Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Проблем со снабдување со керозин нема, имаме резерви за 90 дена иако законски мора да имаме за 60 дена. И покрај кризата отвораме пет нови дестинации од охридскиот и скопскиот аеродром, изјави вицепремиерот Александар Николоски. – Со керозин покрај тоа што се снабдуваат скопскиот и охридскиот аеродром, се снабдува целосно аеродромот во Приштина и делумно аеродромот во Ниш. Успеавме Скопје да го направиме центар на четири аеродроми кој што ...
Американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека би можел да премести американски војници од Германија во Полска, додека Пентагон подготвува повлекување на околу 5.000 американски војници од Германија во текот на следната година. „На Полска би и се допаднало тоа“, им рече Трамп на новинарите кога беше прашан за можноста. „Имаме одлични односи со Полска. Имам одлични односи со претседателот. Многу го ценам, па затоа е можно“, додаде тој. ...
По претходна пријава во СВР Велес од страна на граѓанин чие малолетно дете било во автобус со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје, кој се враќал од екскурзија, дека автобусот неколку пати останувал дефект по пат, на 08.05.2026 во 22:50 часот, на наплатна станица „Отовица“, на автопатот Велес-Скопје, од страна на полициски службеници од СВР Велес, бил сопрен автобус „сетра“ со скопски регистарски ознаки управуван ...
Балансот помеѓу фискалната консолидација, обезбедување економски раст и спроведување мерки за заштита на стандардот на граѓаните и поддршка на економијата се клучни во услови на континуирана и продлабочена геополитичка неизвесност. Ова го порача министерката за финансии на 9-тата Меѓународна конференција Влијанието на геополитичките промени и вооружените конфликти врз процесот на проценување што во организација на Комората на проценувачи на ...
Претседателот на Советот на ЕУ Антонио Кошта денеска преку видео порака го честита Денот на Европа на македонските граѓани, наведувајќи дека иднината на земјава е во Европската Унија. -Почитувани граѓани на С. Македонија, денеска ви се обраќам како на идни членови на Европската Унија. На Денот на Европа го славиме нашиот заеднички европски потфат – моментот кога земјите основачки избраа единство наместо поделба и соработка наместо конфликт. ...
Рускиот претседател Владимир Путин го прими словачкиот премиер Роберт Фицо во Кремљ. Фицо е единствениот европски лидер кој пристигна во Москва на прославата по повод Денот на победадата над фашизмот – 9 Мај. – Вашиот доследен став во корист на зачувувањето на историската вистина заслужува почит, рече Путин на почетокот од средбата со Фицо и ја пофали „суверената надворешна политика“ што словачката влада се обидува да ја води. Рускиот ...
Венко Филипче по стапките на неговиот ментор, Зоран Заев, за власт е спремен се државно да распродаде, велат во партиско соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Само што Филипче сака да го надмине својот учител и ментор Заев, кој пред да дојде на власт лажеше дека нема да го смени името, па затоа уште сега ветува дека прва работа што би ја направил на власт би биле уставните измени. Ова покажува само дека Филипче и СДС немаат црвени линии и за да се ...
Клубот за планинарски спортови „Осоговски Орел“ од Кочани, на 17 мај, недела, ќе ја реализира традиционаланта велосипедска планинска тура „Манданата“ 2026. Се стартува од манастирот „Св. Илија“ во месноста Бочвенец, во атарот на селото Речани на Осоговските Планини, па се вози кон Крушка и Бела Река. Потоа следуваат манастирот во с. Небојани, Стришко, Мишино, Бела Река, Качаник и Крушка. Висинска разлика и денивелација од 890 м.н.в. што ...
Под мотото „Чест за хероите, завет за иднината” Македонците од Мала Преспа, во Туминец, на 10 мај организираат посебна свеченост за оддавање почит на хероите од овој крај. -На 10-ти мај, гордото Туминец ќе биде центарот на македонскиот дух. Организацискиот одбор упатува покана до сите, кои имаат можност, дека се добредојдени на свеченото откривање на споменикот посветен на македонските херои од овој крај, оние кои се вградија во нашата ...
Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска во изјава по повод 9 Мај – Денот на Европа упати критки до власта дека ја држи државата изолирана од Европа и посочи дека треба да се направат уставни измени за да почнат преговорите за членство во Европската унија. -Денес го славиме Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот. И на Денот на Европа можевме да имаме многу повеќе причини да славиме, еве, например, како Црна Гора, која што води ...
Потребно ни е обединување во заедничката борба за подобар живот, посилна економија, праведно општество и држава во која младите ќе сакаат да останат, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски, на свеченоста пред Владата по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, под слоганот „Победа, принципи и вредност“. – Како народ отсекогаш сме знаеле дека силата е во заедништвото. Во нашата историја имало моменти кога сме биле ...
Премиерот Христијан Мицкоски на свеченоста по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа порача дека не смееме да дозволиме подвигот на илјадниците борци кои ги положија своите животи за слободата која ја живеме денес да биде заборавен или релативизиран. – Во годините на Втората светска војна, македонскиот народ, рамо до рамо со своите сограѓани Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи и Бошњаци, застана на вистинската страна на ...
Сè што правиме во овој период е насочено кон тоа државата повторно да ја застанеме на нозе, да ја закрепиме економијата и да создадеме сигурност и перспектива за секој човек, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски на свеченоста по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Нашата борба денес, потенцираше, не е со оружје. Нашата борба е за знаење, за развој, за институции и за достоинствен живот. Борба против ...
Филипче како Коте од Руља, се стави на тацна на Бугарија и на Румен Радев, догматично ги следи чекорите на Зоран Заев, истакна на денешната прес конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. -Румен Радев, не е нов политичар во Бугарија, туку само нов премиер, за кој сите знаеме какви радикални ставови има околу Македонија и македонскиот јазик, народ, идентитет и историја. Да не заборавиме, дека за Румен Радев, сонародниците на ...
Ендоскопска комбинирана интраренална хирургија (ECIRS), една од најсовремените и најкомплексни уролошки процедури за третман на коралиформна и мултипла бубрежна калкулоза, е изведена првпат во Македонија, но и пошироко во регионот. Интервенцијата е изведена во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ од страна на уролозите д-р Александар Мицковски и д-р Владимир Лозановски, со поддршка од два комплетни оперативни тимови. Методата е изведена кај ...
Генералниот секретар на Совет на Европа, Ален Берсе, изјави дека сите земји-членки на организацијата, вклучително и Бугарија и Македонија, имаат обврска да ги спроведуваат пресудите на Европски суд за човекови права. Во интервју за МИА, Берсе се осврна на пресудите поврзани со македонското малцинство во Бугарија и нагласи дека суштината на тие одлуки е да се овозможи регистрација на организациите. – Да се биде членка на Советот на Европа не ...
Светот денеска го одбележува Денот на победата над фашизмот. На 9 мај 1945 година со потпишувањето на безусловна капитулација на нацистичка Германија, официјално беше ставен крај на Втората светска војна во која учествуваа 61 земја, со вкупно 2,1 милијарда жители или 96 отсто од светското население и која однесе повеќе од 50 милиони животи. Безусловната капитулација на Третиот Рајх е потпишана во разурнатиот Берлин, само неколку минути по ...
Премиерот Христијан Мицкоски на свеченоста по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа порача дека Европа е нашиот единствен пат и оти нашата татковина нема друга иднина и шанса за успех освен интеграцијата во Европската Унија. Мицкоски истакна дека во Европа не гледа само како на географија и оти Европа треба да биде вредност, како и дека мора да се разговара за трајни решенија по кои ќе можеме да одиме напред, а не за ...
Нов меѓупартиски сојуз на европратеници повикува на брзо создавање „европски одбранбена сојуз“, јави ДПА. „Да сметаме единствено на САД за одбрана на Европа е опасен ризик“, се вели во соопштението потпишано од пратеници од целиот политички спектар, вклучувајќи ги Германците Мари-Агнес Штрак-Цимерман, Михаел Галер и Тобијас Кремер. Тие наведуваат дека се потребни структури што ќе им овозможат на земјите да дејствуваат дури и без НАТО ...
Министерството за енергетика на САД објави дека, од истражувачи реактор во Каракас се отстранети 13,5 килограми високо збогатен ураниум. Операцијата, според соопштението, е спроведена со соработка на САД со Велика Британија и Венецуела и е опишана како „победа за светот“, додека материјалот е префрлен во објектот на Министерството за енергетика на САД во Јужна Каролина, објави Гардијан. Националната администрација за нуклеарна безбедност на ...
Италијанската служба за помош на лица со зависност (SERD) го регистрираше првиот случај на зависност од вештачка интелигенција во државата. Пациентка е 20-годишна девојка, јавија италијански медиуми. „Токсичното пријателство“ со текот на времето се претворило во зависност. Случајот е регистриран во службата за лекување зависности на локалните здравствени власти во Венеција. Девојката наводно била во постојана комуникација со систем за ...
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека е уверен во победа, додека ја надгледуваше воената парада на Црвениот плоштад по повод поразот на нацистичка Германија во Втората светска војна. Безбедноста во Москва беше засилена додека Путин и неколку странски лидери присуствуваа на парадата по повод Денот на победата. Путин ги поздрави руските војници кои се борат во Украина, велејќи дека тие „се соочуваат со агресивна сила вооружена ...
Филипче без кочници се додворува на Софија и нуди уставни измени на брза лента, трет по ред од СДС спремен за национални отстапки, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го објавува интегрално. Венко Филипче е без рбет и со секоја своја изјава докажува дека за него и СДС не постојат никакви црвени линии кога станува збор за националните интереси. Изминатиот период Филипче постојано се обидуваше да се доближи и се додворуваше на ...
Автопатот Охрид-Кичево, кој е еден од најдолгите и најконтроверзни инфраструктурни проекти во државата, ќе биде целосно завршен до крајот на оваа или почетокот на следната година. Иако финансиерот не одби за дополнителни средства, со премиерот и министерката за финансии најдовме решение преку синдициран заем од домашните комерцијални банки, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, во гостувањето во поткастот „Ноќно ...
Денеска се навршуваат 11 години од вооружената престрелка во кумановско „Диво Насеље“ на 9 и 10 мај 2015 во која загинаа осум припадници на безбедносните сили. Во 28 часовните престрелки, животот го загубија припадниците на безбедносните сили, Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ, кои посмртно се одликувани со медали за храброст. Други ...
Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со силна динамика. Веќе следната година едната страна од автопатот ќе биде целосно завршена и граѓаните ќе можат да возат по нов асфалт, додека комплетното автопатско решение се очекува да биде финализирано до 2029 година, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето во поткастот „Ноќно студио“. -Автопатот Прилеп-Битола од една страна е нешто што е дамнешна ...
Повеќе од 74% од средствата за капитални инвестиции во Министерството за транспорт се веќе реализирани уште на почетокот од годината. Подготвени сме наменски да реализираме дополнителни 40 милиони евра, секако доколку тие средства можат да се обезбедат со ребалансот на Буџетот, вели заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, во гостувањето во поткастот „Ноќно студио“. Тој истакна дека овој резултат се ...
Од денеска 8 мај 2026 година, официјално се пуштени во продажба билетите за бараж натпреварот за пласман на Светското првенство 2027 помеѓу машките ракометни сениорски репрезентации на Македонија и Словачка, информираат од Ракометната федерација на Македонија. Реванш дуелот од мундијалскиот бараж ќе се игра на 17 мај 2026 (недела) со почеток од 19.00 часот во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје. Билетите за овој меч во Скопје се по цена од 400 и ...
Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го скрати списокот на ракометари за пристојниот бараж со Словачка. Лазаров денеска објави нов список од 20-мина ракометари, откако на првиот имаше дури 35-мина. Од првиот список, сега ги нема голманот Галевски, пикерот Шешевски и бекот Талевски, како и интернационалецот Карапеевски. Собирот на ракометарите е во недела (10 мај) во 13 часот во хотелот „Александар ...
Иранските медиуми објавија дека и покрај договорот за прекин на огнот во Ормуска Теснина има „спорадични борби“ помеѓу вооружените сили на Исламска Република и американската морнарица. Во изминатиот час се водеа спорадични борби помеѓу иранските вооружени сили и американските бродови во Ормуска Теснина, објави иранската новинска агенција Фарс, но не наведе повеќе детали. Претходно, иранското Министерство за надворешни работи ги обвини САД за ...