Вашингтон, 15 август 2026 (МИА) – Најмалку пет лица се повредени, од кои едно е во критична состојба, во пукање што денеска се случи на Државниот универзитет во американската сојузна држава Вирџинија. Во соопштението на полицијата и универзитетските власти се наведува дека инцидентот, во кој учествувале повеќе лица, се случил ноќеска во 1:28 часот по локално време во близина на студентскиот станбен комплекс „Квад анекси“ (Quad Annexes). Сите ...

Вашингтон, 15 август 2026 (МИА) – Основачот на списанието „Плејбој“, Хју Хефнер, повеќепати го контактирал Федералното истражно биро (ФБИ) поради обвинувања за сексуални злосторства против финансиерот Џефри Епстин, но федералните власти не реагирале на неговите предупредувања, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на материјали од судска постапка. Според судските документи, Хефнер го контактирал ФБИ во 2005 година, откако манекенката на ...

Џакарта, 15 август 2026 (МИА) – Нов земјотрес со магнитуда од 6,9 степени денеска повторно го погоди индонезискиот остров Суматра, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS). Новиот силен потрес се случи само неколку часа откако оваа југоисточноазиска држава веќе беше погодена од друг разорен земјотрес во текот на денот. Епицентарот на новиот земјотрес бил во близина на градот Пематангсиантар, во индонезиската провинција Северна Суматра, ...

Техеран, 15 август 2026 (МИА) – Генералштабот на вооружените сили на Иран соопшти дека испратил писмо до Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) со барање да помогне во ослободувањето на тројца ирански пилоти кои, според тврдењата на Техеран, се задржани во Катар. Во писмото, кое го објави иранската полуофицијална новинска агенција Фарс, се наведува дека пилотите биле задржани откако нивните авиони биле соборени за време на воена мисија ...

Гдиња, 15 август 2026 (МИА) – Полскиот премиер Доналд Туск денеска во Гдиња, на парадата на воената морнарица - порача дека Полска не сака нови битки и сака да избегне војна, но нагласи дека тоа може да го направи само оној што е силен, подготвен, вистински независен и суверен. - Нашата армија, нашите вооружени сили, наскоро ќе бидат најголеми во Европа. Веќе денес можеме да кажеме дека создаваме сила што ќе одлучува за судбината на регионот, ...

Будимпешта, 14 август 2026 (МИА) – Унгарските власти подоцна денеска се очекува да започнат со контролирано потопување на два 80-метарски шлепа во реката Дунав за да го зголемат нивото на водата кај нуклеарната централа „Пакш“ и да го овозможат нејзиното ладење, соопшти унгарскиот премиер Петер Маѓар. Во моментов централата работи со околу 25 проценти од својот капацитет поради историската суша и рекордно нискиот водостој на Дунав, од каде ...

Мадрид, 15 август 2026 (МИА) - Земјотрес со интензитет од пет степени ја погоди пошироката област на Гранада во јужна Шпанија рано утрово, при што се оштетени згради, фасади, покриви и автомобили, но нема повредени, соопштија регионалните власти. Според Националниот географски институт (IGN), земјотресот е регистриран во 1:04 часот наутро, со епицентар на длабочина од два километри во Алхендин, во метрополитенската област Гранада, објави ...

Москва, 15 август 2026 (МИА) – Руските сили зазедоа 19 населени места во Днепропетровската и Запорошката област во југоисточна Украина во текот на летната офанзива - соопшти денеска руското Министерство за одбрана. Министерството се повика на извештајот на Пјотр Болгарев, командант на источната група руски сили, но не ги именуваше сите заземени населени места. Одделно, руската армија соопшти дека неодамна ја презела контролата врз местото ...

Киев, 15 август 2026 (МИА) – Украинската војска го погоди рускиот ракетен и вселенски центар во Самара, како и воен аеродром што служел како база за руските борбени авиони - изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. Toj преку платформата Телеграм додаде дека украинските сили извршиле успешен напад и врз руски нафтен објект во балтичкото пристаниште Уст-Луга, каде што е предизвикана материјална штета. Локалните власти во ...

Брисел, 15 август 2026 (МИА) – Европската Унија денеска испрати три хеликоптери и два авиона за гасење пожари во источниот дел на Белгија, откако земјата побара итна меѓународна помош за справување со најголемиот шумски пожар во својата историја - соопшти европската комесарка за управување со кризи, Хаџа Лахбиб. Пожарот во областа Високи Фени, најголемото заштитено природно подрачје во Белгија, беснее од вчера, а во неговото сузбивање се ...

Варшава, 15 август 2026 (МИА) – Огромна статуа на Богородица, за која се верува дека е највисока во Европа, денеска беше откриена во мало полско село, а нејзината изградба ја финансираа некои од најбогатите полски бизнисмени. Статуата е висока вкупно 55,6 метри и се наоѓа во местото Конотопје, во централна Полска, кое има помалку од 150 жители. Во вкупната височина е содржан и постаментот во форма на круна, кој сам за себе е висок 15 метри. ...

Варшава, 15 август 2026 (МИА) – На почетокот на големата годишна воена парада по повод Денот на армијата во Варшава, полскиот претседател Карол Навроцки порача дека, исто како и пред 106 години, заканата за Полска доаѓа од истата страна – од Русија, но нагласи дека денес земјата мора да победува во битките без да војува, што според него е можно само доколку никој друг освен Полска ги нема клучевите на нејзината безбедност. - Во текот на овие ...

Вадуц, 15 август 2026 (МИА) – Кнежевскиот двор на Лихтенштајн денеска, на националниот празник на земјата, соопшти дека воведува родова еднаквост при наследувањето на престолот. Отсега првороденото дете во монархиското семејство, без оглед дали е девојче или момче, ќе го има правото да биде престолонаследник. „Редоследот на наследување на престолот преминува од машко првородство кон апсолутно првородство. Тоа значи дека во иднина првороденото ...

Москва, 15 август 2026 (МИА) – Русија побара од Вашингтон и Анкара да објаснат дали постојат планови за префрлање на „значителен арсенал“ американско оружје и муниција од Турција во Украина, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека евентуалниот таков трансфер би предизвикал „сериозна штета на нашите билатерални односи со Вашингтон и Турција“. ...

Белград, 15 август 2026 (МИА) - Двоспратен автобус со српски регистерски таблички кој превезувал 84 патници излетал рано утрово од автопатот „Тракија“ во Бугарија и според досегашните информации на белградски медиуми, во инцидентот нема повредени. Автобусот на туристичката агенција Go2travelling, кој превезувал српски државјани на одмор во Кушадаси, излетал од патот во Бугарија, на околу 150 километри од Софија. Несреќата се случила околу пет ...

Атина, 15 август 2026 (МИА) Сања РИСТОВСКА – дописничка на МИА од Атина Празни улици, затворени продавници, но и голем број ресторани и кафулиња – атмосфера карактеристична за 15 август во Атина, со оглед на тоа што денешниот празник Успение на Пресвета Богородица, традиционално ја празни грчка метропола, а единствено, живост на градот му даваат туристите, додека целото внимание за прослава и одбележување на празникот е насочено кон островот ...

Атина, 15 август 2026 (МИА) – Во пожарот што во четвртокот го зафати поширокиот регион на Сивири на првиот крак на Халкидики, вкупната опожарена површина изнесува 248 хектари, според податоците од европската програма „Коперникус“, врз основа на снимката направена вчера во 18 часот, јави дописничката на МИА од Атина. Од зафатената површина, според информациите од Министерството за климатска криза и цивилна заштита на Грција, шумската површина ...

Анкара, 15 август 2026 (МИА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја претстави визијата на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) за следниот четврт век, во говорот по повод одбележувањето на 25-годишнината од основањето на партијата. Годишнината синоќа беше одбележана со голем митинг во паркот „Милет бахчеси“ во главниот град Анкара, на кој присуствуваа повеќе од 100.000 луѓе. Говорот на Ердоган во живо го пренесуваа ...

Женева, 12 август 2026 (МИА) - Невработеноста кај младите на возраст од 15 до 24 години се зголеми на 12,4 проценти во 2025 година, оставајќи 67 милиони луѓе невработени и 257 милиони целосно неактивни - и во образованието и во кариерата, се наведува во годишен извештај на Меѓународната организација на трудот. Глобалната невработеност кај младите се зголеми во 2025 година, бидејќи послабиот економски раст, геополитичките тензии и бавното ...

Скопје, 15 август 2026 (МИА) - Истиот ден кога ВМРО-ОКГ објави дека водата во Гостивар конечно може да се пие, Јавното комунално претпријатие „Бошава“ од Демир Капија објави дека водата во нивниот водовод не е безбедна ниту за пиење, ниту за готвење, соопшти СДСМ во утринското соопштение што МИА го пренесува интегрално. Мицкоски и Клековски повторно избегаа. Вчера во Гостивар организираа здравица и групна фотографија со чаши вода. Срамота. ...

Скопје, 15 август 2026 (МИА) - Пиењето вода од градска чешма во Гостивар пред камери, не било успех туку срам, порача денеска здружението на Венко Филипче. Венко и оние коишто ги праќа денес пред камери, ги потсетувам што е здравствен скандал претворен во театар. Потсетувам дека Венко јавно ЛАЖЕШЕ, си играше театар и како министер ЗЛОУПОТРЕБИ бебе, притоа внука, за ЛАЖНО да се сними дека ја вакцинира!, стои во објавата на Наум Стоилковски од ...

Скопје, 15 август 2026 Во Гостивар вчера видовме слика што ќе остане запаметена. Политичари и функционери држат здравица, пијат вода пред камери, велат „на здравје“ и дека е „многу вкусна“. А цел месец граѓаните пиеја вода загадена со фекалии. Цел град беше отруен, 5.000 луѓе беа заболени - истакна Маја Борозан од СДСМ, на прес конфрренција што МИА ја шренедува интегрално. Прво најавуваа дека резултатите ќе бидат готови дури на 20 август. ...

Скопје, 15 август 2026 СДС и раководството на партијата поставено од Зоран Заев освен што постојано сведочиме како шират лаги, паника меѓу граѓаните, веќе покажуваат и целосна дезориентираност. Така закажуваат, па презакажуваат, па откажуваат настани. Претседателот Венко Филипче кој е заедно со Заев на Егејот, најдобро да се врати час поскоро затоа што почнаа да се покажуваат првите симптоми кога ќе те удри сонце во глава, а тоа е ...

Скопје, 15 август 2026 Владата на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да го унапредува социјалниот дијалог и да создава услови за повисоки примања преку институционални решенија и колективно договарање. За првпат се постигна договор со синдикатите УПОЗ и САДО за повисоки плати на административните службеници, а кон договорот се приклучија и други синдикални организации. Со тоа за првпат по долг период се обезбедува системско подобрување на статусот на ...

Скопје, 15 август 2026 (МИА) - Две години Министерството за култура и туризам нема буџет за поддршка на преводи на македонски книги на странски јазици. Конкурсот преку кој странски издавачи добиваа средства за превод и објавување дела од македонски автори постоеше од 2014 до 2024 година. Оттогаш па наваму - ништо, наведува политичката партија Левица во соопштение кое МИА го пренесува интегрално. За мала книжевна сцена со ограничен јазичен ...

15 август 2026 Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на отворање нова спортска сала во ООУ „Круме Кепески“ во општина Кисела Вода. (11:00, предвидена е изјава за медиуми по завршување на настанот) Претор - „Преспански авантури“ - инклузивна велосипедска тура за лица со и без попреченост, дел од проектот „Магијата на Преспа“. (8:30, изјави за медиуми се предвидени во 9:00 часот) Скопје - Промоција на книгата „Радосница за деца“ ...

Скопје, 15 август 2026 (МИА) - Кисела Вода е општина што има прилив на првачиња и тоа нè прави особено среќни, истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска, која заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денеска присуствуваше на отворање нова спортска сала во училиште во Припор. Новата спортска сала е со вкупна површина од 460 квадратни метри, а вредноста на проектот изнесува ...

Валандово, 15 август 2026 (МИА) - Општина Валандово викендов ја реализира последната фаза од реконструкција на регионалниот пат Р1105, на делницата Удово - Јосифово. Како што информираат општинските власти, градежната механизација интензивно работи на еден од најоштетените делови од оваа значајна сообраќајница. - Со завршувањето на работите, оваа делница добива значително подобри услови за одвивање на сообраќајот, со што се зголемува ...

Пустец, 15 август 2026 (МИА) - Под мотото „По стапките на Спасе“ во музејот, што го носи неговото име, во селото Глобочони, општина Пустец одржана е литературна вечер посветена на животот, делото и наследството на големиот писател Стерјо Спасе. - Ова е посебна литературна и културна вечер во Глобочани, посветена на 112-годишнината од раѓањето на нашиот Стерјо Спасе, голем Македонец, еден од најзначајните претставници на албанската литература ...

Пустец, 15 август 2026 (МИА) - Во родното село Глобочани, Општина Пустец, денекса беше одбележана 112-годишнината од раѓањето на истакнатиот писател со македонско потекло Стерјо Спасе. По тој повод, делегација на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) положи цвеќе пред неговата биста и оддаде почит на неговиот живот и книжевно дело. -Стерјо Спасе (1914–1989), роден во Глобочани, Општина Пустец, а починат во Тирана, е еден од ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1028
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
0.51
68%
1029
weather icon

Софија

6ᴼ / -1ᴼ
1.54
54%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.69
93%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
84%
1029
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
66%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
74%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
76%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.13
64%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 1ᴼ
0.45
74%
1030
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
3.6
66%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Родиум

295786.87