Тоа што го постигнавме за толку кратко време, не е случајност. Ова е резултат на работа. На чесност. На одговорност. И ова не е само мој успех, ова е успех на сите скопјани кои веруваа дека можеме поинаку. Ова е доказ дека кога градот се води со љубов, а не со личен интерес, резултатите доаѓаат. Наследивме долгови, но, градиме иднина. Наследивме хаос, но, воспоставуваме ред. Наследивме разочараност, но, ја враќаме надежта. Пред нас стојат ...

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски денеска на прес-конференција изјави дека не размислува за зголемување на даноците. Тој рече дека Град Скопје сè уште не е во состојба во каква што заслужуваат скопјани да живеат. – Сè уште ги немаме целосно доведени состојбите во ред. Зошто? Затоа што даваме сè од себе до последен атом, но ни треба време за да ги решиме сите процеси – одговори тој на новинарско прашање по обраќањето за сработеното ...

Речиси 150 црни точки ќе бидат обезбедени за поголема безбедност во сообраќајот на улиците, најави скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање. Тој беше прашан во врска со сообраќајните знаци, особено пред училиштата, бидејќи, според граѓаните, немало доволно сообраќајни знаци, не знаеле колку да возат, а имало поплаки и за инфраструктурата. – Се согласувам и народот е во право. Ние ...

Времето денеска ќе биде облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени. Во Скопје, претежно облачно со услови повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се ...

Конкурс за избор на невеста и зет на манифестацијата „Галичка свадба 2026“ објави денеска Месната заедница Галичник. Пријавувањето на кандидатите ќе трае до 19 февруари, а одлуката ќе биде соопштена во март 2026. Заинтересираните парови треба да се пријават на е-адресата mzgalicnik@gmail.com, со назнака: „За избор на зет и невеста – Галичка свадба 2026“. Во пријавата треба накратко ќе ја споделат својата приказна и мотивација. Месната ...

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала (ЕМС) е почувствуван во Битола, Охрид и околните места синоќа во 23:10 часот, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Епицентарот потекнува од соседна Република Албанија, на околу 150 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7 степени. Претходно, во 19:50 часот беше почувствуван уште еден земјотрес во ...

Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на ADP-групацијата, постигна Ниво 2-Aкредитација за управување со емисии на јаглерод на аеродроми, информираат од ТАВ Македонија. Охридскиот аеродром ја добил оваа акредитација за управување со емисии на јаглерод на Ниво 2, од Меѓународниот совет на аеродроми (Airports Council International-ACI) во рамките на нивната глобална програма за ...

Од здружението „Здружение на граѓани 16 март 2025“, формирано од граѓани и родители на починатите деца во стравичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, известуваат дека оваа сабота нема да се одржи вообичаениот „Марш за ангелите“. „Поради претстојниот хуманитарен фудбалски натпревар меѓу ГФК Осогово и ФК Вардар, кој ќе се одржи во сабота, на 07.02.2026 година, Ве информираме дека планираниот саботен „Марш на ангелите“ ќе биде одложен. ...

Шампионот МЗТ Скопје Аеродром е нов лидер по четирите натпревари одиграни попладнево од 14.коло од МТЕЛ лигата. Првакот МЗТ Скопје Аеродром го совлада последнопласираниот на табелата Ангели со 95:74. Во дербито на колото Феникс со пресврт во последните две минути го совлада МКК Куманово со 86:84. Кумановчани водеа со 80:76, но тимот на Феникс направи серија од 9-2 за водство од 85:82 за нова победа. Кожув на гостувањето кај Гостивар ја ...

ФИБА Европа, денеска, донесе одлука Европското првенство во „Б“ Дивизија, во категорија У16-мажи, да ѝ го додели на организација на Македонската кошаркарска федерација. Како федерација, со големо задоволство и целосна одговорност, ја прифаќаме оваа одлука на ФИБА Европа, која претставува уште една потврда за довербата во нашите организациски капацитети и искуство во реализација на меѓународни натпреварувања. Европското првенство У16 – Б ...

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 19 часот и 50 минути регистрираа земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Грција, на околу 100 км југоисточно од Скопје. Од Сеизмолошката опсерваторија инфрмираат дека земјотресот бил со Рихтерова локална магнитуда од 3.7 степени. -Според ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски попладнево соопшти дека за ЈП „Лајка“ обезбедени се 30 милиони денари за проширување на капацитетите и создавање современи, хумани услови за згрижување на бездомните кучиња. -Почитувани скопјани, ако во минатото ЈП „Лајка“ беше креирана за брзи партиски вработувања, од моето преземање на функцијата градоначалник на Скопје, таа авантура заврши. Предолго време проблемот со бездомните кучиња се ...

Во рамки на проектот за санација на кровната купола, олуците и партерот на Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес во тек се градежни работи кои опфаќаат демонтажа и замена на дотраени олуци, изведба на нова хидроизолација на куполата, како и санација на вертикалната хидроизолација во партерниот дел. Работите вклучуваат и привремени интервенции на тротоарските површини, по што просторот ќе биде вратен во првобитна состојба, ...

Со сослушување сведок и вешти лица, денеска продолжи судењето во Велес за опожарена куќа во село Капиново, општина Чашка. Седумдесет и петгодишниот сведок Божидар Арсовски од село Нежилово, општина Чашка, рече дека еден од обвинетите го познава. Се враќал од болница во Скопје и си одел накај Нежилово, кога видел дека чади куќата. Рече дека го познавал таткото на оштетениот Давид Јорданов, а него, не толку добро. -Контактирав преку телефон со ...

Жители од Турското маало од Струмица денеска мирно протестираа пред просториите на „Електродистрибуција“ тврдејќи дека добивале високи сметки за потрошена електрична енергија, иако реално немале толку потрошено. Според граѓаните, сметките се високи, посебно во зимските месеци и бараат и тие да имат увид во броилата. -Протестираме заради високите сметки. Јас живеам сам во една соба и имам еден ладилник и сметката за струја за минатиот месец ми ...

Согласно планираните активности, во тек е втората фаза за расчистување на брегот на велешко езеро „Младост“ на потегот од Првата плажа накај Бродот „Панини“, а веќе е исчистено 30 проценти, информира денеска за МИА Ване Маневски, директор на Јавното претпријатие за водостопанство „Лисиче“ од Велес. Механичко отстранување на сувите наслаги и трската од крајбрежниот појас на езерото „Младост“, се врши во соработка помеѓу ЈПВ „Лисиче“ – Велес и ...

Канадскиот тенисер Феликс Оже-Алисиме искажа пофални зборови за Новак Ѓоковиќ по завршувањето на Австралија опен. Канадскиот тенисер потенцираше дека се работи за најдобриот тенисер на сите времиња. – Тој е најголем играч на сите времиња. Неговата страст кон спортот, способноста да остане во форма и мотивиран, е пример за сите. Тоа што е неверојатно кај него, не е само нивото на играта, туку и неговата отпорност, истакна Оже-Алисиме Ѓоковиќ ...

Мохамед Салах неколку сезони е еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул и Премеир лигата, но најверојатно ја игра последната сезона во дресот на „црвените“. Тој кон крајот на ланската година јавно искажа незадоволство од менаџерот на Арне Слот, а потоа неколку натпревари беше и на клупата. По враќањето од АФКОН, се врати во првиот тим со добри игри. Ситуацијата се меѓу Ливерпул и Салах се смири, но тој најверојатно во летниот преоден рок ќе ...

Атмосферата со соблекувалната на Реал Мадрид е далеку од идеална, иако дојде до промена на тренерската позиција и Алваро Арбелоа го замени Чаби Алонсо. Новиот тренер Арбелоа е под голем притисок. Проблем е што беше дочекан со одреден оптимизам, а дел од играчите го чувстуваат како привремено решение. Изненадување беше одлуката Дени Себалос да не биде во игра против Бенфика, а таквата одлука дополнително ја разниша довербата на тренерот. ...

По повод 154-годишнината од раѓањето на македонскиот национален херој, организатор и водач на македонското револуционерно движење – Гоце Делчев, општинска и училишна делегација, положија цвеќе на бистата на Гоце Делчев во дворот на Подрачното училиште во Горни Подлог. Годишнината од раѓањето на најголемиот македонски револуционер беше одбележана со стихови и со историски осврт во сеќавање на неговото дело. Ликот на Делчев беше мотив на ...

Повеќе делегации предводени од училишната денеска положија цвеќе пред бистата на патронот Гоце Делчев во кумановската гимназија и пригодно ги одбележаа 154-те години од раѓањето на патронот на ова училиште, револуционерот и визионерот, Гоце Делчев. Ученици, граѓани ја одбележаа годишнината од раѓањето на великанот на револуционерната борба Гоце Делчев. Пред бистата цвеќе положија претставници на училиштето, Општината, Советот, политички ...

Во славното штипско Ново Село, каде што учителствувал Гоце Делчев денеска се одбележаа 154 години од неговото раѓање. Делегации од Општина Штип, Советот на Општината, Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, претставници на АРМ, државни и локални институции, како и на политички партии и на Општинската организација на Сојузот на борците денеска пред спомен релјефот положија цвеќе и се поклонија на Делчев. Најголемиот македонскиот револционер Гоце ...

Со свечен историски час и низа пригодни обраќања, денеска во Средното општинско училиште „Методи Митевски Брицо“ во Делчево беа одбележани 154 години од раѓањето на Гоце Делчев, со што официјално започна и манифестацијата „Гоцеви денови“, обновена по иницијатива на градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски. Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, во своето обраќање истакна дека по тој повод планирани се низа настани. -Од ...

Генерација З стана првата генерација откако се води евиденција, која е помалку интелигентна од своите родители, утврди доктор Џаред Куни Хорват, поранешен наставник кој станал невронаучник. Тој откри дека генерацијата родена помеѓу 1997 и почетокот на 2010-тите е когнитивно заостаната поради прекумерното потпирање на дигиталната технологија во училиште. Откако се водат евиденции за когнитивниот развој кон крајот на 19 век, генерацијата З сега ...

Мерцедес ја претстави освежената Ѕ класа за 2027 година, носејќи суптилен фејслифт и технолошки подобрувања на својата луксузна лимузина. Новиот модел го задржува препознатливиот изглед, но со мали промени што ја прават уште помодерна. На прв поглед, новата Ѕ класа е веднаш препознатлива. Формата и пропорциите остануваат верни на традицијата, но деталите се поостри и помодерни. Предната маска е малку поголема и браниците се поостри и ...

За новиот „Ајфон фолд“ (iPhone Fold), се очекува да биде лансиран подоцна оваа година. Но, според гласините, „Епл“ (Apple) наводно веќе истражува опции за покомпактен модел на преклоп. Имено, според информациите на новинарот на „Блумберг“ (Bloomberg), Марк Гурман, компанијата од Купертино, Калифорнија, САД, веќе истражува опции за „квадратен ‘Ајфон’ што се отвора како школка“ – т.е. – правоаголник што се затвора во помал квадрат. Гурман не ...

Американската телевизиска водителка Опра Винфри и холивудскиот актер Рајан Рејнолдс ќе присуствуваат на два големи настана во Букурешт оваа есен. Винфри ќе настапи на првиот бизнис-самит „Брeнд мајндс“ (Brand Minds), што ќе се оддржи на 16 и 17 септември во романскиот главен град, како еден од најважните бизнис-собири во Централна и Источна Европа, на кој ќе се појават речиси 5.000 учесници од 50 земји. „Вториот е планиран за 29 и 30 ...

Гласовните глумци во Германија почнаа бојкот против „Нетфликс“ поради клаузула во новите договори што ѝ дозволува на платформата да користи нивни снимки за учење на вештачка интелигенција (ВИ), изјави портпаролот на германското „Здружение на гласовни актери“ (ВДС). Глобалното присуство на „Нетфликс“ ја зголемува побарувачката за синхронизирана содржина, бидејќи успешните филмови достигнуваат публика далеку надвор од нивните домашни пазари. ...

Фосили од мал новооткриен диносаурус ги тераат палеонтолозите да го преиспитаат обликот на еволутивните дрвја. Од муцката до врвот на долгата опашка, новите наоди во врска со скелетите од видот „Фоскеја пелендонум“ (Foskeia pelendonum), којшто одел на две нозе и се хранел со растенија – покажуваат дека овој тн. „рабдодонтид“ бил долг нешто повеќе од половина метар. Во исправена положба, ова суштество денес би достигнало во висина на коленото ...

Кинески тим претстави хуманоиден робот во природна големина, способен да трча со брзина од 10 метри во секунда, што е побрзо од повеќето луѓе. Роботот, наречен „Болт“ по легендарниот спринтер Јусеин Болт, е создаден од Институтот за хуманоидни иновации при Универзитетот Џеџијанг во источна Кина, во соработка со компаниите „Мирор Ми“ и „Каиерда“. Според програмерите, ова претставува значаен пробив во контролата на движењето на роботите, ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
55%
1018
weather icon

Белград

18ᴼ / 15ᴼ
1.54
48%
1019
weather icon

Загреб

18ᴼ / 15ᴼ
1.03
42%
1019
weather icon

Софија

13ᴼ / 11ᴼ
1.54
44%
1019
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
0.53
50%
1018
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.03
66%
1019
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
5.14
46%
1017
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
0.0
43%
1017
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
0.51
37%
1017
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 15ᴼ
2.57
45%
1019
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 12ᴼ
4.12
40%
1020
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
4.63
51%
1019
Currency

61.6417

Currency

52.5834

Currency

71.17

Currency

37.8

Currency

38.587

Currency

66.9558

Currency

7.70703

Currency

0.70233

Currency

0.32993

Currency

0.52528

Currency

1.16806

Currency

0.55853

Цинк

0.00

Алуминиум

3.58

Рутениум

52984.43

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Сребро

2345.35

Родиум

321507.47

Калај

50.51

Платина

62758.26

Бакар

12.04

Паладиум

46007.72

Злато

148834.32