Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Територијалната противпожарна единица на Битола денеска беше модернизирана со теренско противпожарно возило со специјална надградба, цистерна за вода и теренско возило. Оваа опрема ќе овозможи побрза реакција, подобра мобилност на непристапни терени и поефикасно справување со пожари во шумски и рурални средини. Обезбедени се во рамките на проектот „FIREFLY-заедничка прекугранична иновативна заштита и превенција од шумски пожари“, проект кој ...
Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, присуствуваше на завршниот настан од проектот „Педали и приказни“, со кој беше заокружен шестмесечен циклус на активности насочени кон промоција на велосипедската култура, младинскиот активизам и заштитата на животната средина. Проектот го реализираа Форумот за авангардна креативност – ФАК Прилеп и здружението „Go Green“, со поддршка од фондацијата HEARTEFACT и Амбасадата на Швајцарија. ...
Позитивните економски параметри, потврдени и од Евростат, им сметаат на СДС, затоа што нивно време граѓаните живееја потешко, економијата стагнираше, инфлацијата рушеше рекорди, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес – конференцијата на Фатмир Битиќи. „Непријатно е да се слуша СДС и нивните првенци како се препелкаат зборувајќи за економија, инфлација, скапотија. Делува како да не сакаат Македонија да се движи на подобро, економијата да се ...
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) по сопствена иницијатива отвори предмет во врска со наодите содржани во ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР), кои се однесуваат на работењето на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Одлуката е донесена денес на колегиум на Комисијата, во рамките на нивните надлежности утврдени со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси. „Предметот е отворен поради ...
4 јуни 2026, Скопје – До крајот на оваа година не се планира издавање нова Еврообврзница. Се она што беше планирано со Буџетот за 2026 година при неговото носење за обезбедување средства најпрвин за отплата на старите долгови е веќе реалзирано и останува до крајот на годината обезбедување средства за финансирање на буџетскиот дефицит. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за ТВ Сител. „Согласно ...
Денеска во Собранието се одржа јавна расправа за утврдување на предлог-листа од пријавените кандидати по Одлуката за објавување јавен оглас за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. На јавниот оглас беа пријавени вкупно 11 кандидати, од кои осум ги исполнија условите утврдени со огласот. Кандидати кои го поминаа првичниот процес на селекција беа: Миле Стојановски, Јасна Оровчанец-Арангеловиќ, Исмаил Синани, ...
Грчкиот стручњак Василис Спанулис е новиот тренер на кошаркарот Арис, објави клубот од Солун. Спанулис (43) потпиша тригодишен договор со Арис. Грчките медиуми објавија дека годишно ќе заработува 1.200.000 евра. Претходно ги тренираше Перистери и Монако, а моментално е тренер на грчката кошаркарска репрезентација. Спанулис го замени Игор Миличиќ на тренерската позиција на клубот од Солун. Кошаркарите на Арис ја завршија сезоната во грчкото ...
Во текот на 2025 година во државата се склучени вкупно 10.507 бракови, што претставува намалување за 5,1 отсто во споредба со претходната година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Наспроти ова, статистиката бележи нагорен тренд кај прекините на брачните заедници, односно во 2025 година се регистрирани вкупно 2.185 разведени бракови, што е за 8,0 проценти повеќе во однос на 2024 година. Според официјалните ...
Жозе Мурињо (63) се враќа во Реал 13 години откако заврши неговиот прв престој во клубот. Легендарниот португалски тренер ја предводи Бенфика, со која има уште една година од договорот. Затоа, Реал мора да му плати отштета на клубот од Лисабон, а клаузулата за отпуштање е дефинирана во договорот на Мурињо со Бенфика. „Реал ја информираше Бенфика дека ќе им исплати 15 милиони евра, што е износот за кој клубот мора да го отпушти. Наведената ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, даде необична дефиниција за поимот „примирје“, изјавувајќи дека во Иран тоа значи „да се пука на поумерен начин“. „Тоа е поинаков дел од светот. Би рекол дека таму примирје е кога се пука на поумерен начин“, рече Трамп во Белата куќа, предизвикувајќи смеа кај присутните функционери. Изјавата доаѓа во време на тензии меѓу САД и Иран, откако Иран ја нападна аеродромската инфраструктура во Кувајт, а ...
Територијалната противпожарна единица на Битола денеска беше модернизирана со теренско противпожарно возило со специјална надградба, цистерна за вода и теренско возило. Оваа опрема ќе овозможи побрза реакција, подобра мобилност на непристапни терени и поефикасно справување со пожари во шумски и рурални средини. Обезбедени се во рамките на проектот „FIREFLY-заедничка прекугранична иновативна заштита и превенција од шумски пожари“, проект кој ...
Фондот за здравствено осигурување на Македонија го презентираше Аналитичкиот извештај „Артропластика на колк и колено во Македонија 2023–2025 година“, кој покажува значително зголемување на бројот на ортопедски интервенции во јавните здравствени установи и подобрен пристап на пациентите до овие здравствени услуги. Според анализата, во текот на 2025 година во јавните здравствени установи биле извршени вкупно 4.044 операции на колк и колено, ...
Светското првенство на ФИФА започнува на 11 јуни со натпреварот помеѓу Мексико и Јужна Африка во Мексико Сити. Овогодинешното издание носи сосема нов формат на натпреварувањето. За прв пат во историјата ќе се натпреваруваат 48 репрезентации, што значи рекорден број натпревари – дури 104, во споредба со 64 одиграни на целиот турнир во 2022 година. Вкупно 48 репрезентации ќе бидат поделени во 12 групи од по четири екипи. Двете најдобри екипи ...
Дигитализацијата, вештачката интелигенција и паметните енергетски системи ќе имаат клучна улога во создавањето сигурен, одржлив и конкурентен енергетски сектор, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на настанот „Дигитализација и иновации за сигурна и одржлива енергетска транзиција“, организиран од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во соработка со Машинскиот факултет – ...
Американскиот државен секретар, Марко Рубио, изјави дека Гренланд засега е дел од Данска, нагласувајќи дека САД водат разговори со Данска и Гренланд за улогата на арктичкиот остров во заедничката одбрана. Тој го опиша Гренланд како клучен елемент на противракетната одбрана и рече дека разговорите се движат во добра насока, најавувајќи можни позитивни резултати. Изјавата доаѓа по формирањето нова влада во Данска, предводена од премиерката ...
На настанот Lazarov Awards 2026, компанијата Mozzart уште еднаш ја потврди својата голема општествена одговорност и хуманост со донација од 200.000 денари во СОС Детско Село. На самиот влез гостите ги пречекуваше хуманитарно тркало со различни парични суми, поставено од Mozzart – симбол на надеж и солидарност. Секој присутен имаше можност да го заврти и да придонесе со своја сума, а сите собрани средства се претворија во значајна донација ...
Комесарот на НБА, Адам Силвер, изјави дека очекува НБА Европа да започне од сезоната 2027/2028, објави „ESPN“. „Многу сме блиску до планот што го зацртавме. Се надеваме и очекуваме таа лига во Европа да започне во сезоната 2027/2028. На вистинскиот пат сме. Конечните понуди од заинтересираните франшизи треба да ни бидат доставени кон крајот на јуни. Постои рекорден интерес и сме многу возбудени поради можноста што ја имаме и соработката со ...
Сè е подготвено во Тиват за дводневниот самит на Европската унија – Западен Балкан, кој започнува денес во овој град. 1.500 припадници на полицијата ќе се грижат за безбедноста на учесниците на митингот, работата на одредени угостителски и деловни објекти ќе биде привремено ограничена, додека сообраќајот на Јадранската магистрала ќе биде периодично и целосно прекинат, почнувајќи од денес напладне. Претседателот на Република Србија, ...
Градежниот сектор во првото тромесечје од 2026 година бележи значаен раст и останува еден од клучните двигатели на домашната економија, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Според статистиката, градежништвото пораснало за 7,2 проценти во споредба со истиот период лани, што укажува на континуирана активност во секторот и засилена реализација на капиталните инвестиции низ државата. Особено силен раст е забележан во ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска присуствуваше и се обрати на Бизнис форумот на информатичко-комуникациски компании, во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ и Здружението на информатички компании на Грција (СЕТПЕ), што се одржа во Скопје. Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека форумот претставува уште еден важен чекор во градењето на ...
Четири лица загинаа во пад на мал спортски авион што се урна денеска претпладне на подрачјето на Цампанож, на административната граница меѓу Пула и општина Медулин, соопшти истарската полиција. Дојавата за несреќата била примена во 11:18 часот, по што на терен веднаш излегле три тима на брза помош, противпожарни единици, полицијата, а ангажирана е и хеликоптерска итна медицинска служба. Директорката на заводот за итна медицинска помош, ...
Валенсија ја искористи опцијата за продолжување на договорот за Столе Димитриевски за уште две сезони, што значи дека македонскот репрезентативец ќе остане во клубот до јуни 2028 година. „Откако се приклучи во 2024 година, Димитриевски, одигра вкупно 33 официјални натпревари носејќи го дресот на Валенсија во Ла Лига и Кралскиот Куп. Неговото искуство и цврстина меѓу стативите придонесоа за конкурентскиот раст на тимот и подобрените резултати ...
Во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола денеска се одржа манифестацијата „Ден на спортот“, која се реализира во рамките на програмата „Спортски игри за младите“ – најголемата аматерска спортска манифестација за деца и млади во Европа со повеќе од 29 години традиција. Настанот е наменет за ученици од основните училишта и има за цел да ги промовира масовното и бесплатното учество во спортот, инклузивноста, родовата еднаквост, здравите ...
Вчера се одбележа официјалното отворање на новите простории на ЈЗУ Клиника за детски болести- Скопје- Оддел за Психофизиологија, кои изминатиов период беа во фаза на реновирање во објектот Мајчин дом. На овој начин одделот ги прошири своите просторни капацитети, со што значително се унапредуваат условите за работа услугите за децата со развојни тешкотии и нивните семејства. Со проширувањето се овозможува подобра организација на ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес изјави дека Европската Унија подготвува пакет економска поддршка за Ерменија во почетен износ од 50 милиони евра, откако Русија воведе некои трговски ограничувања за Ерменија. „Денес разговарав со премиерот на Ерменија Никол Пашинјан за неодамнешните руски ограничувања насочени кон Ерменија. Ова не е ништо повеќе од економска принуда и е неприфатливо“, рече Фон дер Лајен, ...
Тотенхем подготвува нова понуда за дефанзивецот на Брајтон, Јан Пол ван Хеке, откако нивната првична понуда беше одбиена. Брајтон го проценува 25-годишниот холандски репрезентативец на речиси 80 милиони евра, и покрај фактот дека му останува само една година од договорот. Тренерот на Тотенхем, Роберто Де Зерби, под чие водство играше Ван Хеке кога Италијанецот го водеше Брајтон, би можел да игра клучна улога во преговорите. Таа врска е важен ...
Многу луѓе имаат омилена положба за спиење и ретко размислуваат дали начинот на кој ја поминуваат ноќта може да влијае врз здравјето. Една од најчестите дилеми е дали спиењето на десната страна од телото може да биде штетно за срцето. Иако со години се слушаат различни тврдења дека левата страна е „поздрава“ за спиење, медицинските истражувања засега носат смирувачки заклучок за најголем дел од луѓето. Кај здрави лица, спиењето на десната ...
Државниот завод за ревизија (ДЗР) го објави Конечниот извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност на Академијата за судии и јавни обвинители за 2024 година, на сметката на основниот буџет. Овластениот државен ревизор изрази мислење без резерва за реалноста и објективноста на финансиските извештаи, но изрази мислење со резерва за усогласеноста со законската регулатива, упатствата и воспоставените ...
Министерството за надворешни работи на Црна Гора објави дека во пресрет на самитот во Тиват, ќе направи сè за да „ги пречека пријателите, сојузниците и партнерите на највисоко ниво и да обезбеди успешно и достоинствено одржување на овој важен меѓународен настан за нас“. „Низ целата своја историја, Црна Гора е препознаена како гостопримлива земја, каде што искрено се радуваме на секој добронамерен гостин. Како одговорна и кредибилна членка на ...
Најтрофејниот европски клуб, Реал Мадрид, официјално одлучи да продолжи да се натпреварува во Евролигата. Одлуката што беше објавена претходно сега е потврдена. Ова значи дека дефинитивно сите 13 акционери останаа во Евролигата и покрај плановите на НБА Европа да започне сопствено натпреварување. Барем е јасно дека сите сопственици на Евролигата ќе учествуваат во елитното натпреварување во сезоната 2026/27. Секако, останува да се види дали ...