Крива Паланка, 1 март 2026 (МИА) - Во периодот што следува овде, во регионот на Крива Паланка и овој дел од Македонија ќе влезат неколку стотици милиони евра инвестиции, за проекти што ќе ја поврзат Македонија и Коридорот 8 со соседите, а Крива Паланка е влезна точка на Коридорот 8, рече денеска во Крива Паланка премиерот Христијан Мицкоски. Премиерот Мицкоски, кој заедно со вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски ...

Скопје, 1 март 2026 (МИА) - Обиколницата кај Крива Паланка, која беше реконструирана, денеска е свечено пуштена во присуство на владини претставници. Се работи за пат во должина од 4,5 метри и ширина од 7,5 метри со поставена хоризонтална и вертикална сигнализација. Со реконструкцијата опфатени се и двата моста. За вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, се работи за значајна патна инфраструктура која е дел од Коридорот 8 ...

Скопје, 28 февруари 2026 (МИА) - Полициски службеници на целата територија на државата, во текот на вчерашниот ден, лишиле од слобода 15 возачи, од кои шест за возење под дејство на алкохол, на територија на Делчево, Кичево, Гевгелија, гевгелиско и двајца во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи. -Исто така, пет лица се лишени од слобода затоа што управувале возило без возачка дозвола, на територија на Скопје, Градско, ...

Скопје, 28 февруари 2026 (МИА) - На 27/28.02.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Г.К.(31), С.Ј.(48) и Н.М.(31), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, пиштол и 13 куршуми. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци. На 27.02.2026 околу 06:10 часот во СВР Битола е пријавено дека на локален пат за с.Обедник, ...

Двајца играчи на КК Партизан „заглавени“ на аеродром во Дубаи Дубаи, 28.февруари 2026 (МИА) – Израел и САД денеска го нападнаа Иран, а тоа направи проблеми и за другите држави во регионот. Аеродромот во Дубаи е затворен, а откажан е и турнирот во јуниорската Евролига. Затворањето на аеродромот е хендикеп за КК Партизан откако двајца негови играчи Шејк Милтон и Дилан Осетковски останаа „заглавени“. Тие се безбедни и се бараат алтернативи за да ...

Скопје, 27 февруари 2026 (МИА) – Во Основниот кривичен суд – Скопје денеска продолжи судењето за предметот „Спортски ваучери“, во кој 12 лица се обвинети за злоупотреба на службена положба и несовесно работење поврзани со распределбата на средства од државната програма за поддршка на спортот. Меѓу обвинетите се поранешните директори на Агенција за млади и спорт, Дарко Каевски и Наумче Мојсовски, претседателот на Македонски олимписки комитет ...

Анталија, 28.февруари 2026 (МИА) - Младите македонски тенисери до 14 години се дел од учесниците на развојните шампионати што се играат во Анталија, Турција. Оваа година Македонија ќе ја претставуваат: Андреј Темов, Василиј Закоски кај момчињата и Деа Крстевска и Ведрана Танеска кај девојчињата. За време на престојот во Анталија ќе бидат одиграни два турнира, а мечевите на првиот стартуваат денеска. Од македонските тенисери во првото коло ...

Дортмунд, 28.февруари 2026 (МИА) – Елиминацијата на Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите донесе многу критики за тренерот Нико Ковач. Но, тоа се реакции од навивачите, додека управата на клубот е подготвена тренерот да остане до крајот на неговиот договор до летото 2027 година. Сепак има и нови моменти особено што три екипи од Премиер лигата го посакуваат Ковач за новата сезона. Станува збор за Манчестер Јунајтед, Челзи и Тотенхем. ...

Милано, 28. февруари 2026 (МИА) – Медиумите во Италија будно ги следат случувањата во тимот на Милан и актуелната ситуација со хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ. Клубот сака да ја активира клаузулата за продолжување на неговиот договор на уште една сезона. Сепак се чека одговор и на самиот играч. Како што пренесува „Газета дело спорт“ во клубот се надеваат на позитивен одговор, пред Модриќ да ги почне подготовките со Хрватска за ...

Абу Даби, 28.февруари 2026 (МИА) – Натпреварот од јуниорската Евролига меѓу Монако и Арис е прекинат поради бомбардирање на воените бази кои се наоѓаат во близина на салата. Ситуацијата на Блискиот исток станува исклучително напната по нападот на САД и Израел врз Иран, а сите други држави од тој регион се во состојба на готовност Во 12.минута натпреварот е прекинат откако судиите беа известени за бомбардирање на воените бази. Официјалните ...

Скопје, 28.февруари 2026 (МИА) – Македонскиот кошаркарски тим со победата над Луксембург ја продолжи серијата во претквалификациите за Евробаскет 2029. Повратник во репрезентацијата е Виктор Ефремовски, кој беше и изненадување за одбраната на противникот и набрзина постигна десет поени, а потоа со тројка го заокружи натпреварот со 13 поени. Немавме многу време за работа со селекторот, но тој паметно го искористи секој момент и резултатот што ...

Тел Авив, 28.февруари 2026 (МИА) – Ситуацијата на Блискиот исток директно ги погоди евролигашите од Тел Авив Макаби и Хапоел. Клубовите и претходно дел од натпреварите што следуваат ги презакажаа за нови-стари локации. Така Макаби се враќа како домаќин во Белград, а Хапоел во Софија. Управите на клубовите сега забрзано работат на евакуирање на играчите и тренерите поради тензиите меѓу Израел и Иран. Во Хапоел Тел Авив планираат комплетниот ...

Дубаи, 28.февруари 2026 (МИА) – Данил Медведев триумфираше на турнирот во Дубаи, откако неговиот противник Талон Грикспор се повлече од турнирот по повредата здобиена во полуфиналниот меч против Андреј Рублев. Инаку, ова беше првпат Медведев да освои титула во ист град. Тој претходно имаше освоено 22 титули во 22 различни града. Медведев по вчерашната победа против Феликс Оже-Алијасиме не се надеваше дека на овој начин ќе стигне до својата ...

Струга, 28.февруари 2026 (МИА) – Дерби дуелот од 20.коло од Првата фудбалска лига меѓу Струга и Вардар заврши без победник 1:1, а со освоениот бод Вардар остана на првата позиција со 52 бода, додека стружани ја продолжија серијата од четири натпревари без победа (два пораза и два нерешени). „Црвено-црните“ поведоа во 13.минута со голот на Хрватот Мислав Матиќ (трет гол во првенството), додека на 1:1 изедначи резервистот кај стружани Христијан ...

Кулм, 28.февруари 2026 (МИА) – Словенечкиот ски скокач Домен Превц победи на денешниот натпревар на леталницата во австриски Кулм и на тој начин го расипа славјето на домашните натпреварувачи, кои пак остварија пласман од второто до петтото место. Превц имаше летови со должини од 213,5 и 228,5 метри и освои вкупно 433 поени. Второто место му припадна на Стефан Ембахер, кој имаше само 1,1 поен помалку од победникот Превц, а третопласираниот ...

Ливерпул, 28.февруари 2026 (МИА) – На трите натпревари одиграни попладнево во рамки на 28.коло од Премиер лигата беа постигнати вкупно 19 голови или повеќе од шест по натпревар. На два дуела победија гостите, а единствената победа ја оствари првакот Ливерпул. На Енфилд „црвените“ го совладаа вест Хем со 5:2, а гостински победи остварија Евертон против Њукасл со 3:2 и Брентфорд против Барнли со 4:3, иако на овој натпревар домашните постигнаа ...

Барселона, 28.февруари 2026 (МИА) – Ситуацијата на Блискиот исток е исклучително тензична по нападот на Израел над Иран, а и земјите во регионот се во состојба на готовност. Во Абу Даби се играше турнирот за јуниори, кој Евролигата го откажа, откако најпрво натпреварот меѓу Монако и Арис беше прекинат од безбедносни причини. Салата каде што се играа натпреварите е во непосредна близина на воените бази, кои беа цели на бомбардирањето. ...

Барселона, 28.февруари 2026 (МИА) – Лидерот во шпанската Ла Лига Барселона во дербито на 26.коло го совлада Виљареал пред своите навивачи со 4:1. Најдобар поединец на дуелот беше Ламин Јамал кој постигна хет-трик. Со неговите два гола Барселона на полувреме водеше со 2:0, а головите беа постигнати во 28.та и 37.та минута. Гостите од Виљареал намалија на 2:1 со голот на Пепе Геје во 49.минута. Но, Барселона постигна уште два гола. Јамал по ...

Скопје, 28.февруари 2026 (МИА) – Ракометарите на Вардар со победа ги почнаа натпреварите од плеј офот откако вечерва во Автокоманда го совладаа Алкалоид со 33:32. Со новите два бода Вардар се зацврсти на првата позиција на табелата. Во поголемиот дел од првото полувреме Вардар имаше водство, иако на периоди и Алкалоид имаше водство. Сепак финишот на првиот дел мина во знакот на „црвено-црните“ кои од 14:15 направија серија од 4-1 за највисоки ...

Скопје, 27 февруари 2026 (МИА) - Монодрамата „Последниот час на Његош“, со актерот Слободан Маруновиќ, првенец на Црногорското народно позориште, вечер во 20 часот гостува на сцената во Македонскиот народен театар. По текст на Слободан Томовиќ и во режија на Благоја Ераковиќ, монодрамата во која ликот на Петар II Петровиќ Његош, ја игра Маруновиќ, досега е изведена повеќе од 1.500 пати на театарските сцени низ светот. Ги има добиено ...

Бранка Д. НАЈДОВСКА Неодамна, беше промовирана неговата нова збирка раскази „Егосурфер“, во издание на „Арс Либрис“, за која ќе рече: „Во моето творештво многу сакам да користам научна фантастика, киберпанк и магичен реализам. За мене нема ништо позабавно од мешањето на реалниот живот и документарноста и да ги раскажувам преку фантастиката. Егосурфер е професија. Знам, звучи чудно. Но, во фантастиката, особено во киберпанкот, ништо не е чудно ...

Велес, 27.февруари 2026 (МИА) – Министерството за култура и туризам во рамки на годинашната програма за 2026 година за Националната установа „Стоби“ годинава издвои вкупен буџет 9.8 милиони денари, што е за една третина повеќе од лани кога беа издвоени 6.1 милиони денари. Како што информира за МИА директорката на установата, археологот д-р Силвана Блажевска, годинава во археолошкиот локалитет Стоби ќе се работи на конзервација и истражување ...

Ерусалим, 28 февруари 2026 (МИА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва изјави дека постојат многу знаци кои укажуваат дека иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи „веќе го нема“, но не ја потврди експлицитно неговата смрт. Нетанјаху рече дека станбениот комплекс на Хамнеи во Техеран бил уништен во израелски напад претходно денеска, пренесува „Тајмс оф Израел“. Тој кажа дека нападите ќе продолжат „олку долго колку што е ...

Вашингтон, 28 февруари 2026, (МИА) Доналд Трамп во објава на социјалните мрежи објави дека иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи е мртов, оценувајќи го како „еден од најзлобните луѓе во историјата“. Во статусот, Трамп наведува дека акцијата била спроведена со помош на американски разузнавачки служби и „високо софистицирани системи за следење“, во координација со Израел. Според него, покрај Хамнеи, биле убиени и други ирански лидери. ...

Берлин, 28 февруари 2026 (МИА) - Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и Израел извршија напади врз Иран, изјави денеска портпаролот на авиокомпанијата. Тој додаде дека компанијата ги суспендира и летовите до и од Дубаи денеска и утре. „Ер Франс“ исто така ги откажа летовите до и од Тел Авив и Бејрут што беа закажани за денеска. Според холандска новинска агенција, ...

Брисел, 28 февруари 2026 (МИА) - Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изјави дека најновите случувања на Блискиот Исток означуваат исклучителна опасност, бидејќи „иранскиот режим продолжува да го дестабилизира регионот преку своите ракетни и нуклеарни програми, како и поддршката на терористичките групи“. „ЕУ усвои строги санкции против Иран и поддржа дипломатски решенија, ...

Техеран, 28 февруари 2026 (МИА) – Земјите на Блискиот Исток и ширум светот изразуваат страв од регионален судир откако САД и Израел ги почнаа долгоочекуваните напади врз Иран. Русија ги повика своите граѓани да го напуштат Иран, при што поранешниот претседател Дмитриј Медведев рече дека разговорите со САД биле само „параван“. Европската Унија предупредува дека ситуацијата во регионот е „опасна“ и повика на заштита на цивилите во секој ...

Берлин, 28 февруари 2026 (МИА) - Вработените во јавниот превоз низ поголемиот дел од Германија денеска влегоа во втор ден од националните штрајкови, при што локалните автобуси, трамваи и метро услугите во голема мера се суспендирани во многу региони. Индустриската акција, започната од моќниот синдикат Верди вчера наутро, го доведе локалниот транспорт во повеќето федерални покраини до речиси застој. Дводневниот штрајк треба да продолжи во ...

Москва, 28 февруари 2026 (МИА) - Руската воздушна одбрана (ПВО) собори 97 украински дронови преку ноќ над седум руски региони и Црното Море, објави денеска руското Министерство за одбрана. Во соопштението се наведува дека 40 украински дронови се соборени над Крим, 22 над Брјанската област, 16 над Белгородската област и десет над Црното Море, објавија руските медиуми. Се нагласува дека четири украински дронови се соборени над Краснодарскиот ...

Париз, 28 февруари 2026 (МИА) – Францускиот претседател Емануел Макрон повика на итен состанок на Советот за безбедност на ОН по нападите на САД и Израел врз Иран и одмаздата на Техеран, велејќи дека ескалацијата „мора да престане“. „Франција повикува на итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации“, напиша Макрон на X. „Тековната ескалација е опасна за сите. Мора да престане“, додаде тој, предупредувајќи дека избувнување војна ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
0.51
75%
1028
weather icon

Белград

10ᴼ / 7ᴼ
1.54
64%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.03
75%
1027
weather icon

Софија

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
67%
1029
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
4.4
70%
1030
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 2ᴼ
0.0
75%
1027
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
3.13
65%
1027
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
62%
1026
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
62%
1026
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
2.57
70%
1031
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 7ᴼ
1.34
63%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
3.6
60%
1030
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Алуминиум

3.29

Платина

67998.83

Иридиум

229769.28

Сребро

2648.90

Калај

50.04

Паладиум

51794.85

Рутениум

45750.51

Родиум

368126.05

Кобалт

66.14

Злато

163613.54

Цинк

3.27

Бакар

11.75