерот за здравство Азир Алиу не го менува мислењето за негова можна смена од функцијата по најавата на премиерот Христијан Мицкоски дека во втората половина на овој месец ќе прави реконструкција на Владата. Алиу денес даде отчет за сработеното во измината година откога е министер и рече дека тоа ќе му значи повеќе од тоа колку време министерувал. „Ова прашање се поставува неколку месеци, истиот одговор ќе го дадам и денеска. Мојот ...
Министерството за образование и наука потсетува дека утре започнуваат уписите во јавните средни училишта во учебната 2026-2027 година. Пријавување како и во изминатите години е електронски и се спроведува преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, каде што учениците се најавуваат со веќе постоечките кориснички сметки на schools.mk. Првото пријавување на учениците во јунскиот уписен рок ќе се врши од 12 до 15 јуни, а доставувањето на потребната ...
174 возачи на електрични тротинети се фатени за непрописно возење на ниво на државата – возеле без раце на управувачот, користеле мобилен телефон, се движеле по недозволени сообраќајни површини, а се регистрирани и случаи на возачи кои се придржувале за други возила и влечење и туркање предмети со тротинетот. Меѓу прекршителите имало и малолетници. 174 прекршоци од возачи на електрични тротинети и три прекршоци од возачи на велосипеди. Кај ...
Невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на град се очекува попладнево, вечерва и во текот на ноќта, најавува дежурниот синоптичар од Управата за хидрометеоролошки работи, Јулијана Фиданоска Мишкоска. Пред самиот праг на летото, студен фронт од север носи значителна промена на времето и пад на температурите. Во источниот регион денешните максимални 33 степени веќе утре ќе се намалат на околу 24 степени. На одделни места ...
По 2.150 евра за тримесечен ангажман ќе добијат искусни кадри кои ќе се вклучат во гаснењето шумски и пожари на отворен простор. Дирекцијата за заштита и спасување бара лица со најмалку пет години искуство во полицијата, армијата или противпожарните единици за засилување на тимовите во пресрет на летната сезона. Директорот Стојанче Ангелов оттаму, рече дека се потребни возачи на специјални противпожарни возила, оператори на противпожарни ...