Никозија, 2 март 2026 (МИА) – Две беспилотни летала што се движеа во правец на британските бази во Акротири беа навремено спречени, информираше преку Икс портпаролот на кипарската Влада, Константинос Летибиотис, додека пак претходно, поради сомнителен дрон, евакуиран беше аеродромот во градот Пафос, што се наоѓа на околу 50-60 километри од британските бази, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за внатрешни работи на Кипар ...

Штип, 2 март 2026 (МИА) – Во дворот на спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип почна уредувањето на над 50 нови паркинг места. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека проектот се реализира за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот на населбата Сењак. Градежната механизација денеска работеше на рамнење и подготовка на просторот, а утре ќе се пристапи кон негово асфалтирање. Целта е ...

Скопје, 2 март 2026 (МИА) - Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денеска изврши увид во градежните активности за изградба на нов паркинг простор лоциран на улицата „Димо Хаџи Димов“. Новиот паркинг ќе располага со капацитет од 21 паркинг место, со вкупна површина од 326 квадратни метри. Покрај паркингот, се изведува и атмосферски приклучок со што ќе се спречи задржувањето на водата при врнежи, а ќе биде поставено и ЛЕД осветлување за ...

Куманово, 2 март 2026 (МИА) - Почна отстранувањето на дел од бараките на локалитет „Табакана“ во Куманово. Дел од малкуте сопственици одлучиле самите да ги отстранат, соопштија денеска од секторот за инспекциски надзор од општина Куманово. -Како што ги идентификуваме сопствениците на времените објекти на локалитет „Табакана“, така ги издаваме записниците за нивно отстранување. Дел од нив самите одлучија да си преземат мерки, а во иднина кои ...

Струмица, 2 март 2026 (МИА) - Радовишанецот С.М.(36) вчера е уапсен од полицијата откако при контрола било утврдено дека управува автомобил без возачка дозвола и под дејство на алкохол, соопштија денеска од СВР Струмица. Имено, вчера во 12:55 часот во Радовиш при контрола на патниот сообраќај полициски службеници констатирале дека С.М. управувал патничко возило „фолксфаген“ со радовишки регистарски ознаки без да поседува возачка дозвола. ...

Скопје, 2 март 2026 (МИА) - Полицијата денеска информира за два случаи на насилтво врз жени. Дваесетитригодишна девојка подолг период била следена од поранешниот партнер, кој и упатувал и закани, а на 35 годишна жена од скопско мажот и нанел тешки телесни повреди. Синоќа во 20:50 часот во СВР Скопје, 23-годишна девојка од Скопје пријавила дека во периодот од октомври 2025 година до вчера била вознемирувана и следена на различни локации од ...

Скопје, 2 март 2026 (МИА) - Истрагата против дваесет и петгодишен жител на село Малотино од општина Старо Нагоричане, осомничен за убиство на седумдесет и осумгодишна жителка на село Челопек се проширува за уште едно убиство, изјави обвинителот Љубомир Лапе. -Се спроведува истражна постапка против истото лице, со што фактички се проширува истрагата за уште едно кривично дело – убиство. Согласно Кривичниот законик, тоа претставува кривично ...

Скопје, 2 март 2026 (МИА) - Здружение на судиите на Република Северна Македонија (ЗСРСМ) информира дека до Уставниот суд на РСМ поднело дополнување на иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на измените на Законот за платите на судиите, со кое бара поништување/укинување на неуставно донесените незаконски измени на Законот, со кои платите на судиите остануваат замрзнати. Судиите исто така нагласуваат дека дополнителен проблем ...

Скопје, 2 март 2026 (МИА) - Двете комори во резервоарот Бојане ќе се чистат и дезинфицираат од утре до 6 март, во периодот од 8 до 13 часот. ЈП „Водовод и канализација“-Скопје соопшти дека е можно да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во селото Бојане во општина Сарај. хс/вј/ Фото: МИА архива Скопје, 2 март 2026 (МИА) - Двете комори во резервоарот Бојане ќе се чистат и дезинфицираат од утре до 6 март, во периодот ...

Скопје, 2 март 2026 (МИА) - Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Промена на временските услови се очекува во четврток, кога ќе има повремени локални врнежи од дожд, особено во попладневните часови и во текот на ноќта. дма/вј/ Фото: МИА архива Скопје, 2 ...

Скопје, 2 март 2026 (МИА) - Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во рамките на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“, денеска четврти пат ги доделија новинарските награди за 2025 година на тема „Справување со загадувањето на воздухот во РС Македонија“. Првата награда ја доби и Михаил Милошевски од „360 степени“, на тема „Уште пет града дознаа што им го загадува воздухот ...

Скопје, 2 март 2026 (МИА) - Минималната плата ќе се зголеми за 1.667 денари во нето-износ во согласност со законското усогласување што се прави во март. Тоа значи дека работниците во април ќе земат зголемена минимална плата за овој износ или поточно 26.046 денари во нето-износ. Според министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, направено е зголемување на минималната плата во согласност со законски утврдените критериуми во Законот за ...

Скопје, 2 март 2026 (МИА) - Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески за МИА вели дека по конфликтот на Блискиот Исток и очекувањата за влијание и на македонската економија, нема потреба од паника и оти ќе следуваат мерки за што помал удар од зголемувањето на цената на енергенстте во формулирањето на цените на другите производи. Ристески во интервју за МИА денеска истакна дека Министерството за економија и труд и Владата будно ја ...

Скопје, 2 март 2026 (МИА) - Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, ја напушти денешната седница на Економско-социјалниот совет, што се одржа во Владата, поради, како што обајви на својот фејсбук-профил, незадоволството од износот на усогласувањето на минималанта плата. - Денеска, на мала врата се обидоа да утврдат усогласување на минималната плата за речиси 1.600 денари, во што ССМ нема мандат да ...

Скопје, 2 март 2026 (МИА) - Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска се сретна со амбасадорот на Република Чешка во земјата, Јарослав Лудва. На средбата беа потврдени одличната билатерална соработка и пријателските односи меѓу двете земји, со акцент на можностите за нивно понатамошно продлабочување. Министерот Хоџа, информираат од неговиот Кабинет, изрази благодарност за континуираната поддршка што Чешката ...

Атина, 2 март 2026 (МИА) - Портпаролот на грчката влада, Павлос Маринакис, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина на денешниот редовен брифинг со новинарите, не ги потврди информациите на грчкиот весник „Катимерини“ дека во кабинетот на Мицотакис „постои едно интересно размислување премиерот во следниот период да го посети Скопје“ по повод договорот за одново активирање на продуктоводот Солун - Скопје. - Не знам за таква ...

Бања Лука, 2 март 2026 (МИА) – Македонските карате репрезентативци, членови на клубот Макпетрол освоија четири медали на Балканскиот шампионат за сениори/ки кој се одржа во Бања Лука, Босна и Херцеговина. Четирите одличја се бронзени, две се од поединечните настапи, и два медала освоија девојките во екипниот дел за тимот во борби екипна конкуренција. Носители на медали се: Јована Мицовска-61 кг; Викторија Јовановска-61 кг бронзен медал; ...

Берлин, 2 март 2026 (МИА) - Германија нема да учествува во американско-израелските напади врз Иран, изјави денеска шефот на германската дипломатија, Јохан Вадефул. - За разлика од Велика Британија, која им дозволи на САД да ги користат британските бази во регионот за уништување на иранските ракети и местата за лансирање ракети, Германија нема такви бази околу Иран. Ние исто така ги немаме потребните воени ресурси - посочи Вадефул додавајќи ...

Атина, 2 март 2026 (МИА) - Во Република Кипар веднаш се испраќа фрегатата „Кимон“ заедно со втора грчка фрегата со напреден антидрон-систем, како и чифт воени борбени авиони „Ф-16“, соопшти министерот за национална одбрана на Грција, Никос Дендијас, јави дописничката на МИА од Атина. Дендијас рече дека грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис имал телефонски разговор со кипарскиот претседател Никос Христодулидис, а лично тој во последните два дена ...

Тирана, 2 март 2026 (МИА) – Албанскиот премиер Еди Рама, на денешната средба со шефот на државата Бајрам Бегај, му ги врачи предлозите за промените во владиниот кабинет, за кои Бегај има рок од седум дена да потпише укази, посебно, за секој предлог, за разрешувањето и именувањето. Во четврток, Рама ја соопшти првата реконструкција, откако владата „Рама 4“ беше избрана во септември минатата година, по мајските избори. Со истата досегашното ...

Велес, 2 март 2026 (МИА) - Општина Градско успешно ја заврши постапката за оформување на нови парцели со намена Д 4.3 – гробишта (КП 352 и КП 533 КО Градско), кои се наоѓаат во непосредна близина на постојните гробишта. Како што информира градоначалникот Киро Нацков, со ова, урбанистичката документација и експропријацијата се целосно комплетирани, а земјиштето е откупено од страна на Општината. Тој потенцира дека со тоа се создаваат услови за ...

Куманово, 2 март 2026 (МИА) - Насадени се над 130 садници долж булеварот „Трета МУБ“ во Куманово, информираше денеска градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски. Садниците се садат во рамки на проектот „Урбано раззеленување за поздраво дишење“, кој се имплементира преку Центарот за развој на Североисточниот плански регион во партнерство помеѓу општините Куманово и Ќустендил. -Како дел од проектот, исто така поставена е и урбана ...

Куманово, 2 март 2026 (МИА) - Опожарен е полициски автомобил во општина Старо Нагоричане, соопшти денеска СВР Куманово. Вчера во 18:20 часот во кумановската полиција било пријавено дека на паркинг простор во село Младо Нагоричане настанал пожар во патничко моторно возило „цитроен“, сопственост на МВР. -Според пријавеното, пожарот настанал веднаш откако полициските службеници го паркирале возилото. Пожарот бил изгаснат од полициските ...

4 дена - МИА - +9

Скопје, 2 март 2026 (МИА) - На 01/02.03.2026 во Скопје, на различни локациии, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода П.М.(31), А.М.(23) и 17-годишник, сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста и марихуана. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци. СВР Битола поднесе кривична пријава против Е.Е.(42) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено ...

Скопје, 2 март 2026 (МИА) - Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизел горивата останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,13 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС - 95 е 74,5 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС - 98 ...

Скопје, 2 март 2026 (МИА) - Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објави јавен оглас за пријавување интерес од страна на правни субјекти што вршат трговија со високоефикасни инвертер-клима уреди, со што почнува практичната реализација на програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија. Како што инфомрираат од Министерството, основната цел на јавниот повик е обезбедување директна поддршка за домаќинствата што ...

Хаг, 2 март 2026 (МИА) – Цената на гасот во Европа денеска се зголеми за 20 проценти поради американско-израелскиот напад врз Иран и нарушувањето на транзитот преку Ормутски Теснец. На холандската дигитална берза ТТФ еден мегават-час гас за испорака во април изнесуваше утрово се тргуваше за 39,84 евра и беше за 24,6 отсто поскап отколку на затворањето на тргувањето на крајот од минатата недела. Тоа е највисока цена за гасот од 14 февруари ...

Скопје, 2 март 2026 СДС, Филипче и Заев се истурени играчи на руската политика во Македонија. Доказ за тоа е скандалот со доделувањето државјанство на рускиот државјанин Онишченко, човек кој е осуден на затворска казна од 15 години за перење пари и корупција во Украина, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Да ја потсетиме јавноста дека ...

Скопје, 2 март 2026 Над 30 дена, повеќе од еден месец, нема одговори за најголемиот нарко скандал во регионот со заплена на 5 тони дрога од Македонија во соседна Србија. Како 5 тони дрога поминале граница? И кој од врвот на власта ќе одговара? Од сите информации кои досега се достапни јасно е дека станува збор за високо организирана криминална група која не можела да функционира без поддршка од лица на највисоки позииции во власта, се вели во ...

Пробиштип, 2 март 2026 (МИА) -Во Општина Пробиштип по 12 пат ќе се одржи манифестацијата „Зелникот на баба“. Раде Илиевски вработен во општина Пробиштип вели дека и годинава се очекува богата културно-уметничка програма, а гости ќе има од целата држава, Србија и од Бугарија. Mанифестацијата е предвидена за 21 март, сабота, а како што вели Илиевски собраните средства од продажбата на зелниците ќе бидат наменети за хуманитарни цели. -И годинава ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
81%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 1ᴼ
0.51
70%
1026
weather icon

Загреб

10ᴼ / 5ᴼ
1.03
66%
1026
weather icon

Софија

7ᴼ / 1ᴼ
3.09
61%
1027
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
2.98
82%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.27
68%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.06
62%
1025
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
81%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
61%
1026
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 2ᴼ
1.03
65%
1030
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 1ᴼ
0.45
59%
1027
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 5ᴼ
2.06
60%
1028
Currency

61.6317

Currency

53.0924

Currency

70.9022

Currency

37.2414

Currency

38.8546

Currency

68.0063

Currency

7.69735

Currency

0.67482

Currency

0.33707

Currency

0.52497

Currency

1.20575

Currency

0.57843

Родиум

368126.05

Бакар

11.75

Платина

67998.83

Злато

163613.54

Алуминиум

3.29

Кобалт

66.14

Сребро

2648.90

Иридиум

229769.28

Калај

50.04

Паладиум

51794.85

Цинк

3.27

Рутениум

45750.51