Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Четириесеттите години од животот се најисцрпувачкиот период, покажуваат истражувања на научници, а ова сознание веројатно нема да ги израдува оние што се приближуваат до 40-тиот роденден. Според анатомката Мишел Спир од Универзитетот во Бристол, причината не е само стареењето, туку совпаѓањето на биолошките промени со периодот на најголеми професионални, семејни и општествени обврски. Таа објаснува дека заморот во средната возраст е резултат ...
Во Берлин, утре почнува 76. Меѓународен филмски фестивал познат како „Берлинале“, кое се смета за еден од најдобрите филмски фестивали во светот покрај Кан и Венеција. Најавени се 22 филма коишто ќе се натпреваруваат за главната награда – „Златна мечка“, а од нив девет се режирани од жени, објавија организаторите на фестивалот. Меѓу нив се француско-туниската режисерка Лејла Бузид, чиј филм „Со тивок глас“ (A voix basse) се натпреварува за ...
Според податоците објавени од Департманот за економија и туризам на Дубаи, големите маркетинг кампањи, настаните и стратешките партнерства придонесоа Дубаи да биде посетен од 19,59 милиони странски туристи во 2025 година, што претставува зголемување од пет отсто, во споредба со 2024 година, кога го посетиле 18,72 милиони луѓе од целиот свет. Само во декември Дубаи го посетиле повеќе од два милиона туристи. Според шеикот Хамдан бин Мохамед бин ...
Најдолгиот тунел на автопатиштата во Азија штотуку е завршен. Делницата со совршено осветлени бетонски ѕидови се наоѓа во Кина и долга е 22,13 километри, објави „ЦГТН“. Новиот градежен потфат не само што урна рекорд, туку буквално го менува значењето на зборот „далеку“ во која било планинска област. Зад овој масивен коридор, наречен Тјаншан Шенгли, лежи едноставната кинеска „национална опсесија“ – да се поврзе секој агол од земјата, без ...
На Зимските олимписките игри во Милано и Кортина, лидер на листата медалисти е Норвешка. Норвежаните имаат освоено шест златни медали, два сребрени и четири бронзени – вкупно 12. По три злата имаат Германија, Швајцарија, Шведска, по два САД, Австрија, Италија и Јапонија. Еден златен медал имаат освоено Франција, Чешка, Холандија и Словенија. Двоцифрен број медали има освоено и Италија – 11, а вкупно 19 држави се закитија барем со еден медал. ...
Еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА-лигата, Леброн Џејмс го пропушти натпреварот на Лос Анџелес лејкерс против Сан Антонио спарс. Џејмс поради артритис на левото стапало не настапи ноќеска, а тоа отсуство повеќе не е подобно за избор во Ол-НБА тимот и други големи индивидуални награди оваа сезона. Во својата 23-та сезона во најсилната кошаркарска лига во светот, Леброн остана без шанса за 22-ро последователно вклучување во една ...
Охрид е наш врвен приоритет и заедно во тесна соработка со Владата остануваме целосно посветени на спроведувањето на препораките за заштита на Охридскиот Регион како светско културно и историско наслество заштитено од УНЕСКО. Тоа на својот фејсбук-профил го исткнува градоначалникот Кирил Пецаков, кој е дел од државната делегација што е наоѓа во Париз во седиштето на УНЕСКО каде има средби со надлежните лица во светската организација. Пецаков ...
Сан Антонио ги победи Лос Анџелес лејкерси утрово на гостински терен во натпревар од НБА-лигата со 136:108. Виктор Вембањама, центарот на гостинскиот тим, го предводеше својот тим до триумфот со дабл-дабл постигнување од 40 поени и 12 скока. Во домашниот тим не настапија Лука Дончиќ, Леброн Џејмс, Остин Ривс и Маркус Смарт. Резултати на другите три НБА-натпревари играни ноќта вторник кон среда: Њујорк – Индијана 134:137 (по продолжение) ...
Тренерот на Наполи, Антонио Конте, даде свој коментар за големиот број повредени фудбалери во текот на целата сезона. – Која е причината за бројните повреди во Наполи? Треба да одиме во црква и да се молиме! Кога неколку играчи се надвор со сериозни проблеми, сте принудени постојано да ги играте истите. А потоа и тие добиваат помали повреди, а тоа води до понатамошни загуби, изјави Конте за италијанските медиуми. Наполи синоќа загуби од Комо ...
Најниска минимална температура од -2 степена утрово е измерена на Попова Шапка, каде што има и најмногу снег – 63 сантиметри, информираа од Управата за хидрометеоролошки работи. Освен на Попова Шапка и во Лазарополе, насекаде во земјата температурите се над нулата. Според синоптичарите, времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини ...
Вест Хем ремизираше 1:1 со Манчестер јунајтед синоќа во 26. коло од англиската фудбалска Премиер лига. Натпреварот се одигра на „Лондон Стадион“. Во првото полувреме немаше голови. На почетокот на второто полувреме, напаѓачот на Вест Хем, Томас Соучек, го отвори резултатот. Во 63. минута гостите постигнаа гол преку Каземиро, но VAR системот го поништи погодокот поради офсајд. Сепак, Манчестер јунајтед се спаси од пораз во судиското ...
Фаворитот Наполи е елиминиран во четвртфиналето на Купот на Италија. Комо беше поуспешен во пресметката со наполитанците, откако синоќа победи на пенали со 7:6 (1:1 по основните 90 минути). Фудбалерот од средниот ред на Комо, Мартин Батурина, реализираше пенал кон крајот на првото полувреме за да го отвори резултатот. Веднаш по паузата, Антонио Вергара го постигна израмнувачиот погодок. Играчите на Комо беа попрецизни во изведувањето на ...
Францускиот фудбалски клуб Марсеј објави дека ја прекинува соработката со главниот тренер Роберто Де Зерби по меѓусебен договор. По разговорите меѓу сопственикот, претседателот, спортскиот директор и тренерот, беше одлучено да се смени главниот тренер. Ова беше тешка, колективна одлука, донесена по внимателно разгледување и во најдобар интерес на клубот, со цел да се справат со спортските предизвици во последниот период од сезоната, објави ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени. Во Скопје, претежно облачно, попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до ...
На патниот правец Куманово – Скопје кај клучка Хиподром воведена е девијација поради случена сообраќајна незгода, информира АМСМ. Од МВР соопштија дека во тешката сообраќајна незгода што се случила доцна синоќа се судриле автомобил и камион. Инцидентот се случил на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром. Во незготата тешко е повредено едно 25-годишно лице. – На 10.02.2026 во 23:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот ...
Во рамките на програмскиот сегмент „Зимски Македокс“, денеска, во Младинскиот културен центар во Скопје, ќе биде прикажан документарниот филм „Тата“ на Лина Вдови и Раду Чорнициу, проследено со дискусија со режисерите и со експерти на темата. Од „МакеДокс“ го опишуваат „Тата“ како приказна за траумата и наследството на насилството, но и за храброста да се прекине молкот и да се отвори пат кон исцелување. – По години отуѓеност, Лина, молдавска ...
КОКЕЈНОВ СИНДРОМ/ COCKAYNE SYNDROME/ NEILL–DINGWALL SYNDROME MKБ-10 Q87.1 ПРЕВАЛЕНЦА – непозната ВОВЕД Кокејнов синдром е ретко заболување кое се карактеризира со абнормално мала големина на главата, неуспех за напредок во висина и тежина што доведува до џуџест раст и одложен развој. Заболените со ова нарушување покажуваат уникатни карактеристики на лицето, вклучително и вдлабнати очи, клунест нос и истакнати уши, а исто така доживуваат ...
Репрезентацијата на Шведска го освои златниот медал во карлинг мешани двојки откако во финалето ја совладаа селекцијата на САД со 6:5. Шведскиот тим го сочинуваа Изабела Врана и Расмус Врана. Инаку, Шведска на претходните ЗОИ во Пекинг го освоија бронзениот медал. Во „малото“ финале Италија успеа да ја совлада селекцијата на Велика Британија со 5:3 и го освои седмиот бронзен медал и заедно со двете злата и двата сребрени медали заедно со ...
На убедлив начин германската претставничка Јулија Таубиц стигна до златниот медал во дисциплината санкање едносед. Таа во четирите трки постигна вкупно време од 3:30.625 минути. Таубиц е светска шампионка од 2025 година, а на претходните Игри во Пекинг беше седмопласирана. Вистинско изненадување направи Летонката Елина Бота со освојувањето на сребрениот медал, но со големо заостанување зад новата шампионка од 918 илјадинки од секундата. Во ...
Мешаната репрезентација на Словенија (двајца мажи и две жени) го освои златниот медал на натпреварувањето во тимска конкуренција што се одржа вечерва. Словенечкиот состав Ника Водан, Анже Ланичек, Ника Превц и Домен Превц во двете серии собраа вкупно 1069.2 поени и на доминантен начин стигнаа до златниот медал. Среброто го освои Норвешка, додека бронзата и припадна на репрезентацијата на Јапонија. Ова за Словенија е прв златен медал на овие ...
Екипите на Вардар и на Охрид постигнаа победи на првите два дуела од 20. коло од ракометната Супер лига. „Црвено-црните“ ја потврдија фаворитската улога во дуелот со градскиот ривал Бутел и на негов терен го совладаа со 34:23. Јака Малус со 9 голови беше најефикасен на дуелот. Охрид на гостински терен го надигра МРК Куманово совладувајќи го со 30:14, а Дарко Ѓукиќ со 6 голови беше најефикасен. Другите дуели од оваа рунда се играат утре, а ...
Кошаркарот на Минесота Џо Инглс изјави дека пости можност неговиот поранешен соиграч од Барселона и сегашен тренер на Фенербахче, Шарунас Јасикевичиус би можел да седне биде тренер на клуб во НБА лигата. Искусниот играч смета дека Литванецот ги има сите предиспозиции да се обиде да биде тренер во НБА лигата. – Мислам дека може да биде тренер во НБА лигата. Не е за изненадување и дека има одбиено некои понуди и дека сака да работи и да се ...
Оваа седмица носи важен момент за македонскиот репрезентативен фудбал, ждрепката за новото издание на Лигата на нации, која ќе се одржи во Брисел. Националниот тим на Македонија, предводен од селекторот Гоце Седлоски, за првпат ќе биде дел од Лига Б, чекор што го потврдува нашиот квалитет и резултатите од претходниот циклус во натпреварувањето. Лига Б: Прв шешир: Шкотска, Унгарија, Полска, Израел Втор шешир: Швајцарија, БиХ, Австрија, Украина ...
Еден од најдобрите тренери – менаџери последните три децении Жозе Мурињо од лето можно е да има нов ангажман. По завршувањето на Светското првенство од селекторската позиција на Португалија заминува Роберт Мартинез, а од фудбалската федерација на Португалија се подготвуваат оваа работа да му ја понудат на Мурињо. Тој сега е актуелен тренер на Бенфика, но искусниот тренер напомена дека на крајот од кариерата би сакал да биде и селектор на ...
Поранешниот селектор на македонската ракометна репрезентација и тренерот на Вардар со европска титула Шпанецот Раул Гонзалез од следната сезона ќе биде седне на клупата на белградски Партизан. Тој треба да го наследи Ѓорѓе Ќирковиќ во Партизан. Според пишувањата на српските медиуми Раул се договорил со клубот до 2028 година, до кога има и договор со Ракометниот сојуз на Србија. Од белгардскиот клуб ја известија јавноста дека актуелниот тренер ...
Екипите на Шкендија и на Тиквеш остварија победи во првите два натпревара од вториот дел од шампионатот (17.коло). На дербито во Тетово, Шкендија дури во финишот го „скрши“ отпорот на второпласираниот тим Струга со 2:0. Триумфот на тетовчани го најави Себастијан Спахиу во 78.минута, а воедно беше асистент на вториот гол кој го постигна Фахд Нзенгуе во 88.минута. На вториот дуел Шкупи „формално“ беше домаќин во Кавадарци и беше поразен со ...
Тимската алпска комбинација во состав Ариане Радлер и Катарина Хубер на Австрија и го донесоа првиот златен медали на овие Игри. Тие двете имаа најдобар резултат по спустот и слаломот и со време 2:21.66 минути се пласираа на првото место. Радлер се натпреваруваше во спуст, а Хубер во слалом. Среброто го освои германскиот тим во состав Кира Видле-Вилкенман (спуст) и Ема Ајшер (слалом) имаа само пет стотинки послабо време од победничките. ...
Јохан-Олав Бот од Норвешка е олимписки шампион откако триумфираше попладнево на биатлонската трка на 20 километри. Тој оствари најдобар резултат и немаше ниту едно промашување на стрелиштето. Бот постигна време од 51:31.5 минута. Второто место му припадна на Французинот Ерик Перо, кој заостана 14.8 секунди зад победникот со едно промашување на стрелиштето, додека бронзата ја освои Струла Холм Лагред од Норвешка, кој имаше заостанување од 48.3 ...
Градоначалникот Владко Грозданов, во име на Општина Кочани, го потпиша договорот со Друштвото за производство, трговија и услуги „Ски-Надја“ од Кочани – новиот закупец на двата ски-лифта на Пониква. Според договорот, за закупот на овие инфраструктурни објекти, сопственост на Општина Кочани, „Ски-Надја“ ќе плаќа месечна закупнина од 40.100 денари, цена постигната како највисока на одржаното јавно наддавање на 30 јануари 2026 година. Закупецот ...
Италија го освои златниот медал во брзо лизгање на кратки патеки мешаната штафета на Олимписките игри во 2026 година. Италија настапи во состав: Елиса Конфортола, Аријана Фонтана, Томас Надалини и Пјетро Зигел. Тие постигнаа време од 2 минути и 39,019 секунди. Канадскиот тим заврши втор (2:39,258), а белгискиот тим трет (2:39,353). Ова е првата олимписка победа на италијанскиот тим во мешаната штафета. Оваа дисциплина за прв пат беше воведена ...