Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. Во Скопје, ќе биде сончево и топло со мала до ...

Проф. д-р Веселинка Лаброска е новата претседателка на Советот за македонски јазик, соопшти Министерството за култура и туризам. Tаа доаѓа на местото на досегашната претседателка на Советот, Симона Груевска-Маџоска. Од Министерството информираат дека Владата на денешната седница го усвоила предлогот за именување на Лаброска, која е дописен член на МАНУ и редовен професор во Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ во Скопје. ...

Апелациониот суд ја потврди првостепената пресуда против поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, со која му е изречена казна затвор од една година за кривичното дело „бесправно градење“. Во изречената казна ќе му биде пресметан и периодот поминат во куќен притвор, од март до август. Во однос на обвинението за „Злоупотреба на службената положба и овластување“, жалбата на Јакимовски е прифатена и предметот е вратен на ...

Во рамките на 69. седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, денеска се одржа Јавна расправа по Предлогот на закон за парничната постапка. Покрај членовите на Комисијата, на јавната расправа присуствуваа претставници на институции, организации, здруженија и асоцијации, како и правници, судии, адвокати, универзитетски професори и други експерти од областа. Претседателот на Комисијата, Љупчо Пренџов, истакна дека ...

Со отворена уста и без коментар, остануваат граѓаните по новите поскапувања во маркетите и продавниците. Велат дека секое одење во продавница е нов шок за нив. Само во мај храната поскапела за 1 процент, а трошоците на живот се зголемиле за 0,6 проценти. Како што соопшти Државниот завод за статистика, најголем раст на цените во текот на минатиот месец е регистриран кај транспортот, каде поскапувањето достигнало 1,6 проценти. Зголемување е ...

Без да си подадат рака, производителите, откупувачите и преработувачите го завршија состанокот за откупната цена на пченицата. Преговорите продолжуваат наредната недела, откако ќе се направат анализите колкави ќе бидат приносите на пченицата во регионите и во најголемите житници Пелагонија и Овче Поле. Гоце Серафимов потпретседател на Асоцијација на земјоделци не е оптимист за откупната цена на пченицата што треба да се договори. „Цената што ...

Законите и редот важат за сите, исклучоци не може да има“ – порача министерката за образование и наука Весна Јаневска по реакциите за студентскиот оброк на денешната прес-конференција. Таа рече дека Министерството не смее да постапува надвор од законските рамки, без разлика на незадоволството. Потсети дека и во изминатите две години имало два слични случаи, по што, како што рече, факултетите научиле дека законот мора да се почитува. Според ...

Владата во моментов е фокусирана на завршување на процедурите за доизградба на Клиничката болница во Штип, изградба на Факултетот за медицински науки и Студентскиот дом во Штип, како и за болниците во Кичево и Тетово, истакна на денешната прес-конференција претседателот на Владата, Христијан Мицкоски кој одговараше на новинарско прашање. Премиерот Мицкоски посочи дека за болниците во Штип, Кичево и Тетово и за нов Факултет за медицински науки ...

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, утре во Софија ќе учествува на Состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), кој се одржува во рамки на бугарското претседавање со иницијативата. Состанокот ќе биде посветен на одбележувањето на 30-годишнината од формирањето на ПСЈИЕ и ќе се одржи под мотото „Заеднички компас за стабилен, безбеден и одржлив регион – 30 години регионална ...

Орце Георгиевски го гази деловникот и ја замолкнува опозицијата, наместо дебата – монолог во Советот, обвини координаторката на советничката група на СДСМ во Град Скопје, Катерина Цаневска – Арсовска. „Она на што не сакаше да одговори Орце Георгиевски е од каде го најде Марјан Цветковски за нов директор на Фондацијата ‘Скопје – Град на културата’. Се работи за вечниот директор во Македонската радио-телевизија, кој 15 години беше директор и за ...

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на одбележувањето на 20-годишнината од основањето на Стопанската комора на Северозападна Македонија, при што го истакна нејзиниот значаен придонес во економскиот развој на државата во изминатите две децении. Во своето обраќање, Сали нагласи дека Комората претставува силен глас на бизнис-заедницата, важен партнер на институциите и активен промотор на ...

Еден од најпознатите природни феномени во Македонија, локалитетот Куклица или „Камените кукли“, кај Кратово, повторно е во центарот на вниманието, откако граѓани објавија сведоштва за незаконска наплата за влез во локалитетот. Според Левица, овој локалитет, заштитен како природна реткост и препознатлив симбол на македонското природно наследство со години е оставен на милост и немилост на самоволие, узурпација и институционална негрижа. „За ...

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност на Националната установа Албански театар – Скопје за 2024 година на сметката на основен буџет. Во конечниот извештај, ревизорите изразиле неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2024 година и мислење со резерва за усогласеноста со законската регулатива, упатствата и воспоставените политики. Ревизијата утврдила ...

Државата е блиску до одлука самостојно да го гради проектот Чебрен и Галиште како државен, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ќе се финансира проектот за хидроцентралата Чебрен и од каде би се обезбедиле околу 1,5 милијарди евра, колку што, според проценките, би чинела неговата реализација. „Па јас вчера, во текот на брифингот, реков дека една од иницијативите која што ја имаме е сами, како ...

Премиерот Христијан Мицскоки се осврна на плановите на Владата за изградба на нов клинички центар, коментирајќи дека може да се привлечат пациенти и од соседните држави. „Сега сме фокусирани на завршување на процедурата на Клиничката болница Штип, студентскиот дом и Факултетот за медицински науки, Здравствениот дом во Кичево со проширена дејност и Клиничката болница во Тетово. Тука веќе имавме меѓународен повик за да најдеме финансиери и веќе ...

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска се обрати на сесија на Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија, посветена на европските политики за водите во услови на климатски промени. Во своето обраќање, министерот истакна дека водата денес се третира како прашање на безбедност, економски развој, јавно здравје и квалитет на живот. Тој нагласи дека новите европски политики ја ...

Уште една лага на Христијан Мицкоски за реформите е целосно разобличена. Брисел по скратена постапка бара измени на Законот за Судски совет, изјави генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ. Тој оцени дека ова е уште една потврда дека власта погрешно го претставувала законот како доказ за реформски напредок. „Брисел по скратена постапка бара измени на Законот за Судски совет. А владата со месеци го претставуваше Законот како ...

За Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ главен приоритет се интересите на македонските граѓани, направен е уште еден значаен чекор од кој директна придобивка ќе имаат токму граѓаните на Република Македонија. Станува збор за конкретен, видлив и практичен чекор кон европската иднина на Македонија, а тоа е приклучувањето кон иницијативата „Роаминг како дома“, изјави Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник. Таа појасни дека со ...

Во населбата Хром, Општина Ѓорче Петров, денеска беше поставен камен-темелник за доградба на ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“, во присуство на премиерот, Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука, Весна Јаневска, претставници на локалната самоуправа, наставниот кадар, ученици и родители. Со реализацијата на овој проект, училиштето ќе добие 8 нови училници и 770 метри квадратни нов училишен простор, со што значително ќе се ...

Силекс ги започна подготовките за новата сезона 2026/2027 во кој тимот го очекува европско лето во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА. Стратегот Александар Васоски ја имаше првата прозивка со што во Кратово беше одработен првиот тренинг. Освојувачот на Купот на Македонија првата фаза од летните подготовки ќе ја одработи во Кратово, а истата е предвидена да се комплетира до 19 јуни, по што тимот потоа ќе замине на друга локација за ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на церемонијата за примопредавање на возила и специјализирана опрема за Министерството за внатрешни работи, обезбедени во рамки на регионалниот ИПА проект „Поддршка на ЕУ за зајакнување на борбата против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе во Западен Балкан (EU4FAST)“. Во рамки на донацијата беа предадени 30 алатки за проверка на документи, два детектори за срцебиење, за ...

Шампионот Вардар со вчерашниот тренинг ги започна летните подготовки преку кои ќе ја темпира формата за тоа што му следува летото, а тоа се квалификациите за Лигата на шампиони. Под водство на новиот тренер и неговиот стручен штаб „вардарци“ ги стартуваат подготовки во сезона во која ќе ја бранам шампионската титула и ќе атакуваат на двојна круна односно освојување и на Куп титулата. Покрај стартот на подготовките Вардар и официјално го ...

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, на денешната прес-конференција упати остри критики кон претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека е целосно усогласен со ставовите на бугарските власти. „Филипче потполно усогласен со Радев и бугарските власти, како специјален бугарски пратеник шири нивни политики во Македонија“, рече Лефков.  Тој посочи дека додека во Европската Унија се разговара за пристапувањето на земјите од Западен ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на почетокот поставување камен-темелник за доградба на Основното општинско училиште „Димитар Беровски“ во населба Хром, Општина Ѓорче Петров. Тој оцени дека ваквите инвестиции се од суштинско значење за образованието и подобрувањето на квалитетот на животот на граѓаните. Рече дека станува збор за проект кој ќе придонесе за подобри услови за образование на најмладите и изрази надеж дека во ...

Кикбокс клубот Гладијатор Фајт од Штип под водство на тренерот Шенол Асанов постојано носи медали и пехари од големи меѓународни натпреварувања, а младите спортистки Антонија Тасева, Леонтина Миткова и Петра Долдурова носат медали од секое натпреварување. Антонија Тасева во краток период освои три медали, бронза на Балканското првенство во Нови Сад, а злато и сребро на „Гранд При Сараево“ во Босна и Херцеговина. „Јас претходната недела се ...

За да се намалат загубите на вода, јавните комунални претпријатија (ЈКП) мора да инвестираат во инфраструктура, дигитализација и енергетска ефикасност – порача Ацо Ристов, претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) на панелот ‚‚Користење на водоводната мрежа‘‘, во рамките на официјалното започнување на проектот „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија во Македонија“. ...

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново доби ново раководство кое ќе го води клубот во иднина. За нов претседател на дебитантот во фудбалската елита на Македонија е избран Сулејман Алими, а пак потпретседател на клубот ќе биде Ферат Беќири. Генерален директен на клубот ќе биде Денис Џаија, а пак спортски директор Исуф Бајрами. Позицијата секретар на клубот ја доби Бујар Јаџи, благајник ќе биде Ќерим Беќири, а пак портпарол е Азам Аки. За ...

Фудбалската репрезентација на Македонија до 20 години забележа пораз од селекцијата на САД до 20 години на пријателски натпревар кој се одигра во Бугарија. Избраниците на селекторот Александар Таневски одиграа квалитетен и корисен тест против силен противник, натпревар кој послужи како добра проверка и можност за дополнително воигрување на тимот. Првиот гол Македонија го прими во судиското надополнување на првото полувреме, а пак вториот гол ...

Во петок во Истанбул ќе се одржи бизнис форум посветен на јакнење на економските врски и промоција на инвестициските потенцијали на Република Северна Македонија пред турската деловна заедница. Форумот има за цел да ги поврзе институциите и бизнис секторот од двете земји преку директни контакти и разговори насочени кон отворање нови можности за соработка и заеднички инвестиции. На настанот е најавено учество на премиерот Христијан Мицкоски, ...

Општина Центар информира дека на 11.06.2026 година ЕВН започнува со реконструкција на мрежата за улично осветлување и електроенергетската мрежа за напојување на корисниците. Првата фаза од активностите ќе се реализира на потегот од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ до Романската амбасада, по што ќе следуваат и други фази од реконструкцијата. „Во рамки на активностите, секаде каде што е можно, старите дрвени бандери ќе бидат демонтирани, а ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.13
71%
1020
weather icon

Белград

17ᴼ / 14ᴼ
3.13
74%
1017
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
0.95
85%
1016
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.15
77%
1019
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
3.26
76%
1017
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.14
82%
1017
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
1.79
56%
1016
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.86
68%
1018
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
3.42
62%
1019
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
0.45
77%
1015
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
1.79
75%
1014
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 15ᴼ
1.66
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Калај

53.60

Родиум

257205.97

Бакар

13.01

Платина

55170.68

Паладиум

40767.15

Кобалт

45.39

Сребро

2186.28

Злато

135639.33

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.54