Скопје, 27 февруари 2026 (МИА) - Државната статистика потврди голем раст на превезена стока во товарниот сообраќај, што е силен поттик за економијата и за нови работни места, порача денеска вицепремерот и министер за транспорт, Александар Николоски. - Вкупнато количество превезена стока во товарниот патен превоз во четвртиот кварат од 2025 година е за 66,7 проценти зголемено во споредба со истиот период 2024 година - покажуваат податоците на ...

Скопје, 27 февруари 2026 (МИА) - Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,02 п.п., при што во јануари таа изнесува 2,20 %, а просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,48 п.п. и изнесува 4,73 %, соопшти Народната банка на РСМ. - Во јануари просечната каматна стапка на новоодобрените кредити е повисока за 0,15 п.п. на месечна основа и изнесува 4,40 %, а на годишна основа е намалена за 0,30 ...

Скопје, 25 февруари 2026 (МИА) Хатка СМАИЛОВИЌ -Барањето отчетност од универзитетте како се трошат средствата и како функционираат не сметам дека е мешање во автономијата. Ние не велиме дека ја завршиле добро или лошо работата, само велиме дека треба да дадат извештај за она што сработиле, како работеле и на кој начин управуваат де факто со средствата што им ги дава државата, вели министерката за образование и наука Весна Јаневска по ...

Кавадарци, 27 февруари 2026 (МИА) - ,,Крадец на времето“ е насловена книгата од младата Викторија Недева, што синоќа беше промовирана во галеријата при Домот на културата ,,Иван Мазов - Климе“ во Кавадарци. Недева е член на Здружението на поети и писатели ,,Тиквешки цветови“ од овој град. Промотори на книгата беа Марија Црвенковски и Марија Камчева. Во своето обраќање пред присутните, Камчева рече, дека, да се напише книга, значи да се остави ...

Кочани, 27 февруари 2026 (МИА) - Во чест и спомен на гимназијалката Сара Јорданова, чиј живот трагично заврши во пожарот во „Пулс“, вечерва во 18:30 часот во НУ ЦК „Бели мугри“ во Кочани ќе биде отворена хуманитарна групна донаторска ликовна изложба насловена „Трага во бесконечноста“. Организатор на овој настан од културата со поднаслов „За децата, за животот, за трагата“ е кочанската Национална установа во блиска соработка со семејствотои ...

Берлин, 27 февруари 2026 (МИА) – Наглото зголемување на цените на енергијата и храната турка сè повеќе германски потрошувачи во инсолвентност, со регистрирани 107.816 лични банкроти во 2025 година, според податоците објавени денеска од давателот на информативни услуги ЦРИФ. Ова претставува зголемување од 7,8 проценти во однос на 2024 година, а се очекува бројките дополнително да растат, пренесе ДПА. И покрај генерално поголемата подготвеност ...

Париз, 27 февруари 2026 (МИА) - Книгата од француската активистка и писателка Жизел Пелико, со наслов „И радоста на животот“ (Et la joie de vivre), стана најпродаваната книга во Франција. Автобиографското дело беше издадено на 17 февруари и за само една седмица се продаде во над 60.000 примероци, објавија тамошните медиуми. Книгата, објавена од издавачката куќа „Фламарион“, се најде на првото место на листите за најпродавани книги во земјата. ...

Отава, 27 февруари 2026 (МИА) - „Нова студија открива дека менталната острина може да направи значајна разлика во тоа колку задачи ќе завршиме во текот на денот - дури еквивалент на дополнителни 40 минути работа“, пренесува РТС. Истражувањето е спроведено од тим од Универзитетот Торонто Скарборо во Канада, кој утврдил дека во денови кога когнитивните способности се на врв, луѓето успеваат да реализираат значително повеќе обврски. Тоа, според ...

Куманово, 27.февруари 2026 (МИА) – Фудбалските прволигаши денеска со дуелот меѓу Башкими и Брера ги продолжуваат натпреварите од прволигашката конкуренција. На програмата се дуелите од 20.коло, кои ќе се играат до понеделник. Почетокот на денешниот дуел во Куманово е во 14 часот. Утре според распоредот се два натпревара кои ќе се играат во Струга и Скопје. Во 12 часот е закажан почетокот на дерби дуелот меѓу Струга и Вардар, додека од 14 ...

Самсун, 27.февруари 2026 (МИА) – Екипата на тетовска Шкендија го заврши настапот во УЕФА Конференциската лига, откако во 1/16 финалето синоќа беше елиминирана од турската екипа Самсунспор. Во реваншот вчера резултатот беше 4:0 за турскиот претставник. - Прво да му честитам на противникот за пласманот во следната рунда, мислам дека го заслужија тоа во двата натпревара. За натпреварот бевме многу добри во првото полувреме, потоа еден случаен ...

Феникс, 27.февруари 2026 (МИА) – Екипата на Лос Анџелес Лејкерс претрпе пораз од Феникс, иако Лука Дончиќ реализираше 41 поен, кои се покажаа недоволни за победа. Јунак на дуелот беше Ројс О’Нил, кој постигна тројка на 0,9 секунди пред крајот на дуелот. Феникс до важната победа стигна, иако во текот на дуелот имаше и двоцифрена предност. Клуч за победата беше извонредниот шут за три поени 22 реализирани тројки од 50 обиди (44 отсто). Во ...

Белград, 27 февруари 2026 (МИА) – Здравствената состојба на потпретседателот на Владата на Србија и претседател на СПС, Ивица Дачиќ, е непроменета и засега е стабилна, изјави помошник-директорот на Клиниката за пулмологија во Белград, Спасоје Попевиќ. - Продолжуваат мерките за интензивно лекување. Засега е стабилно, ноќта ја помина мирно – рече д-р Спасоје Попевиќ во изјава за новинарите пред Клиниката за пулмологија, каде што е ...

Скопје, 27 февруари 2026 (МИА) - Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро реагира на изјавата на градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски, дека локалната самоуправа нема никаква законска надлежност да постапува во справувањето со проблемот со говедата што лутаат низ градот и им нанесуваат штета и на земјоделските поседи и во околните села. - Го потсетуваме Митовски дека неодговорно е кон сопствените граѓани и жители ...

Париз, 27 февруари 2026 (МИА) - Овогодишната награда „Сезар“ за најдобар француски филм синоќа беше доделена на „Приврзаност“ (L'аttachment) од режисерката Карин Тардје. Тоа е приказна за жена која гради уникатен однос со децата на нејзината сосетка вдовица. - Приказната е заснована на сè што нè поврзува во денешното општество, кое крева ѕидови насекаде... Вечерва, сите заедно го носиме трофејот дома!, рече 52-годишната режисерка. Режисерката ...

Скопје, 27 февруари 2026 (МИА) - Во периодот од 16 до 22 февруари во земјата се пријавени 1.113 случаи на грип и заболувања слични на грип, што претставува намалување од 3,2 отсто во однос на претходната недела, пишува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во однос на возрасната дистрибуција, 621 лице биле на возраст од 15 до 64 години, 185 биле деца на возраст од пет до 14 години, 164 - деца на возраст до четири години, ...

Скопје, 27 февруари 2026 (МИА) - Од 1 март стапува во сила законската обврска за банките за засилена автентикација на клиентите при онлајн-плаќања со платежни картички. Целта е да се обезбеди заштита на паричните средства на граѓаните и на компаниите преку дополнителни сигурносни проверки на идентитетот на лицето при плаќањата без физичко присуство. - Засилената автентикација му овозможува на клиентот на банката, при плаќање на интернет, ...

Рим, 26 февруари 2026 (МИА) – Светскиот куп во скокови во вода, што требаше да се одржи од 5 до 8 март во градот Запопан, во мексиканската сојузна држава Халиско, е откажан поради безбедносната состојба во земјата, објави денеска Меѓународната федерација на водни спортови (World Aquatics). „Оваа одлука следи по ограничувањата за патување издадени од некои меѓународни амбасади и по целокупната проценка на предупредувањата за патување во ...

Тирана, 27 февруари 2026 (МИА) - Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Сали Бериша, преку видеопорака доцна синоќа реагира на најновиот потег на премиерот Еди Рама за смени во владата нарекувајќи го „обид да се спаси себеси“. - Најновиот потег на Еди Рама е потег со кој тој се обидува да си ја спаси сопствената кожа. Со ова тој се обидува да ги измами луѓето во време кога и самиот е на чело на криминалната организација што ...

Мексико, 25 февруари 2026 (МИА) - Истражување објавено во научното Нејчр Комјуникешнс (Nature Communications) откри дека специфична генетска варијанта на генот ЦХРНБ3 (CHRNB3) може значително да ја намали желбата за цигари. Оваа варијанта влијае на β3 потединицата на никотинските ацетилхолински рецептори, кои се клучни за наградувачките ефекти на пушењето врз мозокот, пренесува порталот Траст мај сајанс (Trust my science). Истажувањето е ...

Аман, 25 февруари 2026 (МИА) - Војводата и војвотката од Сасекс, принцот Хари и Меган, утрово допатуваа во Јордан на своето прво заедничко меѓународно патување по повеќе од една и пол година. Тие ќе дадат поддршка за ранливите заедници погодени од конфликти и раселувања, соопшти Еј-би-си Двојката пристигна по покана на генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, и учествуваше на округла маса ...

Вкусни крцкави колачиња со семки од афион. Состојки: (мерка чаша од 2,5 дцл) 2/3 шолја шеќер во прав 1/2 шолја путер (собна температура) 1 јајце (собна температура) рендана кора од 1 портокал 1,5 шолја меко брашно 1/2 лажичка прашок за пециво многу малку сол 1 лажица немелени семки од афион Подготовка: Добро матете го путерот и шеќерот, околу 3 минути, додека не стане светло. Додадете го јајцето и кората од портокал и продолжете да мешате ...

Париз, 26 февруари 2026 (МИА) - Во француската престолнина вечерва ќе се одржи доделувањето на наградите „Сезар“ за врвни достигнувања во француската кинематографија за изминатата година. Во тој поглед, и покрај 10-те номинации за филмот „Нов бран“ (Nouvelle Vague) на американскиот режисер Ричард Линклејтер, добитниците на „Сезар“, се чини, годинава се непредвидливи, особено поради „нејасниот успех во домашните киносали“, т.е. на благајните, ...

Вкусот на овие палачинки не се разликува многу од класичните, освен што се малку погусти и многу поздрави, богати се со протеини и се одличен оброк за почеток на денот Состојки: 200 грама брашно од хељда 200 грама пченично брашно 7 дл ладно млеко 3 јајца 1 лажица шеќер 1 лажичка сол 1 лажичка сода бикарбона 2 лажици масло масло за пржење Подготовка: Измешајте ги двата вида брашно. Во друг сад изматете ги јајцата, додадете го млекото, ...

Струга, 26 февруари 2026 (МИА) - Малолетник од Струга без законско право за управување моторно возило бил затекнат од полицијата како управува патничко моторно возило, извршен е разговор со лицето и возилото е одземено, соопшти денеска СВР Охрид. Според информацијата, вчера во 19 часот и 50 минути, при контрола во патниот сообраќај, полициски службеници од ОВР Струга, сопреле патнички автомобил „фолксваген туран“ со струшки регистарски ...

Куманово, 26 февруари 2026 (МИА) - Осомничениот за убиство од општина Старо Нагоричане, дваесет и петгодишниот Т. Б. е сместен во казнено-поправната установа Куманово (К‘шање), соопштија денеска од затворот. -Лицето Т.Б. се наоѓа во КПУ Затвор Куманово, на издржување мерка притвор од 30 дена, определена од судија на претходна постапка. По приемот му е извршен лекарски преглед од страна на медицинско лице и е во добра здравствена состојба, ...

Скопје, 27 февруари 2026 (МИА) - Северна Македонија станува дел од „Плазма - Спортските аматерски игри за деца“, кои во изминатите години обединија повеќе од два и пол милиона деца од неколку држави. Најдобрите ќе бидат дел од финалните натпревари, што ќе се одржат во август годинава во Сплит. Иницијативата трае веќе 27 години, а во неа се вклучени деца од Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и од Словенија. Целта е да се почувствува ...

Скопје, 27 март 2026 (МИА) - Со денешното потпишување на договорот меѓу меѓународната платформа „Спортски игри за млади“ и Федерацијата на училишните спортови земјава стана дел од „Плазма - Спортските аматерски игри за деца“, кои во изминатите години обединија повеќе од два и пол милиона деца од неколку држави. Најдобрите ќе бидат дел од финалните натпревари, што ќе се одржат во август годинава во Сплит. Премиерот Христијан Мицкоски на ...

Скопје, 27.февруари 2026 (МИА) – Македонската кошаркарска репрезентација денеска ги продолжува натпреварите за Евробаскет 2029, а нов противник е селекцијата на Луксембург. Ова воедно е почеток за новиот селектор на клупата на македонската репрезентација Шпанецот Жозеп Мариа Берокал. Ова е дуел од третото коло од групата А, а македонскиот состав има две победи во првите две кола против Азербејџан (дома) и Република Ирска (гости). Денешниот ...

Скопје, 27 февруари 2026 (МИА) - На сцената на Македонската опера и балет вечерва ќе биде изведен балетот „Жизел“ од Адолф Адам. Диригент е Едуард Амбарцумјан (Ерменија), а кореографијата е по Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа и Леонид Лавровски, во адаптација на Ирена Пасариќ (Хрватска). Во насловната улога Жизел настапува примабалерината Марија Кичевска-Шокаровска, во улогата на Алберт - Балаж Лочеи, како Мирта настапува Илијана Данилов, ...

Атина, 27 февруари 2026 (МИА) – Разговаравме за прашањата што ги засегаат двете земји. Односите меѓу Соединетите Американски Држави и Грција денес се на највисоко можно ниво. Се наоѓаме во навистина одлична состојба, како во однос на економската соработка, особено во енергетиката, така и во одбранбената соработка, трговијата и економската дипломатија, посочи министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис по средбата со ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
62%
1027
weather icon

Белград

13ᴼ / 12ᴼ
6.69
53%
1026
weather icon

Загреб

13ᴼ / 10ᴼ
1.03
57%
1027
weather icon

Софија

9ᴼ / 7ᴼ
3.09
58%
1029
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
4.76
52%
1030
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 9ᴼ
0.45
72%
1028
weather icon

Атина

17ᴼ / 14ᴼ
4.02
57%
1027
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
36%
1026
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
44%
1026
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
1.34
52%
1031
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
0.89
51%
1028
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
3.09
76%
1030
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Цинк

3.27

Бакар

11.75

Родиум

368126.05

Алуминиум

3.29

Кобалт

66.14

Платина

67998.83

Сребро

2648.90

Калај

50.04

Паладиум

51794.85

Рутениум

45750.51

Злато

163613.54

Иридиум

229769.28