Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Штипските матуранти денеска го полагаат вториот задолжителен испит од државната матура – македонски јазик и литература. За 420 средношколци ова е уште еден важен чекор кон добивањето на дипломата и продолжување на образованието. По првиот испит одржан на 6 јуни, денеска тие повторно ги одмеруваат своите знаења според утврдениот распоред. Полагањето се реализира во просториите на УГД Штип на кампус два и четири. Според Снежана Санева, ...
Со отисок од прст ќе се проверува дали лекарите, медицинските сестри и административните работници се на работа и колку долго остануваат таму. Министерот за здравство Азир Алиу денеска рече дека веќе е воведен систем за евиденција на работното време во здравството. Целта е да се види дали вработените навреме доаѓаат на работа и дали го почитуваат работното време. Тој најави и дека во следниот период ќе се прави и анализа, за тоа колку ...
Стотици боенки, сликовници и детски книги денеска беа донирани во детското одделение при Клиничката болница во Штип, со цел да се создаде мини библиотека која ќе внесе пошарен и поутешен свет за најмладите пациенти. Донацијата е на издавачката куќа „Просветно дело“ во соработка со писателката за деца Ксенија Маказлиева-Трајчева. Со овој хуман гест се збогатува болничката средина и се овозможува децата полесно да го поминуваат времето за време ...
Изгаснат е пожарот над градот Штип, кој вчера избувна во близина на викенд населбата Плуждино и Новакова Чешма. По повеќечасовна борба со огнената стихија, пожарникарите успеаја целосно да го ликвидираат огнот. Во интервенцијата беа вклучени припадници на Територијалната противпожарна единица Штип, Доброволното противпожарно друштво и други надлежни служби. Во пожарот нема повредени лица. Штипскиот градоначалник Иван Јорданов синоќа се ...
За да престанат лекарите да инсистираат пациенти со трајни здравствени оштетувања да одат на прегледи на секои шест месеци или една година за да добијат пари за туѓа нега, министерот за здравство Азир Алиу денес кажа дека нема да има потреба од менување на законите. Проблемот најави дека ќе го реши со разговори со сите комисии. „Ние направивме работна група меѓу двете министерства и таа работна група после неколку состаноци, по мое барање да ...
Центар за граѓански комуникации реагира на одговорот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. „Го цениме фактот што Министерството за надворешни работи и надворешна трговија јавно се осврна на наодите од истражувањето „Јавен надзор над јавните набавки: Студии на случај“. Сепак, сметаме дека реакцијата не дава одговор на повеќе суштински прашања поставени во истражувањето. Најнапред, во истражувањето во ниту еден момент не ...
„Пелагонија отсекогаш важела за главна житница на Македонија, а Општина Могила е срцето и столбот на истата. Никогаш не било вака, на средината на месец јуни да нема сѐ уште субвенции за тутун. Оваа година и намалени, ги нема“, вели во изјава за медиумите советникот во Советот на Општина Могила од ЛДП, Илче Дамевски. Особено загрижува фактот дека од година в година тутунопроизводителите се соочуваат со растечки трошоци, неизвесни услови за ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија категорично ги отфрла инсинуациите и шпекулациите изнесени во истражувањето на Центарот за граѓански комуникации, „во кое без никакви докази се пласираат тврдења за наводно незаконско постапување при организацијата на евакуацијата на македонските државјани од регионот на Блискиот Исток“. „Особено загрижува фактот што во анализата целосно се игнорира контекстот во кој беше спроведена ...
„Заменик-министерот за внатрешни работи, Астрит Исени, ги презентираше конкретните резултати од имплементацијата на системот ‘One Stop Shop’ на граничниот премин Блаце, кој донесе видливи придобивки за граѓаните. Од 4,6 милиони патници во периодот 2024–2025 година, бројот е зголемен на 6,6 милиони во периодот 2025–2026 година, односно за повеќе од 2 милиони патници или раст од 44 проценти“, велат од Влен. „Ова се конкретни резултати од ...
Министерот за здравство, Азир Алиу на денешниот брифинг со претставниците на медиумите потенцираше дека по една година од преземањето на функцијата, најважниот резултат не е само во поединечните проекти и процеси кои се започнати, туку во насоката што ја поставивме. Пристапувањето кон EU4Health на 24 јуни во Брисел ќе биде најсилна потврда дека домашните реформи добиваат европска рамка и дека Македонија станува дел од најголемата здравствена ...
Во период од 9 до 11 јуни во Домот на Армијата во Скопје, се одржа Втората конференција за заедничка обука за оклопните борбени возила „Страјкер“. На конференцијата учествуваа претставници од Соединетите Американски Држави, (Националната гарда на Вашингтон, Армијата на САД за Европа и Африка, 7. Aрмиска команда за обука и 2. Коњички полк), претставници од Република Бугарија, Американската воена група во Република Северна Македонија и ...
TrustFin и DEKRA Македонија официјално започнаа стратешка соработка за развој и промоција на платформата JobLink by DEKRA – современо дигитално решение кое има за цел поефикасно да ги поврзе компаниите со талентираните кандидати и да придонесе за понатамошен развој на пазарот на труд во Македонија. Ова партнерство ги обединува меѓународната експертиза и долгогодишното искуство на DEKRA во областа на човечките ресурси со консултантското ...
Општина Центар од почетокот на годинава исплати вкупно 1.345.573 денари за поддршка на новороденчиња, со реализирани 142 исплати на територијата на локалната самоуправа. Постапката се одвива редовно, согласно пристигнатите барања. За новороденчиња родени во 2026 година, износот на еднократната финансиска помош е зголемен и изнесува 10.000 денари. Претходно, надоместокот изнесуваше 7.000 денари, што претставува зголемување од 50%. „Го ...
Новата сезона во Втората македонска фудбалска лига ќе започне на 15 август со мечевите од есенско коло, сезона каде што првиот и вториот ќе имаат директен влез во Прва лига, а третиот ќе игра бараж со осмиот од Прва лига, додека последните три екипи од Втора лига ќе испаднат директно во Трета лига. Во рамки на првото коло Беласица на домашен терен ќе игра со Осогово, Детонит Плачковица ќе гостува кај ланскиот прволигаш Шкупи, додека пак ...
На вчерашната седница на Дисциплинската комисија при фудбалската федерација на Македонија беа донесни низа одлуки со кои неколку фудбалери се казнуваат со забрана за настап, а има и парични казни. Фудбалерот на Новаци, Марцевски Антонио доби казна со забрана на настап од еден натпревар. Ќосески Дамјан кој го носи дресот на сега веќе новиот третиогалиш Каменица Саса се казнува со забрана на настап на два натпревари, а од овој клуб се казнува ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, порача дека спортската сала „Расадник“ по три децении повторно е ставена во функција и ќе биде дом на Вардар. Ѓорѓиевски ја опиша обновата на салата како еден од своите најзначајни проекти, потсетувајќи дека објектот бил затекнат во лоша состојба. „Расадник е име кое многу значи за Кисела Вода, за Скопје, за Вардар и за македонскиот спорт. Оваа сала памети славни спортски моменти, големи ...
Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига ќе стартува на 25 јули, со четирикружен систем на натпреварување, со десет екипи и 36 кола. Две екипи помалку од минатата сезона, но со три кола повеќе. Според предвидениот систем за натпреварување последните две екипи односно десеттопласираната и деветтопласираното екипа ќе испаднат директно во Втора лига, а пак осмопласираната екипа ќе игра бараж за опстанок во Прва лига против ...
,,Реструктуирањето на ниво на општински комитети и структура во партијата е завршено. Станува збор за 30-тина проценти нови луѓе, кои што сега добиваат можност да покажат, да работат, не само за партијата, најважно е да работат за државата. На овој начин остануваат уште некои мали финеси да се доусогласат во следната недела и јас очекувам уште тие мали финеси да бидат усогласени, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи ...
„Оперативниот план за вработување за 2026 година e значаен чекор во насока на зајакнување на економијата и унапредување на пазарот на труд, a посебен акцент се става на отворање на нови работни места и намалување на невработеноста. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во фокус го става отворањето нови работни места и создавање можности за вработување, со што се настојува да се подобри економската состојба и да се намали стапката на невработеност ...
Одржлив раст на економијата преку крупни инвестиции во инфраструктурата на стратешките коридори 8 и 10, како и подобрување на ефикасноста во траспортот, беа тема на панел дискусијата на која говореше заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, а во организација на Европската Бизнис Заедница. Вицепремиерот во своето обраќање посебен фокус стави на инвестициите во патната и железничката мрежа на Kоридорот 8 и Kоридор 10 и кракот 10 ...
Македонската ракометна репрезентација ги доби противниците за групата фаза на Светското првенство кое ќе се игра во Германија. Македонија ќе биде сместена во група со Исланд, Бахреин и Јапонија, а мечевите ќе се играат во Магдебург. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров имаат интересна група во која може да се избори место за главната фаза. Од четири репрезентации во групата три поминуваат во главната фаза, а пак последнопласираната ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на отворањето на новата спортска сала во Општина Кисела Вода, оценувајќи дека станува збор за еден од најсовремените објекти од ваков тип во државата. Како што рече, салата е со капацитет од околу 1.000 гледачи и нуди услови кои се споредливи со европските спортски стандарди. „Условите се навистина светски, европски. Можеби во моментот најсовремен ваков објект од овој карактер на ниво на цела ...
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, ги прими учениците од општинските основни училишта кои во текот на учебната година постигнаа значајни резултати на државни натпревари и освоија високи пласмани во различни области. На приемот, градоначалникот им упати искрени честитки на наградените ученици и на нивните ментори за вложениот труд, посветеност и остварените успеси, нагласувајќи дека нивните достигнувања претставуваат ...
„Размената на информации помеѓу Царинските управи на Западен Балкан и ЕУ пред да пристигне стоката на самите гранични премини ја зголемува довербата меѓу државите, што е клучно за олеснување на трговијата и зголемување на конкурентноста на нашите економии. Преку воспоставување на ваквиот концепт, или таканаречени „зелени ленти“ ја покажуваме нашата подготвеност за пристапување во единствениот пазар на ЕУ, особено во областа на ...
„Наместо да одговори на јавно поставените прашања за распродажба на градежно земјиште по багателни почетни 2.000 денари за метар квадратен, Општина Аеродром со дефокусирање и спинови се обидува да ја изврти реалноста. Јавноста не доби одговор дали позади оваа зделка стојат директно Министерот за Транспорт Александар Николовски и Министерот за Спорт Борко Ристовски?“, вели Марко Даниловски, советник од СДСМ во Општина Аеродром. „Не слушнавме ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа какви се очекувањата за движењето на економијата во делот на БДП, изјави: „Ние остануваме на оние проекции коишто ги имавме, дека ќе биде над 3,5 проценти. Имајќи предвид дека во првиот квартал остваривме раст реален од 3,1 отсто, а со усогласени вредности 3,3 проценти, сезонски усогласени вредности 3,3%, што во однос на бруто домашниот производ претставува ...
„Над 80% од граѓаните сметаат дека уставни измени под диктат на Бугарија не треба да се прифаќаат, само Филипче ги промовира и поддржува. Филипче и СДС се ставија директно на тацна на Бугарија и на Румен Радев и одработуваат во интерес на други држави, затоа што се уценети“, вели Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче и СДС одат против македонскиот народ кој бара пристапување на Македонија во ЕУ, со достоинство, интегритет и ...
Ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија за работата на Националната установа Албански театар – Скопје претставува уште еден алармантен пример за тоа како со години се толерираат неправилности во институциите од културата, без сериозна институционална одговорност, велат од партијата Левица. Според нив, особено загрижуваат наводите за исплата на плати на лица кои не доаѓале на работа, како и продажба на билети без донесен акт со ...
Вчера за првпат во Прилеп е изведена AutoCart процедура на колен зглоб. Станува збор за современа биолошка метода за третман на оштетувања на зглобната ’рскавица, при која се користат сопствени клетки и биолошки материјали од пациентот, со цел поттикнување на регенерацијата на ’рскавицата и подобрување на функцијата на зглобот, извести Министерството за здравство. „Ова е нов чекор во современата ортопедија во Прилеп! Оперативниот тим го ...
Петстотини и шеесет деветтоодделенци од сите основни училишта на територијата на Кисела Вода синоќа заеднички ја прославија својата полуматура. Под мотото „Спремни за средно!“, локалната самоуправа приреди голема бесплатна забава, одбележувајќи го крајот на основното образование за оваа генерација. Настанот се одржа во спортската сала „Независна Македонија“ и помина во извонредна атмосфера. За музичкиот дел се погрижија популарното дуо 2Bona ...