Шведските скијачки го освоија подиумот на крос-кантри спринтот на Олимписките игри во 2026 година. Лин Сван патеката долга 1,6 км ја мина со време 4 минути и 3,05 секунди. Зад 26-годишната Сван се најдоа нејзините сонароднички Јуна Сандлинг освои сребро (+1,59 секунда) и Маја Далквист бронза (+4,83). Сван го освои првиот олимписки медал во нејзината кариера. За Сандлинг, ова беше нејзин четврти медал на Игрите и нејзин втор сребрен. Далквист ...

Норвешкиот скијач Јоханес Клебо освои олимписко злато во крос-кантри спринтот на Игрите во Италија. Клебо 1,6 км. ги мина со време 3:39,74 минути. Ова е втората победа на Норвежанецот на Олимписките игри во 2026 година. На 8 февруари, Клебо освои злато во скијатлон. Американецот Бен Огден (+0,87 секунди) го освои второто место во спринтот, додека Норвежанецот Оскар Опстад Вике (+6,81) го освои третото место. Дваесет и деветгодишниот Клебо ...

Водата од струшкиот водовод е здравствено небезбедна за пиење поради многу висока заматеност во изворот „Шум“ и низ сите мерни места низ градот. Првичните анализи на Центарот за јавно здравје Охрид покажуваат дека заматеноста во изворот „Шум“ е 28,56 проценти, а максимално дозволена концентрација 1,5 отсто. Д-р Лидија Симоноска, специјалист по хигиена и здравствена екологија во Центарот за јавно здравје Охрид информира дека се земени мостри ...

Оливера Ќорвезироска, Бранко Цветкоски, Хана Корнети, Елизабета Шелева и Ахмет Селмани се авторите чии дела се избрани за најдобри во 2025 година и ги добиваат годишните награди на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). Одлуките на одделните жири-комисии за секоја од петте годишни награди на ДПМ беа соопштени денеска на прес-конференција. ДПМ ќе им ги врачи наградите на годинашните добитници в петок, 13 февруари, во 12 часот на ...

Струга нема да дозволи компромис со иднината на градот и езерото и секоја одлука ќе се носи во интерес на граѓаните и генерациите што доаѓаат, истакна денеска струшкиот градоначалник Менди Ќура на средбата со претставници на УНЕСКО во Париз. Општинската прес-служба соопшти дека на средбата на која присуствувале и владини претставници, Ќура посочил дека Струга е подготвена и решителна да го заштити и зачува она што ѝ припаѓа на целата човечка ...

Општина Брвеница информира дека од денес почнаа градежни работи за изградба на спортска сала во населеното место Челопек. Првата спортска сала во Челопек се гради до основното училиште „7 Март“, а еден од проектите за кој Општина Брвеница користи средства од такнаречениот „унгарски кредит“. -Денешниот почеток на градежните работи за изградба на спортската сала во село Челопек со вредност од 54.295.110,00 денари претставува значаен момент за ...

Лука Касаса, директор за комуникации на Организацискиот комитет на Олимписките игри во Милано и Кортина д’Ампецо, изјави дека организацијата ќе ги поправи дефектите во медалите. – Сакам да го разјаснам прашањето во врска со медалите. Ограничен број медали имаа проблеми. Организацискиот комитет веднаш започна истрага со италијанската организација, ковачницата што ги произведува медалите. Преземаме чекори за да ја поправиме ситуацијата. ...

НБА-лигата почна истрага за Оклахома Сити откако тимот објави дека 10 играчи отсуствуваат поради повреди на натпреварот против Сан Антонио, кој се емитуваше на национална телевизија, објави Ден Војке, новинар на „Атлетик“. Натпреварот Оклахома Сити – Сан Антонио спарс на 5 февруари беше емитуван на „ESPN“. Почнувајќи од 2023 година, правилата на НБА бараат од тимовите да обезбедат учество на „ѕвездени“ играчи во натпреварите и турнирите во ...

Во наредните денови продолжува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на одредени места ќе бидат пообилни. На повисоките планински предели врнежите од дожд ќе преминуваат во снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер што ќе услови до недела релативно високи температури. Според прогнозата на УХМР, од недела попладне ќе започне да дува северен ветер и ...

Општина Штип и ветеринарниот оператор од Куманово во месец јануари во три наврати има заловувано кучиња скитници низ централното градско подрачје и населбите во Штип, вели комуналниот инспектор Борче Везенков. Тој посочи дека само последниот пат се заловени седум бездомни кучиња. Везенков апелира сопствениците на домашни миленици да се грижат за нив и да не ги оставаат на улица. -Знаете Општина Штип има оператор од Куманово кој ги заловува ...

Премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и градоначалничката Бети Стаменкоска – Трајкоска, денеска извршија увид во градежните активности на основното општинско училиште „Невена Георгиева – Дуња“ во општина Кисела Вода. Како што беше појаснето во изјава за медиуми, со доградба се обезбедуваат околу 560 метри квадратни проширување на просторот – шест нови училници, нови санитарни јазли и значително ...

Задоволство е секогаш кога ќе правиме увид на ваков тип на проекти каков што е овој, доградба на училиште за најмладите, за учениците. Тоа е дел од суштината на политиките кои што ги води оваа Влада и добро е што десетици вакви објекти заедно со градинките, предучилишната возраст, се стотици вакви објекти кои што се градат низ цела држава. И јас сум навистина задоволен што гледам дека сите тие напредуваат. Еве со градоначалничката ...

Приврзок, познат како „Тудорско срце“, направен во 16 век, а повторно откриен во областа на Ворикшир пред неколку години, е откупен од Британскиот музеј во Лондон. Преку јавни донации и средства, за таа цел се собраа четири милиони евра. Златниот приврзок во облик на срце му припаѓал на британскиот крал Хенри Осми од династијата Тудори и неговата сопруга Катерина од Арагон. Артефактот од 16 век, преоткриен во 2019 година, сега ќе биде јавно ...

Нетфликс го објави првиот трејлер за новата документарна серија „Диносауруси“ (The Dinosaurs), чиј извршен продуцент е познатиот американски режисер Стивен Спилберг. Документарецот ќе пристигне на платформата следниот месец – на 6 март. Раскажана од препознатливиот глас на „Оскаровецот“ Морган Фримен, приказната за овие праисториски суштества е пренесена преку најсовремени визуелни ефекти. Се работи за нов проект од продуцентската куќа на ...

Германската сојузна полиција изјави дека мачка сама патувала со воз до Бремен, без билет и без своите сопственици. Според нив, мачката влегла во регионален воз во Берне. По пристигнувањето во Бремен, службениците ѝ дале вода и ја одвеле во полициска станица. Од таму, „пријателчето“ било предадено на локална организација за згрижување и помош на мачки. Ден подоцна, било вратено кај неговите сопственици, кои изјавиле дека ова не е првпат ...

Селекторот на англиската фудбалска репрезентација, Томас Тухел, би можел да го преземе Њукасл по истекот на неговиот договор со репрезентацијата, објави „TEAMtalk“. Договорот на 52-годишниот фудбалски стручњак е со важност до крајот на Светското првенство во 2026 година. Сегашниот менаџер на Њукасл, Еди Хау, веројатно ќе замине на крајот од сезоната. Ова се должи на незадоволството на навивачите од моменталните резултати на тимот. Њукасл е ...

„Скопскиот поетски фестивал“ објави повик за млади поети, на возраст од 16 до 30 години, за да учествуваат на петтиот настан „Отскочна даска“ на 12 март и да ја претстават својата поезија. Организаторот соопшти дека повикот е наменет за сите што можеби веќе ги објавиле своите први песни во некое книжевно списание или веќе ја објавиле и својата прва стихозбирка, можеби веќе настапиле на некое поетско читање или чекале токму ваква можност да се ...

На веб-страницата на НУ Драмски театар Скопје е објавен годинашниот Конкурс за наградата „Горан Стефановски“ за најуспешен драмски текст од млад македонски автор на возраст до 30 години. Конкурсот ќе биде отворен до 28 февруари 2026 година. -Во духот на традиционалната поддршка кон младите драмски уметници и поттикнување на пишување нови драмски текстови, НУ Драмски театар ја доделува наградата во чест на големиот драмски автор, Горан ...

Откако во 2025 година Гевгелија ја понесе титулата Град на културата, Општина Гевгелија годинава предвидува зголемени средства за поддршка и развој на културните активности. Според Годишната програма за финансирање програми и проекти од областа на културата, за културни манифестации и творештво ќе бидат издвоени околу 9,6 милиони денари. Најмногу средства, односно 2.150.000 денари, се наменети за фестивалот „Вкуси го југот“, кој веќе три ...

Асоцијацијата на македонската индустрија за видеоигри (МГИ) по 14-ти пат организираше 48-часовен маратон во креирање видеоигри Global Game Jam 2026 Skopje. „Global Game Jam“ е најголемиот светски настан за видеоигри – тридневен предизвик каде што учесниците во ист период на целата планета работат на создавање нови видеоигри. Целта на глобалниот настан е да се поттикне креативноста, соработката и иновативноста, овозможувајќи им на учесниците ...

Во текот на четири децении, научници спровеле истражување направено врз 132.000 возрасни Американци љубители на кафето и чајот. Студијата покажала дека луѓето кои секојдневно пиеле повеќе кафе имале 18 проценти понизок ризик од развој на деменција во споредба со оние кои пиеле помалку. Во научниот труд исто така е нагласено дека љубителите, зависници од кафе имале помалку проблеми со меморијата или размислувањето, кои самите ги забележале, во ...

Вчера, пред Граѓанскиот суд во Лос Анџелес започна судењето против интернет гигантите Мета и Гугл, со тврдења дека нивните платформи намерно поттикнувале зависност кај децата и младите со цел зголемување на профитот. Адвокатот на тужителката, Марк Ланиер, во воведното обраќање истакна дека механизмите што ги користат Инстаграм и Јутјуб не се резултат на случајност, туку на свесен дизајн. Според него, зависноста е профитабилна, со обвинение ...

Алатките на вештачка интелигенција, како што е популарниот „Чет-ГПТ“, не се добри за поставување дијагнози, покажа истражување објавено денеска во списанието „Нејчр медисин“ (Nature Medicine). Според наводите, медицинските придобивки од ВИ се преиспитуваат ширум целиот свет. Научниот труд спроведен со помош на 1.300 лица во Велика Британија, откри дека неколку ВИ-модели – „Чет-ГПТ“, „Лама“ (на „Мета“) или „Команд Р+“ – не се подобри од ...

Тејлор Свифт го објави музичкиот видеоспот за песната „Opalite“ (Опалит), од нејзиниот нов албум „The Life of a Showgirl“ (Животот на шоудевојката). Видеото е ексклузивно објавено на „Епл мјузик“ (Apple Music) и „Спотифај“ (Spotify), само два дена пред „Супербоул“ финалето, додавајќи доза на еуфорија од поп-културата пред големиот натпревар. Во видеоспотот се појавуваат и повеќе холивудски ѕвезди, па според коментарите, тоа е една од ...

Првиот Македонец кој настапи на Зимските олимписки игри 2026, Ставре Јада имаше само симболичен настап. Јада патеката долга 1,6 км. во претпладневните квалификации во спринт крос-кантри ја мина со време 3 минути, 59 секунди и 56 стотинки, или 52,19 секунди побавно време од најбрзиот натпреварувач. Со постигнатото време јада го освои 89.место од вкупно 94 натпреварувачи и не избори пласман во финалето. Во финалето се пласираа 30 ...

Бразилскиот фудбалер Нејмар е подготвен да продолжи да игра за Сантос по повредата и би можел да игра на натпреварот од Бразилското првенство во недела против Вело Клубе, објавија бразилските медиуми. Според „Ge globo“, Нејмар можно е да биде одморен пред следниот натпревар од турнирот против Атлетико Мадрид, закажан за четврток. Нејмар не се појавил на теренот повеќе од два месеци и последен пат игрше на натпреварот против Крузеиро. Кон ...

На Попова Шапка изутрина во 7 часот се измерени -2 степени целзиусови, а снежната покривка изнесува 64 сантиметри. Во Берово и Mаврови Анови 0 степени, 1 во Крива Паланка, Kрушево и Лазарополе, 3 во Претор и Виница, 4 во Охрид, 5 во Тетово, Битола, Прилеп, Штип и Струмица, 6 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Велес и Кавадарци, 7 во Гевгелија, 8 степени целзиусови во Демир Капија. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека ...

Нивото на водата на Охридското Езеро денеска се наоѓа на 693,55 метри надморска височина. Тоа е за 16 сантиметри над просекот за февруари утврден на котата од 693,39 метри надморска височина. За релативно високиот водостој во езерото придонесоа продолжените интензивни и обилни врнежи од дожд и снег изминатиот период, што ја подобрија севкупната хидролошка ситуација во регионот. Инаку, температурата на водата во Охридското Езеро денеска ...

Филмот „Мајка вештерка“ („Motherwitch“) во режија на Минос Папас, копродукција меѓу Кипар, Северна Македонија и САД, беше прикажан во официјалната селекција на годинашниот Меѓународен филмски фестивал во Ротердам. Како што известува пиар-тимот, по проекцијата екипата на филмот беше поздравена со долг аплауз и голем број прашања од гледачите за режисерот и актерите. Филмот е приказна за Елени (улогата ја толкува Маргарита Захариу), сликарка ...

Режисерот Дејан Пројковски е добитник на меѓународната награда за режија на 11. Интернационален театарски фестивал во Истанбул. Како што објави Министерството за култура и туризам на Фејсбук, Пројковски вторпат добива награда на овој фестивал откако беше награден и пред две години, на неговото деветто издание. -Тоа сведочи за континуитетот на авторската визија, уметничката зрелост и доследниот ангажман во современиот театар на Пројковски, ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
81%
1019
weather icon

Белград

6ᴼ / 3ᴼ
1.03
80%
1019
weather icon

Загреб

11ᴼ / 6ᴼ
1.03
69%
1019
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
87%
1019
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
0.93
76%
1019
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 7ᴼ
1.03
81%
1019
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
5.66
50%
1017
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
82%
1017
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
62%
1017
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
1.34
74%
1019
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
1.34
62%
1020
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
76%
1019
Currency

61.6417

Currency

52.5834

Currency

71.17

Currency

37.8

Currency

38.587

Currency

66.9558

Currency

7.70703

Currency

0.70233

Currency

0.32993

Currency

0.52528

Currency

1.16806

Currency

0.55853

Платина

64944.51

Злато

151548.67

Иридиум

253540.09

Калај

50.46

Бакар

12.12

Паладиум

47550.95

Алуминиум

3.60

Сребро

2439.04

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Родиум

323115.00

Рутениум

53788.20