Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека пет затвореници од Полска и Молдавија биле ослободени од притвор во Белорусија и Русија. „Штотуку обезбедивме ослободување на тројца полски и двајца молдавски затвореници од белоруски и руски притвор“, напиша Трамп на својот профил на „Truth Social“, припишувајќи ги притоа заслугите на неговиот пратеник Џон Коул. Трамп му се заблагодари и на белорускиот лидер Александар Лукашенко за ...

Американската армија се соочува со сериозно намалени залихи на муниција и ракети, предупреди американскиот сенатор Марк Кели. Пратеникот на Демократската партија во Сенатот во интервјуто за „Си-Би-Ес“ рече дека не е воопшто претерување да се каже дека е „шокантно колку длабоко влеговме во армиските складишта“. Кели уште посочи дека претседателот Доналд Трамп ги вовлекол САД во војна со Иран „без стратешка цел, без план и без временска рамка“, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп на престојната средба со кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг ќе го покрене прашањето за кинескиот пристап кон Иран, како и теми поврзани со вештачката интелигенција, трговијата, енергетиката и ретките земни метали, пренесува „Блумберг“. Високопоставени неименувани американски претставници за „Блумберг“ наведуваат дека средбата Трамп – Си закажана за 13 и 14 мај се случува во време на засилени ...

Филипче во последно време стана погласен за бугарските барања отколку за македонските црвени линии, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Тој уште пред да се формира новата влада во Бугарија, се обидуваше да се продаде и почна отворено да говори дека е спремен да направи уставни измени без гаранции. Во континуитет се засилија неговите ставови за уставните измени, па откако се формираше новата влада ...

Проширувањето е императив и за Европската Унија и за земјите кандидати – изјави денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски пред почетокот на Советот за надворешни работи на Европската унија во Брисел, со кој претседава високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас. Станува збор, потенцира шефот на дипломатијата, за тоа Западен Балкан да престане да биде „сива зона“ на ...

Во Брисел денеска ќе се одржи состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ, на кој една од темите ќе биде напредокот на Западен Балкан во рамките на европската интеграција. Министрите на земјите-членки на ЕУ ќе одржат работен појадок со своите колеги од државите од регионот. Главна тема ќе биде спроведувањето на реформите и хибридната закана, изјави шефицата на дипломатијата на ЕУ, Каја Калас, пристигнувајќи на состанокот. – Ќе разговараме ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се надева дека ќе го одвикне Израел од американската воена помош во рок од една деценија, бидејќи неговата земја се стреми да ги зајакне врските со земјите од Заливот, рече тој во вчера објавено интервју за американската телевизиска мрежа Си-би-ес. „Сакам да ја намалам на нула американската финансиска поддршка, финансиската компонента на воената соработка што ја имаме“, рече Нетанјаху во емисијата „60 ...

Министерот за одбрана на Летонија Андрис Спрудс денеска поднесе оставка откако две украински беспилотни летала во четвртокот прелетаа од Русија и погодија складиште за нафта. Претходно денеска, летонската премиерка Евика Силиња побара негова оставка, велејќи дека системите против беспилотни летала не биле распоредени и активирани доволно брзо. Министерот за одбрана на Летонија Андрис Спрудс денеска поднесе оставка откако две украински ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило, од кои шест возеле без дозвола (тројца малолетници), а по двајца со активна забрана и под дејство на алкохол. Двајца возачи во Скопје (еден малолетник), и по еден во Тетово (малолетник), Гостивар, Велес (малолетник) и Делчево управувале возило без возачка дозвола. Возачот во Делчево учествувал ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази увереност дека САД на крајот ќе го добијат збогатениот ураниум на Иран, пренесува ДПА. – Ќе го добиеме тоа во одреден момент со што и да сакаме, рече тој во интервју за телевизиската програма „Full Measure“. Трамп вели дека материјалот бил „надгледуван“ од САД. – Ако некој се приближи до местото, ќе знаеме за тоа и ќе го разнесеме, рече американскиот претседател. Во саботата, рускиот претседател ...

На 10.05.2026, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад во ноќен клуб на булевар „Железничка“ во Охрид ги приведоа А.Г.(28), М.Р.(26), А.Б.(29), А.С.(28), државјанки на Русија, П.П.(31) од Бугарија, А.Л.(31) од Казахстан и А.Р.(42) од Србија. При извршена контрола во ноќниот клуб, странските државјанки биле затекнати како нелегално работат како танчерки, по што се приведени. По целосно документирање на настанот, ...

Фудбалерите, стручниот штаб и медицинскиот тим на ФК Тиквеш покажаа хуманост откако на враќање од натпревар во Скопје застанале да помогнат на повредени лица во сообраќајна несреќа кај клучката во Мирковци, објави ТВ Стар. Автобусот со кој се враќале играчите по победата над Македонија ЃП запрел кога забележале несреќа на автопатот, по што дел од медицинскиот персонал и членовите на тимот веднаш притрчале да укажат прва помош на настраданите. ...

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски присуствуваше на одбележувањето на 11 годишнината од загинувањето на хероите во Диво Насеље Куманово. -Со длабока тага, болка и неизмерна почит денес се сеќаваме на 9 и 10 Мај 2015 година — денови кога Македонија беше завиена во црно, а осум македонски херои ги положија своите животи бранејќи ја татковината, наведе градоначалникот Стефковски. Горан Стојменовиќ, Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан ...

На 09.05.2026 во 15:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Ѓ.К.(43) од Велес затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. -При преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека тој издржувал казна затвор во траење од пет години и 10 месеци во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, а во моментот користел викенд отсуство, соопшти МВР. Ѓ.К. бил спроведен во установата за ...

Во рамки на кампањата за унапредување на сообраќајната култура, денеска на подрачје на Полициската станциа од општа надлежност Кисела Вода, на локалниот пат Батинци – Езеро Козјак, беше реализирана сообраќајно – превентивна активност наменета за возачите согласно кампањите „Носи кацига“, „Не користи мобилен телефон додека возиш”, „Стави појас” и „Не консумирај алкохол додека возиш”. Превентивната активност беше организирана од Одделението за ...

Со специјален лет на авион на военото воздухопловство, грчкиот државјанин од крузерот „Хондиус“ на кој се појави хантавирусот, кој е во добра здравствена состојба и без симптоми, ќе биде префрлен во атинска болница, каде што ќе биде 45 дена во задолжителен карантин, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за здравство на Грција информираа дека планирано е во текот на денешниот ден, грчкиот државјанин првично со холандски авион да ...

Доскорешниот премиер на Унгарија, Виктор Орбан, ја предупреди новата унгарска влада на Петер Маѓар да внимава во односите со бирократите во Брисел и да не се откажува од националниот сувернитет поради пари или политички поволности. – Новите луѓе на власт мора многу јасно да разберат едно: ако не се борите за Унгарија во Брисел, бриселските бирократи ќе ве прегазат. Откажувањето од нашиот патриотски став и предавањето на националниот ...

Вчера во 12:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Македонско-косовска бригада“ и ул.„Аугуст Цезарец“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.И.(51) од Скопје, удрило во двајца пешаци – 57-годишната Ф.С. и А.Т.(27), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ф.С., а со телесни повреди А.Т., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, се обрати на отворањето на првиот технолошки парк во Македонија — N99 Deep Tech Park, простор кој има за цел да ги поврзе технологијата, иновациите, науката, стартап-заедницата и институциите во заеднички екосистем за развој, се вели во денешното соопштение од Министерството за дигитална трансформација, што МИА го објавува интегрално. N99 Deep Tech Park е замислен како современ центар ...

Денес Филипче пак излезе на прес-конференција да објаснува како уставните измени се во интерес на Македонија , и пак се обиде да го релативизира македонскиот идентитет и националните интереси. Филипче јасно кажа дека за него националниот идентитет е застарен концепт, па сега секојдневно го повторува ставот и се врти околу својата замислена оска и си фантазира за премиерска фотелја. Откако распродадоа, историја, позиции, достоинство, сега ...

Во април годишната инфлација во Грција се зголемила на 5,4 отсто, наспроти 3,9 проценти еден месец претходно, покажуваат официјалните податоци од грчката Служба за статистика, а најголемо е зголемувањето на цените на горивата, јави дописничката на МИА од Атина. Од споредбата на општиот индекс на потрошувачки цени за април 2026 година со истиот индекс од април 2025 година произлегува зголемување од 5,4 отсто, наспроти зголемувањето од два ...

Илија ДИМОВСКИ Историјата на македонскиот народ не е само хроника на битки и договори, таа во значаен дел е и вековно патување низ духовната вертикала некогаш наречена Охридска архиепископија (ОА), денес Македонска православна црква – Охридска архиепископија. Оваа верска институција, наследник на славната Јустинијана Прима, која низ византискиот, средновековниот и отоманскиот период служеше како чувар на нашата политичка, културна и јазична ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, по повод одбележувањето на националната и европската недела на медицински сестри и акушерки, ја истакна клучната улога на медицинските сестри, техничари и акушерки како јадро на здравствениот систем – од превенција и дијагностика, до рехабилитација и поддршка на пациентите и нивните семејства. – Министерството за здравство е посветено на зајакнување на човечките ресурси во јавните здравствени установи, при ...

Иранската државна телевизија денеска објави дека шефот на вооружените сили Али Абдолахи се сретнал со врховниот лидер Моџтаба Хамнеи. Хамнеи му дал „нови директиви и упатства“ за продолжување на операциите против „непријателот“. Не е прецизирано кога или каде се одржал состанокот. Моџтаба Хамнеи не се појавил во јавноста откако стана врховен лидер во март. Според извештаите, тој бил ранет во нападите на првиот ден од војната во која беше ...

Експерти за надворешна политика од СПД, поранешната партија на Герхард Шредер, бараат сериозно да се разгледа предлогот на рускиот претседател Владимир Путин, поранешниот германски канцелар да биде посредник за решевање на војната во Украина, пренесува ДПА. – Секоја понуда мора сериозно да се процени за да се утврди колку е веродостојна, рече Адис Ахметовиќ, портпарол за надворешна политика на централно-левичарската Социјалдемократска партија ...

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски со нов државен рекорд на 10 км – 29 минути и 34 секунди денес победи на 10. јубилејно издание на традиционалната трка ХалкЕко Скопје трча 10км, соборувајќи го досегашниот резултат од 29,50 минути. Победничка во женска конкуренција е Греша Бакрачи од Косово, која мина прва низ целта со постигнато време од 35 минути и 18 секунди. На трката учествуваа над 2000 тркачи од 16 земји. Трката и оваа ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска порача дека никогаш нема да биде заборавена жртвата на осуммината припадници на македонската полиција кои загинаа во кумановско Диво Насеље на 9 и 10 мај 2025 година. – Нивната жртва никогаш нема да биде заборавена. Вечна слава на македонските херои! Во мај 2015 година, во кумановско Диво Насеље, осуммина припадници на македонската полиција застанаа во одбрана на државата и безбедноста на ...

Македонците во Албанија се нераскинлив дел од македонското национално ткиво, вели премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска претстојува меѓу Македонците во Албанија. – Денеска остварив средба со Македонците од Туминец, Преспа и Мала Преспа. На Македонија денес повеќе од сè ѝ е потребно обединување. Да се обединиме околу националните интереси. Околу иднината на нашите деца. Околу почитта кон сопствената историја и достоинството на народот. ...

Идентификуван е нултиот пациент заразен со хантавирус на крузерот Хондиус – станува збор за седумдесетгодишен Холанѓанец кој бил орнитолог, како и неговата сопруга, со која патувал во неколку јужноамерикански земји, јави денеска телевизијата BFM. Двајцата починале, а наводно двајцата посетиле аргентинска депонија за да ја набљудуваат ретка птица. Холанѓанецот Лео Шилперорд, кој прв покажал симптоми на хантавирус, починал на 11 април на бродот ...

Епидемиологот д-р Драган Даниловски во врска со појавата на хантавирусот вели дека јавноста не прави разлика меѓу науката и стравот од хантавирусот создаден на интернет и оти е крајно време да научиме да правиме разлика меѓу реален јавно-здравствен ризик и интернет-фантазија што живее од колективниот страв. На јавноста ѝ се потребни точни информации, трезвеност и превенција, а не паника, порачува д=р Даниловски. -Хантавирусот деновиве стана ...

Цезар салата

27 минути - МИА
weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.06
32%
1011
weather icon

Белград

31ᴼ / 29ᴼ
3.65
47%
1007
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
3.21
56%
1008
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
1.85
47%
1012
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.3
42%
1010
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
1.79
54%
1009
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
3.58
56%
1014
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.64
50%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.88
49%
1014
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
6.26
39%
1009
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 21ᴼ
2.68
70%
1010
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
0.61
55%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Калај

53.60

Злато

135639.33

Платина

55170.68

Иридиум

253540.09

Бакар

13.01

Кобалт

45.39

Сребро

2186.28

Родиум

257205.97

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.54

Цинк

0.00

Паладиум

40767.15