Охрид, 27.февруари 2026 (МИА) – По успешните настапи и пласманот во четвртфиналето ЕХФ Европскиот куп ракометарите ги очекуваат два нови дуела во против грчки Олимпијакос. Денеска беа објавени и термините за одигрување на натпреварите. Првиот дуел се игра на 29.март во Атина со почеток во 17 часот, додека реванш дуелот е закажан за 4.април во СЦ „Билјанини извори“ со почеток во 18 часот. Поуспешната екипа од овој двомеч во полуфиналето ќе ...

Братислава, 27 февруари 2026 (МИА) - Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска изјави дека Словачка и Унгарија ќе предложат формирање инспекциска група за испитување на штетата на нафтоводот „Дружба“ во Украина и дека за тоа се договорил со унгарскиот премиер Виктор Орбан. Фицо изјави дека експертската група е договорена откога добиле информации дека нафтоводот е функционален. Групата, смета тој, треба да биде составена од претставници на ...

Киев, 27 февруари 2026 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски го покани словачкиот премиер Роберт Фицо во Украина за да разговараат за „сите актуелни проблеми“ меѓу двете земји, објави денеска кабинетот на украинскиот лидер, цитиран од Укринформ. Поканата е упатена за време на телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери и доаѓа во услови на спор околу нафтоводот „Дружба“ преку кој транзитира руската нафта низ Украина, забележуваат ...

Хаг, 27 февруари 2026 (МИА) - Почна судењето на Хашим Тачи и четворица други обвинети, Башким Смакај, Исниј Килај, Фадиље Фазљи и Хајредин Кучи, за попречување на правдата и влијание врз сведоците. Според обвинението, во периодот од 12 април до 2 ноември 2023 година, за време на одделни посети на Тачи во притворот, тој им открил информации за сведоците на преостанатите тројца обвинети, им наредил да влијаат врз нив и дал детаљни упатства како ...

Атина, 27 февруари 2026 (МИА) - Денес, како резултат на политиките на оваа влада, во земјата минуваат вкупно 17 милијарди кубни метри природен гас, а нашата земја стана значаен центар на енергетската безбедност за Балканот и Југоисточна Европа - посочи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис одговарајќи на пратеничкото прашање за енергетиката од лидерот на ПАСОК, Никос Андрулакис, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис посочи дека „тоа не е ...

Велес, 27 февруари 2026 (МИА) - Со цел зголемување на безбедноста во тек е поставување заштитна ограда околу спортските терени во СОУ Гимназија „Кочо Рацин" во Велес, каде освен гимназијалците спортуваат и учениците од Хемиското училиште „Димитрија Чуповски“, информира денеска градоначалникот Марко Колев. - Со оваа инвестиција се обезбедуваат соодветни услови за спорт и рекреација на учениците од Гимназијата и Хемиското училиште, како и на ...

Скопје, 27 февруари 2026 (МИА) - Општина Илинден продолжува со засилени активности за чистење и редовно одржување на каналската мрежа и речните корита на својата територија, со цел зголемување на проточноста и намалување на ризикот од поплави. -Во изминатиот период беше реализирано чистење на коритото на Сува Река, на потегот од вливот на „Бучинско Езеро“ до излезот од населеното место Бучинци, во должина од 850 метри. Дополнително, извршено ...

Дојран, 27 февруари 2026 (МИА) - Општина Дојран ќе организира јавна расправа по Предлог-планот за управување со Дојранско Езеро, како споменик на природата, за периодот 2026–2035 година. Како што информираат од општината, јавната расправа ќе се одржи на 10 март со почеток во 11 часот, во салата на Советот на Општина Дојран. Истиот ден во општинските простории ќе биде презентиран и Нацрт-извештајот за стратегиска оцена на животната средина за ...

Берово, 27 февруари 2026 (МИА) – Територијалната противпожарна единица (ТТПЕ) Берово во соработка со Општина Берово денеска реализираше показна вежба за постапување во случај на пожар, со цел унапредување на оперативната подготвеност и координацијата при интервенции. Вежбата се одржа во административен објект, каде беше симулирана ситуација на избувнат пожар, при што беа демонстрирани постапките за навремена дојава и координација со службите ...

Кавадарци, 27.февруари 2026 (МИА) – Ракометниот плеј оф од Супер лигата стартува попладнево со натпреварот во Кавадарци меѓу Тиквеш и првакот Еурофарм Пелистер. Со овој натпревар стартува и борбата за титулата. Почетокот на дуелот е од 19 часот. Другите два дуела се на програмата утре, а дербито од 18:30 часот го играат Алкалоид и Вардар, екипи кои играа меѓу себе и во последното коло претходниот викенд од регуларниот дел. Третиот дуел од ...

Битола, 27 февруари 2026 (МИА) - Младите ракометари на Еурофарм Пелистер повторно ќе учествуваат на предквалификациски турнир за младински ракометни шампиони, организиран од Европската ракометна федерација кој следниот месец ќе се одржи во Пореч, Хрватска. Во рамки на ЕХФ Лига на шампиони за млади, битолчани на 30 март силите ќе ги одмерат со врсниците од Данска кои настапуваат во шампионот Алборг и доколку победат, во финалниот дуел за ...

Нион, 27.февруари 2026 (МИА) – Во седиштето на УЕФА по Лигата на шампионите со извлекување беа одредени и двојките за Лига Европа. Најинтересен секако може да биде дуелот на двете италијански екипи Болоња против Рома, додека Лил го пречекува премиер лигашот Астон Вила. Двојки за осминафиналето: Ференцварош – Брага Генк – Фрајбург Штутгарт – Порто Болоња – Рома Панатинаикос – Реал Бетис Селта – Олимпик Лион Нотингем Форест – Митјиланд Лил – ...

Скопје, 27 февруари 2026 (МИА) - Билатерализацијата на евроинтеграцијата нема да биде осамен пример и членките на ЕУ треба да ја превенираат - изјави денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на заедничката прес-конференцијата со албанскиот колега Бајрам Бегај, кој престојува во официјална посета на Македонија. Претседателката Сиљановска-Давкова повтори дека сме цврсто определни за влез во ЕУ и истакна дека во чекорењето на Црна Гора ...

Скопје, 27 февруари 2026 (МИА) - Европската интеграција, борбата против организираниот криминал и зајакнатото гранично управување беа во фокусот на денешната работна средба во Скопје меѓу министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и комесарот за внатрешни работи и миграција на Европската Унија, Магнус Брунер. На средбата, како што информираат од МВР, беа потврдени силната посветеност на Република Северна Македонија кон евроинтегративниот ...

Нион, 27. февруари 2026 (МИА) – Дуелот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити е најатрактивната двојка од осминафиналето од денешното извлекување во Лигата на шампионите што се одржа во седиштето на УЕФА во Нион. Бранителот на трофејот ПСЖ за противник го доби премиерлигашот Челзи, додека Барселона за ривал го доби тимот од Премиер лигата Њукасл. Изненадувањето норвешкиот првак Бодо/Глимит за ривал го доби Спортинг, додека Галатасарај по триумфот ...

Куманово, 27 февруари 2026 (МИА) - Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ од Министерство за култура и туризам доби финансиска поддршка за реализација на 21 проект во вкупен износ од 5.515.000 денари, информираа денеска од установата. Од Центарот изразуваат задоволство од бројот на одобрени проекти, иако дел од апликациите не биле прифатени. Сепак, најавуваат дека ќе се обидат и одбиените проекти да ги реализираат со ...

Лондон, 27 февруари 2026 (МИА) - Британскиот министерот за одбрана Џон Хили нареди да се прегледаат воените досиеја за да се утврди дали Џефри Епстин користел бази на Британските кралски воздухопловни сили (РАФ) за трговија со девојки во Велика Британија. Хили задолжи службеници да пребаруваат во евиденцијата на Министерството за одбрана и да ѝ ги предадат на полицијата сите дневници за летови поврзани со починатиот финансиер и педофил. Ова ...

Копенхаген, 27 февруари 2026 (МИА) - Социјалдемократската партија на данската премиерка Метe Фредериксен е блиску до освојување мнозинство со партиите од левицата на претстојните парламентарни избори, според новa анкетa за испитување на јавното мислење. Ова може да значи крај на речиси четиригодишната влада на широка коалиција на партии од левицата и десницата на политичкиот спектар. Фредериксен вчера распиша избори за 24 март кога гласачите ...

Скопје, 27 февруари 2026 Сè што досега кажаа Мицкоски и ВМРО-ОКГ се покажа дека е голема лага. Театарот и режираното сцанарио со Груби веќе стана циркус. Обвинителството под контрола на Мицкоски го правдаше скандалозното одредување куќен притвор за Груби со безбедносна процена дадена од МВР и АНБ. Не бил безбеден и затоа морало да одредат куќен притвор, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на партиската портпаролка ...

Скопје, 27 февруари 2026 (МИА) - Секторот за контрола и истраги при Царинската управа откри и спречи обид за шверцување 4.800 пакувања никотински кесички со вредност од 1,2 милион денари. Против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело шверцување, казниво според Кривичниот законик. Како што информираат од Царинската управа, осомничениот е запрен за контрола од страна на мобилен царински тим во внатрешноста на ...

Скопје, 27 февруари 2026 (МИА) - Ние сме лица. Не сме дијагнози, не сме трошок на државата, туку сме граѓани што треба да бидеме правично заштитени и да ни бидат дадени еднакви можности како и на другите лица. Ова е пораката од Националната алијанса за ретки болести на Македонија - НАРБМ во пресрет на 28 Февруари - Меѓународниот ден на ретките болести. Претседателката на Националната алијанса за ретки болести на Република Македонија - НАРБМ и ...

Скопје, 27 февруари 2026 (МИА) - Нема потреба законот да се повлече затоа што секое повлекување и одложување на ова законско решение е на штета на високото образование во земјата, а тоа значи на штета на студентите и на младите луѓе и, генерално, на целата држава - изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање дали предложениеот закон за високо образование ќе се повлече за доработка. Како ...

Скопје, 27 февруари 2026 (МИА) - Хрватска останува силен поддржувач на европската интеграција на Северна Македонија, беше посочено на денешната средба на претседателот на Собраниетo, Африм Гаши, со хрватскиот министер за надворешни и европски работи, Гордан Грлиќ Радман, кој престојува во дводневна официјална посета на државата. Посакувајќи му срдечно добредојде во законодавниот дом на високиот претставник на пријателска и блиска држава, ...

Битола, 27 февруари 2026 (МИА) - Во Битолскиот театар е пронајдена, а денеска на јавноста и беше претставена, 100 години стара оригинална театарска завеса, донирана во 1926 година од страна на српската кралица. Во изјава за медиумите, директорот на НУ Народен театар-Битола, Васко Мавровски истакна дека првата театарска претстава на македонски јазик „Ѓоре Магарески“ е одиграна со зачуваната театарска завеса. -После 100 години во нашиот театар ...

Скопје, 27 февруари 2026 (МИА) - Еден од најреномираните современи џез-композитори и диригенти, Мајк Холобер (Mike Holober), на 18 март ќе настапи со Националниот џез-оркестар претставувајќи го својот најнов и исклучително значаен проект This Rock We’re On: Imaginary Letters. Концертот ќе се одржи во Национална опера и балет со почеток во 20 часот под диригентство на авторот. Како што соопштуваат од Националниот џез-оркестар, Мајк Холобер е ...

Франкфурт, 27 февруари 2026 (МИА) – Граѓаните на еврозоната очекуваат дека просечната инфлација во наредните 12 месеци ќе изнесува 2,6 отсто, што е пониско во однос на декемвриските 2,8 отсто и претставува најмала бројка во последните шест месеци, е заклучокот од истражувањето на Европската централна банка (ЕЦБ) за јануари објавено денеска. Анкетираните притоа очекуваат дека нивните номинални приходи во истиот период ќе пораснат за само 1,2 ...

Брисел, 27 февруари 2026 (МИА) - Белгискиот Уставен суд привремено го укина спроведувањето на новите мерки на владата за контрола на миграцијата, објавија локалните медиуми. Се забележува дека белгискиот суд побарал мислење од Судот на правдата на ЕУ за некои од неодамна воведените измени. Во средината на минатата година Белгија воведе неколку ограничувања поврзани со можноста за добивање меѓународна заштита. Владата одлучи да не ги ...

Скопје, 27 февруари 2026 СДС молчи на пратенички прашања за Груби, хистеријата и стравот од одговорност ги направи заложници на криминалот. Ниедно пратеничко прашање од страна на СДС кон членовите на Владата за Артан Груби. А толку беа гласни изминативе три дена со измислување 10-ина тези за кои народот секако не им поверува - се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ...

Гевгелија, 27 февруари 2026 (МИА) - Со замена на старите и амортизирани изданија и со набавка на училишни лектири и наслови од современата белетристика, обновен е книжевниот фонд на градската библиотека „Гоце Делчев“ во Гевгелија, која е меѓу постарите библиотеки во земјава. Библиотеката, која започнала со работа во 1945 година со околу 3.000 книги собрани од месното население, денес располага со над 70.000 библиотечни единици и има околу ...

Лос Анџелес, 27 февруари 2026 (МИА) - „Рокенрол куќата на славните“ го објави списокот на можни нови членови кои треба да бидат примени во елитата. Листата номинирани за оваа, 2026 година, содржи 17 имиња од цел спектар жанрови - од класичен рок до поп, ар-ен-би и хип-хоп. На листата се наоѓаат следните музички уметници и групи: Мараја Кери, Фил Колинс, Били Ајдол, Мелиса Етериџ, „Блек кроус“, Џеф Бакли, Лорен Хил, „Инксес“, „Ајрон мејден“, ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
62%
1027
weather icon

Белград

13ᴼ / 12ᴼ
6.69
53%
1026
weather icon

Загреб

13ᴼ / 10ᴼ
1.03
57%
1027
weather icon

Софија

9ᴼ / 7ᴼ
3.09
58%
1029
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
4.76
52%
1030
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 9ᴼ
0.45
72%
1028
weather icon

Атина

17ᴼ / 14ᴼ
4.02
57%
1027
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
36%
1026
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
44%
1026
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
1.34
52%
1031
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
0.89
51%
1028
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
3.09
76%
1030
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Калај

50.04

Родиум

368126.05

Цинк

3.27

Сребро

2648.90

Рутениум

45750.51

Кобалт

66.14

Иридиум

229769.28

Платина

67998.83

Бакар

11.75

Алуминиум

3.29

Паладиум

51794.85

Злато

163613.54