Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека тој и бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва разговарале за трговијата и царините за време на денешната средба во Вашингтон. „Разговаравме конкретно за царините. Средбата помина многу добро. Нашите претставници ќе разработат одредени клучни елементи“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth. Тој истакна дека ќе има уште средби, „доколку е потребно“. Лула пристигна во ...
Во стан во Штип е пронајдена почината 20-годишна државјанка на Република Турција. Во соопштението од СВР-Штип се вели дека денеска во 14:48 часот во СВР Штип било пријавено дека во стан во Штип било пронајдено почината женско лице. Полициските службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за У.Е (20) , државјанка на Република Турција. Увид врши екипа на СВР Штип и се преземаат мерки за расчистувањето на случајот. ...
Транспаренси Интернешнл-Македонија продолжува да ја спроведува редовната месечна активност за следење на случаи и дејствија поврзани со коруптивни однесувања и борбата против корупцијата. Во делот „БИСТРИ” настани за месец април 2026-та година, се издвојуваат зголемената транспарентност и намалениот застој на предметите во Основниот кривичен суд во Скопје. Како што е наведено во извештајот на Транспаренси Интернешнл-Македонија, од вкупниот ...
На 06.05.2026 во 22:15 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.К.(27) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека го нарушил јавниот ред и мир, агресивно се однесувал и нападнал полициски службеници додека извршувале службени дејствија. При лишувањето, тој го оштетил и службеното возило на МВР. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава. На ...
Ракометарите на Вардар во дуелот од 7.коло од плеј офот од Супер лигата вечерва го совладаа актуелниот првак Еурофарм Пелистер со 34:19 (18:12). Со новите два бода „црвено-црните“ стигнаа до 56 бодови или осум повеќе од вториот Охрид што воедно значи недостижна предност на три кола до крајот на првенството и нова шампионска титула за Вардар. Натпреварот беше далеку од дерби бидејќи „црвено-црните“ имаа целосна доминација и контрола над ...
РК Вардар е нов ракометен шампион на македонија а предводникот на „црвено-црните“ Иван Чупиќ, по освојувањето на титулата во Суперлигата истакна дека успехот има уште поголема тежина бидејќи е остварен против најголемиот ривал и во одлична атмосфера пред домашната публика во „Јане Сандански“. „Секогаш може подобро, но во ваква атмосфера во дуел со најголемиот ривал да ја освоиме титулата дека не можеше подобро да биде. Мислам дека заслужено ...
ПСЖ и Арсенал ќе играат во финалето на Лигата на шампионите, а во фокусот е фудбалерот на ПСЖ Хвича Кварацхелија. Грузиецот сезонава има учинок од 10 гола и шест асистенции, со што го израмни рекордот на Килијан Ембапе. Дополнително, Кварацхелија стана првиот фудбалер во историјата на Лигата на шампионите со гол или асистенција на седум последователни натпревари во нокаут фазата. Финалето на 30 мај ќе биде и историско, бидејќи првпат за ...
Шпанскиот кошаркарски тим Реал Мадрид обезбеди пласман на Фајнал-форот во Евролигата, откако со 3-1 во серијата го елиминира Хапоел Тел Авив во четвртфиналето. „Кралскиот клуб“ во четвртиот натпревар одигран во Ботевград славеше со 87-81 и стана вториот тим што обезбеди место на завршниот турнир во Атина. Во полуфиналето на Евролигата, Реал Мадрид ќе игра против победникот од серијата меѓу Фенербахче и Жалгирис. Шпанскиот кошаркарски тим ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека нема „имунитет“ за непријателите на Израел, објавија британските медиуми. Неговиот остар став го кажа во понеделникот по израелскиот напад врз командант на Хезболах во јужните предградија на Бејрут, и покрај прекинот на огнот објавен минатиот месец. Израелската војска соопшти дека во нападот е убиен командантот на елитната единица Радван, идентификуван како Ахмад Галиб Балут, познат и како ...
Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека епидемијата на хантавирус на крузерот, која предизвика три смртни случаи, не претставува „почеток на епидемија“ ниту „пандемија“ во оваа фаза. „Ова не е почеток на епидемија. Ова не е почеток на пандемија, но е совршена можност да се потсетиме дека инвестициите во истражување на патогени како ова се клучни бидејќи терапиите, тестовите и вакцините спасуваат животи“, изјави Марија ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во вечерашното гостување на емисијата “За или против“ на ТВ АЛФА најави дека ќе предложи до пратениците во Собранието одложување на примената на новиот Закон за внатрешни работи и измените на Законот за полиција, со цел тие да стапат во сила по завршување на следниот изборен процес. Оваа најава следува по обвинувањата на опозициската СДСМ дека полицијата се партизира и дека новиот Закон за ...
Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски вечерва откри дека со германска болница во Фленсбург каде порано биле испраќани случаи за трансплантација на матични клетки се водат 11 спорови пред германските судови. – Судските спорови на Фондот се стари и врзани се една болница во Фленсбург во Германија, каде во подамнешно минато се испраќани најчесто хематолошки случаи за трансплантација на матички клетки. Бидејќи тоа било ...
РК Вардар е нов ракометен шампион. Титулата се врати во Скопје. Вардарци го прегазија Еурофарам Пелистер со 34-19 во меч кој не наликуваше на дерби бидејќи гостите дојдоа со втор состав. Но, тоа како да не влијаеше на домаќините го газеа до „даска“. Гостите ја немаа ни поддршката од трибините бидејќи популарните „Чкембари не допатуваа во „Јане Сандански“. На трибините каде што обиично стојат имаше парола „одј..бете“ како порака за слабите ...
Едно нешто се договаравме во кабинетот, а пред медиумите излегуваше нешто сосема друго. Нивната тенденција не е да се разберат со Министерството, туку нивната тенденција е да се штитат неработниците во културата. Колку тие ме напаѓаат мене како личност и како министер, јас толку повеќе имам состаноци со нивни неистомисленици кои бараат да им се објасни зошто имаме недоразбирање како министер и синдикат. Ова го истакна министерот за култура и ...
Oтец ТОДОРОВ Зборови Христови запишани од светиот апостол Јован во неговата книга позната како Откровение/ Апокалипсис, последната книга од светите книги на Новиот Завет. Во истите самиот Христос открива кој и каков тип на луѓе нема да влезат во Царството Божјо: „А надвор (од Царството Божјо) се 1. кучињата (се мисли на етичките карактеристики на еден особен тип на луѓе), 2. вражачите (оние кои се занимавале со окултизам, магии, јасновидство, ...
Албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Ферит Хоџа во Брисел оствари средба со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, на која разговараа за моменталната геополитичка ситуација и улогата на Алијансата. Во објава на Фејсбук, Хоџа наведе дека средбата се случува во време кога Албанија презема повеќе обврски и одговорности во рамките на НАТО, која, како што оцениле „е позначајна од кога било во денешното сè посложено и непредвидливо ...
На 06.05.2026 во 06:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во двор зад станбена зграда на ул.„11 Октомври“ во Скопје. Според пријавеното, пожарот бил предизвикан од две лица, кои ги вознемирувале станарите од зградата тропајќи им на нивните врати и одземајќи им ја пристигната пошта од поштенските сандачиња. Повредени лица нема, а од пожарот биле опожарени дрвени предмети кои биле поставени пред и во влезот на зградата. Се ...
Претседателката на Бугарија, Илијана Јотова денеска му го врачи мандатот за составување влада на кандидатот за премиер Румен Радев. Радев е номиниран од најголемата парламентарна партија Прогресивна Бугарија во 52. Народно собрание. Според бугарскиот Устав, претседателот, по консултации со парламентарните групи, му го доверува мандатот за составување влада на кандидат за премиер предложен од најголемата парламентарна група. Јотова на 5 мај ...
Очигледно е дека СДС повторно се обидува да ја манипулира јавноста преку селективно користење на статистики и ширење паника, свесно премолчувајќи го контекстот и причините за сезонските разлики во цените, притоа заборавајќи дека токму тие ја донесоа државата до економски колапс, рекордна инфлација и целосно урнат животен стандард, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Кога СДС зборува за инфлација, треба да се потсетат дека во нивно време инфлацијата ...
Министерот за јавна администрација Горан Минчев денеска се обрати на состанокот на Секторската работна група за реформи во јавната администрација, нагласувајќи ја клучната улога на реформите во унапредувањето на институционалната ефикасност и напредокот на европската интеграција на државата. Тој, како што соопшти Министерството за јавна администрација, посочи дека позитивниот фидбек од Европска комисија претставува значајно признание за ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска се обрати на Германско–Македонскиот бизнис самит 2026, организиран од Германската стопанска комора — AHK Nordmazedonien и Македонско-германското стопанско здружение. Во своето обраќање, Андоновски истакна дека соработката во економската сфера значи потврда на стратешкото партнерство на двете држави, и додаде дека дигитализацијата на јавниот сектор не е само техничка тема, туку ...
Пратениците на денешната 100-та седница со 64 гласови „за”,15 „против” го донесоа Законот за Советот на јавните обвинители на Република Македонија, кој е дел од реформската агенда. Заменик министерот за правда Ален Дерeбан истакна дека новиот Закон е изработен во транспарентна процедура, вклучени експерти од областа и сите опфатени со неговата примена и е директен одговор на сите детектирани слабости на претходниот закон. – Законот беше ...
Со силна порака дека иднината на државата се гради преку знаење, иновации и поддршка на младите, денеска во Кавадарци се одржа финалето на Националниот натпревар за најдобар бизнис концепт за зелени иновации за средните училишта 2026/2027, под покровителство на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше на финалниот настан и ги додели ...
Во Македонија постои двонационална ралност, албанска и македонска реалност и затоа ние бараме бараме институциите да функционираат на два јазика, вели Зијадин Села во интервју за локалниот медиум на албански јазик Полог њуз. – Албанците не можат да бидат третирани како малцинство, тие се автохтон народ, кој учествува со повеќе од една третина во вкупното население. Албанците имаат капацитети да водат војна, или да ја дестабилизираат државата, ...
Сексуалното насилство и силувањата во ЕУ во последните десет години бележат константен раст, достигнувајќи вкупна евидентирана бројка од 256 302 кривични дела поврзани со сексуално насилство, од кои 38 проценти биле силувања во 2024 година. Во Македонија бројот на регистрирани случаи на сексуално насилство се движи од 87 во 2019, до рекордните 151 регистриран случај во 2013 година, покажуваат податоците објавени од Евростат. Во 2024 година ...
Ник Норвиц, докторанд на Харвард и поддржувач на кетогената исхрана, одлучил да види што би се случило со неговиот организам откако ќе внесе преголема количина храна. За таа цел, за само еден месец изел дури 720 јајца, што во просек изнесува 24 јајца дневно. По добиените резултати од крвта се увидело дека таканаречениот „лош“ холестерол значително се намалил, што дополнително ги збунило докторите. Значаен дел од експериментот било јајцата да ...
Имаме млади, талентирани и амбициозни луѓе, имаме стратешка географска позиција, имаме потенцијал да станеме регионален центар за нови технологии, логистика, напредно производство и дигитални услуги – порача премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање на Германско-македонскиот бизнис -амит во организација на АХК Северна Македонија. Нашата задача како Влада, нагласи Мицкоски, е тој потенцијал да го претвориме во реален економски раст и ...
Здравствениот систем е сериозен предизвик за сите нас и како таков мораме да се однесуваме кон него, изјави премиерот Христијан Мицкоски по Германско-македонскиот самит во Скопје и најави ново проширување на лековите од позитивната листа. Според премиерот Мицкоски, Владата прави се за да ги заштити интересите на граѓаните, но потребни се корекции кај поединци и нивното однесување во здравството. – Тоа што ние го правиме во здравствениот ...
Се очекува раст на БДП од 3,5 % во 2026 година и негово забрзување достигнувајќи 3,8 % во 2027 година. Притоа главен двигател и натаму ќе бидат инвестициите, особено јавните инфраструктурни проекти, како и постепеното закрепнување на надворешната побарувачка. Ова го истакна денеска на прес-конференција гувернерот Трајко Славески. Тој информира дека Советот на Народната банка, на седницата одржана денеска, ги разгледал и ги усвоил најновите ...
СДС и Филипче за власт би ја редефинирале македонската историја и идентитет, се наведува во соопштението од прес-конференцијата на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА ја пренесува интегрално. СДС и Филипче уште веднаш се подготвени да направат ново национално предавство, почнувајќи со уставните измени. Бугарските власти, јасно кажаа дека уставните измени не се последниот услов кој го имаат за влез на Македонија во ЕУ. Од ...