Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни. Наместа ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степени. Во Скопје, во делови од котлината ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ...
Денес во ООУ „Ванчо Прќе“ во Штип, беше одбележан Меѓународниот ден на кинескиот јазик, настан што ги собра учениците, наставниците, претставниците од министерството за образование и гостите од Кина во еден убав, заеднички дух. Директорот на училиштето Кокан Радев кажа дека ваквите активности им отвораат нови видици на учениците и им даваат шанса да запознаат поинакви, но многу интересни култури. Во програмата имаше содржини што ја доближија ...
Движењето ЗНАМ за Наша Македонија упатува искрени честитки до Румен Радев, како и до партијата Прогресивна Бугарија за остварениот изборен резултат на парламентарните избори. „Очекуваме новата Влада да придонесе кон натамошно зајакнување на демократските процеси, владеењето на правото и доследно почитување на европските вредности и стандарди, вклучително и исполнување на Копенхашките критериуми“, велат од партијата. Движењето ЗНАМ изразува ...
Во карбинското село Таринци, веќе петта година по ред, неколку штркови се враќаат на истото гнездо сред село, приказна што ги радува жителите. Секоја пролет доаѓаат и живеат до доцната есен, како да се дома. Жителите велат дека веќе петта пролет ги пречекуваат и дека селото со нив е повесело. Некои веруваат дека носат среќа и убави работи, други надеж за убави времиња. Покрај штркови, селото е полно и со славејчиња и ластовички, па затоа ...
Од месец мај почнува уписот на првачиња, родителите на децата родени во 2020 година треба навреме да ги запишат своите деца. И овој пат нема да има никакви промени со реонизацијата, што значи дека секое дете ќе посетува училиште во својата населба. Сите основни училишта ќе објават огласи, а информациите ќе бидат јавно достапни. Надлежните апелираат документите да се подготват на време за да се избегнат гужви. Уписите се пред самиот почеток, а ...
Сојузот на борци Штип денес изрази барање делото и трудот на револуционерот и борецот Ацо Шоп да се овековечи преку изградба на споменик во Штип, поставен на влезот на културниот дом што го носи неговото име. Претсседателот на сојузот на борци истакнуваат дека славното минато на Македонија треба да служи како пример за сегашните и идните генерации. Воедно, потенцираат дека татковината мора да се брани и нејзината слобода да се зачува, дури и ...
Почнаа активности за реконструкција на улица 13 во селото Таринци, како дел од планираните инфраструктурни проекти на Општина Карбинци за 2026 година. По надминувањето на имотно-правните пречки, денеска стартуваа градежните работи на втората улица во низата, со поддршка од Министерството за транспорт и врски и проект финансиран од Светска банка. Надлежните очекуваат до лето селото да добие целосна реконструкција на двете улици 3 и 13. ...
Со фотографии од своите загинати деца во рацете, транспаренти и болка што не стивнува, родителите на жртвите од трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ по 41-ви пат излегоа на протестен марш. Заедно со блиски роднини, пријатели и граѓани, овојпат маршираа низ улиците на Штип. Тргнаа од плоштадот „Слобода“, а потоа застанаа пред СВР Штип, каде и овде побараа одговори и правда. Тие уште еднаш ја изразија својата болка и разочараност поради ...
Денеска во Штип официјално започна процесот на оценување на борбената готовност на НАТО целната батаљонска борбена група. Оценувањето се спроведува според концептот на Командата за копнени сили на здружената оперативна команда на НАТО. Подготовките започнале во август 2025 година со издавање на соодветна наредба за оценување. Тим од 40 сертифицирани НАТО оценувачи работел повеќе од девет месеци на подготовка за проверка на борбената ...
Во Штип расте стравот дека храната што ја јадеме повеќе не е здрава. Штипјани се жалат дека млекото, овошјето и зеленчукот се обработени и полни со пестициди. Тие сметаат дека сè повеќе се консумира фабричка и вештачка храна наместо природна. Според нив, таквата исхрана негативно влијае на здравјето и доведува до разни болести. Особено загрижува тоа што младите не внимаваат доволно на својата исхрана и здравје, па како што велат анкетираните, ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари проштална средба со Фаисал Гази Исмаил Хифзи, нерезидентен амбасадор на Кралството Саудиска Арабија со седиштето во Тирана. „Претседателот Гаши му оддаде признание на амбасадорот за неговиот личен ангажман и дипломатски вештини со кои значително придонел за зајакнување на мостовите меѓу двете пријателски земји. Тој истакна дека во иднина очекува да продолжи процесот на отворање ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, соопшти МВР. Од нив осум управувале возило без возачка дозвола, по двајца под дејство на алкохол и со многу поголема брзина од дозволената и по еден со активна забрана и во спротивна насока. Четири возачи во Скопје, двајца во Гостивар и по еден во Тетово и Битола возеле без возачка дозвола. По ...
ДУИ денес функционира како адвокатска канцеларија на подземјето каде за Ахмети обичниот Албанец е само бројка за гласање, а неговите мили функционерите се штитови за заштита на неговиот личен капитал, реагираат од ВЛЕН на обвинувањата од ДУИ дека премиерот Христијан Мицкоски го држи под контрола Меџити со судско досие за дивоградби во Чаир. „Мала Речица е во состојба на клиничка паника бидејќи Демократската унија за интеграција (ДУИ) веќе не ...
На маргините на Министерската конференција што се одржува во Будва, во рамки на Берлинскиот процес, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари билатерална средба со министерот за правда на Босна и Херцеговина, Давор Буноза. Средбата беше посветена на продлабочување на досегашната билатерална соработка меѓу двете институции, при што беа разгледани можностите за потпишување на меморандум за соработка како основа за поинтензивна и ...
Министерот за правда, Игор Филков, на денешното обраќање пред амбасадорите на земјите членки на Европската Унија и претставници на меѓународната заедница, ја потврди цврстата посветеност на Владата кон реформите во правосудството. „Наш фокус во овој период се мерките со рок до јуни 2026 година. Работиме интензивно, со јасна динамика и мерливи резултати“, истакна Филков. Тој информираше дека Министерството за правда активно работи на измени на ...
Во кампот за обука „Пепелиште“ со свечена церемонија денеска беше означен почетокот на националната теренска тактичка вежба „БЛЕСОК 26“, која ќе се реализира во период од 19 до 27 април 2026 година. Од Армијата наведуваат дека вежбата претставува значаен процес за сеопфатно оценување на борбената подготвеност на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ), во согласност со стандардите за оценување на копнени команди и единци на Здружената ...
Од полноќ дизелот и бензините ќе поевтинат за 1,5 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Од 21.4.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,50 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 94,00 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 ...
На состанок со шефовите на мисии на земјите членки на ЕУ, првиот заменик претседател на Владата и Министерот за европски прашања, Беким Сали, го презентираше напредокот во спроведувањето на Реформската агенда 2024–2027. Од вкупно 21 доставен реформски чекор, за 16 се очекува позитивна оценка, со што би се овозможило ослободување на околу 70 милиони евра финансиска поддршка, информираат од кабинетот на Сали. Беше истакнат напредокот во ...
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денес излезе со соопштение во однос на мечот меѓу Башкими и Струга Трим Лум од 28. коло на Првата лига. Во соопштението на ФФМ се вели дека врз основа на доставениот записник и делегатски извештај од натпреварот помеѓу ФК Башкими 1947 Куманово и ФК Струга Трим Лум Струга, одигран во рамки на 28. коло од Прва МФЛ, на 19.04.2026 година на стадионот „Башкими“ во Куманово, Комисијата за натпревари при ...
Во саботата, во спортската сала „Наум Наумовски-Борче“, попозната уште меѓу граѓаните како „Партизан“, под покровителство на градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски, и коорганизаторство на самата Општина, се одржа Европско првенство во кинеско борење – SHUAI JIAO2026 на кое учество освен од нашата држава, зедоа тимовите од Италија, Германија, Србија, Шпанија, Франција, Босна и Херцеговина, како и претставници од Унгарија и Турција. ...
Ракометарите на Вардар ја освоија својата 18-та Куп титула, откако во финалето славеа со 24:23 над Охрид во салата „Парк“ во Струмица. Вардар подобри го отвори натпреварот и рано создаде предност, но сепак, охриѓани постепено ја топеа таа предност и на полувреме заминаа со негатива од 13:12. Во вториот дел се случи и пресврт кога Охрид дојде до предснот од 17:20, а финишот беше вистинска драма која ја доби Вардар со 24:23. Голманот Валах беше ...
На 19.04.2026 во СВР Куманово е пријавено дека во 16:50 часот на стадион „Башкими“ во Куманово, по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу фудбалските клубови „Башкими“ од Куманово и „Струга Трим Лум“ од Струга, настанала расправија помеѓу Б.Х.(39) од Куманово, сопственик на фудбалскиот клуб „Башкими“ и едно лице од гостинската екипа од Струга. Подоцна, на паркинг простор, неколку лица со употреба на тврди предмети, го оштетиле паркираниот ...
Три лица се повикани на разговор во полиција затоа што управувале дрон во близина на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Според информациите на МВР, вчера во 19:30 часот во Скопје, во полициска станива Карпош е извршен службен разговор со И.С.(25), Г.Х.(30) и Д.М.(28), затоа што претходно биле затекнати додека управувале дрон без соодветна дозвола во близина на спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Дронот е одземен и по документирање ...
На ВМРО-ДПМНЕ му е сосема јасно дека СДС мора да шири лаги и манипулации, врз основа на тоа постојат, но заради транспарентност и отчетност на граѓаните, и со оглед на тоа дека СДС се уште е најголема опозиција во Македонија мораме да ги разобличиме лагите, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на прес – конференцијата на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. „Прво, не ВМРО-ДПМНЕ, туку ММФ вели дека сме меѓу првите три држави кои примениле најмногу ...
Кошаркарите на Соколи со пораз го започнаа полуфиналето откако на домашен терен во Штип загубија од Бутел со резултат од 69:76 со што скопскиот тим има почента предност во полуфиналето. Бутел во преполната сала „Јордан Мијалков“ уште од самиот почеток стегна голема резултатска предност која беше клучна за триумф среде Штип. Во првите десет минути создадоа голема предност од 11:28, а истата на крајот беше клучна и пресудна за триумф на Бутел. ...
Уште пет кола до крајот во Првата македонска фудбалска лига, 15 бодови во игра и голема борба за опстанок на неколку екипи кои се сериозно загрозени. Покрај Шкупи многу извесно е дека Македонија ЃП ќе испадне експресно во Втора лига „лавовите“ се претпоследни со 24 бодови и ќе имаат најтешка задача за опстанок. Останатите екипи ќе водат трка да го избегнат десетто место кое исто така води кон директно испаѓање во Втора лига, но со реални ...
Независниот академски синдикат (НАкС) информира дека на 17 април (петок) оствариле средба со министерката за образование и наука, Весна Јаневска и со претставници на Министерството за образование и наука (МОН), во просториите на Министерството. Средбата, како што е соопштено била одржана по иницијатива на НАкС, врз основа на претходно доставено барање за отворање институционален дијалог во врска со пакетот на предлог-закони за високото ...
Без изнанедувања се одбележа 22. коло на Првата ракометна лига, каде фаворитите стигнаа до бодовите. Ракометаите на Текстилец УГД од Штип беа убедливо поразени во Богданци од фаворитот Младост со резултатот од 36:19. Од самиот старт тимот на Горан Андоновски започна да гради предност и истата само се зголемуваше во текот на мечот. Даниел Андоновски и Лазар Адамовиќ беа најдобри стрелци со по седум гола, а пак Милислав Петров и Јован Величков ...
Демократската унија за интеграција (ДУИ) бара оставка од градоначалникот на Општина Чаир, Изет Meџити. Од партијата му порачаа на Меџити да не го држи народот во заложништво поради своите лични грешки. Од ДУИ тврдат дека премиерот Христијан Мицкоски го држи Меџити под целосна контрола преку судско досие од 320 страници со флагрантни прекршувања на законот во областа на нелегалната градба во Чаир. „Демократската унија за интеграција (ДУИ) ...
Малку погодоци имаше на мечевите од 17. коло на Трета лига – Исток, во Берово со минимални 1:0 Малеш го доби Карбинци, а така беше и во Дојран каде Победа Валандово со 0:1 го доби Дојранско Езеро. Хоризонт Турново одигра 1:1 со Брегалница од Делчево, но домаќинот најави жалба бидејќи како што е наведено во записникот жалбата на домашната екипа е поради неправилна замена, излегува младинец од гостинската екипа со број 16, а влегува играч со ...