Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за „Си-ен-би-си“ изјави дека секоја одлука за целосно враќање кон воени акции против Иран ќе зависи од американскиот претседател, Доналд Трамп. Нетанјаху нагласи дека и американските и израелските сили се целосно подготвени за такво сценарио. Во продолжение на разговорот, тој додаде дека конфликтот со Иран сè уште не е ни блиску до завршување, но истакна дека Техеран е значително ослабен по ...

На две лица им се пресадени органи од донор, соопшти Министерството за здравство. „Во градите на 52-годишен пациент, кој од 2021 година со нетрпение и верба чекаше на националната листа за трансплантација – од денес чука ново срце. Симбол на нов живот, нов почеток и неизмерна благодарност. Истовремено, 23-годишно момче доби бубрег и со него, шанса за поквалитетен живот. Донирани се и коскени ткива, уште еден исклучителен дар, кој ќе помогне ...

Општина Битола денеска организираше граѓански форум за уредување на плоштадот „Гоце Делчев“. Преку форумот граѓаните имаа можност да ги изнесат своите мислења и согледувања насочени кон разубавување на нашиот плоштадот. Пред присутните се обрати градоначалникот на Битола Тони Коњановски кој рече дека Општина Битола како транспарентна општина со оваа прва форумска сесија сака јавно да се слушне мислењето на стручната фела и на граѓаните, за ...

Украинската технолошка и одбранбена компанија Fire Point успешно го изврши тестирањето на балистичкиот проектил FP-7. Станува збор за ракета која ќе послужи како технолошка основа за развој на нов противбалистички пресретнувач наречен FREYJA. Овој амбициозен домашен проект треба во блиска иднина да ѝ овозможи на Украина целосно самостојно и независно да го заштитува својот воздушен простор од најтешките балистички закани, јавува украинската ...

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, учествува на седницата на Заедничкиот консултативен комитет (JCC), која се одржува во Брисел при Европскиот комитет на регионите, каде присуствуваат претставници на локалните и регионалните власти од земјите членки на Европската Унија и земјите кандидати за членство. За време на седницата се дискутира за процесот на европска интеграција, размената на искуства и зајакнувањето на соработката меѓу ...

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 03.06.2026 заврши со благ пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.724,37 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се намали за 0,11%, односно за 10,62 поени. Индексот ОМБ остана непроменет на ниво од 129,90 поени, со дневна промена од 0,00%, односно 0,00 поени. Вкупниот промет реализиран на сите ...

Од денеска родителите и децата од Кавадарци и Вардарскиот регион ќе може да се обратат за бесплатна поддршка и советување во канцеларијата на СОС Детско село во Кавадарци. Свеченото отворање на просториите е дел од проектот „Право на семејство II -Подобрување на пристапноста, достапноста и квалитетот на згрижувањето и услугите во заедницата во Албанија, Ерменија, Белорусија, Северна Македонија и Украина“, кој има за цел да придонесе кон ...

Американскиот претседател Доналд Трамп призна дека го нарекол израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху луд во телефонски разговор. Во интервју емитувано денес, Трамп одговори на прашањето дали го нарекол долгогодишниот израелски лидер „едноставно луд“ и го обвини за неблагодарност, што претходно го објави порталот „Аксиос“. „Го направив тоа. Не би рекол дека бев лут. Бев малку вознемирен од неговите постојани конфликти со Либан, знаете“, рече ...

Тони Коњановски учествуваше на состанок организиран од Агенцијата за храна и ветеринарство во Битола, на кој со претставници од општините од Пелагонискиот регион се дискутираше за ангажманот на локалната заедница во управувањето со популацијата на кучиња. Тој истакна дека Општина Битола во изминатиот период презела сериозни чекори за системско решавање на проблемот со бездомните кучиња, вклучувајќи формирање и ставање во функција на ...

Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денес присуствуваше на генералната проба на децата од општина Кисела Вода кои ќе бидат дел од „Киселко“, првиот детски фестивал во организација на општината. Настанот ќе се одржи на 6 јуни со почеток во 13 часот, во Домот на култура „Билјана Беличанец“, каде што премиерно ќе прозвучат 13 нови детски песнички. Со овој настан, Општина Кисела Вода отвора ново поглавје во културниот живот, сакајќи да ...

Душан Влаховиќ ќе го напушти Јувентус кога ќе му истече договорот на последниот ден од јуни. Како што објави Џанлука Ди Марцио, ова е епилогот од денешниот состанок меѓу Душан Влаховиќ и неговиот татко Милош од една страна и раководството на Јувентус од друга страна. На состанокот одржан во спортскиот центар Ковинас, двете страни не постигнале никаков договор. Нов состанок нема да има. Српскиот централен напаѓач ќе го напушти клубот по ...

Италијанската престолнина денес беше погодена од бура со обилни врнежи од дожд, а се појави и торнадо кое собори дрвја и тезги на пазарот во Рим. Обилните дождови доведоа до прелевање на атмосферската канализација и поплави во населбите Номентано, Саларио и Париоли, каде што сообраќајот беше запрен бидејќи нивото на водата речиси ги покри автомобилите, јавува „АНСА“. Многу други делови од Италија денес беа погодени од обилни дождови кои ...

Во рамки на конференцијата „ReSPA Open Days“, која се одржа во Кишинев, Република Молдавија, делегација од Министерството за јавна администрација зема активно учество на панел дискусиите посветени на улогата на ReSPA во поддршката на реформите во јавната администрација во земјите од Западен Балкан, при што ги претставија и клучните приоритети и достигнувања на македонската реформска агенда. Во своите излагања, претставниците на ...

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), изрече драконска казна за Фудбалскиот клуб Шкендија, поради случувањата во финалето на Купот, кое тимот од Тетово го загуби од Силекс со 0:1. ФФМ парично ја казни Шкендија со 105.000 евра и ја исфрли од натпреварите во купот за следната сезона. Дисциплинската комисија при ФФМ донесе одлука со која ФК Шкендија се казнува со парична казна во висина од 15.000 евра поради ...

Одговорот на Русија на нападите на украинските вооружени сили ќе биде системски како и досега, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој потсети на изјавата на Министерството за надворешни работи на Русија, во која се наведува дека одговорот на украинските напади ќе биде системски, објави ТАСС. „Всушност, тие веќе се“, изјави Песков пред новинарите кога беше прашан како Русија планира да одговори на нападот на Украина врз Санкт ...

Претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта, јасно и недвосмислено кажа дека уставните измени се единствениот пат да се продолжи со европскиот пат на земјава и како што кажа ништо повеќе. Вистината излезе на виделина, нема дополнителни гаранции, нема дополнителни услови, постојат само уставни измени, се друго е само измислица и само една кампања. Христијан Мицкоски и ВМРО дојдоа на власт со лаги. Ветуваа подобрување на нашата ...

Џефри Епстин систематски ја користел модната индустрија за да ги пронајде своите жртви. Истражувањето на NDR, WDR и SZ открива дека најмалку 19 европски жени се сретнале со сексуалниот престапник на овој начин, пишува „Дојче веле“. Модни скаути ги таргетирале младите жени, кои се надевале на кариера како фото-модели. Се вели дека најмалку пет лица регрутирале млади жени во Европа во име на Џефри Епстин, претставувајќи се како модни скаути. ...

Катерина Костадинова, советник во Општина Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, на денешната прес-конференција рече дека СДС и Герасимовски спроведуваат легален рекет на центарци. Преку новите поскапувања на паркингот за жителите на Центар, според неa, тие направија граѓаните да бидат тугинци во своите маала, во сопствените домови. „Имено, според новиот правилник на ПОЦ, веќе не е важно колку автомобили поседува една личност, туку ...

Новата унгарска влада го укина двегодишното замрзнување на средствата за оружје испорачано во Украина, дозволувајќи ѝ на Европската унија да ослободи 6,6 милијарди евра. Овој потег означува значаен пресврт во надворешната политика на Будимпешта откако претходната администрација на Виктор Орбан, користејќи го правилото за едногласност, го блокираше Европскиот мировен фонд (EPF) и создаде застој на плаќања што надминуваат 40 милијарди евра, ...

Манчестер Јунајтед го потврди заминувањето на данскиот напаѓач Расмус Хојлунд, кој се сели трајно во Наполи по едногодишна позајмица. Хојлунд пристигна на „Олд Трафорд“ во 2023 година од Аталанта за 83 милиони евра, но не успеа да ги оправда високите очекувања во англискиот клуб. Данецот не успеа да се наметне во Манчестер и падна во втор план под тренерот Рубен Аморим. Неговите услуги не му се потребни ниту на новиот тренер, Мајкл Карик, па ...

Од Платформата за родова еднаквост реагираат на последните две судските одлуки кои, како што истакнуваат од таму, испраќаат опасна и нечовечна порака до жените жртви на насилство: ако системот не ве заштити, ќе ве казни кога ќе се обидете да преживеете. Во првиот случај, постетуваат, жена од Кратово, за која во текот на судската постапка беа презентирани наоди дека повеќе од десет години била изложена на континуирано физичко и психичко ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Иран се согласил да се откаже од својата програма за нуклеарно оружје. Говорејќи како гостин во подкастот „Pod Force One“ на „Њујорк пост“, Трамп тврди дека веќе е постигнат договор, пишува „Скај њуз“. „Не можеме да им дозволиме да имаат нуклеарно оружје. Тие веќе се согласија да не го имаат. Тоа е голема работа“, рече Трамп. Претседателот на САД ги отфрли тврдењата дека Иран има предност во ...

Светското првенство во фудбал во 2026 година во САД, Мексико и Канада започнува на 11 јуни,, а ќе заврши на 19 јули. Според студијата на бразилскиот весник „О Глобо“, која анализирала податоци за 1.248 поканети играчи, Манчестер Сити е на врвот на листата на клубови со најмногу претставници на турнирот. Победникот на два англиски купа испраќа дури 19 играчи од 12 различни национални селекции на првенството. Со ова, Сити го врати рекордот што ...

Во рамките на официјалната посета на Словачката Република, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Братислава ја посети мултимедијалната изложба „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“, посветена на духовното и културното наследство на светите браќа Кирил и Методиј и словенската писменост. Кураторот на изложбата, Кирил Пенушлиски, ги претстави делата на македонските уметници Александра Костадиновска, Ана ...

Втор генерален штрајк за шест месеци го наруши транспортот низ Португалија во среда, со што се запреа возовите, се откажаа стотици летови и се затворија училиштата, бидејќи синдикатите протестираа против плановите на владата за реформа на законите за труд. Малцинската централно-десничарска влада на Португалија веројатно ќе усвои закон со поддршка на крајно десничарската партија „Чега“, предлагајќи измени во повеќе од сто членови од законот ...

Сите 48 репрезентации ги објавија своите конечни списоци од 26 (или во ретки случаи 25) играчи кои патуваат на претстојното Светско првенство. Затоа, ова е вистинско време да се споредат голем број статистики, а една од најинтересните секогаш се однесува на вредностите на играчите. Според Transfermarkt, најпопуларната платформа за проценка на вредноста на играчите, листата ја предводи Франција со вкупна вредност што надминува 1,5 милијарди ...

Политичката партија ВЛЕН ја поздрави посетата на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, оценувајќи ја како значајна потврда на европската перспектива на Македонија. Во соопштението, ВЛЕН наведува дека првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали, го пречекал Кошта во Скопје, при што посетата била оценета како охрабрување за продолжување на реформите и процесите што ја доближуваат државата до членство во Европската ...

Најголемиот германски производител на оружје, концернот „Рајнметал“, склучи историски договор со Романија за продажба на оружје и борбени системи, со вкупна вредност од 5,7 милијарди евра. „Рајнметал“ објави дека Романија ја направила нарачката на 29 мај оваа година преку Дирекцијата за вооружување и дека сите потребни договори биле потпишани на 2 јуни. Тоа е најголемиот договор во поновата историја на германскиот концерн. Медиумите ...

Специјалниот бугарски пратеник во Македонија, Венко Филипче, треба веднаш да престане со водење на потчинета политика, односно политика која одговара на Бугарија, а штети на Македонија во нашиот билатерален спор, кажа на прес-конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Од Бугарија, вели тој, се радуваат кога гледаат дека во Македонија има мала група на политичари, како што се СДС предводени токму од Венко Филипче, кои за ...

ФИФА објави дека сите 48 репрезентации што учествуваат на Светското првенство испратиле конечни списоци со по 26 играчи и нагласи дека промените се можни само во случај на сериозни повреди. Како што објави ФИФА, секоја репрезентација ќе има можност да замени играч во случај на сериозна повреда, но најдоцна 24 часа пред нивниот прв натпревар во групната фаза. ФИФА, исто така, истакна дека шкотскиот голман Крег Гордон е најстариот играч на ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.89
59%
1019
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
4.02
70%
1015
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
0.9
72%
1014
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.02
51%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
4.3
64%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.76
76%
1015
weather icon

Атина

24ᴼ / 23ᴼ
1.79
53%
1016
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.05
52%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.7
52%
1018
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
1.34
72%
1014
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
1.79
68%
1013
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.66
62%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Иридиум

253540.09

Платина

55170.68

Бакар

13.01

Калај

53.60

Цинк

0.00

Алуминиум

3.54

Сребро

2186.28

Паладиум

40767.15

Родиум

257205.97

Злато

135639.33

Рутениум

48965.59

Кобалт

45.39