Нион, 27.февруари 2026 (МИА) – Во седиштето на УЕФА денеска (почеток 12 часот) ќе бидат извлечени двојките за осминафиналето од годинашново издание од Лигата на шампионите. 16 екипи ќе се борат за пласман за финалето кое ќе се игра на 30.мај во Будимпешта. Според пласманот во 1/16 финалето слободни беа осумте првопласирани екипи: Арсенал, Барселона, Баерн, Челзи, Ливерпул, Манчестер Сити, Спортинг и Тотенхем. На овие осум екипи им се ...

Скопје, 27 февруари 2026 (МИА) - „Чекори што не згаснуваат“ е насловот на концертот на ансамблот „Танец“ во чест на игроорецот Симеон Чулев, кој почина неодамна. Концертот ќе се одржи вечерва од 19.30 часот во Македонскиот народен театар. - Оваа незаборавна вечер е посветена на ликот и делото на Симеон Чулев, кој замина прерано. Настанот ќе нè поведе низ емотивна музичка ретроспектива и славење на трајните вредности што тој ги остави зад ...

Скопје, 27 февруари 2026 (МИА) - Во Кинотеката на Македонија вечер ќе биде промовирана публикацијата „70 години македонски филмски плакат 1952 – 2022“. Монографијата опфаќа богата збирка од највпечатливите и најистакнатите плакати креирани во периодот од 1952 до 2022 година, како визуелна хроника на македонската филмска уметност, дизајн и естетика. -Овој ексклузивен настан претставува значаен културен момент во одбележувањето седум децении од ...

Скопје, 27 февруари 2026 (МИА) - Во Мултимедијалната читалница на Националната и универзитетска библиотека (НУБ) „Св. Климент Охридски“ - Скопје денеска ќе се одбележи 20-годишнината од почнувањето на проектот на Форумот на словенските култури за превод на 100 словенски романи. Како што е најавено, предвидено е да се обратат директорот на НУБ „Св. Климент Охридски“, Јовица Никчевски, висок претставник од Министерството за култура и туризам и ...

Штип, 26 февруари 2026 (МИА) –Турските државјани Рамазан Аџет, Селахадин Арслан и Осман Метихан-Кулдруд добија по пет години казна затвор, бидејќи во мај 2025 година му помогнале на Кадир Кара во извршување на убиство, кое се случи во кафуле на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип. Судечкиот судија во Основниот суд во Штип, Јулијана Недкова денеска ја објави пресудата за четворица обвинати за помагање во извршување на убиство. -Судот ги ...

Комо, 26 февруари 2026 (МИА) – Легендата на Арсенал и поранешен француски репрезентативец Тиери Анри оцени дека Комо го игра најдобриот фудбал во италијанската лига. „Долго време зборувам за ова. Тимот што во моментов игра најдобар фудбал во Италија е Комо“, изјави Анри за CBS Sports Golazo. „Можеме да разговараме за буџетот и квалитетот на тимот, но ова е моменталната ситуација. Минатата недела веќе ме прашавте каде се италијанските тимови ...

Женева, 26 февруари 2026 (МИА) – На индиректните преговори помеѓу САД и Иран постигнат е значителен напредок, изјави шефот на оманската дипломатија Саид Бадр бин Хамад бин Хамуд ал Бусаиди по завршувањето на разговорите во Женева. Тој најави дека наскоро ќе има нова рунда преговори, по консултациите во Вашингтон и во Техеран. Бусаиди посочи и дека следната недела во Виена, каде е седиштето на Меѓународната агенција за атомска енергија, ќе се ...

Монтевидео, 26 февруари 2026 (МИА) – Уругвај и Аргентина се првите држави што го ратификуваа трговски договор помеѓу Европската Унија и јужноамериканскиот блок Меркосур. Парламентот на Уругвај денеска го изгласа договорот, еден ден откако истиот беше усвоен од Сенатот. Набрзо и Конгресот на Аргентина го ратификуваше договорот. Се очекува за неколку дена и Бразил да им се придружи на своите два соседа. Четвртата земја во Меркосур е Парагвај. ...

Барселона, 26 февруари 2026 (МИА) – Лидерот на табелата во Ла Лига, Барселона, ќе биде во следните пет недели без својот играч од средниот ред, Френки де Јонг, поради повреда, објави денеска весникот „Марка“. Холандскиот фудбалер почувствувал болка во бутот за време на денешниот тренинг, а медицинските тестови покажале дека станува збор за кинење на бутниот мускул. Оваа сезона, 28-годишниот Де Јонг е еден од клучните играчи на Барселона со 31 ...

Тирана, 27 февруари 2026 (МИА) - Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Сали Бериша, преку видео-порака доцна синоќа реагираше на најновиот потег на премиерот Еди Рама за смени во владата, нарекувајќи го "обид да се спаси себеси". -Најновиот потег на Еди Рама е потег со кој тој се обидува да си ја спаси сопствената кожа. Со својот потег, тој се обидува да ги измами луѓето, во време кога самиот е на чело на криминалната ...

Самсунспор, 26 февруари 2026 (МИА) – Фудбалерите на Шкендија загубија вечерва на гостински терен од Самсунспор со 4-0 во реванш натпреаврот од плејофот во Конференциската лига и со вкупен резултат од 5-0 претрпеа елиминација во третото по ранг европско клупско натпреварување. Актуелниот македонски првак со умерен оптимизам допатува на реваншот во Самсун, надевајќи се дека може да ја анулира негативата од 1-0 од првиот натпревар пред една ...

Скопје, 26 февруари 2026 (МИА) - Осмиот конкурс за наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2026 година е отворен и трае до 1 јуни 2026 година. Добитникот на наградата, востановена од издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, ќе биде прогласен на 2 септември оваа година. За наградата „Пегаз“, како што посочуваат од издавачката куќа, можат да ...

Охрид,26 февруари 2026 (МИА) - По повод 8 Mарт - Денот на жената, во организација на Националната установа „Охридско лето“ ќе се одржи свечен осмомартовски концерт со настап на гитаристот Дејан Милевски. Концертот што ќе се одржи на вечерта на 7 март во прекрасната акустика на црквата „Света Софија“ во Охрид со почеток од 20 часот, ќе понуди богата стилска музичка палета, од барокна елеганција, преку романтична лирика, до шпански и ...

Скопје, 26 февруари 2026 (МИА) - Во март Кинотеката на Македонија ја обликува својата програма како промислен и концептуално заокружен циклус на проекции посветени на современите регионални продукции и нивните дијалози со пошироките европски и светски филмски традиции. Оваа селекција не е само репертоар на актуелни остварувања, како што наведуваат од Кинотеката, туку куриран простор за критичко преиспитување на авторскиот филм, неговата ...

Кочани, 26 февруари 2026 (МИА) - Библиотека „Искра“ од Кочани денеска организира книжевна работилница насловена „Во светот на бајките“, по повод Светскиот ден на раскажувањето бајки. Работилницата започнува во 10 часот и освен во Кочани, таква активност ќе се одвива и во населбата Оризари. Во просториите на библиотеката во градот учесници ќе бидат учениците од ООУ „Св. Кирил и Методиј“, а во библиотеката во Оризари, учениците од ООУ „Крсте ...

Мадрид, 26 февруари 2026 (МИА) – Шпанскиот фудбалски гигант Реал почна денеска истрага откако навивач на Кралскиот клуб, наводно, извел нацистички поздрав за време на вчерашниот реванш натпревар од плејофот во Лигата на шампионите против Бенфика во Мадрид. Според извештаите, пред почетокот на натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“, еден од навивачите, најверојатно, извел нацистички поздрав додека телевизиските камери го снимале стадионот. ...

Стокхолм, 26 февруари 2026 (МИА) – Дронот чиј сигнал беше блокиран во близина на францускиот носач на авиони „Шарл де Гол“ во Шведска најверојатно руски, изјави вечерва шведскиот министер за одбрана Пол Јонсон. Тој коментирајќи го вчерашниот инцидент во Малме, истакна дека „во непосредна близина имало руски воен брод“. Генералштабот на француските вооружени сили денеска соопшти дека шведските сили вчера пресретнаа и неутрализираа дрон што се ...

Тирана, 26 февруари 2026 (МИА) – Албанскиот премиер Еди Рама вечерва соопшти реконструкција на владиниот кабинет „Рама 4“, формиран во септември минатата година по мајските парламентарни избори. Од владата заминува вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку, која од Специјалното обвинителство за корупција и организиран криминал (СПАК) е осомничена за корупција. Нова вицепремиерка ќе биде Албана Кочиу, актуелна ...

Скопје, 26 февруари 2026 (МИА) - Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски потпишаа меморандум за соработка со највисокорангираните универзитети во Македонија во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, со што академската заедница официјално се вклучува како активен и рамноправен партнер во реализацијата на проектот. -Со меморандумот се потврдува јасната европска ориентација на универзитетите и нивната улога како ...

Вашингтон, 26 февруари 2026 (МИА) – Поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон, на денешното сослушување во Конгресот, изјави дека не знаела за злосторствата на Џефри Епстин и Гилејн Максвел. - Немав поим за нивните криминални активности. Не се сеќавам дека некогаш сум го сретнала господинот Епстин, наведе Хилари Клинтон во воведниот говор, што го сподели на социјалните мрежи. Таа и претходно изјави дека нејзиниот сопруг, ...

Женева, 26 февруари 2026 (МИА) – Индиректните преговори помеѓу Иран и САД во Амбасадата на Оман во Женева, продолжија по неколкучасовната пауза. Разговорите, кои почнаа денеска беа прекинати неколку часа. Во тој период, претставници на САД се сретнаа со украински претставници. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, потврди дека индиректните разговори продолжуваат, објави иранската новинска агенција ИРНА. - ...

Кабул, 26 февруари 2026 (МИА) – Авганистанските воени власти соопштија дека почнаа напади врз Пакистан како одговор на пакистанските воздушни напади врз провинциите Нангархар и Пактија од пред неколку дена. - Како одговор на повторените провокации и прекршувања од страна на пакистанските воени кругови, започнати се големи офанзивни операции против пакистанските воени позиции и објекти долж линијата Дуранд (меѓународната граница меѓу двете ...

Исламабад, 26 февруари 2026 (МИА) – Силите за безбедност на Пакистан одговорија на неиспровоцираното гранатирање од страна на авганистанските талибански сили на неколку точки долж границата, соопшти пакистанското Министерство за информации. Пакистанското Министерство за информации на платформата Икс објави дека талибанците отвориле оган врз неколку сектори во провинџијата Хајбер-Пахтунхва и оти пакистанската армија „итно и ефикасно“ ...

Тирана, 26 февруари 2026 (МИА) - Известувачот на Европскиот парламент за Албанија, Андреас Шидер денеска пред Комитетот за надворешни работи на ЕП (АФЕТ) изрази силна загриженост за политичката ситуација и демократските права во земјата, објави агенцијата Балканвеб. Според истиот извор Нацрт-извештајот и Нацрт-резолуцијата за Албанија се нагласува дека политичката клима останува поларизирана и дека постојат индикации за притисок врз ...

Скопје, 26 февруари 2026 Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во своето гостување во „Наткаст“ информираше дека целта на новините во програмата е зголемување на земјоделското производство. „Една од новините што ги предвидува Програмата е зголемување на праговите за тоа кој може да биде корисник на субвенции. Површината за овошни и лозови насади од 0,2 хектари се зголемува на 0,5 хектари, а кај ...

Скопје, 26 февруари 2026 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели на миграција“ (Skills4Justice), спроведен во рамките на програмата на ЕУ за истражување и иновации „Хоризонт Европа“ (HORIZON Europe). Настанот се одржа на Економскиот факултет при УКИМ, како национален координатор на проектот. -Во своето воведно излагање, таа ...

Скопје, 26 февруари 2026 (МИА) - Северна Македонија и Хрватска негуваат одлични билатерални односи кои се пример за регионот, а во следниот период се очекува финализирање договор за стратешко партнерство меѓу двете држави. Хрватска останува силен и принципиелен поддржувач на македонските евроинтеграции, порачаа министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и хрватскиот министер за надворешни и европски работи Гордан ...

Скопје, 26 февруари 2026 (МИА) - Мораме да најдеме решение на предизвикот со Бугарија, да имаме активен дијалог, но во рамки на нашите принципиелни позиции. Не смееме да дозволиме да продолжиме да бидеме заложници на билатерални процеси, тоа не е фер кон оваа држава, тоа нашите граѓани и нашите институции не го заслужуваат и затоа, треба да се најде некое рационално решение кое нам како држава и на нашиот народ ќе ни даде предвидливост по ...

Рим, 26 февруари 2026 (МИА) – Италијанските владејачки партии постигнаа договор за сеопфатна реформа на изборниот закон, потврдија денеска два неименувани извори. според опозициските партии договорот е со цел премиерката Џорџа Мелони да ја задржи власта по изборите закажани за 2027 година. Според актуелниот изборен систем, повеќето членови на двата дома на парламентот се избираат преку партиски листи и пропорционален систем, но 36 проценти од ...

Скопје, 26 февруари 2026 (МИА) - Поради свлечиште затворена за сообраќај од 18.30 часот е обиколницата околу Битола, информира ЈП „Македонијапат“. -Сообраќајот ќе се праносочува преку градот Битола, екипите на ЈП „Македонијапат“ работат на расчистување на свлечиштето и на нормализирање на сообраќајот, соопшти јавното претпријатие. хс/вј/ Фото: МИА архива Скопје, 26 февруари 2026 (МИА) - Поради свлечиште затворена за сообраќај од 18.30 часот ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
62%
1027
weather icon

Белград

13ᴼ / 12ᴼ
6.69
53%
1026
weather icon

Загреб

13ᴼ / 10ᴼ
1.03
57%
1027
weather icon

Софија

9ᴼ / 7ᴼ
3.09
58%
1029
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
4.76
52%
1030
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 9ᴼ
0.45
72%
1028
weather icon

Атина

17ᴼ / 14ᴼ
4.02
57%
1027
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
36%
1026
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
44%
1026
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
1.34
52%
1031
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
0.89
51%
1028
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
3.09
76%
1030
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Родиум

368126.05

Платина

67998.83

Бакар

11.75

Сребро

2648.90

Паладиум

51794.85

Кобалт

66.14

Рутениум

45750.51

Злато

163613.54

Цинк

3.27

Калај

50.04

Алуминиум

3.29

Иридиум

229769.28