Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Првите четвртфинални дуели од фудбалската Лига на шампионите се играат утре, а секако повеќе внимание привлекува дуелот во Мадрид меѓу Реал и Баерн. Двата тима заедно имаат освоено 21 шампионска титула (Реал 15, Баерн 6) и се во ТОП 5 според освоените шампионски пехари. Двата тима заради игрите, реномето, како и историјата секогаш важат за претенденти за освојување на европска титула. Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа ќе има помалку ...
Во пресрет на четвртфиналниот дуел од Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Баерн во центарот на вниманието е и играчот на „кралскиот клуб“ Винисиус Жуниор. Тој во најавата на дуелот зборуваше и за тоа каде ќе ја продолжи кариерата. Во последно време сè почесто се зборува за негово заминување од Мадрид, а неговиот договор со Реал трае до 2027 година и како што е вообичаено има шпекулации за негово заминување од клубот. Како потенцијални ...
Лидерот на Премиерлигата, Арсенал се обиде во своите редови за следните сезони да го донесе играчот на Барселона Дани Олмо. Но, шпанскиот репрезентативец и покрај скромната минутажа во каталонскиот клуб нема намера да ги менува клупските бои, пренесуваат каталонските медиуми. Менаџерот на Арсенал Микел Артета се надеваше дека ќе успее да го донесе Олмо, но 27-годишниот фудбалер сепак реши да остане во Барселона до 2030 година. Интерес за Олмо ...
Македонските тенисерки претрпеа пораз од 3:0 од Египет во првиот дуел од Втората Евро-африканска зона од Били Џин Кинг купот што се игра Бања Лука. Ривалките ја имаа и ја оправдаа улогата на фаворитки. Во првиот меч на двете второрангираните тенисерки од репрезентациите Јасмин Езат ја совлада Ана Митевска со 2:0 во сетови (6:0 и 6:2). Во мечот на прворангираните тенисерки имаше повеќе неизвесност и траеше 1 час и 50 минути. Во првиот сет Сара ...
Женската македонска ракометна репрезентација ги почна подготовките за претстојните два (последни) натпревара од квалификациите за Европското првенство. Селекторот Кристијан Грчевски повика 20 ракометарки за двата дуела, а повторно на списокот ја нема Сара Ристовска, која е во процес на рехабилитација. Македонската репрезентација со победата над Белгија во Куманово (33:28) го обезбеди третото место во групата и на тој начин останува со шанси ...
По завршувањето на 22. коло од кошаркарската „МТЕЛ“ Супер лигата, согласно со системот за натпреварување, во вториот дел од натпреварувачката сезона, 12 екипи ќе бидат поделени во две натпреварувачки групи. Екипите кои според пласманот се од 1. до 6. место, (со пренесени резултати од првата фаза), ќе играат во „ТОП 6“ сегментот, додека екипите кои завршија од 7. до 12. позиција, ќе се натпреваруваат во плејаут делот. Во втората фаза, која ќе ...
Во НУ – Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ – Штип денеска беше промовирана книгата „Македонка – од раѓање до пропаѓање (1951–2001)“. Автор на книгата е проф. д-р Андон Мајхошев од Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“(УГД)-Штип. Според него распаѓањето на југословенскиот пазар, е клучната причина за затварањето на текстилниот гигант „Македонка“. Во неговата книга „Македонка- од раѓање до пропаѓање“ се вели дека за да се спаси ...
Исплата од близу 94 милиони денари денеска е реализирана кон околу 2.430 земјоделци, финансиска поддршка во земјоделството, информираа попладнево од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. – 89.465.370 денари кон 2.381 корисник по подмерка 1.1 – директни плаќања по обработливa земјоделска површина за ориз од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година. Потоа, 3.313.888 денари по мерка 7 – финансиска ...
Штип денеска одбележува 85 години од бомбардирањето. Пред споменикот кај зградата на Театар Штип делегации на локалните и државните институции, на политички партии и на Сојузот на борци положија цвеќе. Петар Мицевски претседател на Општинската организација на Сојузот на борци во Штип во пригодната реч истакна дека германскиот фашистички окупатор на 6 април пред 85 години зад себе остави разурнати домови и болка на семејствата, кои загубија ...
Претставници на 15-ина архиви и архивски асоцијации од регионот и Европа денеска во Скопје имаат средба во рамки на програмата за одбележување на јубилејните 75 години од постоењето на Државниот архив на Република Северна Македонија. На средбата учествуваат гости од архивите на Турција, Албанија, Србија, Косово, Бугарија, Романија, Малта, Црна Гора, Босна и Херцеговина, од Архивскиот комитет на НАТО, ICARUS (International Centre for Archival ...
Тренерот на Интер, Кристијан Киву, изрази задоволство по синоќешниот триумфот од 5:2 над Рома на домашниот натпревар од 31. коло од италијанското фудбалско првенство. – Многу сум среќен со враќањето на Лаутаро Мартинез, среќен сум што го видов голот и асистенцијата на Маркус, среќен сум што го видов голот на Барела и среќен сум што го гледам Дензел Дамфрис како игра толку добро. Пресвртницата, поради која сите на клупата славеа со страст, ...
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, на својот фејсбук-профил соопшти дека во Белград потпишал Меморандум за соработка со белградската Општина Стари град. Пецаков напиша дека Општина Охрид започнува ново поглавје на соработка, овојпат со општината што го претставува историското и културното срце на Белград. „Ова претставува вовед во официјалното збратимување на нашите општини и отвора врати за размена на искуства во локалната самоуправа, ...
Научници развија нова технологија со која значително се продолжува рокот на траење на свежото месо од живина, што би можело да придонесе за намалување на отпадот од храна и на трошоците во прехранбената индустрија. Свежото месо е лесно расиплива намирница која во фрижидер, зависно од видот, може да се чува најмногу два до три дена. Експертите препорачуваат потрошувачите строго да се придржуваат до упатствата на производителите, особено во ...
Германските власти подготвуваат истрага за шишенце означено како „Полониум-210“, пронајдено за време на велигденско барање јајца во близина на Штутгарт, за да утврдат дали содржи потенцијално смртоносна супстанција. Експерти од покраинското Министерство за животна средина утре ќе го отворат и испитаат шишенцето, откако двајца мажи го пронашле вчера во една градина, што предизвика голема итна интервенција поради страв од радиоактивност. ...
Тренерот на Рома, Џан Пјеро Гасперини, го коментираше поразот од 5:2 од Интер синоќа во гостувањето во 31. коло од италијанското фудбалско првенство. – Примениот гол во првите секунди беше разочарувачки, но потоа видов добра Рома. Изедначивме, но не успеавме да одиме на одмор со нерешен резултат. Голот примен во финишот на првиот дел беше вистински удар за моралот на моите фудбалери. Третиот гол целосно нè исфрли од рамнотежа, и оттогаш ...
Од денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец март 2026 година, информира Министерството за социјална политика, демографија и млади. -Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, прецизираат од Министерството. ...
Дваесет нови комплети постелнина изработија средношколците од СОУ „Димитар Мирасчиев“-Штип за одделот Педијатрија при Клиничка болница- Штип, по повод светскиот ден на здравјето. Професорката во СОУ „Димитар Мирасчиев“ Наташа Тасева вели акцијата има за цел да обезбеди поудобни услови за престој на најмалите пациенти. Учениците во рок од две недели изработија навлаки, перници и постелнини од памучен материјал. Во изработката се вклучија ...
Бројот на пациенти со алергии и астматични симптоми во Куманово бележи значителен раст кај сите возрасни категории, вклучително и кај децата. Според д-р Нора Господинова-Николовска, специјалист по интерни болести во општа болница Куманово од астма центар Куманово, амбулантата работи со зголемен интензитет, особено во сезоните на висока концентрација на полен. Најчестите симптоми за кои пациентите бараат помош се затнат нос, кивање, течење на ...
Одењето е веројатно најпристапниот облик на вежбање што го имаме, а сè поголем број истражувања покажуваат дека тоа е добро за здравјето на срцето, крвниот притисок, менталното здравје и друго. Одењето трипати неделно речиси го преполовува ризикот од болки во грбот, според новите истражувања. А пак, правењето 10.000 чекори дневно ја намалува опасноста од срцеви заболувања, објавува „Сајенс фокус“ (Science Focus). Тоа значи, може „да ги ...
Американската глумица Шерон Стоун, во текот на својата кариера, глумела во најмалку 63 филмови, а можеби најпознатите романтични улоги ѝ се оние со Мајкл Даглас во „Ниски страсти“ (Basic Instinct), Вилијам – Били Болдвин во „Сливер“ (Sliver), Силвестер Сталоне во „Специјалист“ и co Роберт де Ниро и Џо Пеши во „Казино“. Неодамна, таа откри кого го смета за најдобар партнер за бакнување во Холивуд и филмската индустрија, објави „Јунилад“ ...
Предлог-активностите за Програмата за работа за периодот 2026-2027 година беа тема на втората седница на Локалниот совет за превенција што денеска се одржа во Општина Кисела Вода, на која главниот фокус беше ставен врз безбедноста на граѓаните и продлабочување на меѓуинституционалната соработка. На состанокот, информираат од Општина Кисела Вода, присуствуваа претставници од МВР, СВР Скопје, командирите на ПСОН Кисела Вода и ПСОН Драчево. Свој ...
Во организација на Град Скопје и Сојузот на спортови на Скопје, денес беа прогласени најдобрите спортисти за 2025 година. Во категоријата спортист за лица со инвалидност признанието отиде кај Андреј Стојаноски од пливачки клуб Вардар. Во категоријата спортска екипа на атлети со интелектуална попреченост наградата е доделена на Специјална Олимпијада на Македонија. Десетте најдобри во младинска категорија се: – Филип Блажевски – Таеквондо клуб ...
Газирана вода често отвора безброј прашања, иако во суштина станува збор за едноставен производ. Сомелиерката за вода Анастасија Барбер објаснува дека тоа е „вода која содржи растворен јаглерод диоксид“, додека пак, експертот за диети Кирстин Џексон дополнува дека гасот може да биде природно присутен во изворите или да се додава во процесот на производство. Според неа, ваквите води се нутритивно многу слични, освен во случаи кога содржат ...
Екипата на Далас маверикс ги победи Лос Анџелес лејкерси ноќеска на домашен терен во натпревар од регуларната сезона на НБА-лигата со 134:128. Најефикасен на натпреварот беше кошаркарот на Далас, Купер Флаг, со 45 поени. Далас победи по три последователни порази. Тие се на 12. место на табелата во Западната конференција (25:53). Лејкерси (50:28) се на четвртото место. На другите натпревари од НБА-лигата одиграни ноќта недела кон понеделник ...
Во 1903 година Мисирков го создава првиот научно аргументиран обид за стандардизација на македонскиот јазик и со тој чин, тој всушност ја поставува основата на политичката легитимност на македонската нација. Ако постои една константа во мисловниот корпус на Мисирков тоа е автономијата на Македонија, но автономија не како политичка цел сама по себе туку автономија како императив за сочувување на опстанокот на македонската самобитност, истакна ...
Јавната установа Национален парк „Пелистер“-Битола викендов во реонот на Нижо Поле, Цапари, Вртушка и Брајчино постави 40 камери за мониторинг на истоимениот национален парк. Од ЈУНП „Пелистер“-Битола информираат дека активностите се во функција на системите за заштита и следење на природата, преку примена на современи методи за мониторинг и научно истражување. -Во рамки на овие активности, воспоставен е систем за следење на дивиот свет со ...
Интер синоќа на свој терен ја победи Рома со 5:2 дома во натпревар од 31. коло на италијанската Серија А. Лаутаро Мартинез постигна два гола за домаќините (1. и 52. минута). Хакан Чалханоглу (45.+ 2.), Маркус Турам (55.) и Николо Барела (63.) постигнаа по еден гол. За гостите од Рим погодија Џанлука Манчини (40. минута) и Лоренцо Пелегрини (70.). Интер (72 бодапоени) ја прекина серијата од три натпревари без победа и останува на врвот на ...
Манчестер сити ќе игра против Саутемптон во полуфиналето на ФА Купот, Челзи ќе се соочи со Лидс. Ова е епилогот од жрепката за полуфиналето на ФА Купот одржана синоќа. Вчеравечер Лидс избори полуфинале на турнирот, елиминирајќи го Вест Хем во четвртфиналето (2:2, пенали 4:2). Претходно Манчестер сити го елиминира Ливерпул, Саутемптон беше поуспешен од Арсенал, додека Челзи беше убедлив против Порт Вејл. Post Views: 5 април 6, 2026 Манчестер ...
Водата за пиење во Скопје е безбедна односно сите примероци земени во рамки на неделната проверка за физичко-хемиска и за микробиолошка анализа одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење. Како што соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје, секторот за санитарна контрола анализирал примероци од водата за пиење во Скопје земени во периодот од 30 март до 3 април. Биле испитани 183 примероци за ...
По повеќе од педесет години откако луѓето првпат ја обиколија Месечината, астронаутите од мисијата Артемис 2 повторно ќе го направат тоа денеска, користејќи го најосновниот инструмент за набљудување – сопствените очи. И покрај технолошкиот напредок од времето на мисиите Аполо, НАСА се потпира на човечкиот вид за нови сознанија за површината на Месечината. – Човечкото око е најдобрата камера што некогаш постоела или ќе постои. Бројот на ...