Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Скопје, 16. август 2026 (МИА) – Италијанскиот клуб Олимпија Милано објави дека македонската кошаркарска репрезентација ќе има нов натурализиран Американец. Станува збор за Мозес Рајт (бел дрес на фото). Тој ќе треба да се приклучи на репрезентацијата за претстојниот августовски „прозорец“ односно за дуелот што македонскиот национален тим ќе го игра против Австрија на 30. август ма гостински терен. Тоа е дуел од квалификациите за Евробаскет ...
Лондон, 16.август 2026 (МИА) – Иднината на Николас Џексон во Челзи неизвесна, клубот бара 70 милиони евра, но тешко е да се очекува дека некоја екипа ќе биде подготвена да ја плати таа сума. Фудбалерот последната сезона ја мина како позајмен во Баерн Минхен и на 23 натпревари постигна осум голови. За играчот интерес има од премиерлигашите Астон Вила и Тотенхем, како и од Атлетико Мадрид, но тешко е да се верува дека некој од овие клубови се ...
Охрид, 16.август 2026 (МИА) – Ракометарите на Охрид со минимален триумф против Вардар во финалето на турнирот во Струга го одбранија трофејот освоен минатата година. Охриѓани финалето го добија со 31:30. По натпреварот, тренерот Борис Ројевиќ не го криеше задоволството од прикажаното и вели дека е убаво кога вака ќе се тргне во сезоната. Одличен турнир за нас, го победивме шампионот. Добро е сезоната да се почне со победи затоа што тоа носи ...
Струга, 16.август 2026 (МИА) – Првакот Вардар втор натпревар во низа е поразен откако попладнево загуби на гостувањето кај Струга ТЛ со 1:0 во дербито на третото коло. Вардар имаше шанса да остане непоразен во дербито, но во судиското надополнување на вториот дел Давид Бабунски (90+5 минута) не реализираше пенал (го промаши голот). Единствениот гол на дуелот го постигна Христијан Малески во 61.минута. По голот стружани не реализираа уште ...
Охрид, 15 август 2026 (МИА) - Една од водечките фигури на новата британска џез-ренесанса, саксофонистката и композиторка Нубаја Гарсија и западноафриканскиот трубач Питер Сомуа со својот состав вечерва се главните имиња на третата „Џез вечер“ што се одржува во рамки на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. За двата концерта резервирана е фестивалската сцена „Долни Сарај“, а вечерта ќе ја отвори Питер Сомуа Груп од Гана и Холандија во 20 ...
Скопје, 15 август 2026 (МИА) - Жири-комисијата селектирала девет стихозбирки во потесниот круг за доделување на наградата „Антево перо“. Жири-комисијата за доделување на наградата во состав претседател проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска и членовите д-р Атина Цветаноска и Виолета Танчева Златева во потесниот круг ги селектирала поетските книги на Ерол Туфан – „Недовршени песни“, Белинда Сипкоска Гаштарова – „Домот ми е полн со небо“, Емељ Туна ...
Охрид, 16 август (МИА) - Фестивалот „Охридско лето“ вечерва нуди две содржини од својата програма – музичка џез-вечер со британскиот состав „Kiiōtō“ и театарската претстава „Уна“ од Момо Капор, во продукција на Театарот „Ѕвездара“ од Белград. Во рамки на џез-програмата ќе настапи „Kiiōtō“, музичкиот проект на наградуваниот пијанист и композитор Рохан Хит и вокалистката Лу Роудс, позната и како членка на британскиот бенд „Лемб“. На сцената со ...
Пјонгјанг, 16 август 2026 (МИА) – Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун го потврди продлабочувањето на односите меѓу Пјонгјанг и Москва во порака до рускиот претседател Владимир Путин по повод 81-годишнината од ослободувањето на Кореја од јапонското колонијално владеење, соопшти севернокорејската државна новинска агенција КЦНА. Ким одговори на честитката од Путин по повод годишнината од капитулацијата на Јапонија во Втората светска војна, ...
Сеул, 16 август 2026 (МИА) – Јужнокорејските вооружени сили испукаа предупредувачки истрели откако група севернокорејски војници ја премина копнената граница меѓу двете Кореи, по што војниците се вратија на својата територија, соопшти денеска официјален претставник на јужнокорејската Влада, пренесе јужнокорејската новинска агенција Јонхап. Според јужнокорејскиот претставник, неколку севернокорејски војници ја преминаа воената демаркациска ...
Техеран, 16 август 2026 (МИА) - Иран нуди награда од 30.000 долари за заробување или убиство на американски војник, изјави денеска командантот на иранската армија, генерал-мајор Амир Хатами. Тој рече дека ќе бидат исплатени 30.000 долари за заробување или убиство на секој американски војник, јавија техеранските медиуми. САД ја означија Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), која официјално е дел од вооружените сили на Исламската Република, ...
Кабул, 16 август 2026 (МИА) - Повеќе од 700 камиони натоварени со меѓународна хуманитарна помош пристигнаа во Авганистан преку Пакистан и покрај речиси целосното затворање на границата меѓу двете земји, кои се во конфликт една со друга, соопштија денеска ОН. Конвојот е натоварен со „храна и основни хуманитарни производи“, изјави Олга Черевко, портпаролка на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни работи (OCHA) во Авганистан. „724 ...
Техеран, 16 август 2026 (МИА) - Иранскиот парламент денеска го поддржа нацрт-законот за криминализирање на интервјуа и другите форми на комуникација со медиуми што се сметаат за непријателски настроени кон Техеран. Пред да стапат во сила, новите текстови мора да бидат разгледани и од Советот на чувари - еден од најмоќните и највлијателните државни органи. Предлог-законот предвидува казни од шест месеци до две години затвор за интервју или ...
Каиро, 16 август 2026 (МИА) - Американскиот пратеник Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, денеска во Каиро ќе се сретне со раководството на палестинското милитантно движење Хамас, во присуство на египетски, катарски и турски претставници, пред да замине за Тел Авив, каде што ќе разговара со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, јави Ал Џезира повикувајќи се на извори. Според извор на катарската телевизија, средбата ...
Ватикан, 16 август 2026 (МИА) - Папата Лав Четиринаесетти повика на прекин на актите на насилство врз палестинските цивили на Западниот Брег, јави ДПА. „Го обновувам мојот апел за прекин на насилствата врз палестинското цивилно население на Западниот Брег“, рече папата. Тој го упати апелот од својата летна резиденција во Кастел Гандолфо, во близина на Рим. Папата ја повика меѓународната заедница итно да поддржи решение за две држави „за ...
Мадрид, 16 август 2026 (МИА) – Две жени загинаа во поплави и одрон во северозападниот дел на Шпанија, додека две бебиња се повредени, соопштија спасувачките служби во автономната област Кастилја и Леон. Жртвите се две жени на возраст од околу 60 и 80 години, соопштија локалните власти. Маж кој првично бил пријавен за исчезнат по поплавите во селото Мансанедо де Валдуеса, подоцна бил пронајден неповреден. На местото на несреќата биле испратени ...
Будимпешта, 16 август 2026 (МИА) – Дванаесет лица загинаа, а најмалку 10 се повредени откако полски автобус излета од патот и падна во канал во североисточна Унгарија - соопшти денеска унгарскиот премиер Петер Маѓар на социјалните мрежи. Полскиот автобус излетал од коловозот рано утрово, по што паднал во канал и се превртел, објави унгарската новинска агенција МТИ. Тешката сообраќајна несреќа се случи во близина на градот Мезокерештеш, во ...
Москва, 16 август 2026 (МИА) – Украина во текот на ноќта изврши масовен напад со повеќе од 600 беспилотни летала насочени кон Москва, соопшти денеска градоначалникот на руската престолнина Сергеј Собјанин преку Телеграм, а пренесе ДПА. Собјанин наведе дека руската противвоздушна одбрана уништила 201 украински дрон во Московската област, додека поголемиот дел од беспилотните летала биле пресретнати пред да стигнат до регионот. Градоначалникот ...
Берлин, 16 август 2026 (МИА) – Десетици илјади луѓе учествуваа на техно-парадата „Рејв д’ Планет“ (Rave the Planet) во Берлин, на температури до 35 степени Целзиусови и со засилени безбедносни мерки, три недели по исламистичкиот напад на периферијата од парадата „Прајд“ во германската престолнина, јави ДПА. Учесниците одржаа минута молк во спомен на жртвите од нападот од 25 јули. „Рејв д’ Планет“, кој годинава се одржува под мотото „Замисли ...
Будимпешта, 16 август 2026 (МИА) – Најмалку 12 луѓе загинаа, а уште 47 се повредени откако автобус со полска регистрација се преврте во Унгарија, на околу 140 километри од главниот град Будимпешта. Несреќата се случила околу 1:00 часот по локално време (2:00 часот по македонско време) ноќеска. Службите за итна помош во Унгарија соопштија дека десетмина од патниците во автобусот добиле тешки повреди, а 37 лица се полесно повредени, посочува ...
Киев, 16 август 2026 (МИА) – Најмалку тројца луѓе загинаа, а повеќе од 20 се повредени во руски воздушни напади врз Украина во текот на ноќта и утрово, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски, а пренесе ДПА. Двајца загинаа, а уште 14 се повредени во напад со балистичка ракета врз родниот град на Зеленски – Криви Рог, напиша тој на Телеграм. Уште еден човек загина во Суми, во североисточна Украина, а шестмина се повредени во Киев и ...
Стокхолм, 16 август 2026 (МИА) - Триесетина затвореници осудени во Шведска за тешки кривични дела се подготвуваат да почнат да ги издржуваат затворските казни во Естонија следната недела, врз основа на договор потпишан од двете земји минатата година. Тоа е првата група од договорените 300 затвореници кои се испраќаат во Естонија поради пренатрупаност на затворите во Шведска, а за ова Стокхолм ќе ѝ плаќа на Естонија околу 30 милиони годишно. ...
Лондон, 16 август 2026 (МИА) - Лондонската полиција се извини откако случајно ги откри е-поштенските адреси на 143 лица кои пријавиле сексуална злоупотреба на Мохамед Ал Фајед, поранешниот сопственик на Хародс, велејќи дека грешката се должи на човечка грешка. Полицијата соопшти дека како дел од својата месечна кампања за известување на жртвите, е-поштата била испратена на адресите на 143 приматели кои биле видливи за другите корисници, ...
Берлин, 16 август 2026 (МИА) - Германската влада е длабоко поделена околу предлогот на социјалдемократите за измена на уставот со цел подобра координација и финансирање на мерките на политиките во областа на климатските промени, додека топлотните бранови го нарушуваат нормалниот живот во земјата. Климатските промени ја погодуваат најголемата економија во Европа посилно од кога било досега: невиден пад на нивото на Рајна, слаба берба и жетва и ...
Берлин, 16 август 2026 (МИА) - Германски град во близина на белгиската граница им препорача на жителите да се евакуираат, бидејќи голем шумски пожар во Белгија се шири кон Германија. Според соопштението на властите во градот Моншау, пожарот моментално е на 1,5 км од германската граница и на 1,8 км од најблиската населено место. Пожарот, што уништи речиси 3.000 хектари шумска област, е еден од најголемите во историјата на Белгија. Иако не се ...
Будимпешта, 16 август 2026 година (МИА) - Во Пакш се преземаат вонредни напори за одржување на работата на двете преостанати турбини кои работат во нуклеарната централа, објави денеска унгарскиот премиер Петер Маѓар на X. Тој нагласи дека критични денови ќе бидат вторник и среда, бидејќи тогаш се очекува дополнителен пад на нивото на водата во Дунав за 14-15 см. „Моментално сме девет сантиметри од нивото на водата што би барало повторно ...
Мадрид, 16 август 2026 (МИА) - Шпански војник загина денеска додека учествуваше во операции за гаснење на голем шумски пожар во Арагон, Шпанија, изјави шефот на регионот на североистокот од државата. „Му изразив искрено сочувство на генерал-полковникот на воената единица за итни случаи за смртта на војник за време на пожарот во близина на Пењас де Риглос“, објави Хорхе Аскон на социјалната мрежа Ex. Локалните медиуми објавија дека камионот со ...
Тирана, 16 август 2026 (МИА) - Албанскиот премиер, Еди Рама, за британскиот „UnHerd“, изјави дека протестите што се одржаа во последните месеци во Албанија повеќе не се исти како оние од јуни. Според него, во неодамнешните протести биле вклучени повеќе политички партии и опозициски групи, вклучувајќи ги и екстремните левичарски и десничарски сили. Рама вели дека, и покрај тензиите, е „многу горд“ што протестите се одржуваат со денови на ...
Пловдив, 16 август 2026 (МИА) – Вкупно 18 лица поврзани со меѓународната неонацистичка организација „Крв и чест“ се уапсени во приватен клуб во Пловдив - соопшти на брифинг директорот на бугарската Обласна дирекција на Министерството за внатрешни работи во градот, постар комесар Васил Костадинов. Лицата биле приведени во клуб спроти Младинскиот рид во Пловдив, каде што биле пронајдени различни предмети со неонацистичка содржина, јави БТА. ...
Букурешт, 16 август 2026 (МИА) – Шпански ловец Ф-18, кој учествува во мисија на НАТО за воздушно патролирање, утрово собори дрон што го наруши воздушниот простор на Романија - соопшти романското Министерство за одбрана. Ова е четвртиот беспилотен летачки апарат соборен над Романија од почетокот на годината. Романските радари го регистрираа дронот како влегува во воздушниот простор на земјата од соседна Молдавија, на околу 24 километри северно ...
Загреб, 16 август 2026 (МИА) – Четири лица се уапсени под сомнение дека предизвикале пожари на подрачјето на Задарската жупанија во Хрватска, соопшти денеска задарската полиција. Како што е наведено во полициското соопштение, лицата биле уапсени откако граѓани пријавиле сомнително возило и однесување. Четворицата се приведени синоќа на поширокото подрачје на Бенковац, а полицијата спроведува криминалистичка истрага за нивната можна поврзаност ...