Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Москва, 28 февруари 2026 (МИА) – Руската државна нуклеарна корпорација „Росатом“ соопшти дека евакуирала 94 лица од Иран, но нејзиниот персонал останува во нуклеарната централа „Бушер“. Цитирајќи го извршниот директор Алексеј Лихачов, „Росатом“ информира дека ги евакуирал сите деца на вработените, како и „несуштинскиот персонал“ и секој што сакал да ја напушти земјата, додека Израел и САД продолжуваат со нападите врз Иран. „Постојано ја ...
Москва, 28 февруари 2026 (МИА) – Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи денеска разговараше со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и ја извести Москва за плановите на Техеран за одбивање на нападите на САД и Израел, соопшти Министерството за надворешни работи на Русија. „Иранскиот министер извести за чекорите на властите на Исламската Република Иран за одбивање на агресијата на САД и Израел, која уште еднаш ги попречи ...
Лондон, 28 февруари 2026 (МИА) – Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека британски авиони „денеска се на небото“ над Блискиот Исток „како дел од координираните регионални одбранбени операции за заштита на нашите луѓе, нашите интереси и нашите вредности“. Стармер истакна дека Обединетото Кралство поседува низа одбранбени капацитети во регионот, кои неодамна беа засилени. Тој исто така нагласи дека Британија го подигна нивото на заштита за ...
Берлин, 28 февруари 2026 (МИА) – Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска телефонски разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, неколку часа откако Израел и САД го нападнаа Иран, соопшти портпаролот на германската влада. Мерц разговараше и со „други партнери во регионот“ и се координираше со францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер, информира Штефан Корнелиус во Берлин. Дополнително, „сојузната ...
Брисел, 28 февруари 2026 (МИА) – Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека, поради „актуелната ситуација во Иран“, за понеделник свикува посебен состанок за безбедност. „За регионалната безбедност и стабилност, од најголема важност е да не дојде до понатамошна ескалација преку неоправдани напади на Иран врз партнерите во регионот“, напиша Фон дер Лајен на X. САД и Израел утрово го нападнаа Иран во, како ...
Москва, 28 февруари 2026 (МИА) – Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, телефонски разговараше за американските и израелските напади врз Иран со катарскиот премиер и министер за надворешни работи, шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, соопшти руското МНР. Лавров и шеикот Мохамед повикаа на прекин на какви било воени дејствија што би можеле да го дестабилизираат регионот, се вели во соопштението. „Постои општ консензус за ...
Атина, 28 февруари 2026 (МИА) Сања РИСТОВСКА – дописничка на МИА од Атина – Со протести речиси во сите грчки градови, но и во странство, денеска се одбележува тригодишнината од железничката несреќа кај месноста Темпи, една од најголемите во последните над 50 години во Грција, кога два воза, патнички и товарен движејќи се по иста шина, но во спротивна насока директно се судрија и животот го загубија 57 лица, поголемиот дел од нив студенти, а ...
Белград, 28 февруари 2026 (МИА) - Во заеднички авторски текст за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, албанскиот премиер Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ нагласуваат дека не инсистираат на членство во Европската Унија, туку на прием на нивните земји во единствениот европски пазар и Шенген зоната. „Многу Европејци се прашуваат дали ЕУ може ефикасно да функционира со значително повеќе членови, а загриженоста за донесувањето одлуки, ...
Белград, 28 февруари 2026 (МИА) - Никој во Владата на Србија не води разговори за независноста на Косово. Србија и САД немаат идентичен став за статусот на Косово, но дијалогот е неопходен. Тоа денеска за РТС го изјави шефот на српската дипломатија, Марко Ѓуриќ кој беше во неколкудневна посета на САД. „Очигледно е дека немаме исти ставови за прашањето за статусот на Косово и Метохија, но дали треба да разговараме, да ги презентираме нашите ...
Тирана, 28 февруари 2026 (МИА) - На граничниот премин „Какавија" на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар. „Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската ...
Тирана, 28 февруари 2026 (МИА) - Според податоците објавени од Институтот за статистика, ИНСТАТ, помалку странци одбрале да ја посетат Албанија во првиот месец годинава. -Во нашата земја во јануари влегле 552 илјади странски државјани, што претставува намалување од 1,5 отсто во споредба со истиот месец во 2025 година. Ова е прв пат бројот на туристи да се намали во јануари од пандемијата наваму, објави ИНСТАТ. По 2022 година, Албанија се ...
Атина, 28 февруари 2026 (МИА) – Под слоганите „Не беше несреќа, беше убиство“, „Правда за загинатите“, „Криминалот од Темпи да не се скрие“, илјадници граѓани протестираа на плоштадот Синтагма пред грчкиот Парламент во Атина на тригодишнината од железничката несреќа кај Темпи, а по завршувањето на официјалниот дел, имаше тензии меѓу полицијата и маскирани лица, јави дописничката на МИА од Атина. Официјалниот дел траеше нешто повеќе од два ...
Скопје, 28 февруари 2026 СДС беше сојузник на криминалот на Груби, затоа денеска толку силно го бранат, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ на прес - конференција што МИА ја пренесува интегрално. Откако се излетаа со различни тези, соопштенија и прес-конференции, од СДС не поставија ниту едно пратеничко прашање кон претставниците на Владата за Артан Груби. Дури имаат и страв кога ќе се спомне името на Артан Груби, па избегаа од ...
Тетово/Дебар, 28 февруари 2026 (МИА) - Во Тетово, Гостивар и Дебар денеска ќе има посебен сообраќаен режим поради престојот на претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, кој ја завршува тридневната официјална посета на земјава. Општина Тетово и СВР Тетово информираат дека денеска во градот ќе има привремени безбедносни мерки, посебен режим во сообраќајот и забрана за паркирање на повеќе улици по повод посетата на претседателот на Република ...
Гостивар, 28 февруари 2026 (МИА) – Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај во рамки на неговата тридневна посета на РС Македонија, денеска беше во Гостивар на средби со локални политичари и претставници на етничките заедници. Во обраќањето во општина Гостивар, напомна дека албанскиот фактор во Македонија е државотворен и дека суштински придонесува за политичката стабилност на земјата и нејзината евроатлантската ориентација. Бегај ...
Кочани, 28 февруари 2026 (МИА) - Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“ поладнево на „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата. -Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, ...
Дебар, 28 февруари 2026 (МИА) – Албанскиот претседател Бајрам Бегај, тридневната посета на нашата земја, ја заврши со посетата на Дебар, каде пристигна доцна попладне. Поради присигнувањето подоцна од предвиденото време, немаше одделна средба со градоначалникот Фисник Меља, но и двајцата се обратија пред членовите на Советот на општината и претставници на институции. -Добредојдовте во Дебар, градот познат по гостопримството и вековниот ...
Пехчево, 28 февруари 2026 (МИА) - Во свечена атмосфера, денеска во Пехчево беше извршено примопредавање на ново теренско противпожарно возило, донација од Rotary Club Skopje West, наменето за потребите на Доброволно противпожарно друштво Пехчево. Возилото како што истакна градоначалникот на Пехчево, Александар Китански претставува значајно засилување на оперативните капацитети на друштвото, особено при интервенции на шумски пожари и на тешко ...
Скопје, 27 февруари 2026 (МИА) - СВР Битола поднесе кривична пријава против А.Е.(38) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 03.09.2025, затворски службеници во Казнено-поправната установа Затвор Битола извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана. ОВР Кочани поднесе ...
Велес, 27 февруари 2026 (МИА) – Жител на Куманово на возраст од 48 години, синоќа во 20:00 часот во Сектор за внатрешни работи Велес пријавил изма од велешанец за сума од 43 750 евра со намера да откупи крипто валута. Според денешната информација од СВР Велес, тој на социјална мрежа објавил оглас за откупување на крипто валута, а подоцна преку друга социјална мрежа контактирал со лице со кое се договориле во крипто менувачница во Велес да ги ...
Скопје, 28 февруари 2028 (МИА) - Уставниот суд информира дека почнува историски исчекор кон целосна институционална отвореност, отпочнувајќи ја најголемата реформа во областа на транспарентноста од своето постоење. Од 4 март, првпат во историјата, јавноста ќе може да ги следи седниците во живо, преку официјалната веб-страница и дигиталните канали на Судот на Јутјуб и Фејсбук. Седницата ќе биде достапна преку следниот линк: ...
Скпје, 28 февруари 2026 (МИА) - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во Свети Николе го отвори Меѓународниот фестивал на изворен фолклор „Тодорица“ 2026. Како што информира Министерството, во своето обраќање пред присутните Љутков истакна дека оваа манифестација е значаен симбол на духовната сила, културната меморија и идентитетот на народите. -Фолклорот не е само песна или оро, туку жив јазик на традицијата во кој се ...
Скопје, 28 февруари 2026 (МИА) - Градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски денеска на прес-конференција реагираше на укажувањето на Агенцијата за храна и ветеринарство во врска со надлежностите на општината и побара итно спроведување на правосилното и извршно решение донесено на 5 март 2024 година, со кое е изречена мерка за одземање добиток, во согласност член 36 од Законот за заштита и благосостојба на животните. -Обидите за ...
Скопје, 28 февруари 2026 (МИА) - Естетиката е важна и за физичкото и за менталното здравје, беше нагласено денеска на седмиот Симпозиум за естетска медицина со меѓународно учество што се одржува во Скопје. Настанот е во организација на Здружението за естетска медицина (ЗЕМ). Претседателот на здружението, проф. д-р Игор Пеев, во изјава за медиуми истакна дека за годинашниот симпозиум има огромен интерес. - За овододинашниот седми Симпозиум за ...
Скопје, 28 февруари 2026 (МИА) - По повод празникот Тодорова сабота премиерот Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Општина Свети Николе. На неговиот фејсбук-профил Мицкоски објави дека бил во традиционална посета на Свети Николе по повод овој ден кој, како што вели, секогаш носи посебна атмосфера, исполнета со вера, традиција и заедништво. -Тодорова сабота е длабоко вкоренета во нашата култура и претставува симбол на почит кон ...
Скопје, 28 февруари 2026 (МИА) - По повеќегодишно боледување, на 71-годишна возраст, денеска почина познатиот хирург, професор доктор Владо Јаневски. Јаневски важеше за истакнат медицински професионалец кој зад себе остави значаен придонес во хирургијата и медицинската едукација. Во текот на својата кариера, своето знаење и искуство ги пренесе на бројни лекари и хирурзи, кои денес работат во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, како и во ...
Скопје, 28 февруари 2026 (МИА) - Превентивни активности „Стави појас“ и „Користи зимска опрема“ се реализираат денеска од страна на Одделението за превенција при Секторот за внатрешни работи - Скопје на подрачјето на ПО - Сарај, на наплатна рампа „Глумово“, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи. - На граѓаните им беше укажано дека користењето сигурносен појас може многу да придонесе за намалување на последиците при ...
Скопје, 28 февруари 2026 (МИА) - Најновите податоци од Државниот завод за статистика за декември 2025 година откриваат интересна слика за енергетските навики на граѓаните. Европа забрзано се движи кон „зелена“ транзиција, а бројките дека инашата земја се труди да го фати овој тренд, иако се уште сме цврсто зависни од традиционалните енергенти за да ја пребродиме зимата. Сепак, она што дава надеж е дека само за една година видно е зголемено ...
Скопје, 28 февруари 2026 (МИА) - Министерството за финансии соопшти дека со поддршка од Меѓународната банка за обнова и развој - Светска банка продолжува да ја унапредува енергетската ефикасност во јавните здравствени установи и болници, реализирајќи значајни инвестиции во подобрување на енергетските перформанси на јавните здравствени установи и болници. - Проектот за енергетска ефиканост во јавниот сектор се имплементира преку Проектната ...
Скопје, 28 февруари 2026 (МИА) - Сојузот на синдикати доби поддршка од Европската конфедерација на синдикати во заложбите за зголемување на минималната плата и сите останати плати. Во писмото упатено до претседателот на ССМ Слободан Трендафилов се вели дека напорите и заложбите на ССМ за одбрана на работничките права, промовирање на фер минимални плати, обезбедување соодветно зголемување на платите и зајакнување на колективното договарање се ...