Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Скопје, 17 август 2026 (МИА) – Македонскиот олимписки комитет (MOK) денес во просториите на СРЦ „Јане Сандански“ ја претстави делегацијата која ќе ја претставува Македонија на Медитеранските игри Таранто 2026. За подготовките, очекувањата и амбициите пред настапите говореа дел од спортистите, како и претседателот на МОК, Даниел Димевски. - Одиме максимално подготвени. МОК даде максимална логистичка поддршка. Тоа значи патувањето, ...
Ербил, 17 август 2026 (МИА) – Премиерот на автономниот регион Ирачки Курдистан, Масрур Барзани, соопшти дека изминатата ноќ неговиот кабинет бил мета на ирански напад со дронови. Во истиот напад, изведен на периферијата на градот Пирмам во провинцијата Ербил, мета била и резиденцијата на шефот на локалната Агенција за безбедност и разузнавање. Во инцидентот нема жртви ниту повредени. „Мојот личен кабинет и домот на раководителот на Агенцијата ...
Лондон, 17 август 2026 (МИА) – Британскиот премиер Енди Бурнам бил во контакт со непознато лице кое лажно се претставувало како Сузи Вајлс, шефицата на кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп, објавија денеска британските медиуми. Според првичните информации, во размената не биле пренесени пораки со чувствителна или суштинска содржина, а сомнителната активност била брзо откриена и веднаш пријавена до надлежните безбедносни органи. ...
Лондон, 17 август 2026 (МИА) – Русија изградила десет тајни бази во близина на своите западни граници, кои планира да ги користи за изведување напади со беспилотни летала на реактивен погон врз цели во Украина и потенцијално врз земјите-членки на НАТО, покажува истражувањето на британскиот весник „Телеграф“. Врз основа на протечени документи и анализи на сателитски снимки, весникот идентификувал најмалку 59 лансирни шини — механички катапулти ...
Тирана, 17 август (МИА) – Во Албанија минатата, трета година по ред, забележан е пад на индустриското производство, продлабочувајќи го јазот помеѓу целокупниот економски раст и индустриските перформанси. Најновите податоци од Виенскиот институт за меѓународни економски студии (wiiw) покажуваат дека бруто индустриското производство се намалило за 2,6 отсто во 2025 година, откако паднало за 7,5 отсто во 2024 година и за 8,4 отсто во 2023 ...
Скопје, 17 август 2026 (МИА) - Министерот за здравство Сашо Клековски, одговарајќи на новинарски прашања за епидемијата во Гостивар, рече дека Министерството ќе го објави епидемиолошкиот извештај на 20 август потенцирајќи дека фокусот од оваа епидемија е да се излезе транспарентно и јасно со научени лекции. - Првин сакам да расчистам една дезинформација што се шири. Јас кога објавив, реков дека ќе објавиме информации на 20 август, тоа е ...
Скопје, 17 август 2026 (МИА) - Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) е известена дека Бугарија вратила 11,6 тони пиперки од Македонија поради зголемено ниво на пестициди. Како што ијзави денеска директорот на АХВ, Оливер Миланов, се чека одлуката дали количините ќе бидат уништени во земјата увозник или кај нас, на Дрисла. -Операторот има право пиперката да биде уништена или да биде вратена и ние заедно со Инспекторатот за земјдоелство да ...
Охрид, 17 август 2026 (МИА) - Шеесет македонисти, слависти, балканолози, филолози, културолози и преведувачи од 17 земји ќе учествуваат на 59. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, што од 20 август ќе се одржува во Конгресниот центар во Охрид. Предвидено е на свеченото отворање на Школата пред учесниците да се обратат ректорката на УКИМ, проф. ...
Скопје, 17 август 2026 (МИА) - Од Република Турција се обезбедени 500.000 дози вакцина против сипаници кај овците како донација, кои се очекува да пристигнат деновиве, а до Европската комисија е доставено барање за дополнителни количества - соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) по денешната прес-конференција на Сојузот на одгледувачите на овци и упатениот апел за преземање итни мерки против ширењето на ...
Скопје, 17 август 2026 (МИА) - Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ од полноќ се зголемуваат за 4,50 денари, на „евродизелот (Д-Е V)“ за 6,50, а на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 6,00 денари за литар - соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Литар „евросупер БС-95“ ќе чини 91,50 денар, „евросупер БС-98“ ќе се продава за 93,50, „евродизел БС (Д-Е V)“ за 98,00, а екстра-лесното 1 (ЕЛ-1) за ...
Милано, 17 август 2026 (МИА) – Тренерот на Милан, Рубен Аморим, изјави дека не почувствувал никакви емоции за време на пријателскиот натпревар против неговиот поранешен тим, Манчестер јунајтед (4:2). - За мене, тоа беше само обичен натпревар. Откако потпишав за Милан, не сум почувствувал ништо кон Манчестер јунајтед. Едноставно сум горд што бев во Манчестер јунајтед и сè уште го сакам клубот, но откако потпишав за Милан, не чувствувам ништо ...
Анкара, 17 август 2026 (МИА) – Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја пофали палестинската милитантна организација Хамас за нејзината соработка и исполнувањето на обврските во рамки на планот за мир во Газа, во интервју за „Ал Џезира“. Тој истакна дека Хамас покажува „вистинска соработка“, истовремено критикувајќи го Израел за продолжувањето на нападите врз Појасот Газа и додавајќи дека американскиот претседател Доналд Трамп исто така е ...
17 август 2026 СДСМ со денови јавно бара Владата на Мицкоски да објави официјален документ, анализа, резултат кој потврдува дека водата во Гостивар е безбедна за пиење - рече Маја Борозан од СДСМ на прес-конференција, што МИА ја објавува интегрално. Прашањето е зошто се крие официјален документ за водата во Гостивар? Зошто не се објавува? Бадијала се повиците на Мицкоски кога не се објавува и се крие од луѓето. А знаеме криењето на резултати ...
17 август 2026 На Денот на Армијата на Република Северна Македонија, Министерството за одбрана официјално ја претстави како „Македонска армија“ Во уставниот поредок, определбата „македонски“ се поврзува исклучиво со етничкиот идентитет на македонскиот народ, додека официјалното име е Армија на Република Северна Македонија. Таа им припаѓа на сите граѓани и на сите заедници што ја сочинуваат државата, се вели во соопштението од ДУИ, што МИА го ...
Штип, 17 август 2026 (МИА) - Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска беа одбележани 34 години од формирањето на Армијата на Република Северна Македонија, во пресрет на 18 Август – Денот на Армијата. На свеченоста беше истакнато историското значење на 18 август 1943 година, кога на падините на Славеј Планина бил формиран баталјонот „Мирче Ацев“, првата организирана воена единица на македонската војска. Командантот на Вториот пешадиски ...
Македонска Каменица, 17 август 2026 (МИА) - Општина Македонска Каменица објави jавен повик за субвенционирање на изработка на проектна документација, поставување енергетско-ефикасни фасади и реконструкција на кровови на станбени згради за колективно домување. Повикот се реализира во рамки на проектот „Енергетско Ефикасни Домови“, чија цел е подобрување на енергетската ефикасност и условите за домување во станбените објекти. Согласно повикот, ...
Неготино, 17 август 2026 (МИА) - Со цел да се подобри постоечката инфраструктура во централното градско подрачје, веќе извесен период на терен се одвиваат градежни активности за реконструкција на тротоарите на улиците Маршал Тито и Партизанска. Проектот е аплициран и одобрен на јавниот повик на Владата, информираше денеска градоначалничката Марија Нацева на нејзината Фејсбук-страница. - Станува збор за тротоари за кои стручните служби ...
Крива Паланка, 17 август 2026 (МИА) - Од денеска со петок Општина Крива Паланка организира бројни културни настани во рамки на програмата „Кривопаланечко културно лето 2026", музички и литературни настани за сите генерации. - Пред нас е уште една недела исполнета со култура и разновидни настани. "Кривопаланечкото културно лето 2026" продолжува со богата и разновидна програма, внимателно креиран спој на музика, книжевност и визуелна уметност, ...
Лос Анџелес, 17 август 2026 (МИА) - Вештачката интелигенција направи уште еден голем скок во биологијата. Научниците, користејќи генеративни ВИ-модели, дизајнирале цели геноми на бактериофаги - вируси што напаѓаат бактерии, а коишто сега може да се произведуваат во лабораторија. Од илјадници обиди, 16 вируси се покажале како функционални. Истражувањето го водеше д-р Брајан Хеј од Универзитетот „Стенфорд“ во Калифорнија (САД), а користени се ...
Скопје, 17 август 2026 (МИА) - Во моментот има 35 потврдени случаи и три суспектни на западнонилска треска, кои се во процес на дијагностицирање, а шестмина се во критична состојба и се наоѓаат на интензивна нега на Инфективната клиника. Од потврдените случаи, повеќето се згрижени на Клиниката за инфективни болести, а еден пациент е згрижен во приватна здравствена установа - информира денеска на прес-конференција министерот за здравство, Сашо ...
Скопје, 17 август 2026 (МИА) - Министерството за финансии донесе нов Правилник за утврдување на репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата за приредување игри на среќа. Новиот Правилник произлегува од дoнесувањето на новиот Закон за игрите на среќа. Со овој подзаконски акт детално се пропишува потребната документација за потврдување на репутацијата на сите правни и физички лица кои поднесуваат барање за лиценца за казино, ...
Скопје, 17 август 2026 (МИА) - Алармантна е состојбата со сипаниците кај малите преживари. Досега се угинати 7.000 до 10.000 овци, уништени се 40 - 50 стада, финансиските загуби се големи, секој ден има појава на нови жаришта, а некои сточари ги носат грлата на добиточните пазари без да знаат дали се заболени, што е дополнителен ризик. Бараме од државата побрзо да ја организира вакцинацијата на овците и да го преиспита обесштетувањето кое во ...
Скопје, 17 август 2026 (МИА) - Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска соопшти дека е континуирано на терен, дека ја следи состојбата со сипаниците кај овците и дека навреме ги презема потребните заштитни и контролни мерки. Во однос на можната вакцинација, информира дека е доставена информација за донација на вакцини до Европската комисија и до Република Турција. - Експертската група континуирано се состанува и донесува соодветни ...
Лондон, 17 август 2026 (МИА) – Извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали ги сподели своите размислувања за идните регулативи на шампионатот. - Главната цел на идните регулативи е сè да остане што е можно поедноставно и да им се дадат на Формула 1 полесни болиди со чисто гориво и, секако, електрификација. Исто така, треба да ја зачуваме можноста возачите да го притискаат лимитот, како што тие го бараа тоа. Што се однесува до ...
Брисел, 17 август 2026 (МИА) – Утрово почна да врне дожд во источна Белгија, што им дава значајна помош на пожарникарите во гаснењето на најголемиот пожар досега регистриран во земјата, кој се закануваше да се прошири до германската граница. Според податоците на Европскиот информациски систем за шумски пожари, овој пожар е повеќе од двојно поголем од оној во 2011 година, кој зафати речиси 1.400 хектари. Во гаснењето учествуваат околу 500 ...
Рим, 17 август 2026 (МИА) – Повторното исфрлање пепел од вулканот Етна делумно го ограничи воздушниот сообраќај на меѓународниот аеродром во Катанија, на италијанскиот медитерански остров Сицилија, соопшти денеска управата на аеродромот. Дел од воздушниот простор е затворен поради вулканската пепел, со што е намален бројот на можни слетувања. До 14 часот по локално време, односно 12 часот по Гринич, во Катанија ќе бидат дозволени само пет ...
Лондон, 17 август 2026 (МИА) - Шведско-британскиот фармацевтски гигант „Астра Зенека“ соопшти за нов неуспех прекинувајќи го клиничкото испитување во доцна фаза на лекот за рак на белите дробови „волрустомиг“ нешто повеќе од еден месец по прекинувањето друго испитување за лек за срцеви заболувања. Компанијата од индексот ФТСЕ 100 објави дека „волрустомиг“, во комбинација со хемотерапија, веројатно нема да ја зголеми стапката на преживување ...
Сплит, 17 август 2026 (МИА) - Во пожарот, кој ноќта меѓу 13 и 14 август го зафати подрачјето на Локва Рогозница и Омиш во Хрватска, целосно изгореа дури 106 возила, 28 куќи, седум стопански, три угостителски и шест помошни објекти на семејни куќи - соопшти денеска сплитско-далматинскиот жупан Блаженко Бобан. - Исто така, целосно изгореа и 45 пловила, кои биле извлечени на брегот - изјави Бобан за Хина. Според него, делумно изгореа 43 куќи, 20 ...
17 август 2026 Во ДУИ веќе не можат да ја сокријат нервозата. Дури и луѓе од нивните редови јавно признаваат дека партијата функционира како политбиро. Тесен круг крои приказни, дели улоги и очајно се обидува да создаде впечаток дека сè е под контрола. Но работата одамна им е излезена од раце, стои во соопштението на ВРЕДИ, што МИА го пренесува интегрално. Еднаш не сакаат ни името да му го спомнат, потоа велат дека против Артан Груби нема ...
17 август 2026 Неколку дена беа доволни за да се види целата политичка матрица на талогот од СДС. Прво создаваат сомнеж, потоа шират паника, па дезинформации, а кога институциите ќе ги демантираат со факти, ниту извинување, ниту одговорност - рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција, што МИА ја објавува интегрално. Тоа не е одговорна опозиција, туку политика која опстојува на создавање недоверба кај граѓаните. За ...