Декември минатата година бил натпросечно топол и потпросечно врнежлив, покажуваат мерењата и набљудувањата на среднодневните температури и врнежи во метеоролошките станици на Македонија. Во споредба со просечните декемвриски средномесечни температури за триесетгодишниот период 1991 – 2020, во 2025 година декемвриска температура била 1,3 степен повисока од просечната на ниво на држава, а месечното ниво на врнежи бил 50 отсто од просекот во ...

По десет години пауза, повторно започна со работа еден од најпрепознатливите музички симболи на Прилеп – Дувачкиот оркестар. Возобновувањето на оркестарот се реализира со почетна логистичка и финансиска поддршка од Општина Прилеп. – Прилеп континуирано инвестира во културата и во зачувувањето на локалниот културен идентитет. Големо е задоволството од фактот што по десетгодишен прекин, Градскиот дувачки оркестар повторно е активен и ќе биде ...

Четириесет ученици од кумановските основни и средни училишта се отпишале, информираа денеска од секторот за образование од општина Куманово. Од секторот велат дека од основните се испишале 38 ученика, додека од средните двајца. – Од основните училиште се испишале 38 ученици од кои 29 поради преселба во друга општина во рамки на границите на државата и девет поради преселба во друга држава. Во средните училишта во првото полугодие се испишале ...

Поради изведување градежни активности од понеделни, 9 февруари се воведува едногодишен времен сообраќаен режим на улицата „Лазар Трпевски“, по старо улица „Ферид Мурат“, во општина Чаир. -Согласно издадено Одобрение за времена измена на режим на сообраќај од Град Скопје со број 15-13418/4 од 2 февруари 2026 година, Ве известуваме дека на ден 9 февруари 2026 година ГД „Гранит“ АД Скопје ќе започне со градежни активности кои се однесуваат на ...

Советот на Општина Карпош заседаваше по осми пат, каде советниците разгледуваа 23 точки кои се најдоа на денешниот дневен ред. Во таа насока поддршка доби Одлуката со која Општина Карпош отстапува дел од спортската сала „Партизан“ која е во нејзино владеење, на времено користење од 3 години без надоместок, за намена Младински центар – Карпош. Оттука, Општината во претстојниот период ќе распише јавен повик за избор на младинска организација, ...

Специјална единица на Армијата на Кралството Белгија од утре заклучно со 20 овој месец ќе спроведува активности за обука на вода на Охридското Езеро, во подрачјето на Охрид и кај струшкото село Радожда. Како што соопштија од Секторот за внатрешни работи – Охрид, во рамки на вежбовните активности предвидена е употреба и користење на артифиции, воени моторни возила, дронови, пловни и други средства. Планираната обука на специјалната единица на ...

За луѓето со договор на дело кои во декември 2025 останаа без трајни вработувања во Клиничка болница Тетово продолжува процесот со цел и за нив да се обезбеди решение за постојан работен статус. Вака одговори министерот за здравство Азир Алиу за тоа што ќе се случува со 40-тина лица медицински персонал и технички кадар кои во јануари и февруари одат на работа и без договор на дело. – Процедурите после Нова година значи во новата фискална ...

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за јануари 2026 година. Kорисниците на парични права, кои поседуваат дебитна картичка, ќе може да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронското и мобилното банкарство. Оние корисници што не користат ...

Со повеќе од 5.900 трансфери на светскиот пазар, зимскиот преоден рок постави нов рекорд, иако потрошената сума е помала за истиот период од минатата година, објави синоќа ФИФА во својот најнов извештај. Зимскиот преоден рок во 2026 година забележа зголемување од три проценти на трансферите во споредба со претходниот рекорд поставен во 2025, кога беа реализирани вкупно 5.799 трансфери. Според податоците на ФИФА, со вкупно потрошени повеќе од ...

Следува период на променливо време. Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и в недела претпладне ќе има локални врнежи од дожд, а на планините во северозападните делови од снег, информира УХМР. Врнежи од дожд ќе има и в понеделник, кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови, а на планините ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух, врнежите ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Потоа во следните два дена ...

Центарот за култура „Бели мугри“, во соработка со семејството Јорданови, подготвува проект од културата во чест и за спомен на Сара Јорданова, средношколка во кочанската гимназија, која почина во трагедијата во „Пулс“ од 16 март минатата година. Станува збор за хуманитарна групна ликовна изложба насловена „Трага во бесконечноста“, со поднаслов „За децата, за животот, за трагата“. На изложбата ќе има поставка од дела насликани од Сара и од ...

Во Клиничката болница – Тетово денеска свечено беа пуштени во употреба новите простории на регионалниот тетовски центар на Институтот за трансфузиона медицина. Од Министерството за здравство информираа дека реконструкцијата на новите простории почнала на почетокот на 2024 година, а Институтот има вложено речиси 8,3 милиони денари. – Тетовскиот центар е еден од четирите центри на Институтот за трансфузиона медицина, меѓу кои спаѓаа штипскиот, ...

Македонското друштво „Илинден“-Тирана, чија главна мисија е заштита и афирмација на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски идентитет во Република Албанија, денеска одбележува 17 години од формирањето. – На денешен ден 2009 година нашето друштво е регистрирано во Основниот суд во Тирана. Во изминатите 17 години посебно внимание им посвети на Македонците во областите Голо Брдо, Преспа, Гора и Врник. Како претседател на ...

Општина Аеродром денеска соопшти дека во наредниот период ќе бидат организирани четири групни менторски сесии наменети за сите заинтересирани граѓански организации во врска со објавениот Јавен повик за поднесување предлог-проекти во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 (ReLOaD3), финансирана од Европската Унија. Целта на менторските сесии е преку консултативен процес да им се обезбеди поддршка на ...

Градоначалничката на општина Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска и градоначалникот на општина Сопиште Јане Мицевски денеска извршија увид на областа Теферич, каде со заеднички ресурси почнува да се работи на расчистување на теренот. – На барање на жителите, ангажиравме багери и скипови за отстранување на депониите со шут и отпад, додека екипите со тримери ги уредуваат обраснатите јавни површини. Во акцијата се вклучени 40 работници кои ...

Научниците првпат пронајдоа цврсти докази дека бубрежните камења содржат бактерии, иако досега се веруваше дека станува збор за незаразна појава. Овие зацврстени кристални наслојки, составени од хемикалии присутни во урината, најчесто се поврзуваат со недоволно внесување течности или со висока концентрација на минерали. Сепак, новото истражување покажува дека причините за нивното настанување може да бидат посложени – објави „Сајенс алерт“ ...

Јупитер е убедливо најголемата планета во нашиот Сончев Систем, но новите мерења покажуваат дека е малку помал отколку што се мислеше претходно. Користејќи податоци од вселенското летало „Џуно“ на НАСА, научниците ги добија најпрецизните мерења досега за обликот и големината на петтата планета од Сонцето. Информациите говорат дека Јупитер има екваторски дијаметар од 142.976 километри, или осум км помалку отколку што покажуваа претходните ...

Хуманоиден робот полициски сообраќаец почна да патролира на улиците во градот Вуху, на истокот на Кина. Опремен со униформа, флуоресцентен елек, бела капа и значка „Интелигентна полициска единица Р001“ роботот може гласовно да ги предупреди велосипедистите да користат патека за немоторизирани возила. Според сообраќајниот полицаец Џијанг Зихао, тој е нов колега способен ефективно да помогне. Роботот е интегриран во градскиот систем за ...

Поради големиот број туристи, јапонскиот град Фуџијошида, сместен во близина на планината Фуџи, го откажа годинешниот Фестивал на цветањето на црешите. Според властите, ваквиот пораст на посетители прави голем метеж во сообраќајот, проблеми со отпадот и го загрозува животот на локалното население. Одлуката е донесена откога некои од локалните жители се пожалиле дека туристи без дозвола влегуваат на нивните имоти, па дури и вршат нужда во ...

Кошаркарите на ЛА Лејкерс ја прекинаа серијата од пет победи над Филаделфија, триумфирајќи со 119-115 пред своите навивачи, но лошата вест за клубот од Лос Анџелес е повредата на словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ. На крајот од првото полувреме, Дончиќ го напушти натпреварот, држејќи се за левиот бутен мускул. Сè уште не е познато колку е сериозна неговата повреда. Остин Ривс ги предводеше Лејкерси до триумфот со 35 поени, додека Леброн Џејмс ...

Германскиот фудбалски првак Баерн Минхен официјално објави синоќа дека го продолжи договорот со својот играч Серж Гнабри, кој ќе остане во баварскиот клуб до јуни 2028 година. „Гнабри е еден од најсилните столбови на нашиот тим. Тој освои сè, но сепак сака повеќе и тоа го прави вистински модел“, изјави спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл. Гнабри ја почна кариерата во Арсенал, а потоа настапуваше за Вест Бромвич Албион и Вердер, пред да ...

Во натпревар од 20. коло во саудиското фудбалско првенството, Ал Хилал убедливо го совлада Ал Охдуг со 6-0, предводен од своето ново засилување Карим Бензема, кој беше троен стрелец. Триесетиосумгодишниот Бензема неодамна одби да го продолжи договорот со својот поранешен клуб Ал Итихад и се пресели во Ал Хилал, обележувајќи го своето деби со хет-трик и асистенција. Францускиот играч ги постигна водечките три гола, во 31, 60 и 64 минута, а ...

Саудиската фудбалска лига го предупреди денеска играчот на Ал Наср, Кристијано Роналдо, дека ниту еден поединец, без разлика колку е важен за тимот, не донесува одлуки надвор од неговиот клуб. Реакцијата доаѓа откако португалската фудбалска ѕвезда Роналдо беше изоставен од составот за натпреварот во понеделникот против Ал Ријад, а дел од медиумите објавија дека Португалецот одбил да настапи бидејќи бил незадоволен од начинот на кој клубот е ...

Оштетен е преминот на реката Блашница поради надојдена вода, се работи за реката што се влева во Тиквешко Езеро, а немањето премин им отежнува на луѓето да стигнат до другата страна на реката. Оваа информација ја потврдија денеска за МИА, од месната заедница на село Клиново. – Како последица од надојдената поголема количина на вода во реката, а поради врнежи од дожд и топење на снегови, оштетен е преминот, пред вливот на реката во езерото, ...

На 5-ти февруари во Македонскиот културно-информативен центар во Софија е отворена изложбата „Кинетички арт-театар“ на Петко Јакимов која претставува комплексен уметнички проект што ја отвора работната и истражувачка фаза на авторот во развојот на кинетички скулптури, прикажувајќи графички студии создадени во периодот од 2025 до 2026 година. Станува збор за дела што не се ограничуваат на подготвителна функција, туку се афирмираат како ...

Македонскиот народен театар (МНТ) соопшти дека годинава продолжува да го чествува јубилејот 80 години постоење, кој го одбележа минатата година, со гостувања на актери и театри од регионот. – Роденденот на МНТ лани беше одбележан со македонски сценски спектакл, кој ја нагласи важноста на ансамблот на МНТ, и претстави од македонски автори, кои оставија достоинствен белег во институцијата. Годинава, пак, прославата се надоврзува на таа ...

Јубилејниот 60-ти Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи од 5 до 12 јуни во Прилеп, одлучи собранието на Фестивалот. – Во тек се подготовките и тимот активно работи Фестивалот да има достоен јубилеј, креативна програма и да се комплетира идејата за Прилеп како град театар – вели Ана Стојаноска, уметнички директор на Фестивалот. Фестивалот ќе се одржува со мотото „Храбриот нов театар“, а автор во фокус е Дејан ...

НИЈМЕГЕНОВ СИНДРОМ НА РАСКИНУВАЊЕ/ НИЈМЕГЕНОВ СИНДРОМ НА КРШЕЊЕ/ NIJMEGEN BREAKAGE SYNDROME MKБ-10 Q87.8 (Q90.9, D81.9) ПРЕВАЛЕНЦА – непозната, иако постојат податоци дека преваленцата кај новороденчињата со источнословенско потекло (Белорусија, Украина, Русија и Латвија) била проценета на 1/1 000 000 живородени, додека преваленцата во западнословенскиот регион (Полска, Словачка и Чешка) се проценува на 1/330 000. ВОВЕД Нијмегенов синдром на ...

Малолетно лице е повредено откако во него удрил автомобил во Куманово, соопшти денеска полицијата. -Вчера во 19:10 часот во СВР Куманово пријавено e дека на булевар „Октомвриска револуција“ во Куманово се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки управувано од С.В.(23) удрило во седумгодишна малолетничка, соопшти полицијата. Девојчето е повредено, констатирале лекарите во ...

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје соопшти дека нивните екипи во текот на првиот месец од 2026 година подигнаа и транспортираа приближно 13.000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на Скопје. Отстранети се и 2.765 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад. Во рамките на активностите за отстранување диви депонии е интервенирано во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
66%
1019
weather icon

Белград

11ᴼ / 9ᴼ
1.03
65%
1019
weather icon

Загреб

14ᴼ / 10ᴼ
0.51
64%
1019
weather icon

Софија

12ᴼ / 7ᴼ
1.03
44%
1019
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
1.1
69%
1019
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
0.0
80%
1019
weather icon

Атина

18ᴼ / 17ᴼ
5.66
49%
1017
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
72%
1017
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
58%
1017
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 10ᴼ
1.03
59%
1019
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 9ᴼ
2.24
50%
1020
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
4.63
66%
1020
Currency

61.6417

Currency

52.5834

Currency

71.17

Currency

37.8

Currency

38.587

Currency

66.9558

Currency

7.70703

Currency

0.70233

Currency

0.32993

Currency

0.52528

Currency

1.16806

Currency

0.55853

Родиум

323115.00

Калај

50.46

Злато

151548.67

Паладиум

47550.95

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Бакар

12.12

Кобалт

45.39

Платина

64944.51

Сребро

2439.04

Алуминиум

3.60

Рутениум

53788.20