Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Скопје, 17 август 2026 Инвестициониот циклус во Македонија продолжува. Покрај компаниите кои веќе работат и создаваат нова вредност, во периодот што следи ќе се реализираат нови значајни инвестиции, а паралелно Владата води преговори со нови компании кои имаат интерес да инвестираат во нашата земја - истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Велјановски на денешната прес-конференција, што МИА ја пренесува интегрално. Целта е да привлечеме ...
Дебар, 17 август 2026 (МИА) - Весникот "Македониум“ продолжува да ги објавува историските архивски материјали кои сведочат за животот, истрајноста и историјата на Македонците во Албанија. По објавата за посетата на митрополит Петар на Мала Преспа во 1991 година, веднаш по падот на комунистичкиот режим, во чиј период религијата беше забранетаи, весникот објави за историската погранична средба на Македонците од Албанија и од Македонија во ...
Скопје, 17 август 2026 (МИА) - Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска и потпретседателката на Здружението посветено на пациенти со рак и нивни негователи „ХЕМА-ОНКО“, Милица Кузманоска, денеска потпишаа Меморандум за стратешка соработка, во насока на унапредување на здравствената и социјалната заштита на локално ниво. Како што информираат од Општина Кисела Вода, овој значаен документ, како примарна цел има ...
Лос Анџелес, 17 август 2026 (МИА) - Американската глумица Хејден Панетиер, можеби најпозната по телевизиските серии „Херои“ и „Нешвил“, како и два филма од серијалот „Врисок“, почина на 36-годишна возраст. Нејзиното семејство ја потврди тажната вест. Не е објавена причина за смртта, а надлежните ги истражуваат околностите. - Со длабока тага ја споделуваме трагичната смрт на нашата сакана Хајден. Таа беше неверојатна светлина и сила на ...
Лос Анџелес, 17 август 2026 (МИА) - Судењето на Дуејн „Кифи Ди“ Дејвис, обвинет за осмислување и организирање на убиството на раперот Тупак Шакур во 1996 година, почнува денеска во Лас Вегас. Дејвис (63) е обвинет за убиство со смртоносно оружје со намера за поттикнување, напредување или помагање на криминална банда. Обвинителите не велат дека тој бил стрелецот, туку дека го организирал нападот како одмазда за тоа што Тупак и неговата ...
Мадрид, 17 август 2026 (МИА) - Реал Мадрид е заинтересиран да го потпише играчот од средниот ред на Арсенал, Мартин Зубименди, објавува „TEAMtalk“. Тренер на Реаал, Жозе Мурињо, го одобрил трансферот на 27-годишниот Шпанец. При тоа, Зубименди се плаши дека нема да добие доволно време за играње во сезоната 2026/27 откако Арсенал потпиша нови играчи, па се согласува да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“. Прелиминарните разговори со околината на ...
17 август 2026 Семос Едукација започна стратешка соработка со Гересхајмер, дел од глобалната германска групација специјализирана за производство на медицински производи од стакло и пластика, со цел воведување на вештачка интелигенција (AI) во деловните процеси на компанијата. Партнерството е насочено кон идентификување на можностите за автоматизација, оптимизација на работењето и развој на дигиталните компетенции на вработените, како клучни ...
Торино, 17 август 2026 (МИА) - Јувентус е заинтересиран да го потпише голманот на Тотенхем, Гуљелмо Викарио, на позајмица, објави инсајдерот Фабрицио Романо. Според Романо, личните услови на 29-годишниот Италијанец веќе се договорени. Јувентус ќе понуди позајмица со опција за откуп, наместо задолжителен откуп. Преговорите меѓу клубовите ќе продолжат во текот на денешниот ден. Викарио е во Тотенхем од јули 2023 година, а неговиот договор е до ...
Скопје, 17 август 2026 (МИА) - Општина Центар и во учебната 2026/2027 година продолжува со обезбедување бесплатни училишни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение во осумте општински основни училишта. Мерката, воведена минатата година, има цел да ги намали социјалните разлики меѓу учениците и да создаде училишна средина во која секое дете ќе се чувствува еднакво и прифатено. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ...
Скопје, 17 август 2026 (МИА) - Полициски службеници вчера уапсиле битолчанец за предизвикување пожар. -Вчера во 15:40 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија до слобода Б.С.(67) од Битола. Тој се сомничи дека околу 12:35 часот предизвикал пожар на ул.„4 Ноември“ во Битола, при што била зафатена сува трева и дрвени палети во неговото поранешно стовариште - соопшти Министерството за внатрешни работи. Од МВР посочуваат дека пожарот ...
Лондон, 17 август 2026 (МИА) – Тренерот на Арсенал, Микел Артета, се залага за зголемување на бројот на играчи во ростерот. Фудбалерите на Арсенал, Габриел Мартинели, Итан Нванери и Габриел Жесус, не беа вклучени во составот за победата над Манчестер сити (3:0) во Комјунити Шилд. - Се обидувам да ја убедам Премиер лигата и клубовите да го зголемат бројот на играчи во составот, бидејќи играме сè повеќе натпревари, а обемот на работа е ...
Скопје, 17 август 2026 (МИА) - Пет недели проблеми со водата. Две недели епидемија на западнонилска треска. А прскањето против комарци во Скопје почнува дури утре. Сè се чека, со денови, се доцни. Ништо не се прави навреме за да се спречат проблемите со кои се соочуваат граѓаните, пишува во соопштението на СДСМ, кое МИА го пренесува интегрално. Кај водата во Гостивар се знаеше денови однапред дека е затруена - никој не реагираше. Граѓаните со ...
Ленс, 17 август 2026 (МИА) – Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, се осврна на поразот од Ленс со 1:0 синоќа во францускиот Суперкуп. - Мислам дека заслуживме повеќе. Но, морам да им честитам на Ленс - тие победија и играа многу добро, со нивниот вообичаен интензитет... Одигравме многу добар натпревар, но ни недостасуваше среќа, рече шпанскиот тренер на прес-конференцијата по натпреварот. Ленс го освои Францускиот Суперкуп за прв пат во клупската ...
Вашингтон, 17 август 2026 (МИА) – Екипите на Вашингтон и на Сакраменто му понудија договор на плејмејкерот Расел Вестбрук пред кошаркарот да одлучи да се пензионира. Според инсајдер Марк Штајн, Вашингтон визардс му понудија на 37-годишниот Американец двегодишен договор, но тој не се согласи со условите и предложената улога. Вестбрук беше избран како четврти пик НБА-драфтот во 2008 година. Тој играше за Оклахома Сити до 2019 година. Беше ...
Скопје, 17 август 2026 (МИА) - „Скопје повикува!“ (Skopje is calling!) - со елеганцијата на балетот, ритамот на македонската традиција и препознатливите пејзажи на главниот град, објавено е промотивното видео за „ИДО Европското првенство 2026“ (IDO European Championship 2026) во класичен балет, џез, модерен и современ танц. Од 21. до 29 септември 2026 година, Скопје ќе биде домаќин на едно од најпрестижните танцови настани во Европа. Повеќе ...
Москва/Киев, 17 август 2026 (МИА) - Најмалку шест лица загинаа, а четири се повредени во украински ракетни напади врз руската Белгородска област, додека во руските напади врз Украина загинаа најмалку седум лица, а повеќе од 39 се повредени. Вршителот на должноста гувернер на Белгородската област, Александар Шуваев, утринава на „Телеграм“ напиша дека меѓу повредените е и 14-годишно дете, пренесе „Би-Би-Си“. Шуваев наведе и дека во новите ...
Атина, 17 август 2026 (МИА) - Со претседателските декрети од 15 август Турција прогласи два „национални морски парка“ во североисточниот дел на Егејското Море и во источен Медитеран, кои се протегаат надвор од турските територијални води. Доколку овие паркови опфаќаат меѓународни води, нивното воспоставување е нелегално бидејќи нитедна држава нема право, во согласност со меѓународното право на морето, еднострано да воспоставува морски ...
Скопје, 17 август 2026 По враќањето на Христијан Мицкоски од „научната екскурзија“, речникот на ВМРО-ОКГ стана уште поарогантен. Сега ја исмејуваат грижата за здравјето на граѓаните. СДСМ деновиве постојано предупредува за загадена вода низ Македонија, токму затоа што власта на Мицкоски и неговата организирана криминална група ги крие податоците. Поради таа тајност еден цел град од 50.000 жители беше изложен на труење - над 5.000 луѓе побараа ...
Скопје, 17 август 2026 СДС никако да сопре со ширењето хистерија, страв и паника меѓу граѓаните. Ќе заврши со една тема, ќе почни со друга. Ќе заврши со водата за пиење во едно населено место, ќе се префрли во други. Па така, СДС почна со Гостивар, со неуспешниот обид за ширење дезинформации за квалитетот на водата, за што експресно беа демантирани, се префрли во Скопје, за на крај да заврши на селската чешма со кисела вода во Кривогаштани, ...
Скопје, 17 август 2026 Христијан Мицкоски повторно прибегнува кон политичка математика. Јулската инфлација од 2,3 % ја претставува како голем успех, споредувајќи ја со 2022 година - годината на најголемата светска криза, кога инфлацијата на трошоците на живот беше 16 %, а индексот на цените на мало околу 14 %, се наведува во соопштението на СДСМ што МИА го пренесува интегрално. 2022 година, година на светска криза - постковид периодот и ...
Скопје, 17 август 2026 Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реализација на политики кои создаваат услови за нови инвестиции, развој на производството и отворање добро платени работни места. Резултатите од економските политики веќе се видливи преку новите фабрики кои започнуваат со работа, но и преку компаниите кои веќе се присутни во земјава и ги прошируваат своите производствени капацитети, се наведува во денешното соопштение на ...
Скопје, 17 август 2026 (МИА) - На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена Младина, Марија Ванчева, посочи дека ДПМНЕ три години не го почитува законското право на студентите на усогласување на субвенционираниот студентски оброк со инфлацијата, со што студентите се оштетени за околу 6,5 милиони евра, наведува политичката партија Левица во соопштение кое МИА го пренесува интегрално. -Доказ за тоа дека ДПМНЕ не се грижи за ...
Манчестер, 17 август 2026 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Родри, доби дозвола денес да отпатува во Барселона за да го комплетира својот трансфер во каталонскиот клуб, објави инсајдерот Фабрицио Романо. Барселона закажала медицински прегледи за 30-годишниот Шпанец, кој треба да потпише четиригодишен договор оваа недела со важност до јуни 2030 година. Се очекува договорот да биде вреден 60 милиони евра во фиксни хонорари и ...
Охрид, 17 август 2026 (МИА) - Фестивалот „Охридско лето“ вечерва нуди две музички содржини – завршен концерт на Интернационалниот семинар за виолина, виола и камерна музика и настап на Младинскиот оркестар на Западен Балкан. На завршниот концерт ќе се претстават најуспешните учесници на Интернационалниот семинар за виолина, виола и камерна музика, кој од 2014 година се одржува во Охрид под уметничко раководство на виолинистот Емилио Перцан и ...
Франкфурт, 17 август 2026 (МИА) - Европската Унија наесен планира значително проширување на санкциите против Русија, при што бројот на санкционирани руски физички и правни лица би можел да се зголеми за една третина, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Каја Калас. „Санкциите на ЕУ досега ја чинеле руската воена машинерија повеќе од трилион евра, а наесен предлагам најсеопфатен список на санкции од ...
Даблин, 17 август 2026 (МИА) - Пет тинејџери загинаа, а четири лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа во Ирска, откако автомобил се движел во спротивна насока на автопатот „М9“. Ирскиот полициски комесар, Џастин Кели, директниот судир на двата автомобили го опиша како „ужасен“, предупредувајќи дека „во некои случаи“ возила се движат во спротивна насока на автопатите само за снимките од таквите активности да собират „лајкови“ на ...
Скопје, 17 август 2026 (МИА) - Со изведување на наодите од градежното вештачење на објектот „Пулс“ и распит на вештите лица што го изработиле, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На претходното рочиште вештаците рекоа дека „Пулс“ нелегано бил пренаменет од индустриски објект во дискотека спротивно на урбанистичкиот план. Со ...
Ленс, 17 август 2026 (МИА) – Тренерот на Ленс, Дино Топмелер, им се обрати на своите играчи по победата над ПСЖ со 1:0 синоќа во Суперкупот на Франција. - Сега сите знаат што е Ленс. Не се плашиме од никого. Можеме да победиме секого овде на наш терен. Побарав од моите фудбалери само едно, да покажат видите дека се погладни за трофејот од противниците. Го видов тоа во целост, изјави за „Eurosport“ 45-годишниот германски тренер. Ленс го освои ...
Ленс, 17 август 2026 (МИА) – Екипата на Ленс го освои Суперкупот на Франција, откако синоќа на домашен терен го победи Пари Сен-Жермен со 1:0. Единствениот гол го постигна Флоријан Товен во 32. минута. ПСЖ играше со предност од еден играч речиси половина од натпреварот, кога дефанзивецот на Ленс, Килијан Антонио, доби црвен картон во 39. минута. Во финишот црвен картон доби и Нуно Мендеш од ПСЖ. Ленс го освои Суперкупот на Франција за прв пат ...
Скопје, 16 август 2026 (МИА) - Четири лица се приведени бидејќи вчера го нарушиле јавниот ред и мир во Кочани. Тие се степале на улицата „Теодосија Паунов“ во Кочани по што вечерта биле приведени. - Вчера (15.08.2026) во 19:15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани ги привеле Ж.В.(22), Ј.В.(19) и М.В.(47), сите од Кочани, како и И.А.(46) од село Баница, струмичко. Лицата биле приведени затоа што по претходна расправија на ...