Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Во три одделни руски напади врз јужната украинска област Херсон загинаа пет луѓе. Гувернерот на Херсон, Олекдсандар Прокудин на Телеграм објави дека во еден од нападите загинале три лица над 70 години, чии тела биле откриени во нивните домови. Херсонската област е една од четирите региони анектирани од Русија по инвазијата врз Украина во 2022 година. На почетокот на војната Русија зазеде голем дел од областа, но украинската армија успеа да ...
Жителка на Велес јавно им се заблагодари на двајца полициски службеници од СВР Велес кои, како што наведува, несебично ѝ помогнале при гаснење пожар во нејзиниот автомобил. Во објава на социјалните мрежи, Марија Новакова посочува дека благодарение на нивната брза реакција, смиреност и професионалност била спречена поголема материјална штета. „Сакам да изразам јавна благодарност до двајца полициски службеници од СВР Велес кои несебично ми ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Како што соопштуваат од Управата за хидрометеролошки работи (УХМР), минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 18 степени, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени. Во Скопје времето ќе биде ...
Светската музичка ѕвезда Дуа Липа и британскиот актер Калум Тарнер официјално го започнаа својот раскошен свадбен викенд во Палермо, Сицилија, каде што ги пречекаа своите гости на ексклузивна предсвадбена прослава во едно од најпрестижните историски зданија во градот. Првиот дел од свеченостите се одржа во импозантниот Палацо Валгуарнера Ганги, каде што младенците организираа коктел-забава за најблиските пријатели и семејството. Дуа Липа ...
Откако Владимир Путин изјави во Санкт Петербург дека не гледа смисла во средбата со Володимир Зеленски, украинскиот претседател одговори. Зеленски на Телеграм рече дека таков став значи дека Русија „повторно избира војна“ и ја нарече реакцијата на Путин „слаба“. Unfortunately, the Russian side once again chooses war – everyone heard the response today. Weak response. He simply does not want to end the war. I think many around the world were ...
Рускиот претседател Владимир Путин денес на сцената на годишниот руски економски форум изјави дека во моментов не гледа причина да се сретне со Володимир Зеленски, откако украинскиот претседател објави отворено писмо во кое предлага директни преговори за прекин на војната. Путин, исто така, не се согласи со идејата за барање гаранти во Европа, додека, како што вели, на Доналд Трамп му е одбиена таа улога, „иако Киев е подготвен да добие ...
Хотелско-угостителската компанија „Македонијатурист“ го презема управувањето со хотелот „Русија“, лоциран во непосредна близина на спортскиот центар „Јане Сандански“ во скопската населба Аеродром. Според достапните информации, компанијата веќе регистрирала подружница на адресата на хотелот, што претставува јасен сигнал дека објектот наскоро би можел повторно да биде ставен во функција по периодот во кој не примаше гости. Хотел „Русија“ беше ...
Францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер и германскиот канцелар Фридрих Мерц ќе се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски задутре, објави денес Елисејската палата. „Средбата ќе им овозможи да продолжат со тесна координација на нашата заедничка програма за продолжување на поддршката на Украина и зголемување на притисокот врз руските воени напори“, се вели во соопштението. „Русија се соочува со ...
Министерството за образование и наука во соработка со Центарот за трансфер на технологии и иновации ИНОФЕИТ при Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје воведе ново дигитално решение за поддршка на корисниците на системот Е-дневник. Станува збор за напреден AI четбот базиран на современа RAG (Retrieval-Augmented Generation) архитектура, кој е директно интегриран во платформата Е-дневник и овозможува интелигентно ...
Бугарскиот премиер Румен Радев повика на посилни дипломатски напори за завршување на војната во Украина и предупреди на растечките ризици од понатамошна ескалација, објави бугарскиот „Новините“. „Дали знаете во што е нашиот проблем? Европа досега се обидуваше да постигне конвенционална победа против најголемата нуклеарна сила во светот“, рече Радев на маргините на самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват, Црна Гора. Радев рече дека сите земји ...
Луксузната свадба на светската музичка ѕвезда Дуа Липа и британскиот актер Калум Тарнер предизвика неочекувани реакции во Сицилија, откако дел од жителите на Палермо јавно протестираа поради строгите безбедносни мерки и затворањето на делови од градот за тридневната прослава. Според британските медиуми, низ центарот на Палермо се поставени засилени полициски кордони околу историските плоштади и објекти каде што се одржуваат свадбените ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска, заедно со амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Михалис Рокас и постојаниот претставник на програмата за развој на Обединетите нации (УНПД) Армен Григоријан, извршија увид во активностите за воспоставување на граничниот премин „Маркова Нога“, каде во тек е реализацијата на проектот „Гранична станица Преспанско Езеро: Воспоставување на граничен премин меѓу ...
Европските лидери денес ја потврдија својата посветеност на проширувањето на ЕУ на крајот од самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват и ја информираа Србија дека нејзиниот напредок кон членство зависи од спроведувањето на реформите и усогласувањето со европската надворешна политика, што значи дека Белград мора да избере помеѓу Европа, Русија и Кина. На денешниот самит, кој помина без усвојување на заедничка изјава, лидерите на ЕУ и нејзините ...
Радиоводителката Христина Спирова, едно од најпрепознатливите лица и гласови на Канал 77, привлече бројни погледи на годинашното издание на „Lazarov Awards“, каде што се појави во впечатлива вечерна креација која не остана незабележана. Позната по својот препознатлив шарм и елеганција, Христина овојпат избра долг црн фустан кој совршено ја следеше линијата на нејзиното тело. Креацијата се одликуваше со минималистички крој, суптилно деколте и ...
„Сите лаги на Хрисијан Мицкоски паднаа во вода. Иницијативата на германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон за нова динамика на интеграција на Западен Балкан, претставува уште една потврда на она што го говори СДСМ, дека има расположение во ЕУ за прошрување но Македонија мора да ги спроведе реформите и да ги внесе малцинствата во Уставот“, соопшти СДСМ. „’Нашата заедничка цел е да ја комплетираме Унијата како ...
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во моментов не гледа смисла да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, како одговор на неговото претходно отворено писмо. Зборувајќи на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, Путин рече дека претходните директни средби не дале конкретни резултати. „Претходното искуство покажува дека ваквите средби служат за купување време. Ни требаат договори, а не средби“, рече ...
Во рамки на Самитот Европска Унија – Западен Балкан кој се одржа денес во Тиват, Црна Гора, претседателот на владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски даде изјава за медиумите во која оцени дека процесот на проширување на Европската Унија останува жив. „Ова се моменти кога практично Европската унија, односно Европскиот Совете јасно кажува дека процесот на проширување останува жив. Она што е наша задача како Влада е тој ...
Тејлор Свифт официјално влезе во историјата како најбогатата музичарка на сите времиња, откако нејзиното богатство достигна неверојатни 2 милијарди долари, објави престижниот магазин „Форбс“. Новата проценка беше објавена во рамки на листата „Иконокласт 50“, која ги издвојува највлијателните личности во светот на бизнисот, технологијата, медиумите, забавата и филантропијата. Најголем придонес за нејзиниот финансиски подем има историската ...
Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени. Во Скопје, променливо облачно, во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната ...
Саша Зверев, е првиот финалист на Ролан Гарос во 2026 година. Зверев го победи Јакуб Меншик со 3-1. Германецот славеше по три часа игра во Париз со 7:5, 6:2, 3:6, 6:3 и за првата титула на најголемите турнири ќе се бори против Коболи или Арналди. Зверев досега три пати играл финале и никогаш не успеал да освои Гренд слем титулата. Беше поразен од Доминик Тим во 2020 година на Ју-ес опен, од Карлос Алкараз на Ролан Гарос во 2024 година и од ...
Денес, во 14.20 часот, на регионалниот пат Струмица-Валандово, ТППЕ Струмица со две противпожарни возила и пет пожарникари-спасители интервенираше на гаснење на запалена приколка од камион. Пожарот е целосно изгаснат за кратко време после пристигнувањето на лице место, извести ТППЕ Струмица. Текстот (Фото) Гореше приколка од камион на регионалниот пат Струмица-Валандово: интервенираа струмичките пожарникари е превземен од МАКФАКС. Би ...
Пред крајот на учебната година, 335 ученици од основните училишта „Илинден” од Крива Паланка и „Љубен Лапе”, „Ацо Шопов”, „Лазо Трповски ” и „Киро Глигоров“ од Скопје, беа учесници на традиционалната церемонија на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет. Церемонијата започна со македонската химна, изведена од Воениот оркестар и придружена од детските гласови. Потем, учениците имаа можност да ги разгледаат просториите на ...
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 05.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.696,87 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се намали за 27,67 поени, односно за 0,28%. Индексот ОМБ остана непроменет на ниво од 129,90 поени, со дневна промена од 0,00%, односно 0,00 поени. Вкупниот промет реализиран на сите пазарни ...
На астронаутите на Меѓународната вселенска станица им е наредено од НАСА да се засолнат во своето вселенско летало и да се подготват за потенцијална евакуација во петок, додека рускиот екипаж се обидува да поправи влошено истекување на воздух во нивниот дел од орбиталната лабораторија, соопшти НАСА, според Ројтерс. Четирите астронаути од мисијата Crew-12 до станицата – двајца американски астронаути, еден француски астронаут и еден руски ...
Австрија веќе со децении покажува дека водата може да биде еден од најсигурните столбови на енергетската независност. Денес речиси 60 проценти од електричната енергија во земјата се произведуваат од хидроцентрали, а во комбинација со ветерните електрани, сончевата енергија и биомасата, обновливите извори обезбедуваат повеќе од 83 проценти од вкупното производство на електрична енергија. Во австрискиот енергетски систем функционираат околу ...
Премиерот Христијан Мицкоски извести дека имал пријателска и срдечна средба со францускиот претседател Емануел Макрон, во Тиват. „Разговаравме за регионот, за прашањата важни за иднината на нашите граѓани и за европските перспективи, теми на кои долго време работиме. Франција е една од највлијателните држави во Европа, па затоа е важно да се разговара отворено, директно и со јасно изразени очекувања. Нашата цел е да градиме пријателства, да ...
Градоначалникот на Битола Тони Коњановски денеска присуствуваше на конференцијата со што официјално започна проектот „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија“, чија главна цел е да се зголеми отпорноста и ефикасноста на комуналните претпријатија во услови на климатски промени, енергетски кризи и иселување на населението. Поздравни обраќања имаа заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска и амбасадорот на ...
Audi Nuvolari ќе биде најбрзото и најмоќното сериско произведено возило во историјата на брендот. Извршниот директор на Audi, Гернот Делнер: „Со Audi Nuvolari, го забрзуваме технолошкиот напредок, фокусирајќи се на технологија, перформанси и изведба преку тимска работа.“ Главниот технички директор на Audi, Рувен Мор: „Формула 1 е клучен поттик за брзо и прецизно воведување на иновации на патиштата.„ Со Nuvolari, Audi го претставува својот ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека во тек е имплементација на ново софтверско решение со кое се врши модернизација и унапредување на процесите за обработка и исплата на правата од социјална и детска заштита во центрите за социјална работа. „Станува збор за значајна реформа чија цел е зголемување на ефикасноста, сигурноста и квалитетот на услугите што ги добиваат граѓаните. Во процесот на техничко ...
Во текот на мај 2026 година биле пријавени вкупно 191 кривично дело за семејно насилство, соопшти МВР. Ова, според полицијата, претставува зголемување од 70,5% во споредба со истиот месец од претходната година. Најголем дел од кривичните дела биле „телесна повреда“ – 130 и „загрозување на сигурноста“ – 52 кривични дела, додека од потешките кривични дела во овој период извршено било едно убиство на подрачјето на СВР Битола и две тешки ...