Брисел – Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на ВЛЕН, Изет Меџити, учествуваше на сесијата на Заедничкиот консултативен комитет (JCC) при Европскиот комитет на регионите, која се одржува во Брисел. На форумот присуствуваат претставници на локалната и регионалната власт од земјите-членки на Европската Унија, како и од државите кандидати за членство. Целта на сесијата е размена на искуства, зајакнување на соработката меѓу општините ...

Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека Унгарија е подготвена да даде дипломатски придонес во решавањето на конфликтот во Украина и дека би можела да стане место за преговори. „Можеме да обезбедиме дипломатска и хуманитарна помош, а Унгарија би можела да биде и место за преговори“, рече Маѓар во интервју за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЗ). Што се однесува до безбедносните гаранции за Киев, тој истакна дека само ...

Во чест на празникот на светите рамноапостоли Константин и Елена, денес во општина Илинден свечено беше одбележан патрониот празник на храмот „Св. Константин и Елена“. По тој повод, беше отслужена света архиерејска литургија со која чиноначалствуваше Епископот Дељадровско-Илинденски г. Јоаким. На богослужбата присуствуваше и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, кој со своето присуство ја потврди поддршката на локалната ...

Манчестер Јунајтед го комплетираше својот прв договор во летниот преоден рок. Нов играч на „црвените ѓаволи“ е 26-годишниот Едерсон од Аталанта. Бразилскиот играч од средниот ред пристигнува на „Олд Трафорд“ за 45 милиони евра (38 милиони фунти) и ќе потпише четиригодишен договор со клубот. Договорот е структуриран така што Јунајтед првично ќе плати 34 милиони фунти, додека остатокот од сумата ќе биде исплатен преку бонуси, пишува „Дејли ...

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, денеска во Злетово упати честитка до верниците по повод празникот посветен на Светите Цар Константин и Царица Елена. Тоневски истакна дека овој голем христијански празник ги симболизира духовноста, единството и љубовта кон ближниот, вредности кои имаат особено значење за заедницата и за секој поединец. „На сите верници им го честитам празникот, посакувајќи им добро здравје, мир, среќа и ...

Вицегувернерката Ана Митреска учествуваше на конференцијата на „Џ. П. Морган“ во Виена, каде што говореше за економските изгледи на Северна Македонија, инфлацијата, финансиската стабилност и предизвиците со кои се соочуваат малите и отворени економии во услови на зголемена светска неизвесност. Осврнувајќи се на економските движења, Митреска посочи дека домашната економија покажува значителна отпорност, и покрај серијата светски шокови во ...

Бројот на жртви во пожарот што денес зафати зграда во населба во Њу Делхи се искачи на 21, објавија локалните власти. Службеникот на противпожарната служба Абхилаш Малик изјави дека пожарникарите спасиле повеќе од 40 лица од зградата, објави „Индија тајмс“. Пожарот оттогаш е изгаснат, а причината за избувнувањето засега е непозната. At least 10 people were killed after a major fire broke out at a restaurant in Malviya Nagar, New Delhi, ...

Под влијание на циклонска активност, денес попладне, во текот на ноќта и утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m2), електрични празнења, силен ветер и појава на град. Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди во текот на ...

Чаби Алонсо и Челзи понудија 50 милиони евра за голманот на Рома, Миле Свилар и добија негативен одговор. Свилар стана еден од клучните играчи во проектот на Џан Пјеро Гасперини, кој ја врати Рома во Лигата на шампионите во претходната сезона. Тие го гледаат како важен играч околу кого сакаат да изградат тим, иако за неговите услуги интерес покажаа неколку врвни европски клубови. Свилар оваа сезона на 21 натпревар не прими гол, што ја ...

Европските берзи денес се во пад, при што суровата нафта од типот „Брент“ се искачи на речиси 98 долари за барел, додека пазарите се под притисок поради намерата на САД да воведат нови тарифи за 60 трговски партнери, вклучувајќи ја Европската Унија, Кина и Јапонија. Според податоците од берзата во 9:30 часот наутро, цената на суровата нафта се зголеми за 2,31 процент на 95.906 долари, а на нафтата од типот „Брент“ за 2,01 процент на 97.832 ...

„Член на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, кој ја претепал својата сопруга, доби условна казна откако ја признал вината за стореното дело. Наместо затворска казна, насилникот доби уште една шанса од системот кој со години потфрла во заштитата на жртвите на семејно насилство“, велат од партијата Левица. „Мицкоски неодамна тврдеше дека овој случај бил „доказ дека системот функционира“. Ако ова е функционирање на системот, тогаш ...

Маурисио Покетино, по завршувањето на Светското првенство, ќе стане нов тренер на Милан. Италијанските медиуми денес потврдија дека Покетино ги прифатил сите услови на Милан, постигнал прелиминарен договор според кој ќе го преземе тимот по Светското првенство со годишена плата од 5.000.000 евра. Покетино испиша историја со Тотенхем, подоцна не се прослави со Пари Сен Жермен и Челзи, а потоа ја прифати понудата да стане селектор на САД. ...

На преминот на Широк сокак кај плоштадот „Гоце Делчев“ во тек се активностите за поставување на пешачки семафори кои треба да го олеснат преминувањето на пешаците преку оваа сообраќајница, во периодот кога таа не е затворена за сообраќај. Деновиве, со интензивни работни активности после полноќ, се врши бележење на коловозот од страна на ЈП „Паркинзи“, согласно основниот сообраќаен проект за воведување на светлосни знаци за управување со ...

Иран е подготвен да преговара доколку е потребно, но не верува во никакви ветувања од Соединетите Американски Држави, изјави заменик-претседателот на иранскиот парламент Моџтаба Никзад, како што објави полуофицијалната иранска новинска агенција „Тасним“. „Погрешно е да се тврди дека само се бориме, а не преговараме“, рече Никзад. „Се држиме до црвените линии што ги повлече Врховниот лидер. Доколку е потребно, ќе преговараме, но не им ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против С.В.(55) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот, во својство на градоначалник на општина Свети Николе, во текот на 2021 година, пречекорувајќи ги границите на своите службени надлежности, постапил спротивно на одредбите од Законот за градење и ...

ФИФА потврди дека ќе користи подобрена полуавтоматска технологија за офсајд на Светското првенство во 2026 година, што треба да го забрза донесувањето одлуки и да ја елиминира една од најголемите фрустрации за навивачите во последните години. Според информациите објавени од новинарот на Би-Би-Си, Дејл Џонсон, помошниците на судиите ќе добијат звучен сигнал во слушалките кога системот ќе открие дека играчот е во офсајд повеќе од десет ...

Супермоделот Карли Клос наводно ќе добие покана за долгоочекуваната свадба на поп-ѕвездата Тејлор Свифт и НФЛ ѕвездата Тревис Келси, иако со години се шпекулираше дека нивното некогаш блиско пријателство завршило со сериозен раздор. Според извештај на „TMZ“, повикувајќи се на извори блиски до двете страни, Клос ќе биде меѓу гостите на свадбената церемонија која, според американските медиуми, би требало да се одржи околу 3 јули. Информацијата ...

Американските сили започнаа напади врз иранскиот остров Кешм, во она што Централната команда на САД (CENTCOM) денес го нарече чин на самоодбрана. Во соопштението се вели дека нападите биле одговор на обидите за напади од страна на Иран низ Блискиот Исток. „Иран лансираше неколку балистички ракети кон своите регионални соседи, но ниту една од нив не успеа да ги погоди своите цели. Две ракети испукани кон Кувајт не ги достигнаа своите цели или ...

Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, во периодот од 02 до 07 јуни 2026 година, како членка на Асоцијацијата на европски сообраќајни полиции – ROADPOL, заедно со уште 34 европски земји, учествува во спроведување на зајакнати акциски сообраќајни контроли. Акциските активности се насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои управуваат возила со две тркала, односно мопеди, мотоцикли и е-тротинети како едни ...

Шарл Леклер (28) и Ферари продолжуваат заедно. Возачот од Монако потпиша нов повеќегодишен договор и со тоа го потврди својот престој во италијанскиот тим во следните сезони од Светското првенство во Формула 1. Овој потег го запечати партнерството кое трае веќе една деценија, уште откако Леклер се приклучи на академијата за возачи на Ферари во 2016 година. Во официјално соопштение, Ферари го опиша Леклер како клучна фигура за сегашните и ...

Средата, 3 јуни 2026 година, носи силна земјена енергија која бара дисциплина, трпение и фокус на конкретни резултати. Месечината во Јарец нè поттикнува да внесеме ред во секојдневието, да ги завршиме обврските кои долго време ги одложуваме и со ладна глава да пристапиме кон професионалните и приватните предизвици. Денот е поволен за деловни договори, финансиски анализи, организација и поставување долгорочни цели. Успех ќе имаат оние кои се ...

Иранската револуционерна гарда издаде соопштение за нападите во текот на ноќта во Персискиот Залив, велејќи им на Соединетите Американски Држави дека одмаздничките напади „треба да послужат како лекција“. Во соопштението е детално опишан редоследот на настаните за кои Гардата тврди дека довеле до ескалација. Во соопштението од одделот за односи со јавноста на Иранската револуционерна гарда се вели дека американските сили биле првите што го ...

Општинската организација на СДСМ во Карпош изрази поддршка за поранешниот градоначалник и поранешен директор на Царинската управа, Стефан Богоев, кој според неофицијални информации е уапсен вчера во акција на финансиската полиција и обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. „Поддршка за нашиот другар Богац! Борба со опозиција не се прави на кукавички начин од страна на моќ! Денес со проектот на Стефан Богоев за покриениот ...

Мигел Анхел Санчез Муњоз, во фудбалската јавност позната како Мичел, ќе го тренира Ајакс во следните две сезони, објавија од холендскиот великан. Мичел доаѓа во Ајакс по пет незаборавни години во Џирона, го предводеше тимот до промоција во Ла Лига, потоа до историскиот пласман во Лигата на шампионите, но клубот неодамна испадна од елитната група, а 51-годишниот роден во Мадрид ја напушти клупата. Претходно ги водеше Рајо Ваљекано и Уеска. ...

Болката предизвикана од камен во бубрег се смета за една од најсилните и најнепријатните болки што може да ги почувствува човекот. Според лекарите, таа најчесто се појавува ненадејно и без претходно предупредување, а препознавањето на симптомите може да биде клучно за навремена медицинска интервенција. Најчесто, болката започнува во долниот дел на грбот, непосредно под ребрата, на страната каде што се наоѓа каменот. Пациентите ја опишуваат ...

Централната команда на САД (CENTCOM) објави нови детали за одмаздничките напади во текот на ноќта како одговор на иранските сили. Според соопштението, Иран испалил балистички ракети кон Кувајт и Бахреин, но ниту една од ракетите не ги погодила своите цели. Командата претходно изјави дека огнот бил отворен „во самоодбрана“ и како „одговор на иранските обиди за напад низ Блискиот Исток“. An additional wave of Iranian drones attempting to ...

Изјавата на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, со која се поздравува напредокот на Република Македонија во спроведувањето на реформската агенда, особено во делот на реформата на јавната администрација, претставува значајно признание за посветената работа на Владата и Министерството за јавна администрација во изминатиот период, велат од Министерството. Од таму наведуваат дека фактот што реформата на јавната администрација била ...

Лионел Скалони, селекторот на Аргентина, зборуваше за Лионел Меси пред Светското првенство. Постоеја стравувања, дека капитенот нема да биде подготвен за Светското првенство поради повреда на мускулот, но за среќа на Аргентинците, повредата што ја има не е сериозна. Меси играше во пријателскиот натпревар против Замбија и со гол ја најави својата добра форма за Светското првенство. Скалони зборуваше за својот најдобар играч по тој натпревар. ...

SpaceX планира да собере 75 милијарди долари во својата првична јавна понуда (IPO) со продажба на 555,6 милиони акции по целна цена од 135 долари по акција, изјави за Ројтерс извор запознаен со ова прашање. Ројтерс претходно во вторник објави дека компанијата на Илон Маск за ракетна технологија и сателитски комуникации се надева дека ќе собере најмалку 75 милијарди долари, проценувајќи ја компанијата на 1,75 билиони долари. Агенцијата пишува ...

Во потрагата по подобро варење и регулирање на телесната тежина, сè повеќе луѓе се свртуваат кон едноставни домашни рецепти кои ветуваат подобра работа на дигестивниот систем. Еден од најпопуларните е утринскиот напиток од млака вода, лимон, јаболков оцет и ѓумбир, кој според неговите поддржувачи може да помогне во намалување на надуеноста и подобрување на варењето. Рецептот е едноставен. Во околу 250 милилитри млака вода се додава сок од ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.89
59%
1019
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
4.02
70%
1015
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
0.9
72%
1014
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.02
51%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
4.3
64%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.76
76%
1015
weather icon

Атина

24ᴼ / 23ᴼ
1.79
53%
1016
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.05
52%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.7
52%
1018
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
1.34
72%
1014
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
1.79
68%
1013
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.66
62%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Калај

53.60

Родиум

257205.97

Цинк

0.00

Бакар

13.01

Сребро

2186.28

Злато

135639.33

Иридиум

253540.09

Паладиум

40767.15

Платина

55170.68

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.54

Рутениум

48965.59