Францускиот тим во биатлон освои злато во мешаната штафета на Олимписките игри во 2026 година. Ерик Перо, Квентин Фијон-Маје, Лу Жанмоно и Џулија Симон 24 км ги поминаа за 1 час, 4 минути и 15,5 секунди. Италијанскиот тим (Томасо Џакомел, Лукас Хофер, Доротеја Вирер и Лиза Витоци) го освои среброто, завршувајќи 25,8 секунди зад водечките. Бронзата му припадна на германскиот тим (Јустус Стрелоу, Филип Наврат, Ванеса Војгт и Франциска Пројс), ...

Норвешкиот лизгач Сандер Ејтрем вечерва победи на трката на 5.000 метри на Олимписките игри во 2026 година. Дваесет и тригодишниот лизгач постигна време од 6:03,95, поставувајќи нов олимписки рекорд. Чехот Методеј Јилеку го освои среброто, завршувајќи 2,53 секунди зад водечкиот. Италијанецот Рикардо Лорело го освои бронзениот медал (+5,27 секунди). За Норвешка ова е трето злато на Олимпијадата во Италија и е лидер на табелата медалисти. Post ...

Македонската тениска репрезентација е поразена во дуелот со Кипар со 5:0 што се одигра во Никозија во рамки на Втората Светска зона на Дејвис купот. Денешните три мечеви ги добија домашните тенисери, кои остварија прво победа во двојки, а потоа и во двата сингл меча. Во последниот меч младиот македонски тенисер (15 години) Марко Алексовски загуби од Константинос Мегалемос со 2:0 во сетови (7:6(8) и 6:1). Во првиот сет се водеше голема борба, ...

Норвешкиот нордиски скијач Јоханес Хоесфлот Клебо го освои првото место на скијатлонот на Олимписките игри 2026. Клебо патеката 10+10 км. попладнево ја помина за 46 минути и 11 секунди. Второто место и сребрениот медал му припадна на Французнот Матис Делож кој заостана две секунди зад победникот. На подиумот како третопласиран се најде Мартин Нингет од Норвешка кој доцнеше 2,1 секунди зад својот сонародник. За два дена на Игрите во Италија ќе ...

Американската алпска скијачка Бризи Џонсон го освои олимпискиот златен медал во спуст на Игрите во Италија. Триесетгодишната Џонсон денешната трка ја заврши за 1 минута и 36,10 секунди. Германката Ема Ајхер го освои сребрениот медал, завршувајќи 0,04 секунди зад победничката. Италијанката Софија Гоџи го освои бронзениот медал со заостанување од 59 стотинки зад Џонсон. На трката се случија два теши инциденти. Американката Линдзи Вон и ...

Италијанскиот алпски скијач Џовани Францони го посвети сребрениот медал што го освои на Олимписките игри во 2026 година на својот покоен пријател Матео Францони. Матео почина во септември 2025 година на 25-годишна возраст. Трагедијата се случи за време на тренинг на спуст патека во Чиле. Тој се удри челно во ветробранска брана, претрпувајќи тешки трауматолошки повреди. – Му исполнив сон. Му го посветувам овој медал, рече Францони откако го ...

Коментаторот на „NBC“, Тод Ричардс, се извини откако беше емитувана неговата критика на сноубордерите за финалето на „Биг Ер“ на Зимските олимписки игри во Италија во 2026 година. По завршувањето на натпреварот, микрофонот на Ричардс остана вклучен. „Беше здодевно. Беше толку здодевно. Квалификациите беа многу поинтересни“, рече коментаторот. Набргу потоа, Ричардс објави видео на социјалните мрежи, откривајќи дека неговиот телефон е преплавен ...

Американската алпска скијачка Линдзи Вон доживеа тежок пад на почетокот на своето возење на денешната трка во спуст на Олимписките игри во Кортина. Вон по страшниот пад остана да лежи на патеката и да чека помош од медицинскиот тим. Снимката покажа дека левата нога на Вон се извиткала неприродно по падот. Натпреварувањето беше времено прекинато. Американката дојде на Олимпијадата со повреди. Таа падна за време на натпреварувањето од Светскиот ...

Раководството на ПСЖ започна преговори за продолжување на договорот со главниот тренер Луис Енрике, според „Л’Екип“. Тековниот договор на 55-годишниот шпански тренер важи до крајот на сезоната 2026/27. Според францускиот весник, страните разговараат за нов договор што ќе важи до летото 2030 година. Деталите за идниот договор, вклучувајќи ги и финансиските услови, сè уште не се откриваат. Енрике го презеде парискиот клуб во летото 2023 година. ...

Фудбалерот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, е незадоволен од ситуацијата во клубот и постави ултиматум до раководството на Јавниот инвестициски фонд (PIF) на Саудиска Арабија. Според „MBC“, Португалецот е разочаран од трансфер политиката на клубот. Тој верува дека службените лица намерно не успеваат да го зајакнат Ал-Наср, концентрирајќи ги своите ресурси на поддршка на Ал-Хилал со цел да го обезбедат трофејот. Роналдо јасно стави до знаење ...

Кошаркарот на Милвоки бакс, Јанис Антетокумпо, се приклучи на групата косопственици на женскиот фудбалски клуб Челзи. Триесет и едногодишниот грчки кошаркар ја изрази својата гордост и чест за можноста. – Историјата на Челзи зборува сама за себе и возбуден сум што ќе придонесам за иднината преку поддршка на континуираниот раст и влијание на женските спортови. Станува збор за амбиција, наследство и подигнување на играта на следното ниво. ...

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива во зимски услови, по наместа по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Авто-мото сојузот на Македонија. АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината на движење, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно со ...

„Ги запознаваме ретките болести“: Недостиг на карнитин палмитоил II – миопатска форма/ CARNITINE PALMIOYL TRANSFERASE II DEFICIENCY, MYOPATHIC FORM MKБ-10 Е71.3 ПРЕВАЛЕНЦА – во литературата се пријавени околу 300 случаи на миопатска форма, но со овој број може да се потцени преваленцата на болеста. ВОВЕД Миопатската форма на недостигот на карнитин палмитоил трансфераза II (CPT II), наследно метаболичко нарушување што влијае на ...

Девет хотели од Охридската ривиера почнуваат со примарна селекција на комуналниот отпад. Станува збор за активност во рамки на заложбите на Општина Охрид за воспоставување на систем за одржливо управување во Хорека-индустријата во Охрид, во која спаѓаат хотелите, рестораните и кафулињата во градот и на крајбрежјето. Преку проектот „Одржливо управување со отпад на локално ниво” реализиран од сртрана на Ј.П. „Охридски комуналец” и ...

Центарот на Денвер, Никола Јокиќ, постигна трипл-дабл ноќеска на натпреварот со Чикаго и му помогна на својот тим да дојде до победа со 136:120. Српскиот кошаркар мечот го заврши со 22 поена, 14 скока и 17 асистенции за 33 минути поминати на теренот. Овој трипл-дабл беше 182-ри во НБА кариерата на 30-годишниот Јокиќ. Тој се искачи на второто место во историјата на лигата по постигнати тројни ефекти, надминувајќи го Оскар Робертсон. Прв на ...

Италијанската брзо-лизгачка Франческа Лолобриџида го освои златниот олимписки медал на 3.000 метри на Зимските олимписки игри 2026 во Милано и Кортина д’Ампецо. Италијанката која денес наполни 35 години ја заврши дистанцата за 3 минути и 54,28 секунди, поставувајќи нов олимписки рекорд. Претходниот рекорд ѝ припаѓаше на Холанѓанката Ирене Шоутен, која постави време од 3 минути и 56,93 секунди на Игрите во Пекинг, Кина, во 2022 година. ...

Норвежанката Ана Одине Стром победи вечерва во скијачките скокови на малата скокалница на Олимписките игри 2026. Стром беше на лидерската позиција и по првата серија. Таа собра вкупно 267,3 поени (136,9 м + 130,4 м). Најголемата фаворитка за златото, словенечката репрезентативката Ника Превц мораше да се задоволи само со второто место по скоковите 135,9 метри и 130,3 метри или вкупно 266,2. На подиумот се најде и Јапонката Нозоми Марујама со ...

Јапонскиот сноубордер Кира Кимура го освои златото на големото натпреварување во воздух на Олимписките игри во Милано. Тој освои вкупно 179,5 поени по три обиди. Неговиот сонародник Рема Кимата го освои сребрениот медал (171,5). Кинезот Су Јуминг ја освои бронзата (168,5). Дваесет и едногодишниот Кимура го освои првото олимписко злато во својата кариера. По првиот ден на Олимпијада во Италија на кои се поделија пет комплети медали, со злато ...

Пелистер вечерва во скопската населба Маџари постигна убедлива победа против екипата на Феникс со 95:80. Ова беше четврта победа на исто толку средби за битолчани во календарската 2026 година кога станува збор за натпреварите во „МТЕЛ“ Супер лигата. По нерешените (20:20), во првата четвртина, многу работи се сменија на теренот, во корист на гостите од Битола, затоа што втората четвртина ја одиграа скоро до перфекција избраниците на тренерот ...

Челзи ги победи Вулверхемптон со 3:1 на гостински терен во 25. свој натпревар од Премиер лигата. Кол Палмер постигна хет-трик за гостите. Дваесет и тригодишниот Англичанец постигна два гола од пенал во 13. и 35. минута, и уште еден од игра во 38. минута. Толуваласе Арокодаре го постигна единствениот гол за домаќините (54. минута). Челзи има 43 бода и е петти на табелата во англиската Премиер лига, додека Вулверхемптон е на дното на табелата ...

Јувентус го продолжи договорот на напаѓачот Кенан Јилдиз, објави клубот од Торино. Новиот договор на 20-годишниот турски напаѓач важи до крајот на јуни 2030 година. Медиумските извештаи претходно наведуваа дека неговата плата ќе биде една од највисоките во италијанскиот клуб. Јилдиз се приклучи на младинскиот тим на Јувентус од Баерн Минхен како слободен агент во летото 2022 година. Оваа сезона, тој има 31 настап во сите натпреварувања, ...

Шведската скијачка Фрида Карлсон победи на скијатлонот на Олимписките игри 2026. Таа го освои златниот медал со време 53:45.2 минути. – Се чувствував како машина. Никогаш не сум го сакала скијањето толку многу како денес. Не знам дали сè уште сум ја сфатила победата. Денес беше толку одлично, имавме одлични скии, сè беше беспрекорно. И сега сум на врвот, рече Карлсон по победата. Нејзината сонародничка Еба Андерсон заврши втора, 51 секунда ...

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорџеска го предаде полуфиналниот меч на ИТФ турнирот Порто 50 против Американката Флона Кроули од САД во вториот сет при водство на противничката од 1:0 во сетови и предност од 3:0 во гемови во вториот сет. Ѓорческа многу добро го почна мечот и поведе со 3:0 во првиот сет, но ривалката успеа да стигне до изедначување од 4:4, а потоа и 5:5. Серијата на освоени гемови за Кроули продолжи и таа го доби сетот ...

Дејвис куп репрезентацијата на Македонија ги загуби двата сингл меча на првиот ден од дуелот со Кипар во Никозија и противникот поведе со 2:0. Стефан Мицов загуби од Фотос Фотиадес со 2:0 во сетови (6:3 и 6:0). Во првиот сет Мицов прв дојде до брејк и водство од 2:1 во гемови, но потоа следуваше пресврт и противникот поведе со 5:2, а сетот заврши со 6:3. Во вториот сет ривалот беше убедлив и сетот го доби без загубен гем. Претходно во првиот ...

Менаџерот на Манчестер Сити, Хозеп Гвардиола, остро одговори на повиците да се фокусира на фудбалот и да се воздржи од јавно коментирање на социо-политички прашања. На прес-конференција, одговарајќи на прашање околу оваа тематика, шпанскиот тренер направи директна паралела со професијата новинар. -Добро, тогаш фокусирајте се на новинарството. Не можете да зборувате за економија затоа што не сте новинар специјализиран за економија, нели? Вие ...

Мароканската фудбалска федерација издаде соопштение во врска со информациите дека селекторот на репрезентацијата, Валид Реграги, поднел оставка. – Нашата организација не добила никакво писмо за оставка од селекторот на репрезентацијата, Валид Реграги. Објавените информации се погрешни и целосно неосновани, се наведува во соопштението за медиумите. Во јануари, мароканската репрезентација загуби од Сенегал во финалето на Африканскиот куп (0:1). ...

Манчестер јунајтед попладнево го победи Тотенхем со 2:0 дома во 25. коло од англиската Премиер лига. Брајан Мбемо го отвори резултатот во 38. минута. Бруно Фернандеш постигна гол девет минути пред крајот на основните 90 минути. Гостите беа со десет играчи од 29. минута по исклучувањето на Кристијан Ромеро. Манчестер јунајтед ја оствари својата четврта последователна победа под водство на Мајкл Карик. „Црвените ѓаволи“ имаат 44 бода и се на ...

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, го пофали напаѓачот Каи Хаверц, кој се врати на теренот по повредата. Во февруари 2025 година, фудбалерот претрпе повреда на тетивата на тренинг. Тој играше во лето, но беше опериран во август поради проблеми со коленото и помина уште шест месеци во заздравување. Во последните три натпревари, 26-годишниот Германец постигна два гола и имаше една асистенција. – Многу сме среќни што го имаме Хаверц. Каи носи ...

На Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани попладнево Осогово и Вардар одиграа хуманитарен натпревар во спомен и во чест на настраданите во трагедијата од 16 март лани во дискотеката „Пулс“ . Западната трибина на „Мантов“ беше полна како ретко кога во последните неколку години. Проценките велат дека имало најмалку 1 200 гледачи. „Вардар“ славеше со 4 :1, иако „жолто-сините“ поведоа први. Но, резултатот на овој меч беше во втор план од ...

Потпорниот ѕид и оградата на Клиничка болница-Штип кои минатата недела се урнаа и паднаа врз два паркирани автомобили ќе се санираат, најави градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Во моментов фирма прави пресметка колку би чинела санацијата, но, Јорданов вели дека ова е и можност за проширувањето на улицата која води до главниот влез и излез на Клиничка болница-Штип. – Повеќе од 300 метри е должината на оваа собраќајница, која е ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
66%
1019
weather icon

Белград

11ᴼ / 9ᴼ
1.03
65%
1019
weather icon

Загреб

14ᴼ / 10ᴼ
0.51
64%
1019
weather icon

Софија

12ᴼ / 7ᴼ
1.03
44%
1019
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
1.1
69%
1019
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
0.0
80%
1019
weather icon

Атина

18ᴼ / 17ᴼ
5.66
49%
1017
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
72%
1017
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
58%
1017
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 10ᴼ
1.03
59%
1019
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 9ᴼ
2.24
50%
1020
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
4.63
66%
1020
Currency

61.6417

Currency

52.5834

Currency

71.17

Currency

37.8

Currency

38.587

Currency

66.9558

Currency

7.70703

Currency

0.70233

Currency

0.32993

Currency

0.52528

Currency

1.16806

Currency

0.55853

Алуминиум

3.60

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Рутениум

53788.20

Кобалт

45.39

Калај

50.46

Родиум

323115.00

Бакар

12.12

Сребро

2439.04

Злато

151548.67

Паладиум

47550.95

Платина

64944.51