Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Репрезентативката на Германија Даниела Маер во слободно скијање дисциплина ски крос го освои златниот медал. Таа во финалето беше најбрза и го оствари својот најголем успех откако пред четири години на Игрите беше четвртопласирана. Сребрениот медал и припадна на Фани Смит од Швајцарија, додека бронзата ја освои олимписката шампионка од Пекинг Сандра Наеслунд од Шведска. За Германија ова беше вкупно шести златен медал на Игрите во Милано ...
Популарниот американски актер Бред Пит се наоѓа на грчкиот остров Идра за снимањето на неговиот нов филм The Riders, а според медиумите во Грција, се очекува да остане една седмица, јави дописничката на МИА од Атина. Идра е дел од групата Саронски Острови, кои се во близина на Атина, а Пит пристигнал со брод од грчката метропола во придружба на својата партнерка Инес де Рамон и пеш се упатил до вилата во која е сместен, со оглед на тоа што на ...
Големо изненадување на турнирот во Доха направи тенисерот од Чешка Јакуб Меншик, кој со 2:1 во сетови успеа да го победи Италијанецот Јаник Синер. Италијанскиот тенисер оваа календарска година сè уште нема успех на некој од поголемите турнири откако доживеа елиминација во полуфиналето на Австралија опен од Новак Ѓоковиќ. – По две извонредни години сега се наоѓам во мал пад, но тоа не ме загрижува. Знам дека ќе успеа да се вратам на ...
Лидерот во ракометната Супер лига Вардар ја потврди соработката со репрезентативецот на Србија десното крило Вукашин Воркапиќ. Тој „црвено-црниот“ дрес ќе го носи до крајот на сезоната 2027/28. Станува збор за искусен играч кој има 28 години и настапи за Металопластика, францускиот тим Иври, а во Вардар прави трансфер од Војводина каде настапуваше во домашната лига и куп, како и во дуелите од ЕХФ Лига Европа. Како репрезентативец на Србија ...
Се поизвесно е дека Леброн Џејмс ја игра последната сезона во дресот на Лос Анџелес Лејкерс. Но, легендата на НБА лигата е можно да ја продолжи кариерата во екипата на Кливленд Кавалирс. Според ЕСПН и Брајан Виндхорст во поткаст на „Кливленд радио“ изнесоа информации дека големи се шансите Леброн повторно да го облече дресот на Кливленд. Сепак главен момент претставува намалување на неговата плата и играчот треба да се согласи на новите ...
Подобрување на пристапот до правдата за лицата со и без попреченост во земјата, како дел од процесите на интеграција во ЕУ и подобрување на системот за бесплатна правна помош, се целите на проектот чиј почеток денеска беше одбележан со собир одржан во Охрид. Станува збор за иницијатива што ќе се реализира во наредните три години преку регионалниот проект „Икуалс“, во организација на Министерството за правда во партнерство со Програмата за ...
Со песок во боја на шеќерна волна, кристално чиста вода и рекорден број рецензии оценети како „над сите очекувања“, оваа плажа се искачи на врвот на листата Травелерс Чојс Авордс (Награди според патиците). Според анализата што ја пренесува онлај медиумот Тајм аут (Time Out), токму високата стапка на воодушевени посетители ѝ ја донела титулата за најдобра во Европа. Станува збор за плажата Елафониси (Elafonissi Beach), сместена на ...
Интернет-пребарувачот „Мозила фајрфокс“ воведува нова функција „Контроли на ВИ“ што ќе им овозможува на корисниците веднаш да ги тргнат вградените алатки со вештачка интелигенција (ВИ) со еден прекинувач, давајќи им целосна контрола врз тоа како функционира ВИ во пребарувачот. Така, корисниците ќе можат да ги блокираат сите или некои ВИ-функции на „Фајрфокс“, или пак, да задржат и вратат дел од нив. Опцијата, наречена „Блокирај подобрувања на ...
Според „Автомагазин“, „хонда цивик“ успешно ги освојува купувачите во светот од 1972 година. Познат е како економичен, сигурен и пријатен за возење, а се нуди во многу верзии – од основните градски модели до спортските „тип Р“. Со продажба поголема од 24 милиони примероци „цивик“ се смета за еден од класичните модели во автомобилската индустрија. Со тоа го зазема петтото место на најпродаван автомобил во светот од Јапонија Четвртото место му ...
Глумецот Ерик Дејн, можеби најпознат по улогата на Марк Слоун во „Вовед во анатомија“ (Grey’s Anatomy), почина на 53-годишна возраст по битката со амиотрофична латерална склероза (АЛС). Роден на 9 ноември 1972 година во Сан Франциско, Дејн имаше улоги во серии, како „Волшебнички“ (Charmed), каде што го глумеше ликот на Џејсон Дин две сезони, како и 50-ина други улоги. Актерот во април 2025 година откри дека веќе го има тоа неизлечиво ...
Зошто хотелите вообичаено користат бела постела за своите соби? Според познавачите од хотелската индустрија, одговорот е во спојот од стандардизација и психологија. Имено, Дилејн Меккој – менаџерка во „Кари хоспиталити“ (Coury Hospitality), која управува со хотелот „Колкорд“ во Оклахома Сити, САД, вели дека, по безбедноста, чистотата е апсолутен приоритет на секој хотел. – Белата, беспрекорно чиста постелнина веднаш му испраќа порака на ...
Во неизвесен натпревар Лос Анџелес Клиперс го совлада Денвер со 115.114, иако првиот играч на гостите Никола Јокиќ имаше дабл-дабл учинок со 22 поена и 17 скокови. На тој начин Јокиќ остана без роденденски подарок (31 година) од страна на својата екипа. Во самата завршница ЛА Клиперс имаа три поени предност, а Мареј избори три слободни фрлања за Денвер и за изедначување. Тој ги реализираше првите две, а третото го промаши на девет десеттинки ...
Во тек е поставување нова фасада на дотраените дуќани во Старата чаршија во Гевгелија, во рамки на проектот за конзервација, реставрација и реконструкција што го спроведува Министерство за култура и туризам. Паралелно со фасадирањето, се обновува и пешачката зона со поставување гранитни плочи, информираат од Општина Гевгелија. – Изведбените работи се одвиваат интензивно. На двете страни од чаршијата, на улиците Бранд Петрушев и 7 Ноември ...
Проф. Гоце Цветановски, научен советник во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, кој по три години работа, го подготви првиот том од Макеоднскиот етимолошки речник (А – Ж), прв во државата, денеска ѝ врачи примерок од изданието на министерката Весна Јаневска во знак на благодарност за поддршката од Министерството за образование и наука во реализацијата на проектот. Цветановски соопшти дека во првиот том се обработени 2.560 ...
„Македонија 2025“, во соработка со Кабинетот на претседателката на Македонија, ги повикува граѓаните, институциите, организациите и сите релевантни фактори во земјата и странство активно да се вклучат во процесот на номинирање кандидати за признанието за придонес на припадниците на дијаспората за 2026 година. Крајниот рок за доставување на номинации е 20 март 2026 година (23.59 часот) по електронски пат на адресата: ...
По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, 21 февруари, Македонското друштво „Илинден“ – Тирана, упати честитка до припадниците на македонското национално малцинство во Република Албанија, како и до сите Македонци каде и да се, порачувајќи дека „нема ништо поубаво од тоа да се пишува, твори и зборува на својот мајчин јазик“. -Нема ништо поубаво од тоа да се пишува, твори и зборува на својот мајчин јазик. Јазикот е непресушен извор кој ...
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска присуствуваше на почетокот на изградбата на водоводната мрежа и атмосферската канализација за жителите на селото Ласкарце во општина Сарај. „Правиме пресврт во начинот на кој ја третираме состојбата на терен. Целта е трајно да ги решиме инфраструктурните проблеми”, изјави Хоџа. Инвестицијата во Ласкарце за изградба на водоводната мрежа и атмосферската канализација ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во рамки на работната посета на Општина Прилеп оствари средба со градоначалникот Дејан Проданоски, на која се разговараше за состојбите и развојните можности во рударскиот сектор, како и за придобивките што локалната самоуправа ги има од концесиските активности. На средбата беше истакнато дека Прилеп претставува една од општините со најголем број активни концесионери ...
Македонскиот претставник во 1/16 финалето од Конференциската лига на УЕФА Шкендија синоќа претрпе минимален пораз на домашен терен со 1:0 од турскиот тим Самсунспор. Гостите голот за победа го постигнаа во финишот на дуелот. – Честитки за противникот беше подобра екипа. Мислам дека не бевме на нашиот максимум на овој натпревар. Кога играш против квалитетен тим треба секој момент да го искористиш и тие две-три шанси да ги реализираме. Од друга ...
Во 8.30 часот утрово се измерени температури над нулата. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, температура од 1 степен е измерена во Берово, 2 во Крива Паланка и Струмица, 4 во Тетово, 5 степени во Прилеп и Охрид, 7 во Скопје – Петровец и во Виница и 8 степени во Куманово. Според прогнозата на УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од ...
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. На места ќе има услови за провејување слаб снег. Ќе дува умерен, a по должината на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, кој ќе достигне над 60 километри на час. Како што информира УХМР, за викендот ќе дува засилен ветер од северен правец, а утре ќе има услови за провејување слаб снег. Од недела следува период на стабилно време со високи дневни температури. Следната ...
Народниот театар Битола со претставата „Црно семе“ вечер од 20 часот ќе гостува на сцената на Македонскиот народен театар. Станува збор за сценска адаптација на истоимениот антологиски роман на Ташко Георгиевски, во режија на Андреј Цветановски. – „Црно семе“ е моќна и емотивна сценска приказна, која го отвора едно од најболните поглавја од македонската колективна меморија — судбината и голготата на Македонците од Егејска Македонија по ...
Операта „Травијата“ од Џузепе Верди вечер ќе биде изведена на сцената на Националната опера и балет, во режија на Верена Штојбер од Германија, под диригентство на гостинот од Италија, Лоренцо Бицари. Во главната улога Виолета Валери ќе настапи Наде Талевска. Благој Нацоски ќе настапи во улогата на Алфред Жермон, Марјан Јованоски – во улогата на Жорж Жермон, во другите улоги ќе настапат: Марика Поповиќ, Александра Лазарoвска Василевски, ...
КОНГЕНИТАЛЕН СИНДРОМ НА ХОРНЕР/CONGENITAL HORNER’S SYNDROME MKБ-10 G90.2 ПРЕВАЛЕНЦА – забележана кај 1,42/6 250 население. ВОВЕД Конгениталниот (вроден) синдром на Хорнер (окулосимпатична парализа) е ретко невролошко нарушување кое се карактеризира со релативна пупиларна миоза (констрикција на зеницата) и блефароптоза („овенување“ на горниот очен капак), забележливи при раѓање и предизвикани од прекин на окулосимпатичката инервација во која ...
Под покровителство на Општина Кочани, во организација на Општинскиот фудбалски сојуз, синоќа во Мултикултурниот центар, свечено беа доделени признанијата за најуспешните спортисти, екипи и спортски работници за 2025 година. За најуспешен спортист на Кочани е прогласен борачот Даријан Павлев, репрезентативец од редовите на БК „Спартак“, кому градоначалникот Владко Грозданов му врачи статуетка и ваучер во износ од 10.000 денари. Меѓу најдобрите ...
Поради врнежите од дожд и снег,во изминатите 24 часа на повеќе локации е забележано зголемување на водостоите на реките. Во Битола регистриран е одрон на магистралниот пат Е-65 и излевање на Сива Река во близина на локалитетот Хераклеја, соопшти денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од ЦУК информираат дека на подрачјето на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане водостоите се зголемени, но засега нема опасност од излевање. Во ...
Успешно е реализиран проектот за реконструкција (рехабилитација) на коловозот и изработка на тротоар на патот кон манастирот во месноста Пеленица во близина на Драчево, објави денеска на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски во делот „Проекти за трајна промена – Општина Кисела Вода“. Со завршувањето на зафатот, како што се наведува, е обновена коловозната конструкција и изграден нов тротоар, со што се обезбедува побезбедно и пофункционално ...
Репрезентативците на Норвешка и натаму се најдобрите на Игрите во Милано Кортина со вкупно освоени 34 медали од кои 16 златни. И во двете категории имаат најголем број медали. Зад нив е САД со 27 медали (9 златни) и домаќинот Италија со 26 медали (9 златни). На петнаесеттиот ден од Игрите ќе бидат доделени медали и тоа во неколку спортови: слободно скијање (мажи и жени); биатлон 15 километри мажи; брзо лизгање – 1.500 метри жени; карлинг мажи ...
Светската шампионка во една од новите дисциплини скијачко планинарење Мариане Фатон од Швајцарија го освои првото место и златниот медал. Таа постигна време од 2:59.77 минути и беше единствената натпреварувачка со резултат под три минути. Натпреварувањето се одржа во лоши временски услови со многу нов снег. Среброто и припадна на Французинката Емили Хароп, а бронзата на Ана Алонсо Родригез од Шпанија. Ова за Швајцарија беше 13.ти медал на ...
Шпанскиот репрезентативец Ориол Кардона Кол го освои првиот златен медал во дисциплината скијачко планинарење. Тој во трите сектори оствари најдобро време – 2:34.03 минути што му донесе прво место. Второто место му припадна на натпреварувачот од Русија Никита Филипов, додека трет заврши Тибо Анселме од Франција. Ова беше прв златен медал за Шпанија на Игрите во Милано Кортина, а вкупно втор. Post Views: 2 февруари 19, 2026 Шпанскиот ...