Битола, 27 февруари 2026 (МИА) - Во Општина Битола денеска беше презентирана програмата „Заедници со интегритет“ чија цел е да помогне општините во земјава да создадат и институционализираат силни системи и практики за интегритет. По завршувањето на обуката, од Општина Битола информираа дека со програмата се овозможува да се минимизираат ризиците од корупција и се зголемува довербата на граѓаните. На денешната обука „Судур на интереси“ ...

Дебар, 27 февруари 2026 (МИА) - Амбасадорот на Република Турција во Скопје, Фатих Улуцој, денеска престојуваше во посета на Дебар. -На средбата со градоначалникот Фисник Меља, разговараа за одличните односи меѓу двете пријателски земји, можностите за продлабочување на институционалната соработка, како и за конкретни проекти од заеднички интерес, особено во областа на културата, образованието, туризмот и локалниот развој, информираа од ...

Скопје, 27 февруари 2026 (МИА) - Регионалната соработка е клучен елемент за приближување кон Европската Унија. Европската интеграција не е само цел на Албанија, туку е заеднички проект и стратешка насока за развој на нашата држави. Нашите држави заслужуваат поголема поддршка на патот кон евроинтеграциите, затоа што членството не е само природен процес, туку заслужен процес од кој корист ќе имаат и регионот и ЕУ. Ова порака во Собранието ...

Скопје, 27 февруари 2026 (МИА) - Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска оствари средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај. Претседателот Гаши изразил задоволство од средбата и истакнал дека очекува пријателството и соработката што постои меѓу две земји во иднина уште повеќе да се зајакнува и унапредува. На меѓународен план, како што посочуваат од собраниската прес-служба, двете држави имаат исти цели и интереси а ...

Скопје, 27 февруари 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил средба со министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, на која, како што информира, разговарале за унапредување на билатералната соработка, продлабочување на економските и политичките односи, како и за заедничките европски перспективи и регионалната стабилност. На средбата, како што објави Мицкоски на Фејсбук, била ...

Скопје, 27 февруари 2026 (МИА) – Бранителот на куп-титулата во машка конкуренција Штип УГД ќе се соочи со Лирија за место во завршниот турнир од Купот на Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ), додека во женска конкуренција Наковски Волеј ќе игра со градскиот ривал Струмица жени во четвртфиналната фаза од натпреварувањето. Вака одреди денешната полудиригирана ждрепка, во која клубовите беа поделени во два „шешири“ според пласманот на ...

Вашингтон, 27 февруари 2026 (МИА) – Министерството за правда на САД поднесе тужба за законско стекнување на сопственост над санкционираниот нафтен танкер „Скипер“ и речиси два милиони барели сурова нафта запленети во декември минатата година во близина на брегот на Венецуела. САД ја поднесоа првата тужба со која се почнува правен процес за формално преземање на еден од најмалку 10-те нафтени танкери пресретнати од американските власти од ...

Куманово, 27 февруари 2026 (МИА) – Во воведниот натпревар од 20 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), АП Брера го совлада попладнево на гостински терен Башкими со 2-0 (1-0). Водечкиот за струмичкиот прволигаш го постигна Зоран Ивановски во 44 минута, а точка на победата стави Никола Величковски во судиското продолжение. Утре на програмата се два натпревара кои ќе се играат во Струга и Скопје. Во 12 часот е закажан почетокот на ...

Вашингтон, 27 февруари 2026 (МИА) - САД повторно го продолжија рокот за завршување на преговорите за купување странски средства на руската нафтена компанија „Лукоил“, овој пат до 1 април, објави американското Министерство за финансии. Според општото овластување на Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) при Министерството за финансии на САД, договорот за купопродажба може да се склучи до 1 април 2026 година. OFAC веќе ја ...

Ерусалим, 27 февруари 2026 (МИА) – Врховниот суд на Израел денеска донесе одлука десетина хуманитарни организации во Појасот Газа да продолжат со работа, додека судот ја разгледува нивната жалба. Израел во декември минатата години им нареди на 37 меѓународни организации, меѓу кои и Лекари без граници и Норвешкиот совет за бегалци, во рок од 60 дена да ги стопираат активностите во Појасот Газа и во Западен Брег, ако не се придржуваат до новите ...

Виена, 27 февруари 2026 (МИА) - Иран не им дозволил на претставниците на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) пристап до нуклеарните објекти погодени за време на ланската 12-дневна војна, покажува доверлив извештај на Агенцијата дистрибуиран до членовите. Во извештајот на МААЕ се нагласува дека Агенцијата затоа „не може да потврди дали Иран ги суспендирал сите активности поврзани со збогатување на ураниумот“, ниту да ја утврди ...

Вашингтон, 27 февруари 2026 (МИА) – Од почетокот на годината во САД се регистрирани повеќе од 1.100 случаи на мали сипаници, покажуваат податоците од Центрите за контрола и превенција на болести (CDC), што беа објавени денеска. Експертите предупредуваат дека бројките укажуваат на можни фатални исходи, со оглед на сериозните компликации од болести како што се енцефалитис и пневмонија. Над 96 проценти од заразените не се вакцинирани со MMR ...

Рим, 27 февруари 2026 (МИА) - Вработените во неколку италијански железнички компании вечер во 21 часот ќе стапат во 24-часовен штрајк. Вработените во железничките компании бараат подобри услови за работа, подобра безбедност и повисоки плати, објавува италијанската новинска агенција АНСА. Во штрајк ќе стапат вработените во компаниите Феровие дело Стато, Итало, Тренорд и други локални железнички оператори, а во текот на штрајкот, брзите и ...

Берлин, 27 февруари 2026 (МИА) – Германскиот министер за внатрешни работи Александар Добриндт денеска изјави дека продолжува набљудувањето на ултрадесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) од страна на германската разузнавачка служба. - Пресудата во која се наведува дека разузнавачката служба не може да ја класифицира АфД како „потврдена“ десничарско екстремистичка партија јасно наведува дека постојат тенденции во партијата ...

Лондон, 27 февруари 2026 (МИА) – Во Лондон е уапсен холандски државјанин поради вандализирање на споменикот на Винстон Черчил, што се наоѓа во центарот на градот. - Срамота. Целосно е одвратно. Черчил беше голем Британец. Оваа влада секогаш ќе ги брани нашите вредности, а сторителот мора да одговара. Мило ни е што полицијата го уапси, изјави портпаролот на британската влада. На споменикот со црвена боја беше испишано „Ционистички воен ...

Атина, 27 февруари 2026 (МИА) – Грчкиот претседател Константинос Тасулас во денешниот говор на приемот за дипломатскиот кор во земјата, одржан во Претседателската палата, посочи дека Грција во однос на непосредните соседи од Западен Балкан, не штеди напори за забрзување на нивната интеграција во европското семејство, придонесувајќи во усвојување и ефикасна примена на правото на ЕУ, а паралелно промовира проекти за поврзување, јави ...

Куманово, 27 февруари 2026 (МИА) - Отсекот за превенција при СВР Куманово во соработка со Општински совет за превенција на детско престапништво од Општина Куманово, денеска спроведоа кампања низ централното градско подрачје, посветена на деца, жени и стари, немоќни лица, кои честопати се жртви на семејно насилство. Превенцијата на семејното насилство останува еден од клучните безбедносни и социјални предизвици на локално ниво, особено кога ...

Скопје, 27 февруари 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил средба со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, на која, како што инофмрира разговарале за зајакнување на билатералните односи, унапредување на регионалната соработка и заедничките евроинтеграциски процеси. На средбата, како што објави Мицкоски на Фејсбук, била истакната важноста од одржување на стабилноста и продлабочување на партнерството меѓу двете земји во ...

Скопје, 27 февруари 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил средба со Еврокомесарот за внатрешни работи и миграција, Магнус Брунер на која, како што информираат, било разговарано за унапредување на билатералната соработка, економските перспективи и заедничките предизвици со кои се соочува регионот и Европа. Средбата, како што објави Мицкоски на Фејсбук, поминала во конструктивна и пријателска атмосфера, при што ја ...

Солде, 27 февруари 2026 (МИА) – Швајцарската скијачка Корин Сутер победи на денешната трка од Светскиот куп во спуст што се одржа во Солде. Сутер дојде до победата со време од 1:31,62 минути, што беше за 11 стотинки побрзо од возењето на второпласираната Нина Ортлиб од Австрија. Третото место го освои Италијанката Софија Гоџа со заостанување од 24 стотинки. Водечка во генералниот пласман и натаму е Американката Микаела Шифрин со 1.133 бодови, ...

Подгорица, 27 февруари 2026 (МИА) – Црногорската полиција врши претрес на имотот во центарот на Подгорица на бизнисменот Ацо Ѓукановиќ, брат на поранешниот претседател Мило. Во истата зграда е сместена и филијалата на Прва банка, чиј сопственик е Ацо Ѓукановиќ. Ацо Ѓукановиќ се смета за еден од најбогатите луѓе во Црна Гора. На крајот на 2006 година, тој ги купи акциите на Никшиќка банка, која една година подоцна ја преименува во Прва банка. ...

Њујорк, 27 февруари 2026 (МИА) – Кошаркарот на Оклахома Сити, Шеј Гилџус-Александар, доби денеска дозвола од медицинскиот тим да се врати на теренот, откако пропушти девет натпревари во НБА лигата поради повреда на стомакот. Канаѓанецот веќе не е на списокот повредени за натпреварите оваа вечер, кога бранителот на титулата и лидер во Западната конференција ќе биде домаќин на Денвер. Во негово отсуство, Оклахома Сити ја задржа лидерската ...

Тирана, 27 февруари 2026 (МИА) - Албанската театарска и филмска актерка, Анила Биша, стана лице и глас на првата министерка за вештачка интелигенција во светот - Диела, но без нејзина согласност, пишува „Економист тајмс“. Минатиот септември, албанскиот премиер Еди Рама претстави дигитален аватар наречен Диела, вештачка интелигенција на која ѝ е доверена задачата да ги следи јавните тендери со цел борба против корупцијата. Кратко по ...

Брисел, 27 февруари 2026 (МИА) - Европската Унија ѝ нареди на својата Канцеларија за борба против измами (OЛАФ) да го истражи Питер Манделсон, поранешниот британски амбасадор во САД, за неговите врски со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, а од периодот кога бил комесар за трговија. „Со оглед на околностите и значителниот број јавно достапни документи, Европската комисија, исто така, побара од ОЛАФ на 18 февруари да го истражи ова ...

Париз, 27 февруари 2026 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го изрази своето незадоволство од одлуката на Европската комисија привремено да го примени договорот за слободна трговија меѓу Европската унија и земјите од Меркосур, оценувајќи ја таа одлука како „непријатно изненадување“ за Франција и „лош начин на дејствување“ кон Европскиот парламент. Макрон истакна дека Франција има сериозни резерви во врска со тој договор и ...

Скопје, 27 февруари 2026 (МИА) - Општина Центар објави јавен повик за реализација на проектот „Светски ден на поезијата“, со цел достојно одбележување на 21 март, денот кога ширум светот се слави поетскиот збор, соопштија денеска од локалната самоуправа. Настанот има за цел да ја афирмира македонската поезија, да ја истакне нејзината вредност и да го потврди безвременскиот карактер на делата на македонските поети. - Во рамките на проектот се ...

Струга, 27 февруари 2026 (МИА) - Останува забраната за пиење на водата од струшкиот водовод поради матноста, која варира на мерните места низ градот. Водата може да се користи само за техничка употреба, потврди денеска д-р Лидија Симоноска, специјалист по хигиена и здравствена екологија во Центарот за јавно здравје - Охрид. Мострите земени денеска од неколку мерни места, според Симоноска, покажуваат матност од 0,62 до 1,73, а дозволените ...

Куманово, 27 февруари 2026 (МИА) - Пробивањето и уредувањето на дел од булеварот „Октомвриска револуција“ и негово поврзување со градскиот парк, влегува во интензивна фаза на реализација, најави градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски. Претходно почна изградбата и реконструкцијата на подземната инфраструктура. Како што појаснува Димитриевски, станува збор за комплексен зафат што опфаќа експропријација, изградба на нова ...

Скопје, 27 февруари 2026 (МИА) - Конститутивната седница на работната група за реформи во изборното законодавство не се одржа поради барањето на дел од албанските партии да бидат преведени материјалите. Министерот за правда Игор Филков изјави дека воопшто не била почната материјалната расправа и се надева дека следната недела ќе се одржи седницата доколку сите страни се усогласат за термин. - Работата на работната група е одложена за следната ...

Атина, 27 февруари 2026 (МИА) – Се потврди дека моето прислушување не било „грешка“, како што некогаш изјавивте, туку организиран парадржавен механизам што грубо ги погази човековите права, го поткопа владеењето на правото и ја изложи земјата меѓународно, рече претседателот на ПАСОК Никос Андрулакис јави дописничката на МИА од Атина. Лидерот на главната опозициска партија, во рамките на пратеничкото прашање до грчкиот премиер околу ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
0.51
75%
1028
weather icon

Белград

10ᴼ / 7ᴼ
1.54
64%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.03
75%
1027
weather icon

Софија

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
67%
1029
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
4.4
70%
1030
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 2ᴼ
0.0
75%
1027
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
3.13
65%
1027
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
62%
1026
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
62%
1026
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
2.57
70%
1031
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 7ᴼ
1.34
63%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
3.6
60%
1030
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Родиум

368126.05

Кобалт

66.14

Рутениум

45750.51

Злато

163613.54

Калај

50.04

Алуминиум

3.29

Паладиум

51794.85

Платина

67998.83

Бакар

11.75

Цинк

3.27

Иридиум

229769.28

Сребро

2648.90