Фудбалерот на Брегалница, Лука Бојаџиев, доби повик од селекторот на македонската репрезентација до 20 години, Александар Таневски, за претстојниот пријателски натпревар против селекцијата на САД. Средбата ќе се одигра на 8 јуни 2026 година во Петрич, Бугарија, а Бојаџиев ќе има можност уште еднаш да ги покаже своите квалитети во дресот со државниот грб. Од Брегалница со гордост ја примија веста за новиот репрезентативен повик, кој ...

ВМРО-ДПМНЕ обвини за наводни нерегуларности при доделување тендер во Царинската управа вреден 18 милиони денари и побара одговори од поранешниот функционер на СДСМ, Стефан Богоев. Според партијата, првичната сума од 110.000 денари била дел од наводно договорен надомест за тендерот за хигиенски услуги. Во соопштението се тврди дека лице познато како „Џемо од Прилеп“ посредувало за фирма која требало да го добие тендерот, користејќи влијание ...

Движењето ЗНАМ оцени дека јавноста заслужува одговори поради, како што наведува, спротивставените изјави на поранешниот претседател Стево Пендаровски и поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, поврзани со наводни разговори за враќањето на Никола Груевски во земјата во периодот на обезбедување мнозинство за уставните измени. Од партијата посочуваат дека Пендаровски во телевизиско интервју зборувал за сценарија во кои се ...

Во овие две години откако сум претседател на Владата пораките од Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват беа најсилни а тоа е дека процесот на проширување не е завршен. Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц дадоа силен мотив да продолжиме во делот на реформите, да испорачуваме, врз основа на методот на заслуга, а не врз основа на билатерални прашања и тоа беше неколку пати потенцирано на самиот самит, изјави ...

Во Институтот за јавно здравје денеска беше отворено психолошко советувалиште за деца и адолесценти, прво од ваков вид во државата, кое ќе обезбедува стручна поддршка за деца, тинејџери, родители и наставници преку системот „Мој термин“, соопшти директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска. Како што истакна Андоновска, отворањето на советувалиштето е дел од пошироките активности за унапредување на здравствените услуги и ...

Политичката партија Левица обвини за сериозни злоупотреби и неправилности во работењето на Академијата за судии и јавни обвинители, повикувајќи се на последниот ревизорски извештај на Државниот завод за ревизија. Според партијата, извештајот отвора прашања за функционирањето на институцијата која треба да ги обучува идните судии и јавни обвинители, имајќи ги предвид утврдените неправилности поврзани со трошењето на јавни средства. Од Левица ...

Со одигрувањето на баражите за Втора и Прва лига заврши сезоната 2025/2026 во македонскиот фудбал. Екипите на заслужен одмор, се кројат плановите за новата сезона, се поставуваат целите кои клубовите би сакале да ги исполнат за новата сезона. Веќе најголем дел од екипите особено оние со повисоки цели започнаа со преговори за нови играчи, а официјално летниот трансфер период во македонскиот фудбал ќе биде отворен на 15 јуни, кога и официјално ...

Сезоната во македонскиот ракомет заврши со бараж натпреварот во Бутел меѓу Младост и Струга, а со тоа тимот од Богданци е последниот патник во Супер лигата за следната сезона, со што го имаме и конечниот изглед за новата сезона на елитното друштво, како и градовите каде ќе се следи Супер лига следната сезона. Шампионот Вардар следната сезона ќе ја брани двојната круна, откако го освои Купот и првенството, Еурофарм Пелистер, Охрид, Алкалоид, ...

Во Кочани денеска ќе се одржи 45-тиот Марш за ангелите. Почетокот на маршот е закажан за 18 часот и 5 минути часот во Паркот на револуцијата, од каде учесниците ќе се движат кон трговскиот центар, УЈП, МВР, Основниот суд и ќе завршат кај спортската сала „Кочански ангели“. Организаторите информираат дека маршот ќе се одвива мирно и достоинствено, во чест на 63-те ангели, за повредените и за семејствата кои секојдневно се соочуваат со болката и ...

Жељко Јоксимовиќ ќе биде главната музичка ѕвезда на овогодинешното издание на „Штипска Пастрмајлијада“. Еден од најпопуларните пејачи и автори на Балканот ќе настапи пред штипската публика во рамки на најголемата манифестација во градот. Организаторите најавуваат богата музичка програма и содржини за посетителите, а настапот на Јоксимовиќ се очекува да привлече гости од повеќе градови во земјава и регионот. Деталите за датумот на концертот и ...

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче, на денешната меѓународна конференција на која беше промовирана „Скопската иницијатива“, повика на обединување на прогресивните сили од регионот во заедничка борба против национализмот, популизмот, организираниот криминал и антиевропските политики. Во своето воведно обраќање, Филипче порача дека Западен Балкан се наоѓа пред историска можност да го заврши процесот на европска интеграција, но и ...

ВМРО-ДПМНЕ во соопштение наведува дека Македонија во изминатиот период бележи значајни резултати на меѓународен план, оценувајќи дека станува збор за напредок во работата на Владата во делот на дипломатијата и европските интеграции. Од партијата посочуваат дека претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, при неодамнешната посета на Скопје ја потврдил оценката за напредок во исполнувањето на Реформската агенда. Како дел од тоа, се ...

Процесот на развод на родителите претставува тежок период за децата и често остава силни емоционални последици. Повеќето луѓе кај психолог доаѓаат само формално, најчесто за документи за судска постапка, а ретко за вистинска поддршка за себе и за децата. Психологот Лидија Манасиевска посочува дека по разводот малкумина работат на својата психолошка состојба, иако токму тогаш е најпотребна помош. „Па многу мал процент доваѓа пред развод. Да, ...

Два нови моста ќе се градат на реката Брегалница во Штип. Едниот ќе биде дел од новата обиколница кај бањата Кежовица, а вториот ќе ги поврзе населбите Баби и Балканска. Со овие проекти треба да се подобри сообраќајната поврзаност и да се олесни движењето низ градот. Како што потенцираше градоначалникот Иван Јорданов, паралелно е предвидена и санација на постојните мостови на Брегалница и Отиња. Дел од градежните работи треба да започнат веќе ...

Лоша е ситуацијата на земјоделците и сточарите, поради неисплатените субвенции, потенцираа денеска од Асоцијацијата на земјоделци. Згора на се, тие тврдат оти доцнат и пријавите на новите субвенции за следната година. Како што велат оттаму, пријавите требале да бидат достапни уште во средина мај, но како што додаваат се уште нема ништо. ,,Стадата се намалуваат тоа е веќе факт, но ќе видиме што же биде. Ситуацијата е многу лоша , субвенциите ...

Денеска пристигнува чудотворната икона на Пресвета Богородица Троеручица од Света Гора. Со литија и свечен пречек, верниците и свештениците од Брегалничката епархија ќе ја дочекаат чудотворната икона на мајката божја владичица и скоропослушница. Монастие оттаму ќе ја предадат на овдешните свештеници со цел таа биде закрила и заштита на Штип. Иконата, која за првпат доаѓа во градот од манастирот Хиландар, ќе биде пренесена низ градските улици, ...

Неподнослива бучава од мотори ги остава без сон жителите на повеќето населби во Штип. Особено после 23 часот, тие велат дека не можат око да склопат, бидејќи улиците одекнуваат од бучни мотори и трки под прозорците. Жителите со денови не знаат што е мирна ноќ. Велат ревот на моторите ги буди од сон, ги држи будни до раните утрински часови и им го уништува секојдневието. Жителите велат на младите моторџии ред, ниту родителите не можат да им ...

Вкупно 79 тестатори денеска се ангажирани да го следат и надгледуваат полагањето на државната матура во Штип. Од Општина Штип велат дека сите подготовки се навремено завршени и очекуваат процесот да помине без проблеми. Учениците треба навремено да пристигнат на местото на полагање и да ги почитуваат правилата за испитот. Државната матура и оваа година се полага во просториите на Универзитетот „Гоце Делчев“. ,,Како и минатата година и оваа ...

Почна сезоната на пржената пиперка, а граѓаните веќе масовно ја купуваат од штипскиот пазар. Велат дека пиперката е слатка, месеста и идеална за пржење, па многумина ја подготвуваат и со сирење на трпезите. На тезгите се бара најмногу квалитетна пиперка за зимница, а цената се движи од 70 до 80 денари за килограм. Чичко Мите од Муртино вели пиперот се троши, а цената е пристапна за граѓаните. 70 денари го продава лутиот, додека благиот чини ...

Плати од 2000 до 2300 евра месечно се нудат за овчари, а сепак нема кој да работи, вели сточар од Лакавица. И покрај добрите пари, тој објаснува дека работата е тешка, бара постојано присуство, рано станување и живот во планински услови. Според него, токму тие услови се причината што се помалку луѓе се нафаќаат на оваа професија. „Нема, нема, нема. Епа нема не се исплаќа, овчарите земаат по 2000 евра месечно, некој земаат и по 2300 евра ...

Фестивалот „Војдан Чернодрински“ е симбол на творечка енергија, уметничка храброст и ненаситна љубопитност за нови сценски дострели кои инспирираат, многупати вознемируваат, провоцираат, но и облагородуваат, порача претседателката Гордана Силјановска Давкова на отворањето на 60-тото јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Претседателката Силјаноска Давкова која е покровител на Фестивалот рече дека ...

ЈП Лајка денеска и утре организира дводневен едукативно-забавен настан Лајка-Фест во Градски парк – Скопје, посветен на вдомување, одговорно сопствеништво, едукација и заедништво помеѓу граѓаните и животните. Како што информираат од ЈП Лајка, во рамки на фестивалот присутните ќе имаат можност да уживаат во зона за вдомување и привремено згрижување, едукативна зона за одговорно сопствеништво, зона за обука и дресура, детска зона со ...

Во три одделни руски напади врз јужната украинска област Херсон загинаа пет луѓе. Гувернерот на Херсон, Олекдсандар Прокудин на Телеграм објави дека во еден од нападите загинале три лица над 70 години, чии тела биле откриени во нивните домови. Херсонската област е една од четирите региони анектирани од Русија по инвазијата врз Украина во 2022 година. На почетокот на војната Русија зазеде голем дел од областа, но украинската армија успеа да ги ...

Жителка на Велес јавно им се заблагодари на двајца полициски службеници од СВР Велес кои, како што наведува, несебично ѝ помогнале при гаснење пожар во нејзиниот автомобил. Во објава на социјалните мрежи, Марија Новакова посочува дека благодарение на нивната брза реакција, смиреност и професионалност била спречена поголема материјална штета. „Сакам да изразам јавна благодарност до двајца полициски службеници од СВР Велес кои несебично ми ...

Повеќе од 14.500 матуранти се пријавени за полагање на матурата и денеска ќе го имаат првиот екстерен испит, кој е изборен за кандидатите. Задолжителниот екстерен испит (мајчин јазик и литература) матурантите ќе го полагаат на 11, односно на 12 јуни. Во согласност со измените на Законот за средното образование, оваа година првпат се полагаат три типа матурски испит според видот на образование – државна матура, државна стручна матура и државна ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Како што соопштуваат од Управата за хидрометеролошки работи (УХМР), минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 18 степени, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени. Во Скопје времето ќе биде ...

Денес, во 14.20 часот, на регионалниот пат Струмица-Валандово, ТППЕ Струмица со две противпожарни возила и пет пожарникари-спасители интервенираше на гаснење на запалена приколка од камион. Пожарот е целосно изгаснат за кратко време после пристигнувањето на лице место, извести ТППЕ Струмица. Текстот (Фото) Гореше приколка од камион на регионалниот пат Струмица-Валандово: интервенираа струмичките пожарникари е превземен од МАКФАКС. Денес, во ...

Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени. Во Скопје, променливо облачно, во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната ...

Пред крајот на учебната година, 335 ученици од основните училишта „Илинден” од Крива Паланка и „Љубен Лапе”, „Ацо Шопов”, „Лазо Трповски ” и „Киро Глигоров“ од Скопје, беа учесници на традиционалната церемонија на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет. Церемонијата започна со македонската химна, изведена од Воениот оркестар и придружена од детските гласови. Потем, учениците имаа можност да ги разгледаат просториите на ...

Во рамки на Самитот Европска Унија – Западен Балкан кој се одржа денес во Тиват, Црна Гора, претседателот на владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски даде изјава за медиумите во која оцени дека процесот на проширување на Европската Унија останува жив. „Ова се моменти кога практично Европската унија, односно Европскиот Совете јасно кажува дека процесот на проширување останува жив. Она што е наша задача како Влада е тој ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.34
74%
1019
weather icon

Белград

16ᴼ / 16ᴼ
2.68
78%
1015
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
1.16
79%
1014
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.47
79%
1018
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.29
78%
1016
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
1.0
88%
1015
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
0.89
62%
1016
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.82
66%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.64
62%
1018
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 15ᴼ
1.34
89%
1014
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 18ᴼ
0.89
76%
1012
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 15ᴼ
1.39
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Родиум

257205.97

Алуминиум

3.54

Сребро

2186.28

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Паладиум

40767.15

Кобалт

45.39

Калај

53.60

Злато

135639.33

Иридиум

253540.09

Бакар

13.01

Платина

55170.68