Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Завршниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ ќе се одржи во спортската сала во Куманово од 13 до 15-ти февруари, годинава, соопштија на денешната прес-конференција организаторите и од кошаркарската федерација на Македонија на која учествуваа тренерите и капитените-играчите на осумте екипи-учесници на финалниот турнир во Куманово. Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски е задоволен што во Куманово е домаќин на престижниот ...
Лидерот Вардар со победа стартуваше во вториот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), откако попладнево во Скопје триумфираше убедливо над Арсими со 5-1 (4-0) во рамки на 17. коло. Воведните три голови за домашниот тим ги постигнаа новите зимски засилувања во редовите на „црвено – црните“. Стефан Цветковиќ го отвори резултатот во 5. минута, а Бобан Николов (18 минута) и Дарко Велковски (35) беа прецизни во продолжението ...
Македонската фудбалска репрезентација утревечер со жрепка во Брисел ќе ги дознае противниците за новото издание на Лигата на нации, во кое избраниците на селекторот Гоце Седлоски прв пат во историјата ќе бидат дел од Б – сегментот на ова натпреварување во организација на УЕФА. Македонските фудбалери ја очекуваат жрепката од четвртиот „шешир“ и за можни противници ќе ги имаат репрезентациите на Шкотска, Унгарија, Полска и Израел, од првиот, ...
Без победник заврши дуелот од 17. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) меѓу Силекс и Башкими, кои попладнево во Кратово одиграа 0-0. Силекс остана четвртопласиран на табелата со 32 бодови, а Башкими место подолу на табелата со 23 бодови. Претходно денеска, лидерот Вардар со совлада Арсими на домашен терен со 5-1, додека вчера во премиерните натпревари од воведното коло од вториот дел на прволигашката сезона, Шкендија во дербито ја ...
Националната установа „Охридско лето“ е добитник на престижната меѓународна награда „Да за уметноста“, доделена на 11. издание на Интернационалниот театарски фестивал во Истанбул. Со ова високо признание за високо-квалитетната програма на 65. издание на нашата најзначајна музичко-сценска манифестација уште еднаш се оправдува фестивалската репутација како центар на врвната уметност, со програма што ја обедини класичната музика, театарот и ...
Драмскиот театар – Скопје (ДТС) ќе го одбележи 80-годишниот јубилеј со премиери, гостувања на други театари на сцената и со промоција на монографија. Централната прослава ќе биде на 21 април со премиера на претставата „Мачкина глава“ по текст на Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски. Подговотките за оваа премиера ДТС ќе ги почне на крајот на овој месец. – Овој авторски текст на Венко Андоновски, во согласност со стилот и начинот на ...
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со заменик претседателот на Владата за политички систем, Љупчо Димовски и директорот на Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „Јасен” – Скопје, Ангеле Сотировски, извршија увид во активностите на проектот WILD-A – Превенција и управување со шумски пожари во прекуграничната област како средство за адаптација кон климатските промени. Проектот се ...
Амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас ја посети Општина Боговиње како дел од иницијативата за информирање на јавноста за приближување на ЕУ и процесот на интеграција на земјата до локалните заедници. Посетата почна со средба на амбасадорот и градоначалникот Фети Абази и членовите на Општинскиот совет. – Започнувам една тура на посети во општините ширум земјата, особено во тие општини коишто не се многу ...
Амбасадорката на Република Хрватска Нивес Тигањ денеска присуствуваше во официјална посета на Општина Кочани и се сретна со градоначалникот на Кочани Владко Грозданов. Тигањ беше придружувана од советничката Ана Вучиќ. На средбата, како што информира Општина Кочани, се разговараше за актуелните состојби во Општината, со посебен осврт на настаните по пожарот во дискотеката „Пулс“. Беа разгледани можностите за поддршка и соработка во ...
Oд вкупно 6800 граѓани на територијата на Општина Велес досега 6200 ја имаат завршено постапката и ги имаат легализирано бесправно изградените куќи, доградби во индивидуани или колективни станбени објекти како и деловни простории под кои спаѓаат хали и објекти за производство, според стариот Закон од 2011 година. Преостанатите 600 граѓани останува да го фатат последниот рок до 3 март годинава за да ги легализираат по 1 евро за метар квадратен ...
Улицата „Васил Ѓоргов“ или познатите кривини кои водат до високиот стрмен дел на Велес наскоро ќе бидат реконструирани. Општина Велес ги обезбеди средствата во соработка со Владата преку Министерството за транспорт, информира денеска градоначалникот Марко Колев. Тој појасни дека кривините кои се крвотокот кон високите населби во стариот дел од градот: Којник, Мегдан, Теќе и другите горни велешки маала, односно главната улица „Васил Ѓоргов“, ...
Со поставување на текбол маси на јавен простор наменет за спорт и рекреација, Општина Ѓорче Петров денеска промовираше нови спортски содржини, се вели во соопштението од Општина Ѓорче Петров, што МИА го објавува во интегрална форма. Со оваа инвестиција, општината создава современо и достапно место каде младите ќе можат активно да го поминуваат своето слободно време, да спортуваат, да се дружат и да развиваат здрави животни навики. Текболот ...
Иновациите и пронајдоците што спасуваат животи, на прв поглед, не изгледаaт како „блескави“ пронајдоци или чудотворни лекови, но спречиле и сѐ уште спречуваат штети во поголеми размери. Историјата покажува дека најголемите придобивки доаѓаат од намалување на ризиците и опасностите по животот. Во контролата на маларијата, на пр., се проценува дека напорите за медицинска превенција спасиле околу седум милиони животи… Следат пет пронајдоци на ...
Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, го извози најбрзиот круг во утринската сесија на првиот ден од претсезонските тестирања на Формула 1 во Бахреин. Дваесет и осумгодишниот Холанѓанец го возеше својот најдобар круг со време од 1 минута и 35,433 секунди. Оскар Пјастри од Мекларен заврши втор, со заостанување од 0,169 секунди. Џорџ Расел од Мерцедес заврши трет, со заостанување од 0,675 секунди. Луис Хамилтон од Ферари заврши четврти, со ...
„Драми на принцезите – Џеки“ е насловот на монодрамата на Драмскиот театар Скопје (ДТС), која премиерно ќе биде изведена в петок. Улогата на Џеки Кенеди ќе ја игра актерката Трајанка Илиева-Вељиќ. Монодрамата е дел од претставата „Драми на принцезите“ по текст на Елфриде Јелинек, во режија на Жива Бизовичар, која ДТС премиерно ја изведе во 2024. Директорот на Драмски, Роберт Вељановски, на прес-конференција денеска рече дека во консултација ...
Општина Аеродром информира дека спроведува засилен инспекциски надзор и дека е изречена глоба од 1.000 евра за компанија и 300 евра за одговорното лице поради прекршување на Законот за јавна чистота. – При извршена контрола на градилиште во близина на СУГС „Димитар Влахов“ на булевар „Трета македонска бригада“, инспекторите утврдија дека градежни возила се движеле по коловоз со нечисти гуми, со што се нарушува чистотата на јавните површини и ...
Директорот на македонскиот Културно-информативен центар (КИЦ) во Софија, Зоран Пејковски, соопшти дека имал средба со бугарските актери Стефка Јанорова од Театарот на армијата и со Валентин Ганев од Народниот театар „Иван Вазов“ и дека со неа е потврдена клучната улога на институцијата во градењето на културната дипломатија како жив и динамичен процес. Во допис до медиумите Пејковски посочува дека средбата отворила можности за идна соработка ...
Јавното претпријатие за стопанисување со Индустриска зона „Жабени“ наскоро ќе промовира две нови инвестиции, производствени капацитети на компании од Германија и Турција. Според утврдената програма на ова битолско јавно претпријатие, во текот на годината планирана е и доизградба и пуштање на фотонапонска електрана за сопствени потреби. -Во текот на оваа година ќе почнат градежни активности на две компании кои набавија парцели во зоната. ...
Министерот за спорт Борко Ристовски денеска организира прием за младите македонски каратисти, кои со голем успех настапија на Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори – У21, одржано минатата седмица во Лимасол, Кипар. На овој европски шампионат најзначаен резултат оствари членот на Олимпик, Матеј Белистојаноски, кој ги освои златниот медал и титулата европски шампион во категоријата до 67 килограми, У21. Вториот медал за ...
Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска извршија увид во тековните градежни активности. – Станува збор за темелна реконструкција со која значително се унапредуваат функционалноста, безбедноста и енергетската ефикасност на објектот. Проектот претставува капитална инвестиција на Владата, реализирана преку Министерството за социјална политика, ...
Швајцарскиот алпски скијач Фрањо фон Алмен победи на денешниот Супер-џи на Олимписките игри во Италија. Фон Алмен целта ја мина со време 1:25.32 минута, пред Рајан Кохран-Зигл (САД) кој заостана 13 стотинки и Марко Одермат (Швајцарија) кој беше побавен за 28 стотинки зад победникот. За Фон Алмен ова е трето злато на Игрите во Милано и Кортина. Претходно швајцарскиот скијач победи во спустот и во комбинација. На Олимписките игри 2026 до крајот ...
Градоначалникот на општина Илинден Александар Георгиевски и компанијата „Панекс експо“ ДООЕЛ и годинава потпишаа меморандум за соработка, со кој официјално се потврдува организацијата на „Експо Илинден 2026“. Како што се наведува во соопштението од Општина Илинден, со овој меморандум се продолжува успешната соработка меѓу Општината и Панекс експо, со што втора година по ред ќе се одржи овој регионален економски саем чија цел е понатамошно ...
Сингапур го освои првото место на ранг-листата на земји кои ќе им платат на спортистите најголема сума за освојување на Олимписките игри во 2026 година. Според „USA Today“, спортистите од Сингапур ќе добијат 788.000 долари ако освојат златен медал. Меѓу првите пет се и Хонг Конг (767.000 долари), Италија (213.000 долари), Полска (211.000 долари) и Словенија (162.000 долари). Најмали премии им се даваат на потенцијалните победници од Нов ...
Тренерот на Тотенхем хотспур, Томас Франк, доби отказ, објави новинарот Дејвид Орнштајн од Атлетик. Според Орнштајн, клубот од Лондон моментално активно истражува опции за замена на 52-годишниот Данец. Вчеравечер Тотенхем загуби со 2:1 од Њукасл во 26. коло од Премиер лигата. Тотенхем се наоѓа на 16. место во Премиер лигата со 29 бода. Во тековната сезона Тотенхем заврши на четвртото место на табелата во Лигата на шампионите и стигна до ...
Продолжува периодот на променливо облачно време проследено со повремени врнежи од дожд, кои на одредени места ќе бидат пообилни. Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Во почетокот на новата седмица се очекува продор на постуден воздух од север, проследен со засилен северен ветер. Поради заладувањето, врнежите од дожд постепено ќе преминуваат во снег, и тоа не само на ...
Драмата при Словенечкото народно гледалиште од Марибор (СНГ) на 3 април ќе гостува на сцената на Македонскиот народен театар (МНТ) со наградуваната монодрама „Безгрешна“ (Immaculata), сценско остварување инспирирано од романот „Марииниот завет“ на Колм Тојбин и создадено како омаж на режисерот Томаж Пандур. Од МНТ информираат дека гостувањето е дел од програмата со која театарот продолжува со одбележувањето на јубилејот – 81 година од ...
Ансамблот на НУ Народен театар Битола ги реализира завршните подготовки за премерна изведба на претставата за деца „Пинкоио“ од Карло Голдони во режија на Деан Дамјановски. Станува збор за претстава полна со смеа, музика, шарени ликови и важни пораки за пријателството, храброста и вистината, најавија од НУ Народен театар-Битола. Во претставата „Пинокио“, ликот на Пинокио го игра Никола Стефанов, а покрај него во претставата ќе настапат ...
Со целосната реализација на проектот за реконструкција на локалниот пат село Корешница – село Челевец во Општина Демир Капија, успешно е завршена изградбата на современ, безбеден и функционален патен правец во должина од 1.180 метри и површина од 4.130 м², пишува на својот фејсбук профил премиерот Христијан Мицкоски. Со проектот, како што вели, е обезбедена квалитетна и трајна патна инфраструктура која значително го подобрува секојдневното ...
Заменик-претседателот на Владата задолжен за политички систем, Љупчо Димовски, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, и директорот на Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „Јасен“, Ангеле Сотировски, денеска присуствуваа на настан организиран по повод испораката на современа противпожарна опрема за „Јасен“, обезбедена во рамките на прекуграничниот проект „Превенција и управување со шумски пожари ...
Светската музичка сензација Рита Ора, на 1 август ќе одржи голем концерт на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид. Со низа интернационални хитови што го обиколија светот, милијарди стримови, престижни признанија и соработки со најголемите имиња од глобалната музичка сцена, Рита Ора се етаблираше како глобален бренд и еден од најпрепознатливите симболи на современиот поп звук, модна икона и артистка со јасна визија. Кариерата ѝ е обележана со ...