Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Министерот за здравство Азир Алиу денеска го посети „Мајчин дом“ по повод проширувањето на просторните капацитети на одделот за психофизиологија. – Проширувањето овозможува поефикасна организација на дијагностичките и терапевтските активности и обезбедување стручна поддршка во областа на детскиот развој. Новите простории создаваат функционална средина како за стручниот тим така и за пациентите со развојни тешкотии и нивните семејства. Ова е ...
Амбасадорката на Јапонија, Сецуко Кавахара, денеска беше во посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)– Штип, каде одржа предавање на Правниот факултет. -Посетата започна со средба со ректорот на УГД-Штип, Дејан Мираковски, на која се разговараше за нови можности за соработка меѓу УГД и јапонските институции, соопштија од УГД-Штип. Деканката на Правниот факултет при УГД-Штип проф. д-р Билјана Тодорова истакна дека ваквите настани се од ...
Во тек се градежни активности за реконструкцијата на просторот околу плоштадот кај Стариот чинар во Охрид Како што посочуваат од Општина Охрид, во оваа фаза од зафатите предвидено е ново партерно уредување со гранитни плочки, поставување модерно јавно осветлување и современа урбана опрема. Исто така, предвидено е и соодветно хортикултурно уредување на просторот. Вредноста на проектот е 45 милиони денари, средства обезбедени од буџетот на ...
Широка и сеопфатна акција за реконструкција на пешачките патеки во Скопје почнавме денеска со цел побезбеден, поуреден и помодерен јавен простор за сите граѓани – информира скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата фејсбук-страница. – Активностите почнаа на булеварот Партизански одреди, на потегот од мостот „Обединети нации“ до пешачкиот мост „Влае“, на површина од 1.200 квадратни метри. Оваа делница добива целосно нов лик – пешачка ...
Нова спортска сала се гради во основното училиште „Кузман Јосифовски – Питу“ во општина Кисела Вода, каде денеска увид во градежните работи извршија министерката за образование и наука Весна Јаневска и градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска. Станува збор за објект со површина од 650 квадратни метри, а инвестицијата се реализира со буџетски средства во износ од 32 милиони денари. Задоволство од динамиката на работите изрази министерката ...
Кафеава мечка видена е на паркинг-простор во Ростуше, каде што се гледа дека има и присуство на кучиња. Според надлежните, ова е прв ваков случај во последните месеци за разлика од претходно кога мечки беа забележани во неколку села, дури и во дворови на куќи. – Досега нема пријава на штета предизвикана од мечки. Како и претходно, и за последниот случај ги презедовме сите законски мерки. Веќе ги имаме информирано соодветните министерства – за ...
Како се открива присуство на дрога, пронаоѓање на скриен предмет во возило од страна на тренирано куче, како и презентација на скенер камион за поголеми возила, беа дел од активностите кои на својот отворен ден пред гевгеличани ги претставија вработени во Царинската управа. Настанот кој Царината го организира низ неколку градови со цел да се одбележи 14 април, денот на Царинската управа, ги собра минувачите и учениците од гевгелиските ...
Поранешниот тренер на машката и женската екипа на Вардар, подоцна и спортски директор на „црвено-црните“ почина во Белорусија на 51-годишна возраст. Кокшаров беше дел од Вардар во време на најголемите успеси на клубот, двете освоени европски шампионски титули во 2017 и во 2019 година. За смртта на олимпискиот шампион во ракомет и тренер на Мешков Брест, објави белорускиот клуб. – Мешков Брест изразува искрено сочувство до семејството и ...
Под влијание на циклонска активност, утре и в четврток во Северна Македонија се очекуваат врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, над 20 литри на квадратен метар, односно над 30 литри в четврток, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Поради продор на постудена воздушна маса, на повисоките места и планините дождот ќе преминува во снег. Утре и в сабота ќе дува засилен, повремено силен ветер, кој локално ќе достигнува брзина и ...
Распишан е Конкурс за доделување на државната награда „23 Октомври“ во 2026 година, соопшти Министерство за култура и туризам. Конкурсот ќе трае од 1 до 30 април 2026 година. Со државната награда „23 Октомври“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство на Република ...
Министерството за животна средина и просторно планирање денеска најави пакет засилени мерки со кои ќе се зајакне контролата врз индустриското загадување и ќе се подобри управувањето со природните ресурси, при што фокусот, како што беше нагласено, се префрла кон институциите и индустриските оператори. Централно место во најавите доби воспоставувањето на регистарот на загадувачи, нов систем кој ќе собира сигурни и споредливи податоци за ...
На денешната седница на Советот на Општина Битола свое обраќање имаше градоначалникот на Битола Тони Коњановски. Во продолжение интегрално го објавуваме неговиот говор. „Како Општина сериозно и темелно ги решаваме проблемите во градот. Еден од нив беше и урбаната опрема ( се мисли на просторот пред кафе баровите), дали да ја има и во која форма. Да, ќе ја има и натаму но, сега на пример пиењето кафе ќе бида како во западноевропските градови. ...
„Заштитата на личните податоци од сите агли, од регулатива до пракса“ е во фокусот на настанот посветен на современите предизвици во заштитата на личните податоци во корпоративното работење што се одржува денеска во организација на Македонската асоцијација на корпоративни правници и Агенцијата за заштита на личните податоци. Настанот што се одржува во Chateau Sopot во Велес ги обедини формалната обука и практичните дискусии со цел да ја ...
Дамјан Гацов на 22 години е официјално именуван за помошник-тренер на универзитетскиот кошаркарски тим на Универзитетот „Стентон“ во Лос Анџелес. Со тоа тој станува најмладиот Мaкедонец што некогаш бил дел од стручен штаб на еден американски универзитетски тим. Гацов е трета година студент на спортски менаџмент и бизнис-администрација, студии преку кои го комбинира своето кошаркарско искуство со академско знаење. Универзитетот, како што велат ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ...
На Филозофскиот факултет во Скопје денеска ќе се одржи промоција на книгата „Антологија на античката лирика“ во издание на „Чудна шума“. „Антологија на античката лирика“ претставува обемен избор од песни кои се создадени во Античка Хелада и Рим, препеани од старогрчки и латински од Елена Колева, Љубинка Басотова, Даниела Тошева, Војислав Саракински, Валериј Софрониевски, Светлана Кочовска-Стевовиќ и Методија Тасевски. Приредувачи на делото се ...
Во Музеј на современата уметност вечерва ќе биде отворена изложбата на уметницата Тања Балаќ, која ќе се претстави со новиот проект „Телото што ја памти тишината“ – мултимедијално дело што ги истражува односите меѓу меморијата, тишината и трауматското искуство. Изложбата е структурирана како просторно и визуелно искуство што се одвива во две целини: инсталација во изложбениот простор и видео проекција во кино салата. Преку минимални, но ...
Во Градски трговски центар А.Д. Скопје в среда на 1 април ќе се одржи традиционалната детска манифестација „Априлијада“ во организција на ЈУ Детски културен центар „Карпош“ под покровителство на Град Скопје. Во рамки на програмата, ќе има ревија на маскирани деца од градинки, ученици од основни училишта со танцови точки кои ќе ја збогатат атмосферата со динамични и ритмички кореографии. Програмата продолжува со настапи на балетската секција ...
Секој натпревар во државниот дрес е важен, истакна голманот Столе Димитриевски на официјалната прес конференција во Даблин пред утрешниот натпревар на македонската репрезентација против Ирска во пресметка на двете поразени селекции во полуфиналните баражи за пласман на Светското првенство. Димитриевски наведе дека по поразот од Данска (4:0) во четвртокот во Копенхаген, за избраниците на селекторот Гоце Седлоски следи нов предизвик во кој ...
Младите ракометари на Еурофарм Пелистер ги елеминираа врсниците од Данска, совладувајќи го тимот на Алборг со 24:23 и утре ќе играат финале со Фуксе Берлин. Со денешната победа, битолчани, како лани така и годинава обезбедија пласман во финалето на турнирот на млади ракометни шампиони. Турнирот за пласман на „фајнал фор“ во Келн, годинава се одржува во Пореч, а по денешната победа на германскиот младински шампион Фуксе над Загреб, утре во ...
Седум години по авионската несреќа во која загина фудбалерот Емилијано Сала, францускиот трговски суд денеска донесе конечна одлука со која го отфрли барањето на Кардиф Сити за отштета, со што заврши повеќегодишниот спор меѓу велшкиот клуб и француски Нант. Аргентинецот Сала загина во јануари 2019 година кога авионот „Пајпер Малибу“ со кој патуваше од Франција до Велс, откако договори трансфер од Нант во Кардиф, се урна во Ламанш во близина ...
Фудбалската репрезентација на Косово доби денеска награда во износ од 500.000 евра од Владата на Косово за пласманот во финалето од плејофот за Светското првенство 2026. Репрезентацијата на Косово се пласираше во финалниот бараж, откако во четвртокот во полуфиналето ја победи Словачка со 4:3 во Братислава. Косовските фудбалери утре во Приштина ќе играат против Турција, а победникот ќе избори пласман на Мундијалот што ова лето ќе се одржи во ...
Дефанзивецот на Баерн Минхен, Рафаел Гереиро, ќе го напушти клубот на крајот од сезоната, објави денеска прес-службата на актуелниот германски првак. „Баерн Минхен и Рафаел Гереиро меѓусебно се согласија да не го продолжат неговиот договор, што истекува на крајот од сезоната“, се вели во клупското соопштение. Гереиро му се приклучи на Баерн од Борусија Дортмунд во летото 2023 година. Оваа сезона, 32-годишниот Португалец одигра 23 натпревари ...
Европската фудбалска федерација (УЕФА) не планира да ги зголеми цените на билетите за Европското првенство во 2028 година, објави денеска „Атлетик“. Според истиот извор, цените на билетите во најприфатливите категории ќе останат на исто ниво како и за Европското првенство во 2024 година. Билетите за секторите „Fans first“ и „Category 3“ ќе чинат 30 и 60 евра, колку што изнесуваат цените на Европското првенство пред две години во Германија. ...
Македонската фудбалска репрезентација утревечер, со почеток во 20:45 часот на стадионот „Авива“ во Даблин, ќе се соочи со Република Ирска во натпревар меѓу двете поразени селекции во полуфиналето од плејофот за пласман на Светското првенство. Селекторот Гоце Седлоски вечерва на официјалната прес конференција потенцираше дека, и покрај разочарувањето од високиот пораз од Данска во Копенхаген во четвртокот, тимот мора да остане силно мотивиран, ...
Пијанистот со светска кариера Симон Трпчески одржа два концерта со Сингапурскиот симфониски оркестар за што со рецензија се огласи и критичарот на сингапурскиот „Стретјтстајмс“. Како што информира „Културоп прес“, угледниот сингапурски весник, по повод настапите на нашиот пијанист, Трпчески е прогласен за „најдоброто нешто што произлегло од Македонија по Александар Велики“. – Во продолжение на својата поента критичарот Џефри Лим вели: „Иако ...
Охридската Градска библиотека минатата седмица го реализираше проектот „Книгата поблиску до старите лица“. Во рамки на активностите вработени од библиотеката беа во посета на Геријатриското одделение на Општата болница, како и на Здружението на пензионери од општините Охрид и Дебрца, при што се донирани книги што ќе послужат како основа за формирање интерни библиотеки. Остварени се средби и со дел од членовите на Програмата за грижа за стари ...
Капиталните инвестиции во културата и заштитата на културното наследство продолжуваат со засилено темпо, истакна министерот за култура и туризам Зоран Љутков при денешната посета на Разловци, одговарајќи на новинарско прашање. Тој посочи дека покрај објектите кои се дел од програмата за заштита, како цркви и манастири, се реализираат и капитални инвестиции во други дејности со цел унапредување на културната инфраструктура. -Во рамки на ...
Одделението за внатрешни работи од Кочани и Општина Кочани, денеска заеднички реализираа дел од превентивната кампања за подигање на јавната свест за борба против насилството. Под мотото „Не биди нем сведок – пријави насилство“, на неколку локации во Кочани службени лица на ОВР поделија летоци со едукативна содржина за постапки против насилство врз жените. На средбите, граѓаните кратко беа информирани за формите на насилство, начините за ...
Меѓуопштинската соработка претставува еден од клучните системски механизми за унапредување на управувањето со животната средина и за обезбедување квалитетни, ефикасни и одржливи услуги за граѓаните на локално ниво, било истакнато на консултативниот настан „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, што се одржал денеска во Скопје, во организација на Министерството за локална самоуправа, со поддршка на ...