Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Скопје, 28 февруари 2026 (МИА) - Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава внимателно да ги следат официјалните национални портали за итни случаи и строго да постапуваат во согласност со упатствата на надлежните институции. -Истовремено, апелираме до сите наши ...
Скопје, 28 февруари 2026 (МИА) - Во врска со актуелната безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Државата Катар и Обединетите Арапски Емирати внимателно да ги следат официјалните информации и да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции на земјите домаќини. МНРиНТ ги потсетува нашите државјани ...
Скопје, 28 февруари 2026 (МИА) - Ние стоиме зад нашите американски сојузници во справувањето со дестабилизирачките закани на Блискиот Исток, објави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. - Соединетите Американски Држави јасно ставија до знаење дека дипломатијата е секогаш првата опција - но одвраќањето останува од суштинско значење кога постојат веродостојни ризици. Безбедноста, стабилноста и одговорноста одат ...
Скопје, 28 февруари 2026 (МИА) - Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. - Согласно последните информации, воздушниот простор останува затворен најмалку до понеделник. По неговото повторно отворање ќе бидат разгледани можностите и моделите за организирање евентуална евакуација, во согласност со околностите и безбедносната состојба. Во оваа фаза, ...
Скопје, 28 февруари 2026 (МИА) - Сега партнерите на Мицкоски добиваат ‘директен линк’ за своите семејни фирми во Развојната банка“, изјави Јон Фрчкоски на прес-конференција. Фрчкоски предупреди дека „ова е класичен конфликт на интерес“, наведува СДСМ во денешното соопштение што МИА го пренесува интегрално. Тој нагласи дека „во исто време Димовски имаат семејни фирми“, посочувајќи дека „Ефимија е сопственик на ‘Херба Натура’ и дел од ...
Скопје, 28 февруари 2026 (МИА) - СДС на Венко Филипче и неговиот другар Зоран Заев е потписник на стратегијата партизација на се можно во државата, од стручна служба па се до високи раководни функции. СДС најде да зборува за партизација и некомпетентност на кадри, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата што МИА ја пренесува интегрално. Да ги информираме во СДС за што станува збор кога е во прашање актуелното раководството на Развојната банка во ...
Скопје, 28 февруари 2026 (МИА) - Согласно последниот развој на безбедносната состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека во рамки на институцијата е формиран кризен штаб кој континуирано ја следи состојбата и е достапен 24 часа дневно за сите потреби поврзани со помош, поддршка и асистенција на македонските државјани. Министерството апелира до сите македонски државјани кои се наоѓаат во ...
Скопје, 28 февруари 2026 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево остварил телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саʼар. Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираат дека била реафирмирана поддршката за координираните напори на Соединетите Американски Држави и Израел во однос на Иран, како и неопходноста од зачувување на регионалната ...
Скопје, 28 февруари 2026 (МИА) - По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска - Давкова за утре - 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност. Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска - Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток. вг/паг/ Фото: МИА Архива Скопје, 28 февруари ...
Скопје, 1 март 2026 (МИА) - Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструирана обиколница Крива Паланка. Како што соопштуваат од владината прес-служба, станува збор за многу значаен проект на Коридорот 8 кој е продолжение на експресниот пат Страцин-Крива Паланка и патна врска со граничниот премин Деве Баир кој е главна врска со Република Бугарија. вг/ Фото: МИА Архива Скопје, 1 март ...
Скопје, 27 февруари 2026 (МИА) - Биеналниот „Зимски салон 2026“ е резултат на внимателно осмислениот концепт, што цели да обедини на едно место разни генерации сликари, со разни ракописи, насликани за разни генерации набљудувачи, сите гладни за уметност - порача синоќа претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на отворањето на 21. издание на оваа ликовна манифестација во организација на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, кое ...
Скопје, 27 февруари 2026 (МИА) - Со Годишната програма за работа НУ Драмски театар во продукцијата планира шест претстави за кои е обезбеден буџет од 6.720.000 денари. Средствата ќе бидат распределени крајно избалансирано и одговорно, во согласност со неопходните естетски критериуми што мора да соодветствуваат на нивото и реномето на Драмски театар, наведува оваа национална установа во соопштение, кое МИА го пренесува интегрално. Управниот ...
Манчестер, 27 февруари 2026 (МИА) – Трошоците на Манчестер Јунајтед поради отпуштањето на тренерот Рубен Аморим би можеле да достигнат 15,9 милиони фунти, објави денеска клубот од „Олд Трафорд“. Аморим беше отпуштен од тренерската должност на 5 јануари, по само 14 месеци на функцијата, кратко откако даде провокативни коментари за неговата позиција во хиерархијата на Јунајтед. Како што наведе клубот во својот најнов финансиски извештај, 6,3 ...
Битола, 27 февруари 2026 (МИА) - Во битолскиот театар по 30 години повторно ќе биде изведена претставата „Пинокио“ од Карло Голоди во режија на Деан Дамјановски. Прв режисер на претставата пред 30 години беше Љупчо Ѓоргиевски, ликот на Пинокио го толкуваше актерката Валентина Грамосли која повторно ќе настапи во улогата на штурецот, а во новата премиера, ликот на Пинокио го игра актерот Никола Стефанов. -Овој е народен театар и овој театар ...
Вашингтон, 27 февруари 2026 (МИА) – САД планираат да номинираат Американец за директор на Програмата за храна на Обединетите нации во наредните недели, изјави портпарол на Стејт департментот, откако Синди Мекејн вчера објави дека планира да поднесе оставка од функцијата. - САД можат да потврдат дека ќе номинираат висококвалификуван Американец за раководител на Програмата за храна на ОН, продолжувајќи ја американската традиција на извонредност ...
Ријад, 27 февруари 2026 (МИА) – Саудиска Арабија и Катар ги интензивираат дипломатските контакти за завршување на судирите помеѓу Пакистан и Авганистан, изјави неименуван извор. - Саудиска Арабија во координација со Катар се обидува да ги намали тензиите помеѓу Пакистан и Авганистан со цел да ја смири ситуацијата и да спречи нејзина ескалација. Ријад и Доха одржуваат контакти на највисоко ниво со двете земји и се надеваме дека оваа ...
Скопје, 27 февруари 2026 (МИА) – Македонската машка кошаркарска репрезентација ја забележа третата победа во третиот натпревар од претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2029 година, совладувајќи го Луксембург вечерва во Скопје со 79:70. Во својот прв натпревар по пауза од десет години во реновираната сала „Градски Парк“, македонските кошаркари почнаа сигурно и стекнаа предност по првата четвртина од 25:17, а на полувремето и водство ...
Вашингтон, 27 февруари 2026 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е незадоволен од Иран бидејќи Техеран сè уште не е подготвен да се откаже од своето нуклеарно оружје. Тој посочи дека сака да постигне договор со Иран и предупреди дека „понекогаш е неопходно“ да се употреби воена сила. Тој пред да замине во Тексас наведе дека Иран сè уште не е подготвен да се откаже од своето нуклеарно оружје. Запрашан за можноста за ...
ЦИТОТОКСИЧЕН Т-ЛИМФОЦИТЕН АНТИГЕН 4 ХАПЛОИНСУФИЦИЕНЦИЈА/ CYTOTOXIC T-LYMPHOCYTE ANTIGEN 4 (CTLA-4) HAPLOINSUFFICIENCY MKБ-10 D84.8 ПРЕВАЛЕНЦА – забележана кај помалку од 1/1 000 000 население. ВОВЕД CTLA-4 хаплоинсуфициенција е ретка генетска состојба која се карактеризира со делумен дефицит на CTLA-4 протеинот, кој игра клучна улога во регулирањето на имунолошкиот систем. Оваа состојба е предизвикана со мутација или делеција на една копија ...
Струмица, 27 февруари 2026 (МИА)-НУ „Завод и музеј Струмица“ за оваа година ќе располага со буџет од 8.200.000 денари денари, што е за 1,7 милиони денари повеќе во споредба со лани, за реализирање на програмските активности на музејската дејност, како и на секторот за заштита и конзервација на недвижното културно наследство финансирани од страна на Министерството за култура и туризам, истакна на денешната прес - конференција директорот на ...
Рим, 27 февруари 2026 (МИА) – Две лица загинаа, а 39 де повредени откако трамвај излета од шини во италијанскиот град Милано. Инцидентот се случил во центарот на градот. Откако трамвајот излетал од шините удрил во луѓето кои биле на улица. Еден човек почина на местото на несреќата. Поголемиот број од повредените бил патници во трамвајот. ми/ фото: ЕПА Рим, 27 февруари 2026 (МИА) – Две лица загинаа, а 39 де повредени откако трамвај излета од ...
Скопје, 28 февруари 2026 (МИА) - Првиот заменик‑претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали оствари официјална средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на која е дискутирано за актуелната политичка ситуација и за соработката помеѓу двете земји. За време на средбата, како што информираат од кабинетот на министерот за европски прашања, двајцата соговорници размениле мислења за политичките случувања и за ...
Скопје, 27 февруари 2026 (МИА) - Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски вели дека Порталот за е-услуги бележи рекордни резултати и станува централна точка за електронските услуги за граѓаните. Андоновски вечерва во „Топ тема“ на ТВ Телма рече дека според податоците за 2025 година, Порталот за услуги оствари 290 проценти раст на издадени услуги и 166 проценти раст на корисници. Тоа, смета министерот, е јасен показател дека ...
Скопје, 27 февруари 2026 (МИА) - Првпат ќе донесеме стратегија за развој на медиумите, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. - Стратегијата ќе ја носиме бавно, со широки дискусии, веќе почна со работа работна група, во рамки на еден поголем ИПА проект. Ќе донесеме решение за сите предизвици, дали е закон за МИА, дали е закон за МТВ, за аудиовизуелни медиумски услуги... Мора да носиме закони што ќе ни ги поткреваат ...
Скопје, 27 февруари 2026 (МИА) - Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски очекува годинава да се заокружи процесот за „Роаминг како дома“ со ЕУ и смета дека почнатите активности во меѓувреме ќе ги мотивираат телеком операторите да им излезат во пресрет на граѓаните со трошоците при патување во странство. - Минатата година имаше определено поместување кај еден од телеком операторите со надолно регулирање на цените во роаминг, ...
Вашингтон, 27 февруари 2026 (МИА) – Поранешниот американски претседател Бил Клинтон на денешното сослушување пред Конгресот за наводната вмешаност во аферата со сексуалниот престапник Џефри Епстин, изјави дека „ниту видел, ниту направил нешто погрешно“. - Прво, не знаев за злосторствата што ги изврши Епстин. Без оглед колку фотографии ќе ми покажете, имам две работи што се во крајна линија поважни од вашата интерпретација на тие фотографии ...
Скопје, 27 февруари 2026 (МИА) - Во завршна фаза е изградбата на улицата „Фрањо Клуз“ во Аеродром која е една од најзначајните сообраќајници во овој дел од градот. Се работи со полна динамика, и дење и ноќе, затоа што скопјани заслужуваат модерен, функционален и безбеден град, објави градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски. -Делата говорат. Скопје не смее да чека. Скопје мора да се развива - посветено и со визија. Она што со години ...
Скопје, 27 февруари 2026 (МИА) – Македонската женска фудбалска репрезентација ги почна подготовките за првите натпревари од новиот квалификациски циклус за пласман на Светското првенство. Со почетокот на овој циклус се отвора и ново поглавје во историјата на националниот тим бидејќи во составот предводен од Александар Андов доминираат фудбалерки кои беа дел до младинските репрезентации кои изминатиов период постигнуваа забележителни ...
Лондон, 27 февруари 2026 (МИА) - Обединетото Кралство привремено го повлече својот дипломатски персонал од Иран поради безбедносната ситуација, додека продолжува да ги советува своите граѓани да не патуваат во земјата. Британските претставници во соопштението изјавија дека амбасадата во Техеран ќе продолжи да работи од далечина по одлуката, која доаѓа во време на зголемени регионални тензии. Тие ги советуваат Британците „против сите патувања ...
Скопје, 27 февруари 2026 (МИА) - Потпретседателката на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Весна Бендевска, на првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборното законодавство, ја потврди заложбата на Движењето во однос на неопходноста од суштински и системски измени на изборниот модел во Република Македонија, се вели во соопштението од Движење ЗНАМ, што МИА го пренесува интегрално. „Заложбите на Движење ЗНАМ се за ...