Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Скопје, 16 август 2026 (МИА) - Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 16 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило. Од нив, 10 управувале возило под дејство на алкохол. -Возачи од Тетово, Кочани, Кичево, Прилеп и Португалија биле запрени и при извршениот алкотест кај нив било констатирано присуство на алкохол. Возач од Турција, кај кого биле измерени 1,98 ...
Скопје, 16 август 2026 (МИА) - Полицијата во Гостивар привела 45-годишен маж по пријава за физички напад врз неговата 35-годишна сопруга, а дополнително биле пријавени и други форми на насилство што, според пријавата, траеле подолг период. МВР соопшти дека денеска полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода И.Т. (45) од Гостивар. По пријавата за физички напад врз сопругата, кај него било измерено присуство на ...
Скопје, 16 август 2026 (МИА) – Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, минималните температури ќе се движат од 7 до 18 Целзиусови степени, а максималните од 28 до 36 Целзиусови степени. Во Скопје и околината слично време со температура од 15 до 35 Целзиусови степени. Во следните денови следува период на ...
Скопје, 16 август 2026 (МИА) - Ноќва околу 2 часот по полноќ избил пожар на отворен простор веднаш над последните куќи во Зелениково, кој благодарение на локалното население и нивната брза превентивна реакција, како и брзата реакција на градоначалникот на Општина Зелениково и пожарникарите спречена е катастрофа и огнот е сопрен на неколку метри од последните куќи, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. ...
Скопје, 16 август 2026 (МИА) - Еве, јас инсистирам да се објави извештајот, рече премиерот Христијан Мицкоски по обвинувањата од СДСМ да се објави јавно официјален извештај и анализа дека водата во Гостивар е безбедна за пиење. Во врска со кривичните пријави поднесени од опозицисиската партија против министерот за здравство и директорите на институтот и центарот за јавно здравје и на Здравствениот и санитарен инспекторат, и повикувањето на ...
Скопје, 16 август 2026 (МИА) - По грчката акција „Вардарис“, има истрага и определен е притвор за едно лице, осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана, соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија (ЈОРСМ). Како што соопштија од ЈОРСМ, предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава поднесена од Министерството за ...
Скопје, 16 август 2026 (МИА) - Обид за манипулација со јавноста е тврдењето на СДСМ дека а инспекциските надзори се користат за политички пресметки и разрешување на неподобни училишни директори. Структурата на Државниот просветен инспекторат е идентична како во времето кога тие управуваа со институцијата, но тогаш не ги спомнуваа имињата на истите инспектори кои денес се обидуваат да ги оцрнат, пишува во реакцијата на Министетството за ...
Скопје, 16 август 2026 (МИА) - Состојбата со пожарите на отворен простор во текот на вчерашниот ден беше навистина тешка, имавме 29 пожари. Од нив, 22 се целосно изгаснати благодарение на брзата реакција и силната пожртвуваност на локалните пожарникари, каде што се развиваа овие пожари. Еден е ставен под контрола, додека шест се активни во моментов, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, на видео објавено ...
Скопје, 16 август 2026 (МИА) - Повредено лице со скршеници на двете потколеници попладнево е спасено од непристапен терен над Мало Езеро на Пелистер. Лицето е извлечено и транспортирано до Инфоцентарот на Пелистер каде ќе биде преземено од екипа на Итната медицинска помош Битола и транспортирано до Клиничката болница во Битола за понатамошно лекување. Повикот за помош е примен на Единствениот број за итни повици 112 во 12:04 часот по што се ...
Скопје, 16 август 2026 (МИА) - Центарот за управување со кризи попладнево информира дека до 18 часот на ниво на државата се регистрирани 14 пожари на отворен простор од кои пет се активни, а три се под контрола. Активни се пожарите на потегот меѓу селата Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер во општина Студеничани, кај месноста викана Видуш во општина Македонски Брод, кај селото С’лп, м.в. Горно Село во Општина Велес, со проширување кон с. ...
Скопје, 16 август 2026 (МИА) - Центарот за управување со кризи информира за нов пожар над селото Вржале во околината на Скопје. Поради непристапниот терен утре наутро планирана е и воздушна интервенција, а екипи ќе останат на терен во текот на ноќта. - Поради непристапниот терен, кој не овозможува целосна локализација на пожарот со интервенција од земја, за утре наутро е планирана и воздушна интервенција, која ќе се реализира во зависност од ...
Скопје, 16 август 2026 (МИА) - Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција покрена истражна постапка против македонски државјанин кој заедно со тројца осомничени за кои се води постапка во Грција, организирал шверц на марихуана. На осомничениот му е одреден 30-дневен притвор. Лицата се откриени во рамки на меѓународната акција организирана во соработка со полициските служби во Грција и Косово. Во рамки на акцијата на 14 ...
Скопје, 16 август 2026 (МИА) – Премиерот Христијан Мицкоски најави засилена градежна активност, најавувајќи изградба на шест автопатски делници низ државата во претстојниот период. Рече дека во Македонија денес на повеќе од 1200 места се гради и оти за Владата тоа е многу значајано затоа што се ангажира домашната оператва, што е сериозен индикатор за подобра економска актовност, а воедно се решаваат и децениски проблеми и им се обезбедува ...
Скопје, 16 август 2026 (МИА) - Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ќе изврши увид во градежните активности од првата фаза од изградбата на фекална канализација во населеното место Идризово, Општина Гази Баба. Со проектот е предвидена изградба на нова мрежа за фекална канализација во должина од 1.478 метри. Вредноста на договорот изнесува 49.188.012 денари, а средствата се обезбедени од вториот јавен повик на Владата. аа/ ...
Скопје, 16 август 2026 (МИА) - Изјава за медиуми на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски по увид во градежните активности од првата фаза од изградбата на фекална канализација во населеното место Идризово, Општина Гази Баба. Со проектот е предвидена изградба на нова мрежа за фекална канализација во должина од 1.478 метри. Вредноста на договорот изнесува 49.188.012 денари, а средствата се обезбедени од вториот јавен повик на Владата. ...
Скопје, 16 август 2026 (МИА) – Инфлацијата во Македонија во јули годинава изнесува 2,3 проценти на годишно ниво, додека цените на мало во маркетите се зголемени за 1,8 проценти, што ја става земјата на второто место со најниска инфлација во регионот, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарски прашања по увид во градежни активности за изградба на фекална канализација во населеното место Идризово во општина Гази Баба, ...
Скопје, 16 август 2026 (МИА) - Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, придружуван од министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа и од градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска изврши увид во градежните активности од првата фаза од изградбата на фекална канализација во населеното место Идризово, Општина Гази Баба. Со проектот е предвидена изградба на нова мрежа за фекална канализација во ...
Скопје, 16 август 2026 (МИА) - Денес од одмор на јахтата на Заев во Грција, Венко Филипче смисли нова тема за ширење на хистерија, овој пат за селската чешма со кисела вода во Кривогаштани. Пуштија СДС со сериозно предупредување бидејќи самопрогласениот „микробиолог“ Венко констатирал со Заев, меѓу две капења, дека селската чешма во Кривогаштани е загадена. Експресно дознале дека е загадена селската чешма, иако претходно како министер за ...
Кратово/Кавадарци, 15.август 2026 (МИА) – Фудбалските прволигаши попладнево ќе одиграат два натпревара од третото коло. Прволигашки фудбал ќе се игра во Кратово и во Кавадарци. Дуелот во Кратово меѓу Силекс и Скопје е закажан за 16 часот, додека 30 минути подоцна е почетокот на дуелот меѓу Тиквеш и Шкендија Арачиново. Утре се игра дербито на колото во Струга меѓу Струга Трим Лум и Вардар почеток 16:30 часот, а од 19 часот е почетокот на ...
Торино, 15.август 2026 (МИА) – Хрватскиот репрезентативец Марсело Брозовиќ е пред враќање во европскиот фудбал односно во екипа од Серија А. Тој три сезони настапуваше за екипата на Ал Наср во Саудиска Арабија. За 33-годишниот фудбалер интерес во моментов има од Јувентус и соработка брзо би можела да биде договорена особено што повторно тренер би му бил Лучијано Спалети. Под негова „палка“ Брозовиќ успешно настапуваше во дресот на милански ...
Минеаполис, 15.август 2026 (МИА) – Во чест на Кевин Гарнет, НБА екипата Минесота Тимбервулвс ќе го повлече дресот со број 21. Гарнет е еден од најдобрите играчи на Минесота во нејзината историја, а уште некои од неговите клупски рекорди се актуелни. Свечениот чин ќе се случи на 28.февруари 2027 година кога во Минесота ќе гостува Бостон Селтик, вториот тим на Гарнет каде настапуваше од 2007 година. Притоа како дел на Бостон во 2008 година ја ...
Мадрид, 15. август 2026 (МИА) – Капитенот на Тотенхем, Кристијан Ромеро е нов член на Атлетико Мадрид. Со трансферот Атлетико доби квалитетно засилување, а Тотенхем 34,2 милиони фунти и дополнителни 15% од следниот трансфер на Аргентинецот. Ромеро потпиша петгодишен договор со мадридскиот клуб, претходно настапуваше во Аталанта. 28-годишниот фудбалер во последната сезона кога Тотенхем се бореше за опстанок во Премиер лигата доби два црвени ...
Бирмингем, 15. август 2026 (МИА) – По два златни медали за Шпанија и Италија на денешните трки во брзо одење на Европското првенство што се одржува во Бирмингем, а во женска конкуренција новите шампионки поставија и светски рекорди. Највредниот резултат го постигна Софија Фиорини од Италија, која до златниот медал во маратонот во брзо одење стигна со време на нов светски рекорд – 3:15.11 часа, пред Катерина Ждрибело од Полска и Ракел Гонзалез ...
Пјештани, 15. август 2026 (МИА) – Македонската кошаркарска судијка Ема Никочевиќ доби голема признение од ФИБА. Таа е номинирана да го суди денешниот финален натпревар на меѓу Белгија и Шведска на ФИБА Европското првенство за кадетки – дивизија Б. Ема Никочевиќ ќе биде дел од судиската тројка на овој натпревар, заедно со Сузана Вујичиќ од Црна Гора и Иван Илиев од Бугарија. Шампионатот се одржува во Пјештани, Словачка. За Никочевиќ ова ќе ...
Париз, 15.август 2026 (МИА) – Херојот на финалето на Мундијалот Феран Торес е новото засилување на европскиот првак ПСЖ откако го потпиша договорот до 2031 година. Тој во ПСЖ ќе настапува во дресот со број 9. - Среќен сум што почнувам нова авантура во амбициозен клуб како ПСЖ. Благодарност до претседателот Насер Ал-Келафи, Луис Кампос и до тренерот Луис Енрике што ми дадоа шанса да се приклучам на екипата, се надевам на освојување на што е ...
Грандтули, 15.август 2026 (МИА) – Македонскиот кајакар на диви води Благој Гугинов го освои деветтото место на Европското јуниорско првенство во Грандтули, Шкотска. Ова е еден од највредните резултати за македонски претставник на континенталниот шампионат. Младиот македонски репрезентативец најпрво обезбеди пласман за финалната трка со одличен настап во квалификациите, а потоа во финалната трка имаше уште едно забележително возење. Пласманот ...
Скопје, 15. август 2026 (МИА) – Македонската кадетска кошаркарска репрезентација со пораз од Бугарија (62-102) го заврши настапот на Европското првенство од дивизијата „Б“, кое во изминатите денови се одржува во Македонија. Во натпреварот за 13. место, Бугарија беше подобар противник и заслужено стигна до победата. Македонските кадети не успеаја да го повторат пристапот од претходните натпревари, па противникот постепено ја зголемуваше ...
Кратово/Кавадарци, 15.август 2026 (МИА) – Победи за Силекс и Шкендија Арачиново на денешните дуели од третото коло од Првата фудбалска лига. Силекс во вториот дел успеа да го „скрши“ отпорот на Скопје и славеше со 3:0, додека новиот прволигаш Шкендија Арачиново направи изненадување и го совлада Тиквеш на негов терен со 1:0. Во Кратово домашниот тим поведе во 48.минута преку Есмир Хасукиќ. На 2:0 во 60.минута зголеми Никола Богдановски од ...
Велес, 12 август 2026 (МИА) - Во паркот пред Општина Велес вечер во 20,30 часот е најавен музичко- сценскиот спектакл „Силно светнал ден“ посветен на 35 години независнот на Македонија. На сцената ќе настапат околу 80 уметници, меѓу кои дваесетина познати македонски пејачи, актери и танчари. Низ вечерта ќе води Игор Џамбазов, а режијата на музичко-сценскиот спектакл е на Дејан Пројковски. Настанот вечерва во Велес е дел од карванот кој во ...
Скопје, 12 август 2026 (МИА) – Од 20 до 27 август со мото „Само сонот е стварност“ ќе се одржува 17. Фестивал на креативен документарен филм „МакеДокс“. Во осумте фестивалски дена ќе бидат прикажани 71 филм - нови документарци, ќе има над сто гости од странство и обемна дополнителна програма со мастер-класови, работилници, панел-дискусии и дводневен МакеКоПроДокс форум за развој на проекти од регионот (25-27 август). Фестивалот годинава ќе ...