Тирана, 16 август 2026 (МИА) - Во пожар што избувнал во хотелот „Бруклин" во приморскиот албански град Валона, повредени се повеќе туристи, при што петмина се пренесени на лекување во Тирана, еден е во критична состојба. Според Министерството за здравство, тројца од повредените се примени во Универзитетската клиничка болница „Мајка Тереза“. Еден од пациентите е во сериозна состојба, поради високиот процент на изгореници и бара континуирано ...

Атина, 16 август 2026 (МИА) – Безживотни тела на две лица биле пронајдени за време на гаснење на пожарот што избувна на грчкиот остров Саламина и брзо се прошири поради силниот ветер, а девет лица со изгореници се префрлени во болница, додека пак превентивно беа евакуирани шест населени места, јави дописничката на МИА од Атина. Во период од 15 минути избувнаа два пожари на две различни локации, едниот во јужниот, другиот во источниот дел на ...

Скопје, 16 август 2026 (МИА) - Кога некој ќе фрли догорче, ќе запали стрниште или намерно ќе подметне пожар, треба да се бара истрага, санкција и одговорност. Но, што кога пожарот не го предизвикал подметнувач, туку електричен вод? Истиот принцип мора да важи и кога огнот тргнува од електроенергетската инфраструктура, се вели во соопштението од ПП Левица, што МИА го пренесува интегрално. Пожарот кај Рамни Габер во Студеничани го отвора ова ...

Скопје, 16 август 2026 (МИА) - Владата одбива да покаже анализа или официјален резултат за водата во Гостивар, рече на прес-конференција Кети Штерјова од СДСМ, се наведува во соопштението ан СДСМ кое МИА го пренесува интегрално. Мицкоски се врати од екскурзијата ама повторно не отиде во Гостивар, не отиде кај граѓаните кои повеќе од еден месец пиеја загадена вода. Од Скопје прати експертско уверување дека водата во Гостивар е безбедна и дека ...

Скопје, 16 август 2026 (МИА) - Преку институционални решенија и колективно договарање, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ создава услови и долгорочни решенија за зголемување на платите на работниците и го унапредува социјалниот дијалог, а резултати се видливи и мерливи, се наведува во соопштението ан ВМРО-ДПМНЕ кое МИА го пренесува интегрално. Во периодт од две години преку колективни договори со важност до 2028 година се регулираа повеќе од 95 ...

Скопје, 16 август 2026 (МИА) - Граѓаните не треба да бидат заложници на партиската паника на Филипче и СДСМ, водата во Гостивар е повторно питка, а институциите ја следат состојбата и постапуваат одговорно, изјави на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во партиското соопштение, што МИА го пренесува интегрално. Додека институциите работат и ги решаваат проблемите, СДС се обидува политички да профитира преку ...

16 август 2026 Додека Мицкоски беше на „научнообразовна екскурзија“ во Белгија, Јаневска дома ја спроведува своја „образовна програма“ - ги злоупотребува образовните институции за политичка пресeметка од најдолен вид. Наместо фокус на подобро образование - ВМРО и Јаневска создадоа хаос во образованието, се отпуштаат наставници и се затвораат како што најави над 20 подрачни училишта ширум државата, пишува во денешното соопштение на СДСМ од ...

Скопјке, 16 август 2026 (МИА) - Законите за образование мора да бидат донесени во согласност со Уставот и со потребното Бадентерово мнозинство. Изјавата на министерката за образование Весна Јаневска претставува директен напад врз еден од столбовите на Охридскиот договор., наведува демократската унија за интеграција (ДУИ) во соопштение кое МИА го пренесува интегрално. Јаневска го нарекува Бадентер „алатка“. Бара тој да не се применува таму ...

Скопје, 16 август 2026 (МИА) - Економијата е еден од главните приоритети на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Нашата политика е јасна. Интензивно и посветено работиме да создаваме услови за успешен бизнис, затоа што колку е поуспешен бизнисот, толку е поуспешна и државата, изјави на прес-конференција Александар Велјановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во партиското соопштение, што МИА го пренесува интегрално. Најголемите патриоти се оние ...

16 август 2026 СДС по 7 години крадење на државата, дали донираше едно шише вода во Гостивар?, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, појаснето како реакција на прес-конференција на Кети Штерјова, што МИА го пренесува интегрално. СДС, заедно со ДУИ, владееше 7 години. По 7 години, прашањето на кое СДС треба да одговори е: зошто не донираа ниту едно шише вода во Гостивар? Тука завршува нивната грижа за Гостивар и почнува ...

Скопје, 16 август 2026 Оваа Влада на Мицкоски од почеток во 2024 година се занимава само со пропаганда. Без ниту еден реален резултат на полето на економијата и европските интеграции - двете основни теми во нивните предизборни ветувања. Единственото во што се успешни е криминалот и корупцијата - се вели во реакцијата од СДСМ на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, што МИА го пренесува интегрално. Зошто Мицкоски постојано во медиумите ја ...

16 август 2026 По Гостивар и над 50 места низ цела Македонија, четири реки, сега и лоша вода во Кривогаштани, пишува во денешното соопштение на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Македонија без безбедна вода. По пет недели од труењето на над 5.000 луѓе во Гостивар, по новиот случај, од пред два дена, во Демир Капија и по предупредувањата дека во повеќе од 50 места низ државата нема редовни анализи - еве нов случај. Во јавната чешма со ...

16 август 2026 Талогот од СДС да се навикне на нормалното и редовно функционирање на институции, секој кој работи согласно закон и прописи нема од што да се плаши, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Наместо да се буни, СДС треба да се навикне на функционирање на институциите. Девастираните институции кои ги остави СДС по седумгодишната власт, полека се консолидираат и почнуваат да функционираат. Ама ...

Скопје, 16 август 2026 (МИА) - Екипите на градските служби од раните утрински часови спроведуваат активности за чистење и уредување на повеќе локации низ Скопје, во рамки на акција за почист и поуреден град - соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Како што посочува градоначалникот, во рамки на акцијата се перат и уредуваат автобуските постојки, се собира отпад, се расчистуваат јавните површини и се освежуваат најфреквентните ...

Дебар, 16 август 2026 (МИА) - Излезе од печат 102-от број на првиот печатен медиум на македонски јазик „Преспа“, гласило на Македонците во Албанија, кое повеќе од три децении придонесува кон зачувувањето и афирмацијата на македонскиот јазик, култура, традиција и национален идентитет. Првиот број на „Преспа“ е објавен во 1994 година. Од тогаш до денес, весникот претставува значаен медиумски простор за информирање на македонската заедница во ...

Скопје, 12 август 2026 (МИА) Слободан ИВАНОВ „Ние не сме разбојници како што нѐ нарекувате, туку борци за правда и слобода. Не востанавме да се предадеме, ами да се бориме“. Тоа е одговорот на Питу Гули и на востаниците од Крушево кои останале да го бранат градот, на ултиматимот што им го испратил Бахтијар паша, откако на 12 август 1903 година, кај месноста Кула се јавил крушевчанецот Коста Њику, фатен во Кривогаштани и испратен од ...

Скопје, 16 август 2026 (МИА) - Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 16 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило. Од нив, 10 управувале возило под дејство на алкохол. -Возачи од Тетово, Кочани, Кичево, Прилеп и Португалија биле запрени и при извршениот алкотест кај нив било констатирано присуство на алкохол. Возач од Турција, кај кого биле измерени 1,98 ...

Скопје, 16 август 2026 (МИА) - Полицијата во Гостивар привела 45-годишен маж по пријава за физички напад врз неговата 35-годишна сопруга, а дополнително биле пријавени и други форми на насилство што, според пријавата, траеле подолг период. МВР соопшти дека денеска полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода И.Т. (45) од Гостивар. По пријавата за физички напад врз сопругата, кај него било измерено присуство на ...

Скопје, 16 август 2026 (МИА) – Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, минималните температури ќе се движат од 7 до 18 Целзиусови степени, а максималните од 28 до 36 Целзиусови степени. Во Скопје и околината слично време со температура од 15 до 35 Целзиусови степени. Во следните денови следува период на ...

Скопје, 16 август 2026 (МИА) - Ноќва околу 2 часот по полноќ избил пожар на отворен простор веднаш над последните куќи во Зелениково, кој благодарение на локалното население и нивната брза превентивна реакција, како и брзата реакција на градоначалникот на Општина Зелениково и пожарникарите спречена е катастрофа и огнот е сопрен на неколку метри од последните куќи, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. ...

Скопје, 16 август 2026 (МИА) - Еве, јас инсистирам да се објави извештајот, рече премиерот Христијан Мицкоски по обвинувањата од СДСМ да се објави јавно официјален извештај и анализа дека водата во Гостивар е безбедна за пиење. Во врска со кривичните пријави поднесени од опозицисиската партија против министерот за здравство и директорите на институтот и центарот за јавно здравје и на Здравствениот и санитарен инспекторат, и повикувањето на ...

Скопје, 16 август 2026 (МИА) - По грчката акција „Вардарис“, има истрага и определен е притвор за едно лице, осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана, соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија (ЈОРСМ). Како што соопштија од ЈОРСМ, предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава поднесена од Министерството за ...

Скопје, 16 август 2026 (МИА) - Обид за манипулација со јавноста е тврдењето на СДСМ дека а инспекциските надзори се користат за политички пресметки и разрешување на неподобни училишни директори. Структурата на Државниот просветен инспекторат е идентична како во времето кога тие управуваа со институцијата, но тогаш не ги спомнуваа имињата на истите инспектори кои денес се обидуваат да ги оцрнат, пишува во реакцијата на Министетството за ...

Скопје, 16 август 2026 (МИА) - Состојбата со пожарите на отворен простор во текот на вчерашниот ден беше навистина тешка, имавме 29 пожари. Од нив, 22 се целосно изгаснати благодарение на брзата реакција и силната пожртвуваност на локалните пожарникари, каде што се развиваа овие пожари. Еден е ставен под контрола, додека шест се активни во моментов, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, на видео објавено ...

Скопје, 16 август 2026 (МИА) - Повредено лице со скршеници на двете потколеници попладнево е спасено од непристапен терен над Мало Езеро на Пелистер. Лицето е извлечено и транспортирано до Инфоцентарот на Пелистер каде ќе биде преземено од екипа на Итната медицинска помош Битола и транспортирано до Клиничката болница во Битола за понатамошно лекување. Повикот за помош е примен на Единствениот број за итни повици 112 во 12:04 часот по што се ...

Скопје, 16 август 2026 (МИА) - Центарот за управување со кризи попладнево информира дека до 18 часот на ниво на државата се регистрирани 14 пожари на отворен простор од кои пет се активни, а три се под контрола. Активни се пожарите на потегот меѓу селата Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер во општина Студеничани, кај месноста викана Видуш во општина Македонски Брод, кај селото С’лп, м.в. Горно Село во Општина Велес, со проширување кон с. ...

Скопје, 16 август 2026 (МИА) - Центарот за управување со кризи информира за нов пожар над селото Вржале во околината на Скопје. Поради непристапниот терен утре наутро планирана е и воздушна интервенција, а екипи ќе останат на терен во текот на ноќта. - Поради непристапниот терен, кој не овозможува целосна локализација на пожарот со интервенција од земја, за утре наутро е планирана и воздушна интервенција, која ќе се реализира во зависност од ...

Скопје, 16 август 2026 (МИА) - Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција покрена истражна постапка против македонски државјанин кој заедно со тројца осомничени за кои се води постапка во Грција, организирал шверц на марихуана. На осомничениот му е одреден 30-дневен притвор. Лицата се откриени во рамки на меѓународната акција организирана во соработка со полициските служби во Грција и Косово. Во рамки на акцијата на 14 ...

Скопје, 16 август 2026 (МИА) – Премиерот Христијан Мицкоски најави засилена градежна активност, најавувајќи изградба на шест автопатски делници низ државата во претстојниот период. Рече дека во Македонија денес на повеќе од 1200 места се гради и оти за Владата тоа е многу значајано затоа што се ангажира домашната оператва, што е сериозен индикатор за подобра економска актовност, а воедно се решаваат и децениски проблеми и им се обезбедува ...

Скопје, 16 август 2026 (МИА) - Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ќе изврши увид во градежните активности од првата фаза од изградбата на фекална канализација во населеното место Идризово, Општина Гази Баба. Со проектот е предвидена изградба на нова мрежа за фекална канализација во должина од 1.478 метри. Вредноста на договорот изнесува 49.188.012 денари, а средствата се обезбедени од вториот јавен повик на Владата. аа/ ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
73%
1029
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
96%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
65%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.89
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35