Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Од Платформата за родова еднаквост реагираат на последните две судските одлуки кои, како што истакнуваат од таму, испраќаат опасна и нечовечна порака до жените жртви на насилство: ако системот не ве заштити, ќе ве казни кога ќе се обидете да преживеете. Во првиот случај, постетуваат, жена од Кратово, за која во текот на судската постапка беа презентирани наоди дека повеќе од десет години била изложена на континуирано физичко и психичко ...
Со одигрувањето на баражите познат е изгледот на Втората македонска фудбалска лига за следната сезона 2026/2027 во која ќе се натпреваруваат 14 екипи. Време многу за одмор нема да има, бидејќи ќе треба да се формираат ростерите за сезона која ќе има прволигашка конкуренција, во сезона каде целите тешко ќе се остваруваат, а некои екипи веќе остануваат и без тренери. Прв кој поднесе тренерска оставка е штипскиот стратег Иван Варадиновски, кој ...
Кошаркарската Супер лига следната сезона ќе брои десет наместо 12 екипи, односно македонската кошаркарска елита е намалена за две екипи, а со цел да се добие на квалитет и поголема конкуренција. Поради кратењето на лигата три екипи испаднаа од елитата, односно Ангели, Гостивар и Феникс, а во следната сезона остануваат шампионот МЗТ Скопје, ТФТ Скопје, Пелистер, Маџари, Кожув, Тиквеш, МКК Куманово, Чаир и Работнички, а нов член на Супер лигата ...
Во рамките на официјалната посета на Словачката Република, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Братислава ја посети мултимедијалната изложба „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“, посветена на духовното и културното наследство на светите браќа Кирил и Методиј и словенската писменост. Кураторот на изложбата, Кирил Пенушлиски, ги претстави делата на македонските уметници Александра Костадиновска, Ана ...
Фудбалерките на Кочани утре ќе играат бараж натпревар за опстанок во Првата женска фудбалска лига против второлигашот Билјанини Извори од Охрид, кој ќе бара враќање во елитата. Екипата на Кочани минатата сезона стана шампион во Втора лига и се врати во прволигашкото друштво, но оваа сезона повратникот не успеа да избори директен опстанок и ќе мора да преку бараж да бара опстанок и во елитното друштво. Ова е соочување на два поранешни шампиони ...
Штип е синоним за борењето и мора да биде град во кој ќе се развива борењето, порача првиот човек на градот под Исарот, Иван Јорданов. Градоначалникот Јорданов истакна дека во наредниот период како локална самоуправа ќе вложуваат во боречката инфраструктура, со цел да се омасови овој спорт кај младите генерации. „Штип е синоним за борење и мора да биде град во кој ќе се развива борењето. Како локална самоуправа ќе вложиме во наредниот период ...
Поранешниот потпретседател на СДС и поранешен директор на Царина, како и поранешен градоначалник на Карпош, Стефан Богоев е уапсен поради сомнение за местење на тендери за надворешно одржување хигиена на гранични премини и терминали, кажа на прес-конференција Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. На сајтот на јавни набавки се гледаат, вели тој, неколку тендери за оваа намена на кои потпис ставил Богоев. Повеќето, како што рече, ги добиле јавни ...
Екипите на Јавното претпријатие „Улици и патишта“ – Скопје на 7 јуни, недела, со почеток во 08 часот ќе изведуваат активности за монтажа на нови семафори на булеварот „Александар Македонски“, на пешачкиот премин кај бензиската станица „Макпетрол“. На истоимениот пешачки премин ќе бидат воведени и нови светлосни сигнали, кои од неодамна беа оштетени од сообраќајна незгода. „Првата фаза на изведба на портална греда ќе биде од страната на влез ...
Министерството за животна средина и просторно планирање останува доследно на определбата за поголема транспарентност и навремено информирање на јавноста за состојбите во животната средина, информираат од таму. Како што појаснуваат, редовното објавување на информациите за извршените инспекциски надзори претставува важен инструмент за информирање на граѓаните и за јакнење на довербата во институциите. „Оттука, неделните извештаи на Државниот ...
Специјалниот бугарски пратеник во Македонија, Венко Филипче, треба веднаш да престане со водење на потчинета политика, односно политика која одговара на Бугарија, а штети на Македонија во нашиот билатерален спор, кажа на прес-конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Од Бугарија, вели тој, се радуваат кога гледаат дека во Македонија има мала група на политичари, како што се СДС предводени токму од Венко Филипче, кои за власт ...
Под влијание на циклонска активност, денес попладне, во текот на ноќта и утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m2), електрични празнења, силен ветер и појава на град. Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди во текот на ...
Во чест на празникот на светите рамноапостоли Константин и Елена, денес во општина Илинден свечено беше одбележан патрониот празник на храмот „Св. Константин и Елена“. По тој повод, беше отслужена света архиерејска литургија со која чиноначалствуваше Епископот Дељадровско-Илинденски г. Јоаким. На богослужбата присуствуваше и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, кој со своето присуство ја потврди поддршката на локалната ...
Вицегувернерката Ана Митреска учествуваше на конференцијата на „Џ. П. Морган“ во Виена, каде што говореше за економските изгледи на Северна Македонија, инфлацијата, финансиската стабилност и предизвиците со кои се соочуваат малите и отворени економии во услови на зголемена светска неизвесност. Осврнувајќи се на економските движења, Митреска посочи дека домашната економија покажува значителна отпорност, и покрај серијата светски шокови во ...
„Член на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, кој ја претепал својата сопруга, доби условна казна откако ја признал вината за стореното дело. Наместо затворска казна, насилникот доби уште една шанса од системот кој со години потфрла во заштитата на жртвите на семејно насилство“, велат од партијата Левица. „Мицкоски неодамна тврдеше дека овој случај бил „доказ дека системот функционира“. Ако ова е функционирање на системот, тогаш не ...
Посетата на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта е уште една потврда дека Европската Унија ја гледа Македонија како дел од европското семејство, но и потсетник дека напредокот зависи од исполнувањето на обврските што државата веќе ги има преземено, велат од ЛДП. Либерално-демократската партија смета дека крајно време е политичките партии да покажат одговорност и да понудат решенија, наместо да ја одржуваат блокадата на европскиот ...
Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, во периодот од 02 до 07 јуни 2026 година, како членка на Асоцијацијата на европски сообраќајни полиции – ROADPOL, заедно со уште 34 европски земји, учествува во спроведување на зајакнати акциски сообраќајни контроли. Акциските активности се насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои управуваат возила со две тркала, односно мопеди, мотоцикли и е-тротинети како едни ...
СДСМ со соопштение потврди дека е уапсен поранешниот градоначалник на Општина Карпош и поранешен директор на Царинската управа, Стефан Богоев. Од опозицијата велат дека премиерот, Христијан Мицкоски, со денови го најавувал неговото апсење и обвинија дека станува збор за политички прогон за дефокусирање на јавноста. „На денот кога претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта пристигна во Македонија, кој го потврди она што го говори СДСМ и ...
„Македонија не смее повеќе да води политика на потчинување и еднострани отстапки кон Бугарија, како што нудат СДС и Венко Филипче. Билатералните прашања мора да се решаваат врз основа на реципроцитет, меѓусебно почитување и исполнување на обврските од двете страни. Потребен е дијалог а Бугарија да ги исполни своите обврски, Македонија нема да прифаќа нови условувања“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Венко Филипче и СДС повторно ја промовираат истата ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против С.В.(55) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот, во својство на градоначалник на општина Свети Николе, во текот на 2021 година, пречекорувајќи ги границите на своите службени надлежности, постапил спротивно на одредбите од Законот за градење и ...
Општинската организација на СДСМ во Карпош изрази поддршка за поранешниот градоначалник и поранешен директор на Царинската управа, Стефан Богоев, кој според неофицијални информации е уапсен вчера во акција на финансиската полиција и обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. „Поддршка за нашиот другар Богац! Борба со опозиција не се прави на кукавички начин од страна на моќ! Денес со проектот на Стефан Богоев за покриениот ...
„Патувачкото кино“ вчера започна во Општина Центар. Паркот во Капиштец и просторот кај ООУ „Кочо Рацин“ вчера беа исполнети со деца и семејства кои уживаа во проекцијата на македонскиот детски филм „Мали промени – големи разлики“. „Навистина ми е драго кога гледам дека нашите паркови стануваат места каде децата се дружат, се смеат и создаваат убави спомени, а воедно преку филмот учат за добро однесување и вистинските вредности. Успеавме на ...
ЈП Комунална хигиена-Скопје им соопштува на своите корисници што имаат заостанат долг во евиденцијата на ЈП Водовод и канализација-Скопје, на заедничка сметка, по основ неплатени сметки за собирање и транспортирање на комунален отпад (тужен и редовен), дека заклучно со 05.06.2026 година завршува акцијата за отплата без пресметана камата за задоцнето плаќање. „Ги повикуваме корисниците во текот на преостанатите два дена да ја искористат ...
Изјавата на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, со која се поздравува напредокот на Република Македонија во спроведувањето на реформската агенда, особено во делот на реформата на јавната администрација, претставува значајно признание за посветената работа на Владата и Министерството за јавна администрација во изминатиот период, велат од Министерството. Од таму наведуваат дека фактот што реформата на јавната администрација била ...
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од ул. Боца Иванова, како и магацинот на ЕВН и објектот на автосервис Дон, општина Бутел; – во периодот од 10.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците Душко Поповиќ, Томе Пуре и Боца Иванова, општина Бутел; – во периодот од 12.00 до 14.00 часот, корисниците од улиците Александар Турунџиев и Рокомија, општина ...
По испаѓањето на Пелистер од Првата македонска фудбалска лига, незадоволството меѓу навивачите не стивнува. Во јавноста се појавија остри реакции и барања за целосна транспарентност и одговорност од сите структури кои учествувале во раководењето на клубот во изминатата сезона. ,,Чкембарите” посочуваат дека по неколкуте непреспиени ноќи и бројните дебати во градот околу причините за неуспехот, повеќе нема простор за молк и оправдувања. Тие ...
Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска го промовираше новото лого, односно новиот симбол на институцијата, кој беше усвоен од Колегиумот на републичкото обвинителство. „Логотипот е конструиран врз прецизна геометриска структура со цел да се обезбеди визуелна рамнотежа, стабилност и препознатливост во сите формати и апликации. Колорниот систем е составен од темно сина и златна боја. Темно сината ја симболизира довербата, ...
Марко Маринковиќ Слаткар објави дека филмот што ќе се снима за него ќе се реализира без парите што му ги додели Агенцијата за филм. Тој вели дека ниту барал, ниту него му се дадени пари. Појаснува дека поддршка добил документарен филм што преку неговиот живот зборува за многу повеќе од него. „Деновиве читам секакви коментари и вести. И повторно гледам колку лесно судиме, а половично знаеме или воопшто не знаеме. Сакам една работа да биде ...
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, директно му порача на Христијан Мицкоски дека уставните измени се единствениот начин за формално започнување на пристапните преговорите со ЕУ и ништо повеќе, велат од СДСМ. „Еве уште еден јасен доказ за она што СДСМ го повторува месеци наназад. Мицкоски повеќе не смее да им ги мачка очите на граѓаните. ЕУ нема никакви дополнителни услови, нема ниту дополнителни гаранции. Има само еден услов – ...
Нашата позиција е јасна. Остануваме цврсто определени кон европскиот пат. Не бараме привилегии. Не бараме олеснети правила. Не бараме нешто што не им припаѓа и на другите, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, на прес – конференција по средбата со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. „Бараме принципи и нормално кредибилен и предвидлив процес. Бараме процес во кој реформите, трудот, заслугите и исполнетите обврски ќе бидат ...
Премиерот, Христијан Мицкоски, го пречека претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. „Денеска остварив средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта на која разговаравме за европската перспектива на нашата држава, актуелните предизвици и можностите за продлабочување на соработката со Европската Унија. Во отворен и конструктивен разговор ја потврдивме заедничката заложба за унапредување на реформските процеси, зајакнување ...